1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Би го/ја вратиле дома?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од marama, 7 март 2011.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Ах пусти балкански синдром...тешка малограѓанштина! |( Да се биде нешто што не може да се биде...да се има искривена слика за себе, "марката" на материјалните работи да ти го осмислуваат животот??! :^)
     
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Не за џабе, во разни ситуации и за во разни институции постои дрес код... почитувањето на дрес код јас го сметам исто како и почитувањето на бон тонот - кога си пристојно облечен покажуваш почитување прво кон домаќинот/настанот а потоа и кон другите гости кои одвоиле време да бидат соодветно облечени...

    Викајте колку сакате, и за слобода на облекување и за вкус и за што ти знам не.... ама да бидеме реални, целосна слобода има само во џунглата... :hug: ние сме во цивилизирано општество каде што има наметнато норми и правила на однесување... и дрес кодот е едно од тие правила...

    Се знае дека на училиште не се носат штикли, дека на погреб не се оди во цветен фустан, дека на свадба не се оди во тренерки и во театар/опера не се носат блузите што си дремеме по дома... пак ќе повторам, со тоа што не се почитуваат правилата на однесување најмногу се навредуваат токму тие кои ги почитуваат! па како можам јас да изгледам пристојно, средено и чисто, зошто некој друг не може тоа да го прави ?! :^)

    Многу сум среќна што имам другарки кои го делат моето мислење... никогаш досега се немаме промашено во облекувањето... имам еден конкретен пример, каде што бев договорена за на кафе... и јас, стасувам, фино лепо средена, блузиче џемперче, патичиња.... и ми иде типов во тренерки :^) мислам, ало, спиел дома со нив, станал и испаднал со мене.... ми беше срам да седнам со него некаде на јавно место, прошетавме пола саат и си дојдов со изговор дека имам за учење...

    Ако облеката немала никакво влијание,... ќе сме оделе сите голи... 8) ако сакаш да го искажеш својот цврст став,.... и притоа да бидеш сериозно сфатен... биди и соодветно облечен... на кого повеќе би му верувале - на парталко или на костимиран господин ?? ;)

    Со тоа што некој ќе ми дојде на роденден со мрсна коса, ненашминкан и неуреден... истовремено и мене ми укажува на непочит, но и самиот себеси... абе ако сам не се средуваш, кој друг ќе те средува... :^)
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Да ја/го вратам дома нема шанси, едноставно непријатно ми е осудувањето врз основа на личен вкус, стил или моментално расположение. Можеби тој/таа едноставно тој ден не му е до лицкање пред огледало со саати па излегол/ла во наједноставна комбинација.

    Со другарки никогаш се немам договарно што ќе носиме, зашто мене лично моменталното расположение многу ми влијае на изборот на гардероба. Ако сака таа нека носи штикла, но ако јас се почуствувам неудобно ќе облечам нешто друго.
    Кога станува збор за невообичаени изласци (театар, опера, свадба :D ) тогаш може да се консултираме, но чисто колку за да одприлика знам што да барам низ гардеробер.

    Со вереникот никогаш не сум имала проблем, тој има извонреден вкус за гардероба и секогаш си е соодветно облечен.
    Она што е интересно е дека најчесто сме си ускладени и со боите, и најчесто добиваме многу позитивни коментари. 8)

    Во однос на дрес кодот јас мислам дека треба да се внимава понекогаш, зошто невкусно изгледа понекогаш некоја таква утка. Доколку одам негде каде е пропишан дрес код, би го испочитувала но и би додала свој личен печат на тоа, сепак тоа да подсетува на мене.
    А за партнерот или другарката би се консултирала претходно сепак не иде на пр. Одиме на свечено отварање на изложба јас дотерана а тој или таа во нешто кежуал како за прошетка.

    Доколку постои нешто што не е во ред мислам на шминка, фризура или едноставно тој/таа направил/а лоша комбинација, би искоментирала но добронамерно со цел да се поправи грешката заради него/неа а не зашто мене би ми било срам да шетам со некиј таков тоа се сепак моите најблиски.

    Мене лично одсекогаш ме нервира тоа што луѓето не внимаваат како одат облечени во театар или на некоја културна манифестација ( изложба, опера, балет и т.н.) и нивното не средување ми е како да не го почитуваш уметникот кој се потрудил и створил нешто што заслужува барем минимална почит. Не велам дека треба долги балски фустани да се облечат, но сепак може нешто по официјално сепак тоа е културна манифестација ако ништо повеќе барем малце подсреди се, не ми доаѓај во патики нема да трчаме не кеј одиме да гледаме представа.
     
  4. Tashaa

    Tashaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    38
    мојот бивши беше таков тип што не се замараше толку мн со дотерување па најчесто да не речам секогаш беше во трењерки.на почетокот не ми сметаше но после тоа ми стана некако незгодно јас секогаш да бидам дотерана поред него што страшно почна да ме нервира тоа негово не-замарање па морав да му кажам демек уз шала и за чудо не ми се налути туку полека полека си го смени стилот.сега не сме заедно но се надевам дека тоа му останало бар да не му ја мисли неговата идна девојка :D ;)
     
  5. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    да би го вратила дома т.е.го вратив еднаш само хахха сегашниот мој маж,и една другарка алооооооо бре кај ќе ве влечам по мене такви неискомбинирани :D :D
     
  6. Devojche

    Devojche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    36
    Никого немам вратено,ниту пак би вратила..секој за себе :D Со дечко ми секогаш пред да излеземе си се договараме каде ќе одиме,и што ќе си облечеме ( дури некогаш и за бои на облека се договараме :D ) Ако е некоја вечера,ќе облечеме нешто што е соодветно за тоа..ако е прошетка или да речеме на сладолед, тренерки и сл.
     
  7. Korisnik89

    Korisnik89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    29
    Имав другарка што се понашаше вака со дечко и. Еве пример, бевме излезени друштво 3 пара и плус некои непар :) требаше на концерт да идеме на стадион. И сите собрани го чекаме дечко и да дојде, а оваа уште кога го виде од далеку Лелеее, види го бе, овој не е нормален му реков да не ја носи таа јакна, на што личи... Дојде типов и оваа почна да му се понаша Добро бе човек се виде ти во огледало, знаеш дека јакнава ти е одвратна, ти реков дека братучетка ми ќе биде таму, ќе ве запознаам. Сега што правиме? Или соблечи ја јакната или не идеме :worried: . Ви се верува или не дечково ја соблече јакната и тргнавме. Не ни се веруваше. Знаевме дека и друг пат му правела вака ама човече надвор мислам дека и на пингвини ќе им студеше а тој по блуза, јакната под мишка. Башка пред сите нас вакво понашање...
     
    На ana.ubavkata му/ѝ се допаѓа ова.
  8. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Искрено јас НЕ би вратила... Пред се, од проста причина што понекогаш сум јас таа која треба да ја вратат назад... Мхм, да...
    Одам во театар по стартки и фармерки, одам на вечера по патики и сл...
    Еве на пример лани другарите требаше да ме вратат што за на Нова Година бев облечена по стартки, па не ме вратија.

    Значи се работи до стил... Пример колку пати се десило со дечкоми да излеземе по тренерки двајцата и да одиме на вечера...Не вратиле? НЕ :D... Значи не гардеробата го прави човекот.

    Е да, се согласувам дека постојат места на кои не се носи се и сешто... Ама тоа е.
    И во такви прилики предходно би се консултирала/ле, помеѓу друштво или сл за тоа што и како да се облечеме... :) ;)
     
  9. ana.ubavkata

    ana.ubavkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    59
    Јас не би вратила некој.Мислам,сепак се работи за неговиот вкус.
    А,и имам случки кога излезени со друштво другарка ми,ќе го враќа дечко и дома.Еднаш,пред година ипол,се договоривме 3 пара да идеме на вечера.И,сега сите скоцкани,дотерани,а овој ни доаѓа по спортски тренерки и патики.Оваа коа зема да му се дере :lol: па шо си ми дошол ваков,на вечера идеме бе,ало!По тренерки ли се доаѓа.Уффф господе боже,како само си можел...и на крај,го врати дома дома да се преслече (среќа што живееше блиску).А,ние го почекавме и конечно коа ни дојде дотеран,тргнавме.
    Но,да се разбереме :!: Јас ова нејзино понашање не го оправдувам.
     
  10. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Појдувам од тоа мене да ме вратат поради несоодветна облека |( па мислам дека остај што ќе се вратам дома туку и нема да излезам пак,крај толку многу ќе се навредам незнам таква сум и токму од таа причина никогаш нема некому да му речам да се врати и да облече нешто друго.Сум имала случај дечко ми да е облечен стварно некако не мој стил но како да му кажам бре дека не ми се допаѓа кога десет пати ми повтори колку му е омилена таа јакна и дека многу ја сака епа не му го кршам атарот нека ја носи,во вакви ситуации јас си се облечам јас како сакам и се трудам да изгледам самоуверено дека се гордеам со дечко ми па каков сака нека е..

    Сега скоро ми се случи една другарка да ми рече Што си ги облекла овие патики многу ми се грди :fubar: па не да се изнервирав ама во моментот ја обрнав на шала ама верувајте од тогаш некако оладена ми е,јас барем имам свој стил и имам облека колку целата нејзина фамилија да не ме разбере некој погрешно ама многу се нервирам бе кога некој нешто сугерира а не е компетентен па ќути си,нема да си ја дигнеш цената ако мене ми даваш критики :@ а недај Боже да ме врати па нема да ја погледнам друго е да ме советува во стилот ееј вечер одиме таму и таму јас ќе носам штикли ако сакаш и ти носи нешто во тој стил..
    има многу начини некому да му кажеш нешто без притоа да го навредиш
     
  11. MissBreezy

    MissBreezy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    684
    Допаѓања:
    2.051
    Пол:
    Женски
    Која сум јас за да враќам некој дома? |(
    Искрено, сум немала случај досега каде апла сум имала проблем со туѓата облека. Ако излегувам единствена цел ми е да се забавувам, а не да си играм Проџект Рануеј.
    Со дечковци сум немала проблем, а со другарките обично 100 пати ќе се слушнеме пред излегување, така да отприлика знам што ќе носат. Ама па не значи дека ако таа сака да облече минич дека и јас ќе морам заради неа да ми биде незгодно. Ќе облечам што чувствувам дека ќе ми прилега и нешто во кое мене ќе ми биде удобно. Или пак, што ако "крвавата тетка" ми е на гости? Секако ќе носам нешто поскромно, нели? ;)
    Можеби сите немаат доволно пари за да си дозволат убаво фустанче, па морат сами да си сошијат со нивен материјал. Под дефолт не треба да ги примам во друштво и да стојам настрана? Јас сум јас, тие се тие. Ако некој не гледа како целина, стварно му треба нова професија. Кога дечко ми прв пат ме здогледал ме одбрал мене или цело мое друштво?
    Еднаш сите бевме така дотеранки со фустанчиња, а моја другарка носеше сако. Се двоеше од нас, ама мене лично воопшто не ми сметаше. Ако и е неа фино, нека носи што сака.
    И јас не би се двоумела да облечам нешто не-толку свечено, а во кафичот да излегува само таканаречен КРЕМ. Каде стои правило дека овие другите така морало да се облечат? Според фенси изгледот на кафичот? Според нафураниот газда кој е фаца во градот? Или една почнала, па сите овци по неа?

    Инаку, целава работа ме потсетува на...
    [​IMG]
     
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.879
    Допаѓања:
    102.907
    Пол:
    Женски
    Ма нема јас што да и / му кажам. прво ке треба сам/а да си знае дека во дискотека не се иде со тренерки. Нема јас што да објаснувам како да се облече. Значи никого не би вратила назад :)
     
  13. Dayse

    Dayse Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би го вратил/а ... освен веќе ако е нешто за нафурани
    курви
    ептен да е пре пре промашено
     
  14. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Да, би замерила ако се некои блиски со кои си го имам муабетот. Од основна култура треба да се знае дека не се оди со тренерки и патики на опера или со штикла во парк или со куси панталони во црква. Ова ако некој не го знае, повеке муабет не треба... :)

    Имав еден случај, лани една колешка од факултет со штикли дојде на садење дрва за денот на дрвото. Не ми е блиска па не и реков ништо ама останав во прашалници како може вака да се облече.
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Потпис на ова. Никогаш не би направила такво нешто.
    Секое зошто си има затоа.
     
  16. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    Секој треба да си знае за себе не сум јас таа што би ја/го вратила дома.
     
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Па нема сигурно да го вратам дома, ама обично пред излегување на некое такво место ги прашувам сите што ќе носат, за да не дојдам само јас во штикли и фустан, па не ми се случила ваква ситуација.
     
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека кога на некој ќе му се спомне дека ќе се оди на опера, кино или театар каде ќе има многу луѓе треба поелегантно облекување и според мене задолжително штикли за женско. Машкото не значи дека треба костум да стави може кошула и пантолони. За трчање во парк тренерки, за во диско штикли и фустанче или некои фармерки и убава блуза.
    Не ми е пријатно на некој да му речам дека не е достојно облечен за свеченост или некое неформално излегување. Би требало да знаат дека на различно место се оди различно облечен... не може да свадба по тренерки да се оди исто како што не може да се трча на штикли.
    :)
     
  19. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.305
    Допаѓања:
    16.755
    Леле синоќа бев на свадба, и од едно девојче просто се запрепастив. Облекла мини фустанче, ама гаките и ѕиркаа, и додека игра само си го извлекува надоле, а оно нели такво маленко пошто е, пак се крева нагоре. Па ја незнам у огледало нели се вишла. Таму имаше 300 луѓе, од кои имаше и возрасни. Ја да сум и родител, не би ја пуштила на свадба да иде. :x
     
  20. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Сум била во ваква ситуација , еднаш со друштво отидовме на пикник и јас имав облечено нови тренерки , патики , марама на глава , наочари , голема чанта ...... и другарите велат Каде си се дотерала вака , како да не бива на свадба ќе одиш , а тие тргнале во најстарите тренерки , некои и во фармерки , избледени веќе ... немам зборови