Штo биднa сo Бијoнсе, кaде се изгуби? Имa издaденo нoв aлбум oд aприл, a немa ниту еден спoт. Единственo Hold up јa знaм.
Иако и претходно Бијонсе имала добра плеј листа, сепак последниот албум "Лемонејд" и е бомбастичен и ги фрла во сенка сите претходни нејзини песни. Секоја чест.
Мене Beyonce не ми е ништо посебно. Еве тука ќе искоментирам нешто и за бременоста: зошто првиот пат кога беше бремена не се радуваше толку колку сега? Втората бременост да биде поспектакуларна од првата? Или првата, како што се зборува, беше навистина лажирана?
Не, туку затоа што сакаше да им ги затне устите на лошотиите кои викаа дека е лажирана првата бременост. Се трудеше да остане настрана тогаш, без фама. А сите сакаа. Епа - ете им фама. Разбираш? Насекаде трудна, од секое ќоше =) Така иде тоа во тој свет...
Инаку, последните 2 албума на Б се аудио+видео. За секоја песна има и спот, одат по 2 диска во еден пакет. Од претпоследниот - малку по малку - сите ги објави на youtube. А од Lemonade само неколку до сега. Причината? Непозната. Кој ја сака - ќе си го купи албумот и ќе си ги гледа спотовите. Не ѝ е нејзе до гледаност на интернет за да заработува од тоа или да станува популарна. Таа е популарна сама по себе, она е бренд.
Да ја рестартирам темава. Спотов е уникат. Првите музичари што некогаш успеале да го закупат музејот за ваква намена. Мене ми е идол женава Сум била на нејзин концерт. Мислам е единствената на земјава Планета која ни еднаш не пеела плејбек, сите изведби и се оригинални, проследени со играње и неверојатно шоу.
Женава ми е просто инспирација за живот, толку силна, толку моќна, плаче, се смее и секојпат го наоѓа начинот на повторно издигање. И не само тоа, буквално го има достигнато најголемиот левел на популарност и прифатеност од цел народ и тоа што и да направи, каква и да е песната и каков и да е стилот на песната прифатена е како најдобра и веднаш си е број 1. Си ја сакам уште од кога беше во Destiny's child.