1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Би го/ја вратиле дома?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од marama, 7 март 2011.

  1. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Среќа што мојов повеќе води сметка за облеката дури и од мене :D Се знае каде како се оди облечен, за в кафана не ми дошол по тренерки, а за Крушево на шетња, не облекол фармерка и шпиц чевла :D
    А да беше од оние што не знаат каде како треба, да, би му кажала, би го советувала!
    Девојката на неговиот братучед, да не речам јатрва ми :lol: , има еден и единствен кодекс на однесување-ШТИКЛА за секаде. Со нив сме најблиски, заедно на НГ, по одмори, по прослави, девојчево едноставно не знае или не сака да разбере дека низ песок не се носи 12 со циркони :x Ама таа си носи |( И на почеток, не и велев, си молчев и се смеев, е сега веќе почнав да ја драпам, да се зафркавам со неа, дури и ми се има налутено, бидејќи таа не можела да се замисли на ниско |( А бе права шмизла е, што ќе и правиш :lol:
    Тоа е, не дека ќе се скарам и налутам, и нема да појдам некаде со него/неа така облечен/а, ама би му посчила дека секоја облека има своја прилика :)
     
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Интересна тема.
    Со дечко ми никогаш не сум имала ваков проблем, никогаш не сум се сомневала дека ќе се облече според пригодата. Без разлика дали му дошло до тоа или не, внимава многу.
    Е другарките ми се скроз друга приказна. Иако на повеќето им ги знам вкусовите и ги почитувам, понекогаш знам да им плеснам во фаца колку лошо изгледаат. Тоа се случува кога претеруваат, кога ќе дојде некоја невкусно облечена, или лошо нашминкана.
    Им кажувам веднаш, додека има шанси нешто да поправат, сигурно не сакам да се шетаат како кловнови и чудаци.

    Факт е дека има луѓе што не разликуваат летна и зимска облека, облека за во диско, за на работа, за шетња или за театар. Или кажано на друг начин, има луѓе со вкус и осет за естетика, а има и луѓе што поим немаат од овие работи.
     
  3. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Па и не сум имала таков проблем ама сепак би ќутела во било каков случај. Мене нема да ме гледаат со зачудена фаца, ниту пак ќе бидам исмејана, ниту пак покажана со прст. Да ми е ептен блиска другарка, пред тоа би ја советувала (ако побара совет), ама обично си кажуваме кој што ќе носи, па се исправаме ако не е океј и така. До сега не сум имала познатство со некој промашен стил :)
     
  4. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.018
    Допаѓања:
    5.930
    Сум се нашла во ваква ситуација милион пати кога умимала можност да кажам дека некој не ми се допаѓа како е облечен но сум премолчела бидејќи нескаам да навредам никој . Обично им го знам стилот на облекување на моите другарки но знаете не сме секогаш само ние старото друштво , понекогаш се носат со нас и некои други па се случува да не се прикладно облечени . Не сум како некои да го гледам како е облечен буквално да го критикувам со поглед , ниту пак после давам коментар во врска со гардеробата .
    Секој со можностите . Во секој случај имам разбирање во врска со тоа кој како е облечен .
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Не дали би, туку сум го вратила. Требаше да одиме на веридба, а он ја имаше облечено најгрдата кошула што ја има и немаше шанси да го пуштам така да оди. После тоа се јавуваше да ме праша дали тоа и тоа да го облече. Сега немаме гајле, усогласени сме си :lol:
    А за другаркиве, па немало такви проблеми, си знаат како да си се облечат :)
     
  6. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Доколку ми е блиска другарка,секако би и кажала во лице :D
    Доколку е подалечна, би искоментирала нешто од типот: Па си можела нешто друго да искомбинираш или нешто такво слично.
    Со дечко ми фала Богу,сум немаала таков проблем,а и секогаш си бара совет од мене :D

    Мислам дека повеќето ќе се согласат, некои личности,т.е повеќето не знаат ни за во школо да се облечат :!: Ефтини комбинации,премногу шминка,и шлагот на се ЕЛЕГАНТНА ЧАНТА :fubar:
    Ова многу ме иритира,па ученик си,се знае како се оди во школо..
    На факултет океј,се подразбира тоа ама во средниве :x
     
  7. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Со дечко немам таков проблем. Каде и да одиме, се облекува нормално, всушност секогаш е по фармерки и џемпер или блуза или карирана кошула во комбинација со темна маичка. Опуштен стил си има и си се држи до истиот.
    Се зезаме да облече кожни пантолони како Џим Морисон некогаш. Како што има вишок, ќе биде “многу згоден“.

    За другарките и другарите не ми е уопште гајле. И тие знаат да се пицнак, ама кога треба. Сега зависи кај се оди. Во принцип, почитувам туѓи избори на облека, се додека е со вкус.
     
  8. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    мислам дека т.н. дрес код е многу важен за места каде што се движите и идете. театар, кафе, парк и шетање си бара различна гардероба. меѓутоа и да ми дојде дечкото несоодветно облечен не би ми сметало, не обрнувам никогаш внимание на такви ситници. повеќе ми е важно да сум со него отколку со неговата гардероба. Но ете неколку години уназат можам да кажам декаси се договараме каде ќе идеме и што ќе носиме и секогаш сме скалдно облечени еден на друг. Никој да не двои дури и некогаш намерно облакаме складни или слични бои. Јас лила фустанче тој лила кошулка ех баш сме си слатки хехехех. така да секогаш сум се водела од тоа на кој како му е убаво така нека се облече, но стварно ме иритира (ова морам да го кажам) одењето со штилки или кондури на прошетка на водно или парк. Ех само да имав храброст на таквите особи да им кажам два три збора во лице кога неможел некој друг :devil: :devil:
     
  9. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Мора да раскажам еден настан :D . Пред две зими ги носиме децата со една другарка и мажињата на санкање на Водно. Патот до Средно Водно нормално, чист, ама од Средно нагоре (исто така нормално) оставен со снег. Одиме ние нагоре, тегнеме санки и деца :) и одеднаш пред нас-тетка во штикли, околу 10 цм, нормално, лаковани :D . Оди низ тоа снегот како патка, потписнува и се држи за тој сиротиот со неа. За надополнување, сето тоа го прави со цигара во раката :rofl: Е се згазивме од смеење, колку сака нека е неубаво од наша страна. А бе со кој памет на сред зима, со пола метар снег, со такви чизми+на таква штикла на Водно?! Па констатиравме дека, судејќи по изборот на аутфитот тетката сигурно мислела нешто друго кога овој и предложил да одат на Водно :D
     
  10. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    497
    Обично кога се договараме за заедничко излегување со другарки, се договараме и како ќе се облечеме. Или сите ќе бидеме скоцкани, или сите ќе бидеме во нешто по кежуал. Така што досега не сум се нашла во таква ситуација, ама ако се случи некоја другарка да биде несоодветно облечена - ќе и потенцирам. Нема лутење.
    А во однос на дечко ми, тој си е поприлично сериозен во облекувањето, а и голем перфекционист е така што секогаш е скоцкан. Со него мислам дека нема ни да имам таков проблем. :)
     
  11. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    истото се случува и кај мене секогаш се договараме по која варијанта ке бидеме облечени :)

    A ваква случка да вратам некој дома не ми се случили, али недај боже незз ни јас што ке правам сигурно ке го сменам местото кај што треба да одиме, ке отидеме некаде прилагодливо :) :)
     
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Кога имав 15 години отприлика, излегувавме повеќе другарки и сосема вообичаено беше да се чуеме пред излегување и да се договориме како ќе се облечеме. Абе армија не ни беше рамна. Една рекла ќе излезе со црно фустанче - ајдеее сите! |(

    За среќа веќе немам 15. Не се договарам како ќе се облечам, се договарам каде ќе одиме, и во колку ќе се најдеме. Дури ни делот „каде“ не го решаваме повеќе.
    Постојат прилики каде што дрескодот е однапред определен. Организиравме клиентска коктел рецепција од работа на која можев да поканам и две другарки. Знаејќи дека се работи за официјална коктел рецепција - ги предупредив каков е дрескодот. Кажи речи, ги посоветував дека ако не сакаат да се чуствуваат непријатно, да се облечат така и така.
    Освен во вакви случаи каде што навистина се бара одреден стил на облека никогаш ни на крај на памет не ми паднало да имам примедби не дај Боже - да мрчам за тоа како се облекле моите пријатели.
    Која плиткост од моја страна би било тоа?! И која сум јас да им мрчам? А да вратам некого дома? За мене тоа е нешто што не можам ни да си замислам.
    Ако одиме на опера, верувам и знам дека моето друштво е доволно паметно да знае како се оди на опера. Нема белким јас да им кажувам однапред - ама глеј да не ми дојдеш со влечки и шалвари.
    И воопшто не ни забележувам кој како е облечен. Ако нешто не ми се допаѓа, едноставно не ми се допаѓа и толку. Не се ни замарам. Ма не ни забележувам. Најискрено.

    И без навреда, но не можам да разберам кој прво гледа кој како е облечен а потоа се радува дека воопшто искочил со своите блиски за да го поминат заедно слободното време на пријатен начин?
    Не ми е битно кој како се облекува. Битно ми е да сум со луѓето кои ги сакам и да си поминам убаво со нив. Такви кои даваат примедби за нечиј изглед или начин на облекување, немаат што да бараат во мое друштво. Такви луѓе не ми се ни пријатели. Фала богу има побитни работи отколку да си мрчиме едни на други дека - вечерва сме ја утнале шминката, или имаме подочњаци, или плавото мантилче никако не ми одговара со зелените кондури, или дека сум премногу пицната а ние одиме само на - кафе. Ма ако сакаат и ролетните нека си ги наметнат и нека си стават фикус на главата, ако им е на нив удобно и се среќни, поарно ќе ги гледам среќни и насмеани, отколку кисели затоа што другарка им, во случајов - јас, се замара со тоа како изгледаат вечерва.

    Така да, никогаш никого не сум вратила дома заради облека - ниту сум пререкла за тоа како е некој облечен. Евентуално сум си отишла ако некој се однесувал непристојно. Облеката за мене е само - облека, сакам да ме облече и да изгледам убаво.
    А убавото е навистина субјективна и релативна работа :)
     
    На sparklie, frutini, teddybear и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Секој за себе.
    Ако некој мисли дека е сосема океј да е облечен така, не му се мешам.
    Па и во диско да дојде по тренерки.
    Зарем јас треба да му кажам дека во диско не се оди по тренерки?
    Па сигурно не му е прв пат.
    Крај краева секој за себе се гледа.
    Мене воопшто не ме срами ако така излегол.
    Можеби таа неускладеност не е секогаш пријатна, но не ми пречи.
    Како што се чувстува најкомотно,така нека фура.
     
  14. bestrasnost123

    bestrasnost123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    28
    договор ма дај тоа мие малку просто секој има свој стил и се носи со него стилот на некој начин те претставува тебе ако не ти се допаѓа нечиј стил значи и не ти одговара таа личност позз
     
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    За стилот не се дискутира за тоа доволна е сугестија, не враќање дома, ама сепак треба да се има познавање за основниот дрес код. Ај што има обични луѓе што не го запазуваат дрес кодот, него толку многу има познати лица што не знаат да почитуваат тоа е чудо.
    Абе сите се дотеруваат најубаво за свадби, матури, а штом дојде манифестација како доделување награди, некоја свеченост и они тука фармерки или деловна комбинација. Не дај боже фустан да земат.
    Или на телевизија во некои шкарт фармерки и патики коа ќе ги видам ми доаѓа да им акнам бокс.
    Или спортисти кога ќе дојдат во тренерка. Па на тренинг ли се бре? Не се, во емисија се.
    Па и новинари на терен што снимаат уште да излегле во старата облека по дома што ја носат или шминка да стават пу пу не дај боже. Па ние обичните ставаме на секое излегување шминка а не теренски новинарки што ќе ги гледаме на вести.
    Е тие јас дома би ги враќала, само да ме стават на врата на некоја телевизија или да одредувам кој ќе иде во етер. Ма пола работи ќе укинам и нема да пуштам да влезат во телевизијата :D
     
    На Annath, Bozica1980 и marama им се допаѓа ова.
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.135
    Допаѓања:
    88.472
    Пол:
    Женски
    Еве сега мој пример. На почеток на факс се договараме да излеземе цела група. Јас си се дотерав од дома со штикла 12, зошто требаше да одиме во дискотека. Одам таму ги гледам сите во патики, старки, спортски облечени и уште се предоговориле дур ме нема да одиме во Њу ејџ. Јас прв пат отидов таму нит знаев каде е нит какво место е. Кога отидов и кога ме седнаа доле, ми идеше и штикла да соблечам или пак парталите и дома. Поседов саат време и си дојдов зошто тие отидоа во Кастро.
    После тоа кога разговаравме со една колешка ми вика - абе зошто така облечена дојде? Па зошто никој не ми кажа дека сте се предоговориле и како треба да се облечам.
    Се чувствував многу непријато затоа што бев несоодветно облечена.
     
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    ^^ Ах Роси да ми се може би била ко Johny Depp - најискрено :)

    Дрес кодот е ок ствар, ама за каде? За во Универзална каде што се се распаѓа? Или за да може некоја која нема појма од мода да ме коментира во некое списание како сум се облекла?
    Еднаш кажав, ако на некој не му одговара дрес кодот, нека не оди поарно таму. Тоа да. За се друго, не постои дрес код. Па за дискотека најмалку! Небаре клубовите во Скопје се Њу Јорк џанам, па леле дај да пазиме затоа што таму искача и Џош Хартнет и клубот сака да си чува некое реноме во однос на тоа како се облекуваат посетителите. Ахам, да.

    Џони - му се може, си игра мајтап со сите официјални случувања. И што? Пак го обожаваат. Се шета во скинати фармерки, и што? Пак ми е убав бре! Би го гледала постојано :D

    Мене страшно ме нервира тоа наше етикетирано не само облекување туку и однесување. Ми смрди на шмизл симптом. А за жал само во државиче како нашето може луѓето да се замараат со тоа како се облекуваат другите па и да се дрзнуваат да ги коментираат или враќаат дома.

    Советите се на место, доколку некој ги побара. Ама сама да ги кажувам?! Не! Можам некого несакајќи да навредам.
    Крај краева колку пати сме искочиле, другарот по маица и патики, јас фармерка и штикли, другарка ми опуштена варијанта со патичиња, трета другарка во фустанче светната. И guess what? На нитуеден од нас не му текнало да мрчи за облеката, ниту пак некој се чуствувал непријатно.
    И на крај секогаш си поминуваме супер. Зошто? Затоа што не се замараме со тоа кој како се облекол.

    Това е.
     
    На sparklie, mims-89, frutini и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.558
    Мене ме иритира тој израз дрес код и се што има код,како на пример сериски код.Погодете зошто?!

    Лиииилаааа па...
    |(
     
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Jас не се сложувам Пирамитка, посебно за познатите. Батали го Џони Ден он таков стил фура отсекогаш, тоа му е нему стил, а не несреденост! Кај нас повеќето се без стил.

    Сеедно што се распаѓа универзална сала, се знае како се оди на манифестација ако си популарен. Мислам и популарноста тука кај нас е релативна ама ај. Ако одиш на нискобуџетна свадба во некој полош ресторан тоа значи дека ќе облечеш фармерки само зашто се распаѓа ресторанот? Не ќе облечеш нешто посвечено сеедно на која свадба си, свадба си е свадба. Епа така манисфестација си е манифестација, без разлика дали е Кодак центар или е Универзална, гламур треба да се има во согласност со случувањето.

    Ти кога одиш во град ставаш основна шминка пудра, маскара и лабело/сјај? Зашто да не става една телевизиска водителка што ќе ја има на 3 редовни вести во текот на вечерта?
    Што е она привилегирана да оди со подочњаци со издрпан џемпер и да ја гледам 5 пати како кажува една вест и да нема 5 минути да се спреми? Секоја жена сама за себе пред се треба да се облекува, очигледно таа не знае да се цени.

    А она за искачање јас претходно кажав, никогаш не сум ни вратила, ни кажала дека лошо изгледа, никогаш не сум се ни договарала со другарки како ќе изгледаме освен договор дали да се облечеме потопло или за поладно.
    Ама за личностите што ги гледаме на телевизија, во весници, е тука треба да си почитуваат дрес код и тоа како.

    Или викната си на премиера на Милчо Манчевски, знаеш ќе дојдат познати ѕвезди дури и до Холивуд. Ќе облечеш патики и фармерки?
    едит: ах да и ти пишува на поканата за посебен дрес код :)
     
    На Hipster и Bibko им се допаѓа ова.
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Колку пати само ова ми се случило...и да е потрагична ситуацијата, ако си ти прикладно облечен, а поголемиот дел не се, ти испаѓа дека си ко што не треба.
    Полошо од тоа да не знаеш како да се облечеш, е да одиш исфлекан или искинат(а си видел уште од дома што и како е).Само кога ќе погледнам се згрозувам.
    Никогаш не сум искоментирала, ниту планирам, ама факт е дека не се осеќам убаво, особено кога ќе ме погледнат попреку, како да сум ненормална. :devil: