1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бијонсе Ноулс (Beyoncé Knowles)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од ehrgeizig123, 10 јануари 2011.

  1. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    абре луѓе што сте се фатиле за мене ?
    јас си кажав мое мислење, дека не ја сакам и поштуем оваа пошо на туѓа слава и пари направи свои.
    нигде не реков дека нема глас. иритира што сегде се бута. ако ја бива за пеење нека си брка работа со тоа. а не филмови снима. парфеми етц.
    и ако веќе треба да бирам меѓу ким и оваа, да ким би ја избрала, поубава ми е 100 пати, посрцка и се. и ако ким е циганка тогаш за оваа но комент. со сила сака бела да биде.
    и не планирам веќе да коментирам на темава, пошто ми ги бришат мислењата. и некои погрешно ме сваќаат. поздрав
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.060
    Допаѓања:
    66.788
    Пол:
    Женски
    Јас си ја поштувам женава. Има прекрасни песни, ја бива за се, за восхит е.
    И не знам како некој може ни да помисли да ја спореди со онаа глупавана, мизерна, демек џет сетерка(читај спонзоруша) Ким |(
    И уште во дестинис се издвојуваше.
    http://www.youtube.com/watch?v=4m1EFMoRFvY
     
    На MacenceEna, la-chicka, Offspring и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    НИкој не се фати за тебе, исрено пренападна си, почна да се расправаш прва со старбакс, и треба да почитуваш мислење на некој а не да напаѓаш и обвинуваш. Ок е имај си мислење, ама почитувај и туѓо. ти и се нафрли на старбакс ко божем дрога продава. Не иде така.
     
  4. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Ех, досадата си го прави своето. Нема на што веќе да се плука па и на Бијонсе и дојде редот.
    Абе луѓе, кога не сте доволно информирани не трескајте за само колку да се каже нешто.
    Бијонсе својата кариера ја има започнато на свои 16 години, без воопшто да го познава Џеј зи. Веќе до својата дваесета година беше светски позната со Дестинис Чајлд(кои патем, се прогласени за најдобра женска група на сите времиња, зошто се многу чкљ,нели).
    И не ми е јасно, која ви е таа логика, Џеј Зи ја направил Бијонсе тоа што е денес. Што направил? И снимил албум? Снимил уште на милион души што никогаш не станале Бијонсе.
    Тој живее во нејзината сенка и не знам како може тој да ја бутка неа, па побогу јас кога слушам песна од Бијонсе, ја слушам Бијонсе. Кога гледам нејзин спот или настап, не си викам "Ааа сега јас Бијонсе ќе ја сакам зошто Џеј Зи ја рекламира". Тапа ви се муабетиве, креативност слабо.


    А тоа дека била исфорсирана-не би рекла. Се појавува во таблоиди дупло помалку од нејзините ценети колеги и колешки, не прави скандали, не привлекува никакво внимание, освен нели, кога се има нов албум, спот, турнеа, настап итн. И целото внимание кое го добива и е максимално заслужено и не може некој да ме убедува мене, нејзин фан веќе 10 години, дека не е така.

    Коментарите за нејзиниот изглед можете да си ги задржите за себе се дури не ставите слика од вас да видиме дали сте поубави, односно дали сте компетентни да расудувате кој е убав и згоден, а кој не.
    Јас Бијонсе многу пати ја имам видено на листи на најубави жени во светот, вас не.
    Така да, пуштете си Лејди Гага и гледајте Keeping up with the Kardashians(или како и да се викаше), и не лупетајте.

    Едит-заборавив да кажам, премногу се израдував кога дознав дека е бремена, редно беше после повеќе од 10 години заедно да си имаат едно бебенце. Само ми е жал што нема да има турнеа, таман се решив да одам кога ќе дојдеше во комшии. :)
     
    На la-chicka, Izaabella и Rozich им се допаѓа ова.
  5. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Во врска со бременоста мене особено ми беше мило бидејќи Џеј одамна сакал дете, но Бијонсе секогаш беше преокупирана со кариерата, а расправиите во врска со ова за малку да ги доведија во развод. (вака сум слушнала барем). Па детево ќе биде спас за нивниот брак, а и доста публицитет ќе и донесе. :)
    Инаку, да кажам и за новиот спот 1+1... Не ми се допадна ич. Сцена со `напотено` лице имаше и во спотот на Дива, и мене ич не ми се допадна, Бијонсе сигурно мислела-ох Год, ајм Соо Хаат! Епа јас велам- :puke:
    I'm not a hater, I'm a Queen.B fan, just bein real.
     
  6. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Леле. Бијонсе ако е префорсирана тогаш незнам што да кажам за другите.
    Еве Ким конкретно во случајов, пошто гледам се спомнувала. За мене Ким е нешто попат Парис Хилтон, се прослави од нигде, без никаков талент и преку ноќ со безвезно шоу. Убава е, ама што е всушност нејзината улога во Холивуд освен што полни таблоиди со трачеви?
    Бијонсе кариерата ја има градено уште од 8 годишна возраст со помош на татко и. Тој ја прекинал својата работа за да се ангажира околу неа и да настапува насекаде пошто знаел дека има талент, а потоа од 16 годишна возраст и` станал и менаџер. Точно е дека во Дестинис Чајлд беше најфорсирана ама секоја група мора да има фронтмен, во случајов фронтвуман и во оваа група тоа беше Бијонсе, што е сосема заслужено. А групата е една од најпродаваните женски групи на сите времиња, незнам како може да биде наречена чкљ...
    Комплетна ми е Бијонсе и како јавна личност и како појава. Приземјена е, голем хуманитарец, убава, културна, нема изјавено ништо зајадливо или да лечи комплекси на други, за гласот и стасот да не зборувам. Баш ми е онака поим за права, јака жена.
    И сабајле дечко ми кога ми кажа дека била бремена, се радував како за некоја роднина да ми соопштиле. :rofl:
     
  7. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Прво и основно, не знам кој лечи комплекси тука.

    Второ, темава повеќе е наменета за нејзината кариера, отколку за нејзиниот изглед. Значи, имаше две реченици за нејзината способност како изведувач, а милион и петсто за нејзиниот изглед.
    Кој и го интересира дали имала веѓи како пијавици, дали е бела со помош на фотошоп и што ти уште не, покрај фантастичниот глас кој што го поседува?

    Безброј хитови, кариера која што не познава падови. Со Џеј Зи е од 2002 година, значи имаа стабилна врска, не толку форсирана од медиумите и не поткрепена со милион скандали. Од пред три години се во брак и тоа што сега е бремена е сосема очекувано. И да, мило ни е. Не паднав во несвест кога дознав ни пиев вода со шеќер за да се смирам, но мило ми е премногу затоа што редно беше.

    И не сум и којзнае колкав фан, но ја почитувам многу поради талентот и милата ѕвезда која што ја поседува.

    http://www.youtube.com/watch?v=3vXXiku0580

    Видеово кажува многу работи! Труд, пожртвуваност, неизмерна љубов, поврзаност.

    За восхит е во најмала рака.
     
  8. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Oд каде тој податок дека Џеј Зи е заслужен за нејзиниот успех?Јас како што знам пее од мала и татко и е менаџер кој им средувал настапи на групата, а после и на неа како соло пејач.

    Секој што сака може да збори, ама фактите зборат повеќе-во случајот дека Бијонс има милиони обожаватели, секогаш полни концерти и успешни албуми.

    Тоа што се се фатиле дали е црна или бела на сликите повеќе ми лични на расна дискриминација-на анеглите од Викторијас Сикрет има фалеа раце, кукови, се по ред, па никој не плукаше по нив, туку се дивеа на нивното прекрасно тело.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  9. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Ај прочитај си го мислењето уште еднаш.
    Сме се фатиле ние за тебе?Ох Гад. Како прво ти мене ме цитира,ми кажа дека лечам комплекси на форумов :!: само затоа што ти ја навредив онаа ороспија Ким. Зошто ја сакаш?Што всушност е таа.

    Онтопик Мило ми е што е бремена,искрено се израдував,затоа што сум и’ вистински фан. А,ја сакам и почитувам затоа што знам што е добра музика и одличен пеач, и затоа што сум против сите форсирани к*рви, џет-сетерки кои со помош на свое порно клипче станале славни. И уште ако некој ја спореде Бијонсе со ороспијата Ким, ќе си добие :punch:
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Бијонсе поседува се што треба да поседува. Мене овде ми мириса дека некој друг лечи комплекси, искрено за да спориш таков талент :^)
    Прво и основно, иако не слушам таква музика Бијонсе ја почитувам и и се поклонувам, секогаш. Незнам кој ненормален може да каже дека е префорсирана, зарем Бијонсе префорсирана? Што останува со Гага, Кејти Пери, Ријана и други жабокречини што упорно опстојуваат а незнам по кој основ, а па да ја ставам тука и Ким Кардаш, ептен по незнам кој основ, вие најдовте да кажете дека Бијонсе е префорсирана? Неможам да поверувам, чак што и смешно ми е веќе :D Ова ќе му дојде како намерно имам различен став и ќе го кажам за да бидам поинаква :D Оф бе, деца. Одете слушајте музика, ова со префорсираново е исто како некој да рече дека Ајрон Мејден се префорсирани додека на сцената крештат жабокречини од типот на Токио Хотел, рецимо :D
     
  11. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Талентирана жена,ја бива за на сцена,одлично игра,има стас глас харизма..се што е потребно за во шоу бизнис! Приземна е,и покрај славата која е огромна никогаш не посегнала по некој порок,се гледа дека со љубов ја работи својата професија.Драго ми е што конечно си чека бебенце па ќе може да се испроба и во улогата на мајка! ;)
     
  12. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    [​IMG]

    Е ова се дебели, влакнести црни веѓи и изразито темен тен И јас ова не го гледам на Бјонсе! Вие? Или до мене е, да си земам очила? Друго - Бионсе не може да биде ЌУМУР црна затоа што не е чиста црнкиње туку мелезкиња е, а никој мелез не е ЌУМУР црн! :!:

    Девојка која кариерата и славата си ја изградила сама, и не преку ноќ, со некое глупаво времетрошачко шоу, туку со своја заслуга, а не како ќерка на Овој-Оној. Со Дестинс Чајлдс достигна голема слава да и секако дека е во преден план во групата, секој со своите квалитети, секоја група си има свој преден лик кој ја претставува групата (оној со најмногу квалитети), прости примери: Pussycat dolls – Nicole, One Republic – Ryan, Green Day - Billie Joe, The Black Eyed Peas – Fergie & Will.I.Am, Linkin Park – Chester итн итн.
    Во врска со тенот – вие не се сончате на лето? Кожа си е кожа, безразлика дали е црна или бела, таа сепак поцрнува од сончевите зраци, само што кај ЌУМУР црните тоа не се приметува (неможат да бидат поцрни нели?) Бијонсе како и секој човек си оди на плажа се сонча, најверојатно и на солариум. Е па и мои слики да споредите од Август и Јануари, ќе има разлика во тенот. :!:
    Бионсе уште пред да се венча со Џеј Зи почна да снима филмови, 2001 е нејзиниот прв филм (барем така имам прочитано) а со Џеј Зи почнала 2002/2003, така да не е тоа негова заслуга. Инаку за ваша информација, денес и манекенките МОРА да знаат да глумат и пеат, што сум гледала на телевизија шоу, една преубава манекенка испадна од натпреварувачкото шоу само зашто не знаеше да глуми доволно добро... А парфеми има скоро секоја втора славна личност, започнувајќи од Џастин Бибер завршувајќи со Мадона.
    Една е од оние славни личности кои не споулавеле од славата и парите, не е од оние кои испробале се’ и умреле од предозираност на 27/28/29 години... Секогаш во чекор со модата (да можеби имало некои моменти кога не била со шминка или не била дотерана, ама и таа е човек како нас, ние не сме тип топ скоцкани секој ден...), изгледа убаво и современо, вкусно и привлечно, а не се кити со балони, месо, пластични мразулци и слично за да биде центар на внимание (како Гага). Да не зборуваме за хуманитарните концерти, дејности и парите што ги давала во хуманитарни цели...

    А „браво“ за гласов на Ријана во живо, што на моменти (ако не и цело време) загракува, зачкрипува со гласот и фалшира, се задишува и зема воздух гласно на микрофонот. А ова да се спореди со песната во албумот, ќе има што да се слушне и забележи. Видете си ја самите разликата:
    http://www.youtube.com/watch?v=HORNbtBcKi4
    http://www.youtube.com/watch?v=pa14VNsdSYM
     
    На Stam, Offspring и starbucks им се допаѓа ова.
  13. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    (морав да направам две мислења, не ми ги собираше сите адреси во едно)

    Не знам дали Кардашијан го може ова: (И се восхитувам како рипа, скока и танцува на сцена со штикли, не заморувајќи се и не задишувајќи се.) :clap:
    http://www.youtube.com/watch?v=sOTMEXTlWhc
    http://www.youtube.com/watch?v=wAIwgNpRcmQ
    http://www.youtube.com/watch?v=MGRlHM8TIxA

    а еве ви ги песните од албумот, па видете дали има некоја „поправка“ во гласот и разлика од пеењето во живо и во албумот.
    http://www.youtube.com/watch?v=w1rLZfAfQLM
    http://www.youtube.com/watch?v=FHp2KgyQUFk&ob=av3e



    И само еден совет за понатаму: пред да оспорувате и критикувате некого, треба да имате аргументирани факти со кои ќе го докажете своето мислење, а не: одвратна ми е и затоа не е добра пеачка!
     
    На la-chicka, Stam, Offspring и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.067
    Допаѓања:
    1.060
    Разбравме де, не е интересна пошо не прима награди со квадар на глава*, со ист тип е 10 години, па уште и мажена, па и не се млати со маж ѝ во јавност омг, не се шиша нуларица пошо ѝ се скршил нокт дента, не се предозира и нема leaked nude photos од мобилниот у веце кај шо се сликала и тоа е тоа. Oh so boring. :)



    http://www.youtube.com/watch?v=AzgmeodcY-c *01:32
     
    На Extraordinary.girl, TheKiketoo, la-chicka и 4 други им се допаѓа ова.
  15. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Бијонсе истотака мн ја сакам после Ријана....Премногу моќен глас ми има во живо кога пее....И може да пее и да игра истовремено...е богами тоа не го можат сите....само не ми се свиќа оноа гргулон :D шо и е маж и што се двајцата заедно со Илуминатите |(

    Омилени песни ми се If i were a boy,Halo,Irrepleceable,Best thing i Never had уств скоро сите песни и ги сакам :)
     
  16. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Не знам дали си слушнала за зборот мултиталент. Aко не распрашај се. Или евентуално ако мислиш дека како излети во кариерата и спаѓа актерството може слободно да отвориш IMDB и да видиш во колку филмови има глумено и дека е номинирана за неколку филмски награди, меѓу кои и за најдобра актерка.
    А парфем? Побогу секој има парфем што стапнал во Холивуд.
    Споредба со Ким Кардашиан? Не знам дал да се смејам ил да плачам. Споредба со девојка која популарност стекнува зашто си ја продава интимата 24 часа на ден и собира гледачи кои ја пратат како оди да мочка, како се лакира, како пие кафе со дада и и како коментира со мајка и за сексот. Не би коментирала понатаму. Goddess.Of.chaos два поста над мене убаво кажа.
    Кој не ја сака немора да ја гледа, затоа постојат канали со глупи реални шоуа, ама ве молам немојте да ја споредувате кралицата со пиуните, ве молам!
     
    На Extraordinary.girl, Offspring, Hipster и 2 други им се допаѓа ова.
  17. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Е морам да се надоврзам и морам да признаам дека се изнасмеав на коментарот дека Бјонсе била fail, и остај друго во споредба со Кардашиан Ким :!: :rofl: Ова е срамота да стои коментаров во јавност бре девојче :fubar: ( :D уште се смеам |( ).



    *Бјонсе ја обожавам, од погоре се напишано нема да повторувам, само ќе кажам дека јас се ежам кога ја слушам, посебно преубавите балади... :l: She's a diva! :hai:
     
    На SexyLady, Doozy и Hipster им се допаѓа ова.
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Не вреди да им се обрнува внимание на таквите провокации. не се криви они што немаат вкус ниту пак грам познавање за музика, талент. Си знаеме ние која е Б, си ја сакаме и почитуваме. И да не заборавиме темава не се вика Ким кардашијан и така да нема потреба да ја спомнуваме. Неможам да ги ставам во иста реченица.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  19. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    http://www.youtube.com/watch?v=vewKSfVzvtQ

    Дефинитивно најдобриот настап на Бијонсе досега на МТВ ВМА.
    Прекрасна љубовна песна, изведба на ниво! Погледнете го само Џеј Зи колку е горд на неа на крај кога го покажува стомакот :)
    Со една реченица, She's a DIVA!
     
  20. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    сите вие што ја величате бијонсе а ја омаловажувате ГаГа не заборавајте дека оние две имаат снимено дует ;)
    и како што и самите викате на Б. и требало да дојде цел живот до ова што е денес, а на Лејди една година, ни толку поточно. и пак е пред Бијонсе на сите можни листи, и по продажба.
    (не сум ни приближно фан на Л.Г. ама дека сите други ги ругате па чисто за споредба). :)