1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бијонсе Ноулс (Beyoncé Knowles)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од ehrgeizig123, 10 јануари 2011.

  1. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029

    Волфче еве до крајот на неделава ќе испадне и спот за таа песна

    http://www.youtube.com/watch?v=N-u1r6Y9 ... _embedded#!

    Инаку мене многу ми е убава песната Countdown и спотот е убав а мислам дека следниот спот треба да и биде за песната I was here...преубав текст и видеото може да биде исполнето со снимки од нејзиниот приватен живот и концерти...мислам дека секој пеач треба спот како што опишав.

    И да додадам дека всушност сите песни од новиот албум и се убави постојано и го вртам цел албум :D
     
  2. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Ја обожавам Бијонсе ! ептен убаво пее,згодна :x совршенство бе,едвај чекам да бидам каква лепота од дете ќе излезе од неа :P
    и ептен ми е убава со црната коса
    мојот фаворит од неа If I were a boy
     
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.465
    Hе ја ни сакам- не ја ни мразам!
    за убава згодна тоа немам замерка, ама да ми биде идол или да се трексам по нејзе уау бијонсе леле ептен ја сакам, леле не не...
    Mожам да кажам дека за 2 нијанси е подобра од гага риана и тие таквите, ама за жал, и нејзе ја сместувам со нив во пакет, зашто песните и се тралалајки, ништо посебно, и ништо што ќе се слуша за 20-30 години :D
    Hишто посебно, за мене

    Alicia keys и enya се светлосни години подобри од нејзе!
    еве нив 2 ги земав како пример,а има многу многу повеќе :)
     
  4. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Откако Бијонсе објави дека е трудна, се појавија сомнежи дека популарната пејачка ја лажира големината на стомакот.
    Многумина почнаа да се прашуваат што е со нејзината бременост, особено откако пејачката викендов се појави во австралиската емисија Sunday Night HD.

    [​IMG]

    На снимката, пејачката влегува во студиото и во моментот кога седнува во фотелјата спроти водителот, нејзиниот стомак се „прекршува“ на средина и целосно се спушта надолу.
    Ова го покрена прашањето дека Бијонсе можеби повторно носи лажен стомак, односно протетички.

    Веќе извесен период се шират гласини дека пејачката и нејзиниот сопруг Jay-Z најмиле сурогат мајка да им го роди првото бебе.

    Портпаролот на Бијонсе ги отфрли шпекулациите дека ѕвездата ја лажира бременоста, окарактеризирувајќи ги ваквите тврдења како „глупави, смешни и лажни“.

    Продажбата на четвртиот студиски албум „4“ драстично порасна откако пејачката јавно објави дека го очекува своето прво дете.
    Иако е бремена Бијонсе се чини како да работи на фабричка лента, а секој пат кога нема инспирација за својата музика, пејачката посегнува по нешто што е веќе видено, поради што во последно време ја обвинуваат за плагијат.

    Последна во низата обвиненија се однесува за спотот на песната Countdown, а најпопуларната белгиска кореографка Ан Тереза де Керсмекер тврди дека во видеото се „украдени“ нејзините танчерски движења и оти никој од тимот на Бијонсе не побарал дозвола да ја прекопираат кореографијата.

    - Не сум лута, но ова е плагирање и крадење.
    Многу дрско што не се ни потрудија да ја скријат кражбата, веројатно мислеле дека сè им се може затоа што станува збор за славна личност, Де Керсмекер.

    Режисерката на спотот на Бијонсе призна дека на пејачката и однела неколку снимки од европски кореографии и оти потоа бирале што ќе употребат.

    Освен овие обвиненија за плагијат, откриено е дека настапот на Бијонсе на Billboard Music Awards е украден од италијанската пејачка Лореле Кучарини, а проблематична е и најавата за спотот Love on Top бидејќи ентериерот во видеото е идентичен со оној во If it isn't love на групата New Edition.

    Извор: http://www.idividi.com.mk/showbiz/muzik ... index.html

    Немојте да мислите дека имам нешто против Бијонсе па го постирам ова.
    Ја сакам Бијонсе, од последниве песни посебно ми се допаѓа Love on top со која имаше прекрасен настап на ВМА.
    Едноставно во последно време почнаа многу вакви гласини да се шират за плагијати и копии од нејзина страна, а еве во текстот се наведени и песните и пејачките од кои копирала :x
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Јас лично не верувам дека стомакот и е лажен. А и да и е лажен, не верувам дека Бијонсе би ја ризикувала својата кариера да искочат секакви гласини и доколку го лажира сметам дека (земајќи ги во обзир средствата со кои располага) не верувам да стави толку приметна перница како што е направена на сликава туку тоа ќе го направи по квалитетно, ако веќе одлучила да лаже.
    Туку мислам дека чека вака да се собираат гласини и оговарања и на крај на сите ќе им ја затне устата со гола фотосесија со стомакот. :) ;)
     
  6. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.067
    Допаѓања:
    1.060
    [​IMG]
    И овде верувам дека го лажирала стомакот, да. Си собира жената на популарност, ќе се слика и таа за Венити Фер на крај и готово.
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bal0n43

    bal0n43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    81
    Порано ја следев повеќе, сега не толку. И’ ја обожавам песната Dangerously in love, како и Halo.
     
  8. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Justice

    Justice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    91
    Ја обожавам Бијонсе и сите нејзини песни ми се преубави а посебно изведбите во живо и неможам да издвојам некоја најомилена.Највеќе од се ми се допага нејзината енергија на сцена и сметам дека танцува извонредно.И воопшто не верувам во тие измислици дека не е бремена и дека става перници... |( Глупости,но се ке се докаже кога ќе си роди прекрасно бебенце ;)
     
  10. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Песнава 2 дена ми се врти во главата...
    Ај може I'll go along with the madness и ќе ја слушам...
    Ама спотов... :tmi:
    has she any idea how disgusting, boring, silly, irritating, annoying, dull, stupid, etc this video iiiss???? :fubar:
    Не беше доста што песната е... |( Барем да направеше добар спот... -.-
    http://www.youtube.com/watch?v=2XY3AvVgDns&ob=av2e
     
    На Dushica-sk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Ја обожавам многу ама шо е работава со спотов http://www.youtube.com/watch?v=XWCwc1_s ... r_embedded ?!
    Што е со косицата кај што е облечена во црвени ( бордо ) купаќи ? |(
    Ептен тапа спот . За еден месец ни она самата не знае колку спотови направила . Работава да имате што да гледате и слушате кога ќе го родам бебето .
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ретро е спотот.
    Дури и песната има некои примеси од музика од 80-те.
    Мене баш ми е ок, и песната и спотот, во пакет. Иако е малку различно од тоа што го правеше до сеа.
    Мене ми е но.1
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Абе мора да изнаснима спотови дури не и‘ се познава ептен мешето.
    Инаку, и јас ја сакам многу, ама ми се чини во последно време се некои тапа песнулиња вади. Оваа пример воопштп не ми се допаѓа.
    Ајде Би, можеш ти и подобро!
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.903
    Допаѓања:
    81.170
    Пол:
    Женски
    Многу ја сакам и почитувам Би, ама во последно време некако само вади нови песни и само натрупува песни, видеа ... кога и да вклучам ем-ти-ви само Бијонси е во нови видеа.
    Не дека губи од квалитетот - гласот никаде не оди во заден план, ама песниве некако ми се минливи, еве ќе земам пример со Best thing I never had - ја форсираа летово и сега - ач!
    Истото ми стои дека ќе се случи и со оваа Countdown.
    Не е онаа Бијонси која ја знам, значи новиот албум најискрено не ми е баш Бијонсовски.
    Единствен синоним за Б ми беше и ќе остане албумот I am Sasha Fierce - прекраснотии!
     
  15. Miracle16

    Miracle16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    20
    На behappy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Една од понеомилените пејачки. Едноставно не ми се допаѓаат нејзините песни. Не велам дека нема убав глас и вокални способности, но сепак нејзините песни некако не се мој стил. Имам слушано повеќе песни и знам некои текстови. Единствени песни што ми се допаѓаат се Listen и Halo. И не ми се допаѓа тоа што наеднаш си го промени некако стилот. :^)
     
  17. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Многу ми стана досадна во последно време. Не знам колку спотови направи за кратко време, а и песните некако не ми се впечатливи, како да нема повеќе инспирација. Ете кореографијата на Countdown во некој дел и била плагијат, а и многу пати била обвинета за плагијати.
    Друго што не ми се допаѓа е нејзиното танцување. :^) Не знам навистина како им се допаѓа на луѓето. Јас кога и да ја видам целата се тресе, и тоа буквално се тресе како струја да ја има мавнато, и не знам што е тука прекрасно.
    За глас и изглед немам замерки, совршена е на тие полиња.
     
    На behappy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.067
    Допаѓања:
    1.060
    Мене па Countdown ми е прелоша песна, а и видео. Глупо и тоа МНОГУ глупо. Love on top е нешто посебно, а новава Party е баш ретро ко што пишаа погоре, и спотот е во тој стил и шминката и се`. Мислам дека следното нешто од неа ќе е најдоброто до сега, откако ќе се породи и ќе се врати на работа нели. Најзрелиот албум, така да го наречам, според мене ќе биде откако ќе стане мајка и ќе се посвети малку на домата и малиот/та. Нов звук, инспирација итн. Не дека сега не чини, мене ми е прекрасна и ја слушам уште од кога беше во група па до денес, ја обожавам!
     
  19. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Еве да се цитирам,за спотот за песната I was here...баш е онаков каков што очекував и како што напишав..ми се допадна спотот а песната е препредобра!

    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... LLzkLO8Sh4
     
    На behappy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    За вокалните способности и за тоа колку е професионална, нема потреба да коментирам.
    Ме остави ваква :o откако го изгледав настапот за Love On Top. Си реков: Чекај, ова во живо беше?!
    Прекрасна е, толку ми е мила. И толку е приземјена, не лета во облаци, едноставно своја си е. Не се преправа во нешто што не е.
    Последната песна и спот што ги извади, буквално ме оставија без здив. Ако само ја пуштев песната, без да го гледам спотот, ќе немав поим дека всушност пее во живо. Толку е емотивна и инспиративна песнава, толку убав текст има!

    http://www.youtube.com/watch?v=rLLzkLO8Sh4&ob=av2e
     
    На RiRii, L-enna и rossonerka им се допаѓа ова.