Сепак си била соодветно облечена, не си била во фустанче или во штикли. Јас до сега не сум била у слична ситуација и се надевам нема да морам да зборам на некого дека така и така не требало. Јас би пропаднала во земја.
Упоште не ми е проблем,не дека ми е пресудна облеката но сакам кога ке излезам со некој да личи на човек а не да ми дојде по пижами ( под тоа се подразбира и тренерки) .Се знае што каде се носи.Јас лично тренерка освен дома,на физичко и по леб и млеко на друго место не носам.Не мора да е секогаш стегнат у кошула и сако,но полежерен изглед може да добие и со некое блузиче и широки фармерки. Секогаш кажувам кога сметам дека некој е несоодветно облечен,а и да не кажам имам приметено дека конкретно другаркиве пред излегување ме прашуваат што ке носам,па според тоа се организираме.Сепак неможе едната да дојде у фустан и штикли а другата у патика и фармерка. На дечко секогаш дали директно или индиректно му укажувам дека не сакам да го гледам у тренерки освен ако не сме кај него дома или ако не е у кола дојден по мене.Можеби плитко или злобно од моја страна но ако можам јас секогаш да обрнувам внимание како изгледам кога идеме негде,ке мора да може и он да внимава. Особено ми е битен изгледот и облеката на прв состанок со некој кога искачам.Ако ми дојде несреден,небричен облечен во првото нешто што му паднало при рака ми остава впечаток дека па и не му е многу битно што излегол со мене.А кога ке дојде некој,среден во кушулче па се гледа дека одвоил време за себе да ти е мерак да шеташ низ град и да седнеш на пијачка со него. Така да не сум вракала у буквална смисла дома некој,но имало ситуација кога другарка кај мене у буквална смисла дошла по тренерки а јас сум и дала од мој шкаф да се облече од глава до пети бидејки местото каде што требало да идеме не било за тренерка outfit.
Неможам да сфатам луѓе кои немаат никаков осет за тоа за која пригода што треба да облечат. Јас кога не сум сигурна што би одговарало обично барам совет и мислење од други. Подобро да си прашам дали треба да се скоцкам отколку да изгледам смешно. Никогу не би вратила дома поради облеката но мислам дека ако има осет сам/а ќе посака да се врати и ако ништо друго ќе се потруди да не направи утка следниот пат. Пред некое време на состанок типот со кој бев договорена ми дошол со пантолони и горна тренерка во ресторан.
Неможам да ги разберам само оние што си даваат за право да го прават тоа.Конкретно мислам на обезбедувањето на клубовите.Со нивниот стил на облекување (наречено тепач ) со тренерки ,патики итн итн како од фудбал да дошол на работно место остава впечаток кловн.И некој таков си зема за право за да одлучи дали некој ке биде присутен во клубот или не .Жално што незнаат кој што треба да работи (се нафрлив на обезбедувањето ).Инаку мене не ми пречи кој како сака нека се облекува ,секој сам за себе си мисли .Ми се има случено да бидам во присуство на луѓе што си имаат свој ситл не го менуват,се издвојуваат но едноставно се прифатени бидејки се оние тие а не нивната гардероба.За на работа почитувма кодекс на облекување и ми значи.Треба да се биде среден ,културен а не како да те мавнала поплава .Во склоп на ова да прокоментирам еден сељак што незнаел да прифати критика .Како што е јавна личност заслужил и јавна критика . http://www.youtube.com/watch?v=pmwoEQR4H_0
Досега не сум се нашла во таква ситуација, всушност секој си има право да си одлучи како ќе излезе. Моите пријатели и дечко ми знаат кога како треба да бидат облечени, некогаш сестра ми малку забегува но не сум и кажала ништо, нејзина работа си е. Никого не би го навредила и не би му рекла да се враќа и да се преоблече.
Samo ednas sum se nasla vo takva situacija momce da mi dojde nesoodvetno oblecen. Inaku so segasniot partner ili so drugarki sekogas zboruvame za toa sto ke obleceme i poveke nema vakvi problemi.
Секој си има негов стил .... како ке излезе така. Можеби и јас не му се допаѓам ваква на некој па шета со мене.
Доколку премногу промаши со облеката би го/ја советувал/а дека на такво место не се оди со таква облека, но за на кафе дали носи тренерки или посвечена облека не ми менува ништо
До сега на никој немам вратено а и нема ни во иднина тоа да го сторам. Никогаш ништо не се кажува пред време ама ова го кажувам и цврсто стојам зад тоа. Секој со својот вкус а јас со мојот, и секој на себе што сака нека си носи. Кога мене би ме вратил некој, би ми било лошо и понижувачко па токму поради тоа и не би вратила никого. Незнам...некако навредливо ми звучит ова.