Јас сум од Скопје , ама убава ви е ваша Битола..не велам не Бев пред неколку години на екскурзија ..во секој случај НАЈС МИ СЕ ДОПАДНА ФОНТАНАТА .. И КУЛАТА
Мојот град. Добро де, не е мој но исто ко да е. Да не ви се верува, но никогаш не сум била во Битола ама пак многу си ја сакам, и си ја гледам по слики. Летово обавезно ќе ја посетам, макар на еден ден и ќе седнам на Широк Сокак и ќе ги меркам битолчанкине од глава до пети. Ми оставил впечаток на стар, традионален град, со убава архитектура и најважното, со душа. Чекајте ме за неколку недели па може и ќе се видиме во Позитив.
Дојдов на темава со цел да го прокоментирам Бит Фест-ов. Ај што програмата е крајно неинтересна и досадна, или барем јас лично очекував малку повеќе со оглед на тоа која година е по ред, а новитети некако послабо се внесуваат; српски фолкер на културно лето. Сериозно?! На културен настан кој е организиран од општината? Можам само да замислам на што се' можеа да бидат потрошени тие пари од пред две/ три недели. Али тоа е јебига, на подобро да се надеваме за неколку години, претпоставувам. Само на еден од ретките настани кои вредат му се радувам- Шекспир фестивалот, кој со нетрпение го очекувам. ^ Само ти дојди blueeparadise, па заедно ќе одиме во Позитив. Deal?
Пред неколку дена бев во Битола на кратко и од тоа што го видов можам да кажам дека Битола е многу убав град, особено чаршијата. Има многу продавници и голем избор.
Жени, ме интересира како се движат цените во кафичи и ресторани или фуд бар ај да кажам, не баш елитни ресторани, туку обични?
Цените се сосема прифатиливи и не се скапи бар по мене ... Ете кафичи; Макијато големо 60 еспресо 50 Нес-кафе 70 ... сок 70 жестоко 60 или 70 исто и по ресторани или фуд барови се сосема прифатливи ... да не набројувам се посебно ! Ако сте за идење ви Битола патот под нозе и идете