Со секој купен сет (2Л битолско млеко со 10 витамини) во маркетите ширум Македонија, добивате албум и дваесет сликички (или 4 пакетчиња сликички), додека пак со секое купено 1Л битолско млеко со 10 витамини, добивате десет сликички (или две пакетчиња сликички). Албумите се во ограничени количини и ќе бидат достапни сѐ до потрошување на количините. Албумот содржи вкупно 150 сликички, од кои само на десет од нив има слика од клуч, а задната страна им е црвена. Соберете ги 10-те сликички со клуч, залепете ги во албумот, а задниот (нелепливиот црвен дел) испратете ги за учество во наградната игра. Со испраќање на задниот дел од сликичките со клучевите, петнаесетмина од вас можат да добијат Плеј стејшн 4, педесетмина ќе бидат добитници на вредносни картички од 3.000 денари, а најсреќното семејство ќе добие шанса да го посети Берлин и берлинската зоолошка градина, која е најголема и најбогата во Европа. Наградната игра е забавна поради тоа што на патот до наградите и собирањето сликички нѐ води омилената детска хероина, Битолското чупе, а креативна затоа што собирањето сликички им овозможува креативно развивање на децата кои приоѓаат кон ова со многу страст и посветеност. http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/bitolskoto-chupe-ve-nosi-na-patuvanje-vo-berlin Еве нешто ново, а и мислам дека ја нема темава. Нови албуми со самолепливи сликички. Па можеме да се разменуваме
Како го најавуваа мислев Бог знае што ќе биде, тоа албум со сликички. Иначе првана награда им е многу добра. Конечно нешто поинакво од телевизори, блендери, тави и други домаќински работи.
Насловот на билбордите беше "Каде ли е битолското чупе" и јас мислев некоја нова реклама за млекото. А тоа албум со сликички
@simonna.a Првата е карти за целото семејство за посета на золошката градина во Берлин мислам дека беше, втората е плејстејшн и третата е ваучер од 3000 денари.
Ќе си купиш две битолски млека со витамини демек што се Спакуван е сет, албум сликички и 2млека. Ај собирај ќе се менуваме!