Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Битола

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од babyketi, 3 декември 2009.

  1. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457

    :o :o :o Во другите градови не постои „матуф/а“ ???? :o :tmi:
     
  2. srcka55

    srcka55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    18
    пола Битолчанка (мама е битолчанка) ама јас ко цела си се рачунам оти премногу си ја сакам Битолата и луѓето во неа :rofl: :rofl: :rofl:
    и сеа сум на факс овде веќе 3та година живеам овде ехех :D :D :D :D :D
     
  3. marija-88

    marija-88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    26
    Ејјјјјјјјјј сега ја видов темата..... И ЈАС СУМ БИТОЛЧАНКА !!! :D :D :D :D
     
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Ајде Битолчанки вечер во некој кафич на Широк Сокак :lol: :lol: :lol:
     
  5. plavata212

    plavata212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    566
    Пол:
    Женски
    вечер ќе се дружиме низ широк сокак :P
     
  6. Meggy

    Meggy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    387
    Битолчанки да не знаете кај можам да најдам ваков шал? :$
     

    Прикачени фајлови:

  7. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    Најди некоја баба што знае да плете, купи и вуница и ке имаш ваков шал :D
    Патем, ја обожавам Битола :inlove:
     
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.231
    Допаѓања:
    140.169
    Туку кажете вие некој кафиќ кај што излегуваат вака постари како мене, ама на стоење, и по можност да има свирка :D
    А, да, и тоа да биде во четврток :)
     
  9. marija-88

    marija-88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    26
    Simbol - секогаш има жива свирка во четврток, и да можи да се стој :D
     
    На Ariel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Мојата Битола! Си ја обожавам. Ме исполнува мирот кој владее во Битола. Она лабавото, флегматичното. Тотален мир во 6-7 наутро. Кај 8-9 пополека почнува да се буди градот. Во Старата Чаршија започнуваат да се отвараат дуќаните, старите занаетчии, бутиците, пазарчиите го започнуваат денот. И Широк Сокак се буди, со сета своја убавина. Кај 12 часот настанува првата кулминација. Кафе-шема, 3-4 саати, лабаво, лезетски. Сите ќе ги видиш, и тие што сакаш и тие што не сакаш. Не е битно, битно да има муабет за денес. Го сакам оптимизмот на Битола. Сите се средени, дотерани, насмеани како да живееме во најдобро време до сега. Но, тоа е и целта на Широк Сокак, бегство од реалноста, барем на неколку саати да заборавиш на проблемите и да се опуштиш. А за опуштање, е рака на срце Битолчани за тоа сме цареви. :D А исто така и за глума. Па затоа ништо чудно што Битола го има еден од најдобрите театари и доста солидна актерска екипа. Тоа ни е во крвта, од мал се учи. Тоа е стил на живот. Кај 17 часот пак Битола одмара. Се спрема за вечерта. А навечер...е навечер си буквално секаде. Почнувајќи од Саат Кулата па се до Расчекор. Едно до едно начичкани кафулиња. И пак сите ги гледаш. Река од луѓе, буквално митинг, востание. Сите средени, скоцкани, а одоколу старата архитектура само го надополнува изгледот. Се ми е убаво во Битола. Театарот, Браќа Манаки, Битола отворен град, Акто, Интерфест, Хераклејски вечери и уште еден мал тон на културни манифестации низ целата година. Магазата, Саат Кулата, шеталиштето, градскиот парк, Тумбе Кафе... А Пелистер е приказна за себе. Заразна е Битола. Се навлекуваш на неа, има некој посебен шмек, некоја чудна магија. Каде и да одам, Битола ми е дома. Поим за спокој и љубов.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На butterfly33, pufi-cufi, Meggy и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Последен пат во Битола бев пролетта кога ја запознав Ози :) Да бидам искрена, голем град е, убаво среден и рака ви давам Битолчани на хигиената која ја одржувате во градот, на шеталиштето едно ѓубренце не забележав, клупите стојат неискршени, значи - секоја чест. Исто и паркот кај „крлешките„ (зборов бе :D ) уште си стои здрав од времето кога редовно доаѓав во Битола, до 2003/2004та година :)
    Ништо особено не е променето од тие времиња, освен споменикот кај саатот, многу убаво место, од паркот кај саатот си носам спомени каде си ја запознав првата симпатија :lol:
    Имав порано тетка таму, но се преселија и тие во Велес, како што реков до 2003та некаде, живееја во кулите кај стара болница, близу театарот, знам дека наспроти зградата имаше продавница Шик :D Имаше огромен тревник измеѓу зградите... Хмм други сеќавања имам од зоолошката градина, тогаш беше руина, кози се чуваа, сега незнам како е, знам дека имаше една мечка во една дупка пикната :D
    Имавме одено до горното Веро специјално за да си играме во тие топките пластични, потоа се сеќавам на една интересна работа. За коледе не се оди наутро по куќите него навечер, со кутија и свеќи...
    Ми се допаѓа и пазарот, многу е голем и снабден со се и сешто.
    Во глобала ми се допаѓа Битола, фино скоцкан град е, единствено не ми се допаѓа дијалектот, Битолчани но офенс, многу развлекувате, ќе се стемни додека да кажете една реченица :D
    Еве една интересна ситуација од порано. Влегуваме во бутик со тетка ми да прашаме за една кошула.
    Тетка ми: Колку пари е кошулава?
    Продавачката: Иљада триста пееееееесе (и тоа ееееееее од пеееесе е кажано со некој чуден звук од измеѓу е и а) :rofl:

    Ах, ќе поминам некој ден пак, здравје :)
     
    На butterfly33, crazylady, Zlatusko и 2 други им се допаѓа ова.
  12. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Ја сакам мојата Битола.
    :inlove:
     
  13. vitamince

    vitamince Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    мојата Битола :rock:
    секогаш истите емоции кога си одам во Битола и секогаш ама баш секогаш срцето ме боли кога си бегам
    :sweat: :sweat: :sweat:
     
  14. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Офи ние Битолчани не збaaoраме, паејме :rofl: тоа пеесе, му иди некако паееесе :rofl: Цела нова азбука ни треба со двозвуци измеѓу ае, ао, ау или така некако. Ама не си можиме со Кичевчани во развлекување, не шијат. :D
    Ај уште малце да ве запознаам со Битола преку слики, гледам никој до сега не поставил слики освен мене, сТрам да ви е. :D

    Широк Сокак навечер, ноќна шема.
    [​IMG]

    Грчкиот конзулат.
    [​IMG]

    Градскиот парк во зима.
    [​IMG]

    Црквата Св.Димитрија.
    [​IMG]

    Филип II, новиот споменик.
    [​IMG]
     
    На Dgirlll, Hipica, Meggy и 2 други им се допаѓа ова.
  15. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.509
    Допаѓања:
    4.532
    Пол:
    Женски
    Аххх Битола многу убави спомени имам од таму,градот е прекрасен како да зрачи со некоја позитивна енергија... никогаш нема да го заборавам првиот пат кога тргнавме со другарками за Битола кога наместо да слезиме на автобуска слеговме на првата станица во битола,а требаше да одиме во техничкиот факултет ,а таму да ти била и автобуската станица, па ајде прашувавме кај е што е, и може еден саат потрошивме во пешачење додека го најдовме факултетот ,а да не кажувам каква ни беше реакцијата кога видовме дека автобуската е до факултетот одма :D не знам со кој памет слеговме на првата станица :!: :D

    Битола убава Битола, едвај чекам да ја посетам пак :)
     
  16. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.370
    Пол:
    Женски
    Битола, ма прекрасен град ми е.Татко ми е од Битола па може да се каже дека сум пола Битолчанка :D
    Мислам дека најубавите спомени ги имам во Битола, кај крлешките, низ Широк Сокак, паркот..И секогаш ми е убава, но најмногу ја сакам на пролет.Едвај чекам повторно да се прошетам низ Битола и да уживам на чист воздух на Пелистер :)
     
  17. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    http://www.facebook.com/BitolaMK?sk=photos

    Не можи да се стават повеќе од 500 слики на темава, но секоја вреди да се види и јас не сакав да направам избор само од најубавите затоа што сите се убави. Дури и низ слики се чувствува магијата на Битола. Погледнете. :)
     
  18. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    25.785
    Пол:
    Женски
    Але не сум од Битола ама мажена сум за Битолчанец ;)
     
    На LoVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Битолчанки, ќе ве посетам за многу брзо, можеби уште недела :) Снег имате? :)
     
  20. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Спреми си зимска опрема. Дали Битола, дали Сибир исто ти се фаќа. Има снег, и уште полошо има мраз еден тон. Сериозно, не претерувам. Ако не посетуваш обавезно МНОГУ топли и дебели алишта. :)