Јас не сум од Битола ама имав дечко од таму 2 години. И од тогаш филм ми е да се омажам во Битола. Сега идам таму на факултет па можеби ќе ми се исполни желбава. Поздрав
Девојки ве молам за информација поврзана со Битола! имам братучетка што се запиша во средно музичко во Битола па би сакала да ми кажете за интернат некаде ...кај може да се најде и некоја друга информација порзана со тоа! Ви благодарам однапред!
Интернатот (ДУД Мирка Гинова) се наоѓа веднаш до медицинското училиште, во истиот двор се. Спојлер http://mk-mk.facebook.com/pages/%D0%94%D0%A3%D0%94-%D0%9C%D0%B8%D1%80%D0%BA%D0%B0-%D0%93%D0%B8%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D0%91%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0/124578507407?sk=info
Битола денес беше прекрасна, не можам да ви го опишам чувството, кога сите се собрани на едно место, на Плоштадот Манголија, пеевме и викавме на цел глассссс Веќе и грлото ме фатии ..Незаменливо,Толкку насмеани лица,она шо сакав да го видам многу одамна, Среќна сумм ,премногу сум среќна ..шо да не бидиш кога сите околу тебе се среќни и весели, сите се гушкаат меѓу себе, никој не се кара, За 1 минута Широк Сокак се наполна..Ахх не можам да ви опишам колку беше преубо чувството, си го сакам градот, ги сакам луѓето во него..Прекрасни стее..па да се собериме пак за многу кратко време, верувам дека тогаш ќе има многу посреќни луѓе од моментовв..Позз до Чкембарите ..Битолските навивачи,секогаш вакви весели да бидите..овај момент не се заборава Горда сум и вечно ќе бидам,овај момент ќе го памтам се дури сум жива..чувството е незаменливо Сега можам да кажам дека сум ГОРДА МАКЕДОНКА!
Ах, Битола...... Родена сум во Скопје, и живеам и работам во Скопје, ама Битола секогаш ќе има ептен посебно место во мојот живот и во моето срце. Најпосебно!!! Татко ми е битолчанец, имам роднини таму. Голем дел од животот го поминав во Битола, и некои од најубавите моменти сум ги доживеала таму. Има нешто посебно во овој град, нешто што го издвојува од другите....исто и луѓето кои живеат таму. Да, терсене се, и тоа бајаги, ама се најубави (ова најсериозно, и мажи и жени се едноставно прекрасни). Најдобри (нАли овај ) Кога и да сум отишла имало прекрасна атмосфера во градот, дури и кога е празен. Едноставно, се вљубуваш на прв поглед во Широк сокак, шеталиштето, старите турски куќи, сокаците, Саат кулата, Расчекор..........ах Расчекор (какви моменти имам доживеано таму, damn! ), Vissage ..... и многу други места, не ми текнува сега на сите. Битолчани и битолчанки драги, чувајте си го градот. Многу ви е убав, и воздухот таму уште повеќе.
Битола не сум била неколку години. И дадов ветување на неколку драги личности дека за брзо ќе ја посетам... и планирам да си го исполнам. Најмногу што имам видено од Битола се Широк Сокак, средното медицинско со интернатот (брат ми учеше и живееше таму) и Болницата, на која и‘ бев редовен посетител во раната детска возраст. Господ здравје и убавина на докторите, не сум ќора. За Битолчани и Битолчанки ме врзуваат убави мигови, некогаш смешни, некогаш во нервоза, но на крај секогаш со прегратка и гласно смеење. И дефинитивно збор како МАТУФА нема во цела Македонија
Ахх Битола.... денес зрачеше моја Битола...само насмевки, прегратки и среќни лица околу мене...ех да беше вака секој ден, па и на моето лице секој ден ќе имаше насмевка...дури и во најтешките денови....а знам дека и сите други би се согласиле со мене....па среќата е заразна бре луѓе....а денес неа во Битола ја имаше на претек