Џабе, се работи за малолетен бездомник, добро познат на полицијата, но ништо не се превзема. Години наназад упорно врши штета врз автомобили и кради велосипеди. Пред една година го украде велосипедот од вујко ми. Беше фатен на безбедносна камера, чиста среќа вујко ми се познава со доста луѓе па истиот ден го лоцираа детево и го натераа да кажи каде е велосипедот, веќе го имаше продадено за 500 денари во локална продавница за велосипеди. Дојде полиција, направи увид и ништо не превзеде. Ете толку.
Интересна емисија за традицијата, културата, традиционалните специјалитети, народни ора и се она што е одлика на Битола.
Девојки од зградата Шекерезада на улица Филип II Македонски до педагошки факултет колку е пешки далеку? Колку километри? И во минути отприлика одење колку ќе ме фати пешки?
Да,до Стрелиште оди 4та,и не само до таму туку и подолу кај населбата Горно Оризари.Инаку можеш да се качиш од каде сакам за 4ката,тој автобус оди низ цел град па потоа Стрелиште па Горно Оризари.
Здраво девојки, од педагошки до автобуска кој автобус оди? Треба да сум на автобуска некаде кон 18:15 бидејќи имам автобус во 18:30 за Охрид. И на која страна да чекам и кое време? На страната на педагошки или од спротива постојката? Ве молам за одговор.
Еве линк за да прочиташ нешто повеќе околу ова. Имаше и лани, оваа година по втор пат се организира. Втор Драгорски Панаѓур, Булевар 1-ви Мај, Bitola, October 15 2021 | AllEvents.in Еве и едно сличе, нека стои тука
Види во продавниците за бои и лакови. Порано имав земано и цената им беше околу 200 денари еден спреј.
Каде да најдам убави топли вентијаги / бунди , и чизми? Цената да им е до 2.000 денари на бундата, а на чизмите до 1.000. И дали знаете некои продавници за облека што имаат попуст моментално ?
Во Pietro на Широк Сокак секогаш има убај чизми до 1000 денари, провери таму. За јакни видов има во Ивери, не се многу скапи околу 1000-1600 беа