Ти очигледно не си од Битола...па како знаеш битолчани како го доживуваат кафето на широк сокак? (не ме сваќај погрешно само дикутираме)
Секој во својот град си се осеќа некако специјално,секој пред секого сака да се покажи (не зборувам само за Битола така е во сите градови) ..Па и чим така се осејќаат битолчани значи имаат добра причина (имаат на што,бидеќи Битола е еден од поубавите градови во нашата ни мила Македонија) Малку си се испофалив али не кажав лага...таква мие линијата де (Битолските кабадаи)
Немаше ниедна продавница што ми се засвиѓа. Кафе-шема како што се збори, немаше. А бев летно време, недела после 5 часот. Убаво сончево време, а по кафичите никој. Ми се допадна само од семафорот до стадионот. Таму имаше онака убаво за пешачење. Незнам зошто толку многу си го фалите тој Широк Сокак а нема ништо.
Битолчанките се едни од поубавите во Македонија. Сепак ги ставам после Струмичанките. Тие ми се Број Еден. Не се лутете, ништо лично.
И јас се сложувам со твојот став дека Битола е еден од најубавите градови во Македонија. Ама ете, Широк Сокак не ми се допадна. А во Пелистер и другите работи сум заљубен. Пак би дошол во Битола. Мене ми е убава.
@Marick14 си го погодил и времето и денот, кој будала сакаш да е на кафе во 5 сатот попладне во недела? Во кој град во лето во 5 сатот попладне некој пие кафе? Во Битола и -20 да е кафе се пие во 12 часот на пладне. И јас се чудам, како може некој да пие кафе во 12 часот на пладне, дали тие луѓе работат воопшто ама ете така е. Во 12 на пладне, без разлика викенд или работен ден, нема игла кај да фрлиш по кафичи и тоа надвор. Иначе еве јас како битолчанка, го сметам Битола за еден од најамбиенталните, најромантичните, најтоплите градови со душа, со архитектура, со историја, ама менталитетот и луѓето во последно време ич не ги сакам, ама ич. Се поселјачи цел град, цел. Во последниве години многу го засакав Скопје и скопјаните како менталитет.
Штип што е помал град, па има појака кафе-шема од Битола. Баш тоа време е поладно и баш тогаш треба да има повеќе излезени. Слаба ви е кафе-шемата.
@Marick14 Ретко сум во Битола, ама кога и да сакам да одам на кафе одвај наоѓам место. Вие во Штип ако пиете во 5 сатот попладне во недела кафе ок. Јас два пати сум била во Штип во сабота и двата пати жива душа немаше, ама од два пати што сум била не сакам да донесувам никакви заклучоци.
Не сум од Штип ама често сум таму. И подобра кафе-шема има. Ти незнам кога си била. Сигурно во 5 сабајле. Нема шанси да немало никој во 5 попладне.
@Marick14 Бев цел ден во Штип од сабајле до вечер. А во Битола никој не пие кафе во 5 попладне. Ако не ти се допадна Битола, ок не ти се допаѓа, не планирам да се расправам со тебе. А лично ме заболе гз каде има подобра кафе шема, кафе пијам кога сакам и имам време.
Не реков дека не ми се допадна Битола. Само не ми се допадна Широк Сокак. Премногу си го преценувате.
Градот дали ќе биде убав или не, зависи од граѓаните. Мене градот ми се свиѓа вака горе долу, ама луѓето што потекнуват од овој град се шта да ти причам. Сите се кренти, потценуваат кого сретнат, мислат дека се најдобри во се, женските шмизли невидени, мажите себични егоисти. Секоја чест на исклучоците. Познавам само 2 девојки што се фини, добри, културни и ми оставиле добар впечаток ама другите.... Немам коментар.
Iako sum bitolcanka , moram da priznaam deka gradot ni se rasipa skroz,se napolna so luge so nemat vrska so Bitola,ni se poselanci grado,ni dijalektot nas go nema poke niz grad,samo novi faci gledas nekoj niz korzo,kuznaj od kade ,pa uste ko ke ti zborni i to e Ama jbg ...
Ме потсети на моја колешка од факс од Битола. Видна личност е сигурно ја знаете. Многу богата фамилија се, тетин и беше министер, татко и бизнисмен, чичко и конзул мислам и многу навредуваше, какви се не погрдни и прости муабети употребуваше. Буквално “да ми ја изедеш“, „да ми ја бричиш“, „во увото само сум невина3, „ќе те фрлам низ џамооо“, абе што ти не. Ме потсети на неа, па се насмеав. Инаку градот е убав, мене ми се допаѓа, си има шарм Битола.
И мене ми се случи лошо искуство со битолчанки но не значи дека сите се такви и дека не чини градот поради нив. Но зошто има многу кои се однесуваат грдо?