1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Би го/ја вратиле дома?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од marama, 7 март 2011.

  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.547
    Пол:
    Женски
    Не сум сигурна темава каде да ја отворам, но се одлучив за тука. Ако не за во оваа категорија преместете ја или пак избришете ја.

    Се договарате со друштво да одите во дискотека, во театар или опера, значи места за кои е потребна соодветна облека. Но, дечкото или пак било кој од друштвото доаѓа со тренерки, развлени алишта, целосно несреден. Дали би ги опоменале дека се несоодветно облечени или ќе одите така?

    Со еден од моите бивши дечковци се запознавме во дискотека, работеше како обезбедување и баш и не знаев каков стил има. По некое време се договоривме да излеземе на некое покултурно место и јас цела скоцкана, на штикла одам , а тој ми доаѓа со тренерки. Го сееднав на кафе и му објаснив дека не може на секое место да се оди со тренерки.

    Со другарка се договараме да одиме на прошетка во парк и таа доаѓа со штикли. И објаснив фино дека во парк, па и на прошетка не се оди со штикла.

    Како би постапиле вие кога би биле во таква ситуација и дали сте биле?
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Па искрено мислам дека е многу навредливо на некој да му речеш дека е несоодветно, кој како си се чувстува така нека си се носи, некој можеби и нема такви алишта убави за посвечени прилики. Ако се работи за промаршен стил на другарка кој трае и трае, може да се рече со претпазливост, но на дечко не би му рекла. Не ни ми е важно што носи, се додека има љубов. Никогаш не може никој да ме усрами како и да се појави, имам огромна почит за луѓето, и тоа како се облечени ама ни 1% не ми влијае.
     
    На AnGeL4e009, cresa-jagoda, Valerin и 10 други им се допаѓа ова.
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Ако ми е ептен блиска другарка, ДА!!!

    Како прво, мене би ми било незгодно, а верувам и на неа би и паднало незгодно. И нема да се налути, едноставно ќе сфати, сепак не сум и рекла дека е лошо облечена туку дека не одговара на пригодата

    За некоја подалечна другарка, не би спомнала, тоа е што е, таква сум ја, ќе си преќутам.

    За дечко, сигурно би му спомнала, не сум имала до сега ваков проблем, ама ако е некоја подолга врска во каква што сум сега, исто и тој не би се налутил, дури и благодарен ќе ми биде што не се посрамотил(таков си е, знае и сам да се јави понекогаш за да праша што како одговара, во зависност од приликата)... ама затоа пак за нареден пат уште кога ќе се договараме за излегување негде ќе му кажам отприлика што да облече :) индиректно ќе му сугерирам :)
     
    На AnGeL4e009 и marama им се допаѓа ова.
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.547
    Пол:
    Женски
    Fearless сепак не можеш да одиш во театар или на опера со тернерки. Тој истиот дечко ми дојде и во театар и на опера со тренерки. Од кога му објаснив дека не е соодветно типот си почна да носи кошули па и елечиња дури и за во парк :lol:
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  5. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Точно. Си има дрес код кој на некои места е неопходно да се почитува. Треба да се знае каде, како. Ни мене не дека многу ми значи облеката, јас пак ќе си го сакам :) ама тренарка на формално место, неиде. Некогаш во кафич ќе ми дојде во тренерки, некогаш скоцкан...и не ми е битно зашто и двата начини на ова место ми се прифатливи. Зависи од расположение негово, нема да се бунам.
    Јас коа ќе видам некоја фуфла на транс журче во штикла ми иде да ја испратам дома :D да ми е блика другарка би и рекла, нормално на фин начин....дека на пример многу поудобно би и било во ниска обувка.
    Или со дечко ми ако закажеме во некој поелитен ресторан предвреме нагласувам каде идеме и не сум имала проблеми до сеа. Ама ако некој мој близок промаши дефинитивно би укажала на грешката. Има луѓе што немаат сенс за вакви работи и се среќни ако им укажеш, прифаќаат веднаш (ко на марама бившиот :) )

    Јас ако идам на ново непознато место и не сум сигурна што и како е....обавезно си прашам какво е, и како да се облечам :)
     
  6. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Jaс не би имала храброст ни на најблиска другарка ни на дечко да кажам дека не ми се допаѓа како е облечен и дека не одговара на таа пригода. Само на домашните би можела да им кажам такво нешто на друг :shake: Се грижам премногу да не ги повредам туѓите чувства. Е индиректно некако ми доаѓа на ред, но тоа најчесто можам да го направам после некој ден, кога ќе помине се :x Во секој случај се знае каде се носи посвечена облека каде спортска облека, многу ми е глупо кога некој во школо ќе видам во штикли или на излегување во дискотека на патики.
     
  7. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Кога се работи за мене редовно прашувам каде ќе одиме, и ако не го знам местото си прашувам какво е за да знам што да облечам. И кога се договарам со некој обавезно потенцирам каде ќе одиме, а на блиските им кажувам директно: дотерај се, штиклоцај се, немој да ти текнало штикла по патичиња се сите. За секаде си има dress code и сум за тоа да се почитува.
     
    На AnGeL4e009, lolyta777 и babaDara им се допаѓа ова.
  8. babaDara

    babaDara Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2011
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Споделувам мислење со Zlatusko. Навистина секој треба соодветно да биде облечен според местото, околностите, бла,бла. Не станува збор дали некој има да се облече или нема, скапа гардероба, но фино би било кога би бил прикладно облечен.
     
  9. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Aко ми е блиска другарка би и рекла еј ваму каде што ке одиме,сите ке носат формално :) затоа што нели е блиска?ако не и кажам-можеби ке ми замери :^) ама на некој што едвај го знам-нема шанси,ке се усрами кој и да е :!: а јас прашувам како е местото каде што ке одиме,и така знам одприлика што да облечам,и ме вратиле дома неколку пати другарки,и овие од дома ]:) :D
     
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Да вратам некого заради тоа? Никогаш! Не знам, но кај мене тоа никогаш не играло битна улога во моето пријателство со некој. Воопшто не сум некоја да забележувам, кој како сака, така нека си се носи. Не патам од тоа дека демек како се облекол, мене така ме претставува, па не се врти светот околу мене. Другарот-ката иако со мене, не излегол/лa 100% заради мене туку ете сакал/а и тој/таа да се прошета.

    Ако се чувствува убаво во тоа што го носи, fine by me. Е веќе ако навистина побара искрено мислење, ќе му/и кажам кога ќе се испраќаме за дома...која сум јас бе некому да ја упропастам вечерта. Сум се дружела и со шмизли и со скромни девојчиња и со уметници (кои се препознатливи по нивниот уникатен стил кој лично го обожавам ... кои креативни луѓе, бравос, им се дивам) и со сите убаво сум си помнаала затоа што никој никому не му ја упропастил вечерта со такви муабети у стил I'm too good for you иди да се пресоблечеш. Па ја да сум на негово место ќе речам епа чао, не ми требаат другари кои ми гледаат во гардеробата.

    Еее на времето сите оделе по обична маица и фармерки (хеланки зависи од модата) ко да се близначиња не како денес одма шо моеш да познаеш дете на богаташ и дете на средна класа по облеката, па шо им фалело...денеска времето не чини.

    И да тотално се согласувам со ова

    Ако веќе си искрен, кажи го тоа навремено, да не го срамиш тој со кого ќе одиш после...
     
    На cresa-jagoda, Bibko, FortuneTeller.xD и 3 други им се допаѓа ова.
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    немам навика да им се мешам во дрес кодот на лугето
    ни на другарки, ниту на момчиња, и не би толерирала некој на мене да ми се меша
     
  12. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Одредени места и настани бараат одреден тип на облекување кој треба да се почитува.Не е навредливо ако претходно се разговара со блиските и тоа не мора да се прави на начин да се поставиме како фешн гуру или дрзок критичар кој секогаш знае се‘,доволно е да се праша онака „Што планираш да облечеш?„
    па ако одговорот е несоодветен,се даваат добронамерни сугестии без навредливи забелешки и се‘ ќе биде во најдобар ред.
     
  13. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Несоодветно облечен за пригодата и местотот! :worried:
    Кога излегувам со мои блиски другарки, дечко ми, блиски пријатели можам да си допуштам да искоментирам дека за ,,таа,, пригода би требало подруга облека! Не верувам дека ако го кажам добронамерно би ги навредила, знам дека ме познаваат и тие знаат дека не го кажувам тоа со цел да ги понижам!
    Но потешко е кога проблемот се јавува со недоволно блиски личности! Ним не би можела да им искоментирам дека се несоодветно облечени! Колку и да сакам да бидам фина и да не навредам, сепак недоволно познатите личности нема да го сватат коментарот добронамерно! Во такви ситуации се воздржувам, па и не ми е од работа да делам совети за обелекување!
     
  14. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Не верувам дека би имала смелост да коментирам, најмногу за да не повредам некого. Може само на маж ми да му кажам :) оти него и така му треба помош во изборот на облека. За другарки... :x Имало случаи кога ми било незгодно, ама ај кажи?
     
  15. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    И јас имав сличен проблрм и со дечко ми-на почетокот на врската и со другарки :lol:
    Јас повеќе сакам да сум исфирцана него во трењерки,па така секогаш кога искачавме обично си се дотерував,а тој ќе излезеше не баш во трењерки ама онака спортски,со патичиња ,блузичка и фармерчиња...во почеток не сакав ништо да речам оти тазе врска,ама после страшно се нервирав и дури и се враќав дома , еднаш само од себе ми излета да му кажам неможев веќе му реков-јас за џабе се трудам да изгледам убаво,со саати се шминкам и дотерувам и средувам-за тебе,а ти ништо :^) ,што ќе ти дојде прво тоа облакаш,сега ај да се договориме-или и двајцата ќе искачаме во трењерки или дотерани, :lol:
    и така дечко ми сега се дотерува повише и од мене,може дека еве сега сме поозбилни ,на работа,па нонстоп е во некои кошулки,капутчиња,кондурки :rock: па јас мора уште повеќе да се трудам :D
    Инаку и со другарки едни-девојки на другарите на мојот дечко,исти проблем....тие ретко се дотеруваат нити шминкаат,ставаат само пудра ,ретко се во штикли,и некогаш ми паѓа глупо...незнаеш како да се облечеш,зш одма те гледаат попреку
    Еве пример -за нова година се договоривме во домашна атмосфера,и логички ми беше бар малку да се подоблечеш бе :fubar: јас во плетена туника со хеланки,штиклички,пеглана коса и малку шминка,тие влагаат која со гумени чизми :D ,која во трењеки :sweat:
    исто и кога искачаме навечер по кафани ,дискотеки,нити се нашминкани нити облечени-фармерки,блузичка и некоја ниска чизма,а сите се по дваесет и нешто години...незнам како можат така и на работа да одат,,,.пред некој ден на другар од дечко ми роденден,и јас му велам -е сега ние одиме во трењерки,кога да видам тие се подотерале малку,кошулки, марами,пудра,римел сјај :lol: ,аууууу ваква бев :o
    и отсега си фурам пак по мое и ич не се замарам-па девојчиња сме,мора ама мора да сме средени,пред се на мене ми е убаво кога сум средена и убаво се чувствувам,,,,да се разбереме не сум екстремно нашминкана и екстремно дотерана,но се во граници како и што ни доликуива
     
  16. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Јас тој проблем не сум го имала ни со другарки ни пак со дечковци.. Со маж ми кога ми беше дечко па и ден денес нон стоп си се консултираме кој што планира да носи на излегување, па макар и денска прошетка да е. Нема ништо поубаво (барем за мене) кога ке видам пар складно облечен. И нема врска дали има или нема што да облече..И еден пар тренерки и една кошула и фармерки да има може правилно да се комбинира, само треба да се знае на кое место што прилега да носиш. А со другарките тој проблем го надминувавме така што се договараме дали ке се носи нешто поопуштено или понакинџурено, ама стрикно за денска шетка. ЗА вечерно излегување која што сака да носи нека облака, битно е да е у точно време на точно место.. Друго ништо... :D
    Редактирам. Да, би го вратила маж ми дома ако не ми се бендисува како е облечен, ама тој проблем ретко го има, знае бе милото дека секогаш сакам да е скоцкан 8)
     
  17. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Среќа не сум го имала тој проблем со дечко ми, досега не сум имала случај да му кажам да се врати дома зашто не е добро облечен. Така да не знам навистина како би постапила во таа ситуација да ми дојде во тренерки а јас во штикли и дотерана. Вајда би му рекла дека не е облечен во зависност од кодексот.
    А за другарки исто, се облекувале а да не се по мој стил, ама нешто посебно да им сугерирам не, абе нивно си е, ако тие убаво се чуствуваат ок.
    Да договорам шетање во парк и јас да сум во патики а другарка во штикла супер, ако она може да оди на штикли нека оди. Нека ја болат неа после тоа нозе и нека и се чудат сите :)
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  18. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    И на блиска и на не блиска другарка со која сум договорила да шетам во парк и ако ми дојде во штикли не би и рекла ништо, не е проблем да се шета со штикли во парк... Е сега... ако се договориме да идеме на Водно и да дојде по штикли, нормално дека нема да ми биде срам да и кажам дека неможе така да иде на Водно, и нормално дека нема да одиме...

    За среќа дечко ми си знае за каде како да се облече па немам проблем.

    Инаку не е срамота воопшто да му посочиш на некој дека е несоодветно облечен (ако стварно е до толку промашена облеката со приликата)...
    И да, тренерки се само за по дома и за спортување...
     
  19. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Види вака, дрес код на луѓе нема. Туку дрес код на место т.е настан

    Мене ми е лицемерно другарка ми или дечко ми да биде неприкладно облечен/а на некое место, а јас да си траам :^)

    Ни јас не им се мешам, дали ќе облекол бела маица или црн џемпер ич не ми се гајле....се додека одговара на пригодата. Ама да ми дојде во тренарки во ресторан или штилка и минич на школо.....знаеме сите дека небива.
    И не дека јас ќе го измарширам дома или ќе го карам, туку на фин начин, индиректно ќе посочам за друг пат да има во предвид, и нареден пат пред излегување пак ќе спомнам низ муабет, пример јас дека ќе се дотереам, и ќе сфати ваљда :)
     
  20. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Па некако мене ми е незгодно да му речам на некого еј што си се облекол така...
    На пр. кога излегувам со поблиска другарка онака низ смеа ќе и речам: „пази што ќе облечеш, немој во некакви глупости да се појавиш“.
    Ама кога излегувам со некој кој малку го познавам или прв пат се среќавам нема да му кажам нешто во врска со облеката. Сепак, секој се облекува како што сака.
    Во воведот беше споменат театар или опера. Мислам дека тој што решил да оди во театар, кино или опера е доволно цивилизирана и образована личност за да знае дека таму не се оди во тренерки. Нормално, не мора да оди како зет со костум и машна, но секако во нешто прикладно и пристојно, во зависност од годините.
    Јас искрено би се чувствувала многу непријатно доколку кога ќе стигнам таму кај што треба да се стратнам со некого ми рече „па што си се облекла така??? овде не се доаѓа со таква облека!!“ Тоа е многу невксуно и некултурно, според мене. Не велам дека секогаш се облекувам скроз погодно за секое место или настан, ама пробувам да погодам. Сигурно дека за на денско кафе нема да се облечам во комбинација со високи штикли, свечена блуза и сл. Се знае фармерки или тренерки и некое едноставно блузиче.
    За обична прошетка патики и тренерки или евентуално фармерки, ако мислам дека после би можеле да седнеме во кафич.
    За навечер, нешто поубаво, можеби посвечено, но не како за на свадба, со не знам какви фустани со корпи и сл.
    Значи во главно тоа е тоа. Не коментирам на лице-место за аутфитот, бидејки сметам дека е невкусно, а и луѓето во мојата околина и друштво најчесто знаат која облека за каде е! :)