Ќе треба на секој кафич/ресторан посебно да им отвораш профил по социјални медиуми за да ја видиш програмата шо ја нудат.
Сакаме да престојуваме летово неколку месеци во Битола,кој реон го препорачувате што е тивко да нема игралишта и галама во околината?
Ema apartments/Iris Hotel Boutique. Газда е таткото на моја најдобра другарка, двата апартмани се во близина на центарот а сепак нема галама оти се малку скриени. Пречисто и уредно е. Инаку Ema apartments e во населба Карпош кај нив дома на спрат (на 5 минути од корзото се), а Iris Hotel е наспроти Bon Vibes на корзо, само е скриен в чикмак.
Битолчанки, ќе има нешто организирано за новогодишниот период? Мислам на некои работи како претстави/настани и за деца преку ден? Планираме таму на два-три дена со тодлер. И освен таа во Блис, има некоја друга добра игротека што вреди да се види? И за дочекот организирано е веќе нешто?
https://zimskaprikazna.mk/ Програмата им е од лани ама можиш да отвориш да видиш од прилика шо имаше. Ама има настани на поќе локации во текот на денот, имаше НГ забава, штандови итн.
Зошто битолчани се жалат дека нема ноќен живот во Битола, се се сведува на два кафичи, камари и порта џез, неколку кафанчиња епинал, бела куќа, аурум, винобар, и еден ноќен клуб расчекор, каде претежно излегуваат тинејџери најмногу, а битолчанки биле тешки ливадарки, излегувале за да намамат некој да им се пуште и да го одбијат, да си, кренат цена и его пред другарките. Па битолчани оделе Скопје и Штип бидејќи биле полесни таму девојките. Дали е ова вистина Битолчанки, дека сте тежок случај
Пост полн фрустрации... Јас како личност што живеам во друг град, за мене Битола е каде каде подобар град со многу добар ноќен живот за сите возрасти. Па самиот наброја барем 5 места каде можиш да излезиш ама со доза фрустрирачки емоции. Исто за жените, срамота што генерализираш така, а веројатно можеби по некоја далечна линија имаш роднини таму, засрами се.
Одбивање, а со тоа повредување на его и после му се криви битолчанките и градот. Тоа е некој вид механизам на одбрана, жално. Ама пријателите грешат, ти гарантирам дека е добар град за прошетка и забава.
Битола е градот со најдобар ноќен живот во Македонија. Битолчанки не се ливадарки, ама може ти не си видел женска со очи, па затоа ти изгледаат како ливадарки. Јас имав девојка од Битола и иако не сум веќе со неа, можам да кажам дека се многу добри како луѓе. Ти изгледа си гледал некој филм со ливадарки, имагинацијата ти проработела нешто, си почнал навечер во кревет да сонуваш чудни соништа и на крај си се отворил овде на форумов.