1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Би го/ја вратиле дома?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од marama, 7 март 2011.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.083
    Росоњерка вај соу сиријз?!
    Како па да не,дрес код демек познати се...обични смртници како и сите нас.
    Премногу се придава на значење на вакви глупости,па затоа животот ни е премногу комплициран и глупав.Една од работите поради кои многу луѓе,поточно девојки се огорчени на планетава.
    Ако сакам на свадба и у патки ќе одам затоа што мене ми е тој стилот и затоа што мене ми е така поудобно и затоа што така се чувствувам своја.
    Премногу ограничувачки,површно и непотребно е.
    Секој со својот вкус и личен осет.Се знае каде е строг дрес кодот и го почитувам тоа,ама јас како човек кој сега-за сега не извршува некоја значајна функција,не би сакала во обичниов ми живот,на одреден настан,рецимо свадба,балет,опера...да се припотресувам заради нешто икс кој го кажал некогаш некој икс.
    Ај да не дужам...глупо ми е да дискутирам за облека.И онака дрес кодот за оваа пролет е,таааааа раааам чајник дезенот!Кај и да си,на кафе,у дискотека,по дома,на улица,у парк,на планина...цветови,на секадеее цветови!
     
    На machorka, mims-89, mysterious и 8 други им се допаѓа ова.
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Абе Лилит јас така ги сваќам работите, ако не ги сваќаш ти супер :)

    Луѓето се различни, ама секаде во се постојат правила во секој домен од животот во секоја сфера од општеството.
    Некои ги почитуваат некои ги кршат.
    Дрес кодот е еден вид модно правило, јас ќе си го почитувам кој неќе повторно негово право, ама мене ми е без везе посебно за одредена група луѓе кажав. Посебно исклучувајки го дневниот изглед, стрит стајлот, вечерните излегувања тоа е индивидуално за секој човек, нема мешање тука.
    Ако работам во фирма и ми бараат дрес код, ќе носам дрес код.
    Ако одам на забава каде ми бараат на поканата да сум во црно бело, ќе сум во црно бело.
    Ако сум на Оскар ќе носам гламурозен фустан.
    Ако тебе и на другите им пречи што мислите дека ќе сте како другите и нема да се разликувате добро, и во таа толпа можеш да се разликуваш ако сакаш.
    Ама правило си е правило и јас сум за почит на истото.
    Јас како правник си почитувам правила а со тоа и дрес код за посебни пригоди, кај што се бара тоа од мене :)
     
    На Artemission му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Росоњерка, па чекај сега Џони Деп ти е ок затоа што тоа му е стилот, ама Петко Патлиџановски, иако му е стилот ваков или онаков, не ти е? Зошто? Затоа што е Македонец и не е толку познат како Џони или? Не ја разбирам поентата тука :)

    Да, кога излегувам се шминкам. Ама имам другарка која има алергија на шминка? И сега? Да ја вратам дома ли затоа што се дрзнала да излезе со мене ненашминкана? Абе ај.
    За на телевизија, не разбирам каде си видела несредени водителки, затоа што јас такви не сум видела. Никогаш. Можеби ги има, но колку што знам задолжително ги шминкаат и средуваат пред да настапат на ТВ. Мислиш они самите имаат време од дома да се спремаат? Не. Си доаѓаат на работа и си ги средуваат шминкери, фризери, стилисти. И плус особено оние кои читаат вести, колку што јас знам доле се по тренерки - не ги гледаме, не ни е ни битно, а горе ги облекуваат во нешто пристојно.

    За премиерата? Ако пишува дрес код - а очајно сакам да сум на таа премиера, ќе го почитувам она што е напишано на поканата, нормално. Тоа си го реков. Ако не ми се допаѓаат правилата кои ми ги одредува некој, не ги почитувам, но не ни одам.
    А и ова ти е дискутабилен пример. Патем сум била на две филмски премиери по некоја случајност.
    Moliere и He loves me...he loves me not. Дури и глумците дојдоа облечени полошо од посетителите, а јас се дрзнав во фармерки да му пријдам на режисерот Laurent Tirard и леле мајко моја - ми направи муабет а не ми рече - па ти се молам, како си ти облечена? Алооо премиера е!
    Ма јок бе. Фактор еден - не е малограѓанин човекот. Фактор два - сакаше да чуе мислење од гледач, од обожавател. Фактор три - Французин е. А Французите се знае какви се ;)
    Да се случеше ова во Македонија ќе имаше и фактор четири - ограниченост и плиткост кај некои луѓе.

    Или ќе ми дојдеше Цаци Паковска и ќе ми речеше дека изгледам ко оџачар веројатно. Кој ја знае |(

    Ете тоа ми е поентата. Дека ми многу ограничено ваквото размислување кај нас. Ама навистина многу. И ужасно многу ме иритира. Човече облека е! Не е оружје бре!
     
    На machorka, Theodora, RainBow и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.083
    Облеката е начин преку кој се изразуваме себе си и она што го носиме во себе,а не модно правило.
    Дрес кодот е задолжителен само во државните институции и на работните места (овде чисто за да не се провоцираме едни меѓу други,овај нали :D ).
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Петко Патлиџановски се облекува секој ден за на работа во костими, на деловни состаноци во костими и оди на ај ќе треснам отварање на Охридско лето и носи џемпер од 45та и фармерки, а жена му до него у свечена хаљина. Ни како пар ми се допаѓаат такви различитости, а не е ни во согласност со оној тежок збор на непишано правило дрес код.

    Ако памтиш на Златна Бубамара коментиравме нашите како се облекуваат, колку што памтам за џемперот и панталоните на градоначалникот на Центар дадовме сите па и ти лоши оценки зашто не е добро облечен, како да не е на манифестација. :)

    А таман работа за другарка ти што не се шминка. Никаде не ни спомнав враќање на другарки при излегувања, баш никаде. Јас знаеш мразам нели хеланки на кратка маичка, па никогаш не сум ни спомнала збор на другарка да не носи така, ако и е убаво да и се манда газот нека носи.

    Ама и сама кажа кога се бара од тебе почитување на дрес код го почитуваш, токму за тоа зборам и јас. Мене не ми иде некој да ми налага нешто а јас да не го почитувам, всушност не го почитувам него.
    Многу убаво си кажа, ако не ми се свиѓа не идам.

    Врти сучи слично кажуваме :)
    За некои работи мора да почитуваш правило и да се облечеш така. Ете пример работа.

    Ах да зборев за оние новинарки на терен што се јавуваат. Е често има такви кои се несредени.
    Овие што читаат вести ги средуваат нормално.
     
    На Artemission му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.083
    Нек биде несредена,ич не ми е гајле,само тоа шо ќе го каже да и е релевантно и да и држи вода,а не да ми штелува прикаски за мали деца,а да е цуца и пол.
     
    На machorka, Theodora, Lacrimosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Роси како што кажа си правник, а не Ана Винтур или новата уредничка на Вог, сеедно и мислам дека премногу се внесе во улогата на моден гуру ;)

    Како што кажаа и другите каде што има дрес код се почитува, ама каде што нема кои сме ние да се иритираме толку?
    Можам да прокоментирам еј види ко каков дошол ама да земам да експлодирам од нервоза :@ мислам аман

    А ако жена му на Патлиџановски гордо оди покрај него и не и смета, зошто би ми сметало тоа мене?


    А за репортерите, кој ги гледа нив побогу, тие сегогаш се на терен за нешто важно- замисли ја Снежана Лупевска кога даваше репортажи од Танушевци во 2001- експозии на секаде, а таа ќе мисли дали има ставено руж, мислам кој апсурд жити се.

    А штом таков му е стилот на Џони Деп, зошто да не му биде таков и на Бени Шакири? :!:
    Замисли го него во фрак, па тоа нема да биде тој, нема да биде Бени :!:
    А за премиерите еве Милчо Манчевски се појави во фармерка, па никој не стана протестно од киното затоа што тој не е во смокинг, туку сите чекаа да го гледаат филмот и да коментираат со него околу истиот ;)

    Зошто толку да се раководиме по некои правила, зошто? :wasntme:
    Бидејќи си правник знаеш дека тоа не се формални правни норми, па така да никаде е пропишано како некој треба да излезе некаде, освен кога постои пишано правило, т.е. правило за облекување за кое сите се согласивме дека го почитуваме :!:

    А за се останато треба да се раководиме по нашите желби, а не затоа што тоа им е убаво на другарките или дечкото, сеедно - јас ако сакам ќе носам рок стајлинг ако денот сум се осеќала така, па ако сакаат они сите нека бидат во коктел фустани, ми е галје :emo:
     
    На machorka, julie77, girl1985 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Уф ни М од моден гуру немам, не се ни замислувам така.
    Само јас сакам модата и си имам мислење за неа. И сум почитување на дрес код не гледам јас ни ништо лошо во тоа да сакаш да го почитуваш дрес кодот.
    Ама оние што не го почитуваат очигледно ме сваќаат на поразличен начин.
    Плус темата модни крикити нели искрена е, ако некој сака да е искоментиран ќе стави слика и ќе бара да се каже нешто. Ако не се каже, зашто не кажете, ако сте искрени зашто сте искрени.
    Реално да ме знаете нема да знаете ни дека сакав да студирам моден дизајн, ни дека сум на модни сјатови, ни дека пратам блогови, ни дека обожавам облека и накит премногу, ама тука има теми милион за да си го искажеш тоа. Кога го искажуваш во големи количини изгледа лошо е. Секој си има своја област која ја сака и која му е хоби.
    Затоа малку ќе одморам од модниве теми дефитивно.
    Многу погрешно ме имате свате, ама може и јас лошо се имам поставено, не викам не. Тајм брејк :)
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.083
    Ммммр...модата е преценета и површна,можда и затоа те разбираме погрешно.
    Кога ќе сретнам некој кој отскокнува од толпата костумисани,веднаш знам дека има став за животот,за уметноста,за културата,за себе пред се,а не за модата,која е глуп диктатор и една луда индустрија,би рекла безвредна,а собира толку многу пари.
    Малку вон темата,а околу модата.Добро Росоњерка,нели се чувствуваш излажано,изманипулирано,глупаво,малоумно кога ќе чуеш партал облека кој чини 1000 евра,а е сошиен од дете или чевли Лобутин (кои се ѓаволски добри) кои се лепени во Индија или некоја рачна изработка која чини 5000 евра,а тој што се мачел добива надница помалку од 50 евра,ма какви 50...бетер помалце?!

    Да сум облечена убаво секогаш сакам,но она што го носам,да е мој личен одраз,а не ради дрес код,ради мода и слично.
     
    На machorka, mims-89, Theodora и 8 други им се допаѓа ова.
  10. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Јас сум таа што е често опоменувана особено од братучетките поради начинот на моето облекување :lol:
    Нивниот дрес код не се совпаѓа со мојот,тие мислаат дека за прошетка низ град и кафе или пак и ручек треба да се средуваш 3 саата,јас пак мислам дека за прошетка низ град,кафе можам да излезам од дома во патики,тренерки коса врзана во реп и ненашминкана.
    И многу се нервирам кога ќе ми речаат неможеме некаде да влеземе пр во ресторан на ручек поради начинот на кој сум облечена,абе ајде јас пак за инает таква влегувам,нема тие внатре да ми го плаќаат ручекот јас ќе си го платам ;)
    За вечерно излегување можда и ќе се дотерам ама пак не се замарам колку нив.
    Дрес код признавам само на работно место,се знае таму треба да бидеш пристојно облечена.
    Можеби дека сум растена во земја која и нема некој сенс за мода,секој си фура свој стил и никој со никого не се замара,па немам таков нагон како братучетките да се дотерувам за шопинг во гтц за да не ме гледаат попреку продавачките во бутиците :fubar:
    И само да ви доловам доколку не се замараат дома кој како е облечен,влегуваме со другарка ми во бутик на Louis Vuitton а пред нас влегува тип по бермуди,маица на прерамки и бос и си го услужија најнормално,типов си одбра некој новчаник си извади пари си плати и си го испратија.Да беше истиот бутик во МК и да влезеше некој ваков тип ќе му викнеа полиција,немаше шанси да го услужаат :lol:
     
    На machorka, julie77 и Bibko им се допаѓа ова.
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Росонерка од цел мој пост ти се фати за воведот, а очигледно дека не ја сфати поентата :(

    Како и да е, ако ти толку многу сакаш да го правиш тоа, зошто не го споделуваш , туку се срамиш да се ослободиш и гледаш слики од модни блогерки како тинејџер што гледа порно?

    Те молам ослободи се, еве земи ја пример Старфиш која е претерено креативна и тоа го споделува и сите го знаат и не се срами да го каже тоа- таа си носела винтиџ, си носи и пак ќе продолжи иако не било тоа во мода, бидејки на тој начин најмногу се отсликува нејзиниот карактер и став и во друго не би била таа истата.

    А што е всушност во мода?

    Виде прееска на Идол, ги облекле студенти кои студираат мода и пак беа утка некои бидејќи не се осеќаа удобно во облеката, не можеа да се изразат и џабе прателе мода нели ;) ?

    А инаку секој си го бира тоа што му одговара, па и дизајнерите колку се различни- еве некој го сака Валентино заради црвената боја, некој Кавали заради анимал принт, ама и двајцата се познати и актуелни, секој си го купува тоа што сака и што го отсликува ;)

    Како и да е, да не забегуваме, модата е субјективна, естетиката е друго, а секој треба да се ослободи од секакви правила и да биде тоа што навистина е.

    Се надевам дека ми ја сфати поентата ;)
     
  12. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    3.202
    Би било малце глупаво да го вратиш некого дома поради начинот на кој што е облечен.(Сепак се работи за облека). Воедно верувам дека ти излегуваш со другарка ти/другарот поради друштвото и зезањето одколку да гледаш како е облечен/а. На крај краева, различни сме сите па сите имаат различен поглед на нештата а особено стилот на облекување. Сметам дека ваквиот начин на глумење "фешн" икона е малце непотребна, особено во Македонија.
     
  13. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Еднаш другарка ми дојде кај мене на факултет во кратко тексас фустанче и јас и реков дека не е соодветно, ама заради тоа што ептен ми е блиска. А подоцна се покајав, бидејќи беше мај месец, беше многу топло а кај нас пола факултет без срам и на предавања доаѓаат дури и понепристојно облечени, а таа само се прошета во холот со мене, и стварно ми беше криво, зашто видовме уште 10 -тина девојчиња во кратки фустанчиња. Ама нејзе не и кажав дека ми е криво :@
     
  14. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Аууф се се изначитав овде :x Кога го пишав претходниот пост го имав прочитано само постот на Марама, ама сега ги прочитав сите и морам да прокоментирам :!:
    Би опоменала некого, само во случаи како тој погоре пишаниот, кога некој би се облекол преслободно за одредени места, како на пример, училиште, факултет...Само овде, никако на други мест. Не знам зошто толку тврдоглаво мора да се следи тој дрес код, кој бај д веј, е измислен од кого? Секој си има свој стил и се облекува како сака. Која сум јас да кажувам каков дрес код е прикладен за некаде. Со дечко ми пример, секогаш сме спротивни во облеката, ама мене тоа никогаш не ми сметало. Тој си фура некој поопуштен стил, со панталони со многу џебови, некои бесни кошули, бесни маички :D Јес да со тек на време малку го омекна тоа бесното, ама тоа си дојде со годините. И сепак си се држи до тој стил. И да, сме биле на свадба заедно, јас во мини фустанче со високи штикли, нашминкана и со фризура, а тој со неговите типични панталончиња. И воопшто не ми беше срам. Тие што го познаваат знаат дека таков му е стилот и нема потреба да го менува затоа што е на свадба. Па свадбата всушност е веселба за двајцата заљубени, а не модно шоу со еден куп модни судии, така? И искрено, И донт гив а шит за тие што сигурно зборувале дека е нескладно облечен, ние си поминавме убаво. Уат ју донт ноу кент хрт ју, рајт?
    Башка, имам пишувано мислам за ова, ама пред многу години, на почеток на нашата врска, интензивно се дружевме со една „банда“ составена од рокери, металци, уметници, наркомани, уличари...Знаете каков е нивниот стил. Милион пати ми се имаше случено да одам на штикли(после излегување) и во парк да седам со нив по тревници- на никој од нив не му пречеше тоа. Го почитуваа мојот стил и никој не се замараше што јас носам. Која сум па јас да го судам нивниот стил?
    И можда не е во контекст на муабетов, ама јас не планирам свадба да правам, па сите дотерани, исфирцани...За сите пари кои би ги потрошила за свадба, би платила еден 3-4 дневен одмор за мене, мојот иден сопруг и најблиските и таму една венчавка. Јас надолу бела сукња, а нагоре во бикини и со цвет во главата :lol: Само уште моиве да ги убедам :D
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Јас имам другарка што слуша хип-хоп и си се облака во широко со смкнати пантолони, широк блузон и капче на страна, а другата другака е многу слабо ситуирана и има една-две комбинации за на кафе, исто толку и за излегување навечер, еден пар кондури и е алергична на бижитерија па неможе да носи накит. Никогаш не сум им замерила, ниту па имам право да им кажувам јас како они да се облекуваат или па ова со ова не ти одговара и зошто ти е толку монотоно, сатви накит. Во последно време со моето друштво излегува и една девојка што обожава корсети и чипки. Неколку пати сме излегле и никој ништо не и рекол, а недај боже да ја врати....мислам со кое право и зошто. Како што кажаа погоре јас можам да си прокоментирам дека можеби не ми се свиѓа облеката, ама да и кажам или да и замерам нема шанси.
    Што ми е поентата од примерите на другаркиве, некој можеби нема можност за секаде да се дотерува соодветно, или има ама си тера свој стил, така се осеќа убаво, можеби привлечно, комотно.
    Мене едаш еден другар ми рече дека кондурите ми биле од времето на баба му и неможам да опишам колку лошо се почувствував, цела вечер ми беше упропастена, а кондурите ги фрлив, ама сега со овој памет ич не би се замарала, затоа што јас ќе се облечам како што јас сакам и колку што можам да си дозволам финансиски.
     
  16. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    47.735
    Пол:
    Женски
    Некого да вратам или да ме врати затоа што облеката не е соодветна? Па кој би си дозволил таква слобода или дрскост.
    За дрес кодот мислам дека треба треба да се почитува на официјални манифестации каде што тоа се бара.А за дружења и шетање секој треба да се облекува како сака и како е расположен.
    Инаку еве еден пример.Пред неколку год. имавме покани за Виенскиот бал и си отидовме облечени како за таа прилика(Јас во долга свечена тоалета,маж ми во темен смокинг,на поканите не беше нагласен дрес кодот),но наидовме на таков невкус,шаренило и шунд што се запрепастив.Но тоа ни е Скопјево,има се и сешто.Наредната година на поканите што ги добивме беше убаво нагласен дрескодот(Дами во долги фустани,Мажи во темни костуми).И повторно миничи,голи нозе,деколте до пупак итн...
    Третата година по ред со големи задебелени букви напишан дрес код..Ама ово је Балкан,Балкан,Балкан....Ово је Балкан.(истата приказна) :x
    Придржувањето кон овие правила на облекување, е пред се почит кон домаќинот,организаторот на случувањето.Не дека некој ќе те врати ако си несоодветно облечен.Јас почитувам луѓе кои имаат свој сопствен,специфичен изграден стил,и кои не се претопуваат во едноличноста. 8)
    Исто и не можам да сварам,некој кој работи во државна институција да оди на работа со тесни фармерки со низ струк и да ѕирка тангата,ама тоа е веќе невкусно и вулгарно. :!:
     
  17. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Балканот е крив. |( Балканов ке си остане синоним за малограѓанштина додека не решиме сами да смениме нешто. Дечко тебе треба во секоја смисла да ти одговара. Крај-краева, дури и дрес кодот може да биде опција за расправии.
     
  18. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.057
    Допаѓања:
    72.323
    Пол:
    Женски
    Значи никој не зборува тука дали некој има или нема пари за облека, и никој не збори за тоа дали е добро или лошо облечен. Јас лично за никој не би рекла или вратила дома доколку сметам дека е лошо облечен. Темава е за ако не е соодветно за приликата облечен.
    Ако не, ај да идеме сите низ парк во балски халињи... мислам дека никој нормален не би го направил тоа, а јас лично не би шетала низ парк со некоја во халиња, па колку и да ме сметате за дрска.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Имав еден бивш кој пред секое излегување си нагласуваше кутриот - излегувам во патики.
    Си носам кондури.
    :^)
    WTF, прво не контав, си викам детево има фетиш за чевли или сака да ми се пофали, после плавушава укопча дека сака да ме предупреди - демек носам чевли и ти да облечеш штикли.
    :^)

    Тоа си е до човекот, некому му треба преедупредување, некому не, некој ќе се навреди ако му укажете, некој ќе послуша добронамерен совет.

    Малку сум растргната на темава.
    Имам и ЗА и ПРОТИВ.
    Во принцип мразам правила и униформираност, почитувам стил кој е одраз на карактерот, колку и да е ексцентричен, ама навистина да е одраз, а не глуметарење лудило.

    Ви се молам, пример бр. 1
    Подготвувам роденден дома, сум се спремала со денови, дотерана, нашминкана, суредена, сум се мачела на сите да им е удобно и пријатно и одеднаш - пуп, ми се истураат пред врата, без грам пудра, мрсни во косите и во влечки.
    Демек, дома сме де, што ни е гајле како изгледаме?
    Ај ако не - дојди ми во пижами, ќе направам несквик.
    :^)

    И треба да аплаудирам, тоа е одраз на нечиј стил, став и личност?
    Не, за мене е одраз на непочитување и не можам да го простам тоа.
    Можеби сум строга за некои вакви работи, не заради теснината на мојот дух, едноставно се имам изнагледано многу мрсни, непудросани, буквално грдотии, кои не одразуваат никаков стил, туку нон-шалантно ми се шлепаат на тоа - Ма јас не ти се замарам со тоа, умна сум и сега ќе облечам пижама и сите има да ме слушате, (не сакам да откриете дека сум обична мрзливка која не сака да се суреди барем малку, ако ништо друго - барем со пристојни парчиња облека на себе).

    Па никој не бара кутур и бог знае какви дезени и материјали, и јас презирам мода и модни гуруа кои ни солат памет и сакаат да не искалат во еден ист калап и да си полнат џеб од кутри, модни забегани фанатици, ама па патики на свадба, влечка на роденден и тренерки во театар???

    Мајке ми, не може.
    Ако сте така неконформисти и играте тотално без правила, објаснете ми го наједноставниот дрес код на облекување - невеста.
    Во бело.
    99,9% од невестите се сите во бел фустан.
    Ајде опнете нешто без врска на вашиот ден, само колку да му докажете на светот дека не се покорувате пред правила и не е важно понекогаш облекувањето.
    Важно е да му се сневиди.
    Со усул и таму, ама важно е!
     
    На Artemission, rossonerka, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    ^^ Роси не мораш да одмараш од модниве теми, не те обесивме тука - туку дебатираме ;) Јас поинаку гледам на некои работи, во некои се согласуваме, во некои не. Тоа е тоа.

    Трендафилке, се е во ред тоа што го кажуваш. Со свадбата (овој дел некако го забележав најмногу ;) )освен фактор дрес код имаш и фактор - причина зошто се носи белата боја, симбол на невиност.
    А сите знаеме колку невини влегуваат во црква во бел фустан. Стомацине им се - се знае до каде.
    Мене ми е малку лицемерно да е некој во бело кога е се, само не израз на онаа невиност за која зборува црквата? И што ако некоја реши да не биде во бело? Нема да ја стреламе сите сега - леле мајко моја невеста која не е во бело. Викајте брзо модна полиција, ја пративме на гилотиња :)
    Не се работи за тоа да се разликуваме од толпата, но ако некој сака некомформни свадби, журки, начин на облекување, треба да му биде овозможено тоа право. А не тука да се крстиме - како што е обичај за жал кај повеќето од нашиов народ, за се и сешто што се издвојува од толпата.

    Другарка ми имаше необичен фустан за свадба, не беше целосно бел. Не им се допадна на сите, на мене пак премногу - ама кој ме прашува мене? Нејзина свадба. Нејзин ден. Нејзина желба.
    Братучетка ми, на свадба се појави уште пред неколку години со кафено - златни шалвари. Преубава беше. Мислам дека не и падна круната ниту пак рони солзи затоа што не била во бело.

    Абе кој како сака, така нека си прави. Јас сум за слобода! За избор. А не за малограѓанско мрчење во стилот - леле господе боже види ја оваа, на што личи, јас не би излегла од дома вака. Тоа ми беше воедно поентата на темава.
    А воедно веќе се изразив за тоа каде почитувам непишани правила на облекување - така да нема потреба да се повторувам ;)
     
    На Dafnee му/ѝ се допаѓа ова.