Не сум од Битола, ама многу ја сакам Битола. Имам двајца другари од таму, многу добри дечки се, забавни, паметни.. многу ги ценам, заедно на факс ќе одиме следна година Мислам дека тие се причината што толку го сакам градов
Девојки кога сме веќе кај темава за Битола, може да ме предложите некое мало интимно место само за двајца, далеку од очи и далеку од уши Мислам дека се разбираме за што барам место сакам да го изненадам партнерот Поточно ја сум од Скопје ама он е од Битола и сакам да отидам ненајавена да му кажам таму и таму сум ...... и некое ефтино ама чисто хотелче дајте за предлог
Битола и нема многу хотелчина, ги имаш во центар Епинал, Милениум и Де Ниро кои се од рангот на Александар Палас и се соленки, тие опстојуваат највеке од Грците и манифестацијата Манаки Филм. Де Ниро на најгорниот спрат имаат многу убав дуплекс апартман со мини кујна, џакузи, воден кревет,.... не го имам испробано да се разбереме .. Но цените се соленки, колку точно не знам. А поинтимни и романтични ти се ти се хотелчината на Пелистер како Шумски Фенери, Молика, Оскар и незнам сега можеби има и некои нови. За цени искрено не сум запознаена али вајда се движат од 25-50 евра. Ти ги кажав имињата погуглај ке видиш и сликички сигурно ке најдиш и телефонски броеви да се распрашаш за цената. А и на уште едно хотелче се сетив, пристојно, се наога позади болницата се вика Премиер. Убав помин
Ете уште една битолчанка се јавува на пребројување...живеам во Скопје ама многу ми фали Битола, едвај чекам следната недела да одам
уште една битолачанка ве поздравува омажена сум ск.претходно студирав ск.долго време сум тука ама ја нема нашата топлина нашшиот широк сокак,нашето саботно кафе кај шо сите се гледаме се поздравуваме мислиме само на дотерување и на кафе одењ, ми фали саат кулата ми фали пелистер ми фали чаршијата бутиците дури и бомбата ми фалиии и де ниро пораснав таму ништо не ми ја заменува и за париз не ја давам мојата најубава БИТОЛА <3 <3 <3
само ЕДНА е Битола,а ДВЕ се Америки. ко шо кажа и батерфлај има нешто бре шо не те пушта од ова Битолата, има некоја магија во градов?или па родени сме тука и најубо ни е ... небитно, важно за ништо не ја менваме
. ....Битолчанка....ама мажена во Kуманово...Битола си ја носам во срцето и душата и секој момент користам да си одам таму да си наполнам батериите со фамилијата,на Широк сокак,Пелистерот,имам викендица,а посебно во мојот сопствен стан...... на секоја свеченост во Kуманово,каде сум присутна, песната ,,Битола мој роден крај,, е дел од тој настан и јас како ороводец.. ..
Битола...мој роден крај јас те сакам од знај! Многу градови и села јас пројдов ама како тебе друг град нигде не најдов! Битола е преубо место.Хеее па тука е Широк Сокак,Пелистер,Тумбе кафе таму кај стадионот со точакот кога ќе затерам,кога ќе одам некаде потака од Битолата и одма сакам Битола да се вратам... Се враќам и само велам-Дома си е дома
Аа вие Битолчанките многу љубезни сте биле Бевме на екскурзија пред неколку дена, и супер си поминавме Се пикнавме во онаа прафимеријата наречена „Фемина“, и баш сум воодушевена колку беа фини продавачките Па уште и ЧУПЧЕ ме викаа Да не е некоја од вас продавачката таму ? Најбитно е што се загинавме, онаму кај фонтаната, и едни момци ни помогнаа Чудно, кај нас никаде ги нема таквите Се заљубив во градот, да знаете пак ќе ви дојдам на посета
Битола многу ја сакам , татко ми покоен и секое лето по 2 - 3 месеци седевме таму , буквално израснав таму . Преубав е градот , во срце ми е
Ја сакам и Битола,а пицата во Метро,па нема подобра бре Навистина има нешто магично додека се шеташ по Широк сокак,а баш ми се свиѓа како зборват битолчани
Баш ме интересира кои беа. Епа добро е Аква што ти се допадна нашава Битола И ЈАС СИ СУМ БИТОЛЧАНКА! МЕНЕ БИТОЛАВА МОЈА МИ Е ПОУБАВА ОД СКОПЈЕ КАТАЛЈОН ПАТИ! Си го имаме Пелистер,Тумбе-кафе,Широк Сокак,Саат Кула. -Кај сте бе луѓе вие? -А бе кај Саатот сме?