Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Битола

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од babyketi, 3 декември 2009.

  1. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Оваа година има навистина богата програма на филмови, за манифестацијата Браќата Манаки.
    Ве очекуваме во Битола :wasntme:
    Ете линкче ако некој се интересира кои филмови ќе бидат во кој ден. Трето полувреме, конечно да го гледаме :inlove:

    http://www.manaki.com.mk/index-en.html
     
  2. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    ^ Можеш да ми кажеш од кога до кога е фестивалов, кога ќе се прикажува Трето полувреме и дали можат да се најдат карти за истиот? :)

    Едит: смотана јас, си оставила линк, а прашувам.. :$ Само за последново прашање ме интересира тогаш
     
  3. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    ^
    Фестивалот е од 15-21 септември. Трето полувреме беше прикажуван вчера, првата премиера беше на главното отворање на фестивалот, но исто така имаше и втора премиера во 23 часот. За првата премиера немаше многу карти за слободна продажба, а сигурно биле скапи, бидејќи сепак имаше повеќе угледни личности, режисери, новинари, актери... За втората премиера на Трето полувреме во 23 часот картите се продаваа по цена од 150 денари.
    Нема проблем иначе, ако сакаш нешто прашај и ако сум информирана ќе ти кажам :) :wasntme:
     
  4. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Дали знаете каде во Битола можам да најдам поефтини салонки (околу 500-600 ден.) ? :)
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Дали во Битола има населба Карпош?
     
  6. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    да
     
  7. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    ^ ^ ^ Ти да не ми си комшија што знаеш ?! :D
    Има Сноу,имаме .
     
  8. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Не бе googlemaps ми е комшија :D па се консулитрав малце со него :P
     
  9. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Битола не ја заменувам со ниеден друг град! Си ја сакам! :inlove:
     
  10. marija.directioner

    marija.directioner Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    24
  11. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
  12. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Не сум битолчанка ама Битола многу ја сакам.
    Уште од мала редовно доаѓав таму со моите и искрено уживав кога ќе дојдев.
    Потоа и учев и живеев таму 4 години и можам да кажам дека тие ми беа најубавите години.
    Еве и сега, редовно одам во Битола, кога на шетање, кога по работа, кога на гости.
    Едноставно го обожавам градов, има нешто во него што те привлекува и штом еднаш го засакаш - го сакаш засекогаш, барем јас :) .
    Поздрав битолчани!
     
    На butterfly33 и Neytiri им се допаѓа ова.
  13. GoodGirl99

    GoodGirl99 Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    24
    Јас сум Битолчанкаа и сум многу горда на то!! Поздрав до сите битолчани и битолчанки ;)
     
    На baby-star и butterfly33 им се допаѓа ова.
  14. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  15. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.764
    Битола мој роден крај .... Многу ми фали, едвај чекам лето да дојди да си уживам 3 месеци во Битола .... Имам прошетано многу ама Битола не ја давам за ништо на светот :)
     
    На butterfly33 и Neytiri им се допаѓа ова.
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.228
    Допаѓања:
    140.091
    Не знам дали беше поради сонцето или едноставно таква си е, ама Битола денес беше прекрасна!
    Жива и раздвижена, со полни кафиќи и дотеран народ.

    Многу убав град и убави луѓе.
    Среќа што немало земотрес, ама и убаво е одржувана, што е право.
     
    На butterfly33, Neytiri и baby-star им се допаѓа ова.
  17. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.909
    Битола е секогаш прекрасно.. :inlove: :inlove: :inlove:
     
  18. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Порано не ја сакав Битола воопшто, луѓето ги замислував многу вообразени да им падне носот нема да си го кренат :D Ама ми се смени мислењето откако почнав да се дружам со Битолчани кога почнав на факс, гостопримливи, љубезни луѓе барем тие што ги познавам :) А да и љубовта ми е од таму :$
    Широк сокак секогаш преполн со луѓе по кафичите затоа и на кружните поставија филџани со кафе :D
     
  19. Abby

    Abby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    92
    Во Битола бев лани на екскурзија.Градот е прекрасен,а шетањето по широк сокак незаменливо. :lol: Неможев целосно да ја разгледам бидејќи тоа беше посета на 2-3 часа,а требаше до вечерта да стигнеме во Охрид,но она што го видов во Битола беше преубаво.Битолчани мора да ги пофалам, искрено гостопримливи луѓе кој и да прашав за правец сите убаво ми кажаа и ми објаснија. :clap: Инаку баба ми има живеено во Битола и многу ми има раскажувано за градот. :)
     
  20. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Битола бабам Битола :inlove:
    Родена сум во Битола и мислам дека и покрај сите оние планој за напуштање на градот и евентуална преселба во странство, тоа никогаш нема да се случи. Има нешто интересно во овај град (не го велам то само јас, туку и многу луѓе кои не се родени во Битола), нешто магично кога ќе поминваш низ Широк Сокак и се чувствуваш како едно мало минијатурно суштество во споредба со старите куќи кои датираат од пред многу години. Го сакам моментот кога од Саат кулата (за која и ден денес не ми е сфатливо како можеле Турците да ја изградат толку цврста со лушпи од јајца) ќе почне да свири песната Битола мој роден крај, кога ги гледаш сите оние дотерани луѓе кои пијат кафе и на многу ладно време, надвор :!: А, зимата е своја приказна... Посебно лани. Незнам како преживувавме на -26 степени. Но, то не било ништо, ми раскажват постарите дека во минатото температурите се спуштале и до -30 и нешто, па се' нормално функционирало. Го сакам градскиот парк, посебно на лето кога има толку многу млади луѓе кои трчат и спортуваат, се возат со точаци, ролери, брзат за на тренинг во Спортската сала Младост. A, да не заборајме дека ракометот започнал во Битола, тука во Пелистер играле многу звучни имиња и појќе познати ракометари. Го сакам дрворедот и кога се шетам и слушам музика по најубата улица- Партизанска, ја сакам старата чаршија и сите оние малечки продавничиња во кои можеш да пронајдиш многу интересни работи за не многу висока цена. Ја сакам Хераклеа и зоолошката градина, ја сакам Битола бидејќи има многу голема историја зад себе. Долга историја и со битолската касарна, која за жал денес не работи. Но, кој бил таму и ги видел сите оние куќарки во војската, тогаш знај за шо зборам. Бидејќи имало порано многу манастири, била нарекувана Монастири. А, како највпечатлива црква ќе ја спомнам Кркардаш или 40те маченици, која се наоѓа на блискиот рид над градот и од горе има преубав поглед. Ние битолчани знајме дека кога ќе дојде денот на црквата, како некој празник е во Битола, сите луѓе, стари и млади се качваме да ја посетиме црквата и да уживаме во ноќниот поглед кон нашата Битола...

    Се изнапишав, мислам дека ништо не заборајв, се' кажав... А, и сакав да се надоврзам за битолскиот дијалект. Во погорните мислења прочитав дека ние сме ги тегнеле зборовите, ама не е баш така. Баш ние кратиме зборој и сме поекономични со буквите :D Можи продавачката зборала бавно, па зато така си помисли...
    Толку од мене, се надевам успеав да опишам барем мал дел од Битола :wasntme:
     
    На Hristov, hristinnnna, richgirl998 и 4 други им се допаѓа ова.