Би прифатиле ли работно место шеф (шпион) на работниците?

Дискусија во 'На работното место' започната од hehehe, 15 ноември 2012.

  1. hehehe

    hehehe Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    57
    Мајка ми неодамна доби понуда за работа како шефица на погон. Но кога и кажаа дека требало да ги шпионира работниците па и да ги казнува(да им крати од платата), таа се подразмисли дали да ја прифати.
    Од една страна мајка ми моментално е невработена и бара работа но исто така ова работно место би можело да значи и омраза од страна на подредените зашто сепак знаеме каков е приватниот сектор во државава, и знаеме дека речиси сите работодавачи гледат што повеќе да им кратат од платите на вработените. Сеуште не е одлучена дали ќе ја прифати работата но ако не најде друга работа најверојатно ќе ја прифати зашто платата на татко ми и не е многу голема за да не издржува само тој.
    Јас да сум на нејзино место би ја прифатила работата. Што мислете вие? Дали вие би прифатиле вакво работно место?
    Поздрав

    П.С. Доколку има ваква тема слободно избришете ја.
     
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.053
    Допаѓања:
    137.017
    Не знам зошто шеф изедначуваш со шпион. Една од работите на шефот е да ги надгледува вработените, да ги казнува забушантите кои за волја на вистината кај нас ги има еден тон, и да ги наградува оние кои работата над очекувањата, ако има такви надлежности.

    Ако некој не си ја работи работата совесно, да, треба да биде казнет. И не треба да има ни грам грижа на совест кај надредениот, ако некој не си ја врши работата. Напротив, тој што забушава треба да има грижа на совест, а не да кука како го казниле или не знам што. Ако сите толерира забушавањето, сите ќе забушаваат. А се додека е така, државата нема да ни мрдне од место.

    Не зборувам за газди кои ги експлоатираат вработените, и ги казнуваат за се и сешто, ама згрозена сум од неефикасноста и непрофесионалниот однос кој го има на секој чекор во земјава.
     
    На eloves, rose60, SexiLy и 20 други им се допаѓа ова.
  3. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Јас би прифатила секако.Кај нас тешко е да најдеш обична работа,да бидеш обичен работник,а не пак некој да ти понуди да бидеш шеф.Тоа ретко се случува тука.Мајка ти ја имала таа среќа и нека си ја прифати работата.И како што велиш имате потреба од уште една плата,тогаш нема потреба да се размислува,барем тоа е моето мислење.
    А тоа се глупости шефот да се изедначува со шпион.Знае се што е работата на шефот.Да контролира,да менаџира,да донесува одлуки во корист на фирмата,па понекогаш и да ги казнува работниците кои што не си ја вршат зададената задача.
    И немора да значи дека во фирмата кај што ке се запосли мајка ти ке има такви работници.
    Татко ми работи како шеф во една компанија повеќе од 5 години и до сега се нема случено такво нешто.Секако дека постојат работници кои се мрзливи или ја развлечуваат работата но добиваат опомени,или нови работници кои незнаат точно како да ја завршат работата па на тие им помага,ги обучува и сл.
    Едноставно кажано си се знае што е работата на работникот а што на шефот и нема потреба од лутење.Па мора некој да ја работи таа задача.
    Поздрав! и пиши ни што одлучила мајка ти,се најдобро! :)
     
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    172.945
    Ни шпионите не се веќе како порано.Сега секој втор вработен е шпион на некој „директор“, „шеф“ и сл.Па после,никој со никој кафе не пиел,секој сам појадувал...никој со никој не дружи.....
    Е добро де,нека шпионираат,мора и такви да има,ама барем нека пренесуваат изворно како што е кажано,а не да се „филуваат“ и додаваат муабетите.
    А ,да ,и секогаш,ама секогаш шпионите се откриваат ,неможат да се „скријат “ во шпионирањето.
    Луѓето ги препознаваат шпионите и едноставно -се дружат со нив и понатаму,ама тераат Мајтап-пласираат невистинити муабети,а после се смеат додека „шпионот“ трча кај директорот ,хахаха.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Ако е како што велиш конкретно да ги надгледува работниците во смисла да им наоѓа грешки за да им се крати од плата, тоа е нешто друго. Нека се распраша мајка ти добро. Ако тоа е ДЕЛ од обврската ок, но ако само за таа цел вработуваат шеф, тогаш е друга работа.
     
  6. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Едно е да ја контролираш работата на работниците, и колку тие се придржуваат до своите обврски, а друго е да си шпион и да ги јадеш и за битни и за не битни работи.

    Едно е надгледувач, друго е шпион.

    И да, мразам шпиони. |(
     
    На eloves, okcenzi и stetoskop им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.040
    Допаѓања:
    66.624
    Пол:
    Женски
    Веројатно затоа. :)
    Мајка ти треба прво убаво да размисли што се бара од неа и дали е спремна да ги погази своите морални принципи кои веројатно ги има, судејќи според тоа што се размислува дали да прифати работа во време кога луѓето плачат за било каква работа.
    Ова со казнувањето не мирисља на добро, можеби и за ситници ќе треба да кажува, само колку да се намали платата, можеби ќе има притисоци, ама пак од друга страна може и да се изигра подипломатски, да се скриваат некои работи, не се знае како ќе биде ако не проба. И треба да има на памет, ако она не ја прифати работата, ќе ја прифати некој друг, значи пак ќе има некој што ќе го прави истото...
    Треба да си ги премери работите.
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.945
    Допаѓања:
    101.060
    Пол:
    Женски
    Мајка ти е во малку подобра ситуација според мене, не ги познава вработените и нема да ја има онаа грижа на совест дека ги изневерува колегите со кои до вчера си бил на исто рамниште. Многу е понезгодно кога од обичен работник прејдуваш во шеф, тогаш започнуваат муабетите демек еве ја го крена носот и слично. Ако се постави добро со колегите и ако разграничи од старт кои се обврските и задоженијата сметам дека не би трбало да има проблем. За прифаќање, секако дека треба да прифати, со една плата не се издржува семејство.
     
  9. Inhume

    Inhume Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    243
    Тоа не се вика шпион туку само надгледување да пазиш како работат работниците и да ги опомениш дека грешат во работата, исто како кога наставничката ги надгледува децата дали добро пишуваат, учат или нешто друго или не, па ги исправуваат грешките, тоа ништо не е лошо, зашто да не прифатам доколку ми понудат таква работа. А шпион е веќе друго мислам. Друго е да ги надледуваш само, а друго е да ги шпионираш. :)
     
  10. hehehe

    hehehe Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    57
    Мајка ми ја прифати работата од утре почнува па ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Не ја сака таа работа но кога нема каде а како што ви кажав не ни е доволна само платата на татко ми што да прави ќе почне па ќе видиме што понатаму. Предност е тоа што не ги знае работниците па и ја олеснува ситуацијата. Поздрав и фала ви многу за советите.
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Без размислување би прифатила, секако ако тоа значи поголема плата. Тоа ќе си донесе и повеќе одговорности, па без разлика дали би требала да шпоинирам, кратам од плати и казнувам ќе си ја вршам работата како што ќе ми наложат. Ако некој дошол на работа за да забушава и да тепа време, тоа не е мој проблем, се знае за што се оди на работа. Сите сакаат да лежат да дремат по цел ден и да си добијат платичка на први, ама сето тоа паѓа на товар на некој друг. Кога би имала ствоја фирма не би сакала некој да ми ја забушава работата цело време така да не гледам на ова работно место како на нешто лошо туку напротив. Не е лош „шпоионот„ или шефот, проблемот е во тие што се научени цел живот да забушаваат и да не се трудат за ништо.
     
    На kjukli, Miss.M5 и Angelceto им се допаѓа ова.
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.865
    Допаѓања:
    122.954
    Јас не прифатив :wasntme:
    Значи после она што се деси,јас решив да одморам месец два од работа,т.е. и да си заминам од фирмата.Чудно ова одма беше прифатено(така си мислев) и дури спогодбено ^_^ .Потпишано спогодбено се,они не ме одјавуваат.Хммм,ај што си зедов плата за цел месец (а работев некои 10-12 дена) ми беше сумњиво.А они сакале да се вратам бе ]:) Со оглед на тоаш што на пола им завршија тој период договорите ,ме повикаа да се вратам за да одбереме нови и да ги обучам,секако ми рекоа со надокнада и договор на подолго време.Јас знаев што следи после тоа,нормално да бидам шпион,нешто што не можам да го правам кога знам како ми беше кога ми го правеа мене,и кои стресови ги трпев од мојата шефица Ете не прифатив и не се каам,сите од работа ми звонеа да се вратам,ме молеа да им бидам шеф :D
    И така значи до крај се обидоа да се вратам,дури и месец време после спогодбата не бев одјавена,нити ми рекоа да ги вратам службената кола,мобилен,компјутер замислете :lol: Али не попуштив !
    Јес дека ќе имав поголема плата,ама јас да трпам нервози и да изигравам шпион не фала.
    Значи колку сум поштена не ми се верува :wasntme:
    Не ми е сатисфакција да бидам шеф и да лечам комплекси на други,едноставно сакам да си ја работам мојата работа да бидам добра во неа,а некој ќе цени.Може не цело време,оти така ќе му одговара,ќе му падне устата да те пофали и да ти покачи плата,ама ете во мојот случај испадна дека не само што ме ценеле а никогаш не покажаа,дури и додјдоа до степен да ме замолат да се вратам,да ми понудат унапредување и на крај да ми подадат рака(ова ги чинеше скапо,т.е. нивната горделивост) дека им било мило што имале таков работник и дека ми се благодарни за се.
    Си ја свиткаа опашката и то.
    Чудно,но вистинито дури и јас не верував :lol:
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Во литературата постои термин вертикална комуникација, кој во суштина значи пренесување на информации во организационата структура од доле нагоре и обратно. Улогата на шефот, е токму таа да дава приказ на работењето од основното ниво до врвот и да ги спроведува, менаџира и исполнува работните задачи дадени од менаџментот.

    Тоа никако не е шпионирање. Ние си имаме проблем со менталитетот. Кога на шефовите им се дава задача да пренесуваат информации, повеќето од нив (поради ниска свест) пренесуваат рекла-казала муабети од типот “леле директорот го видов таму и таму“, “таа и таа се постојано заедно - мислам дека нешто зборат за вас“, “една комшика ми кажа дека ја знаела жената на директорот.....“ итн.

    Конструктивно и нешпионски е да се пренесува реалниот приказ (да речеме од погонот). Работниците се незадоволни од условите на работа, работниците се незадоволни од платата, би било добро кога би имале организиран превоз ... значи се она што со чија имплементација би се подобрило работењето. При тоа, тој - шефот треба да понуди и решение на проблемот. Тој треба да ги оцени работниците и да процени дали тој работник е соодветен за тоа работно место, да ги прераспредели р.задачи итн.

    Исто така шефот нема да биде шпион и ако ја пренесе информацијата дека тие и тие работници се истакнуваат на работното место, дека се двигатели на работниот процес, да се бори за нивно наградување.... но за ова треба шефот да има и доблест... а ние тука повторно се соочуваме со проблемот - менталитет (што има да го фалам, негово е да работи...да не сака па и шеф да биде?).

    СДК дека шефот не е шпион, тој е филтер во организационата структура.
     
    На okcenzi, eloves, Elena69221 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.865
    Допаѓања:
    122.954
    Точно така Сања,и речиси секаде е така.По дифолт.Нашата шефица пример филуваше работи за нас,што кога ги слушав не ми се веруваше до каде оди човечката фантазија :^) И кај нас во Мкд е така заради она улизување,лижење г'з ,пошто сите почнуваат да го прават тоа(скоро сите ,да не навредам некој) ,верувам дека има исклучоци и дека тоа шефовското се сфаќа и во смисла која не треба. А директорите сакаат такви упикувачи и лижачи.Болно ама вистинито.
    Секаде се цени труд и работа а кај нас се собираат поени со лижење,колку одвратно ми е тоа :puke:
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Јас мислам дека треба да си оценат раководните лица кој сака да прифати вакво хм - задолжение...

    На второто работно место, пред многу години, ем тогаш вработена , ем бев уште недоволно искусна за подлостите во нашиот приватен сектор, ме викна на разговор еден од главните менаџери, ми понуди таква баш шпионска позиција, да ги контролирам наводно другите колеги од секторот. Дури ми рече слободно да им ги барам документите со кои работат, дури и да им упаѓам што почесто ненајавено и да им роварам буквално :o . Да не споменувам дека најголемиот дел луѓе беа над 50 год. а јас пилиштарец на почеток на дваесеттите.

    Јас одбив. Не ми е етички да демнам некого и иако не ми е целта на работно место да бидам најомилена (во голема компанија со многу луѓе не ни очекувам сите да ме прифатат, причина секако разлики во карактери, навики, образовен и културен бекграунд...), дефинитивно не сакам да бидам ни најомразената. Дури и по цена да добијам отказ, реков дека не се гледам себеси во таа позиција, па би било добро ако најдат друг ангажман за мене. Бев прераспоредена, кај еден од најстрогите раководители (сега веќе е починат), ама и еден од најправедните, кој не само што ги ценеше трудољубивите луѓе, туку лаконски предупредуваше и за некои меѓучовечки релации.

    Муабетот ми е треба вакви задолженија да им нудат на оние кои се наоѓаат во нив, поточно нека почекаат таквите сами ќе си се пријават ;) .
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.053
    Допаѓања:
    137.017
    Гледам дека сањаева го напишала тоа што сакав да го напишам и јас, па да не повторувам, сакам само да кажам дека шеф не е шпион.

    На шефот му е работа да го контролира кавалитетот на извршената работа во неговиот сектор затоа што тој е одговорен за работата на секторот. И тој треба да најде начин како да ги мотивира и на кој начин да ги следи, за да може грешките да ги исправи на време.

    Ако нешто не било во мојот оддел завршено како што треба и на време, мојата шефица мене ме пегла, а не тие во одделот, затоа што јас ја носам одговорноста за крајниот резултат, за тоа земам плата.

    Јас не сум работела со многу постари од мене, но мојот сопруг кога стана шеф беше прилично млад, мислам дека имаше 26 години, и сите во неговиот сектор беа од 10 години постари од него, па нагоре, со тоа што имаше и луѓе пред пензија. Нема нешто неетичко во тоа, почит кон повозрасни е едно, а хиерархија е друго.

    И не е само контролирањето, во зависност од местото можно е и да треба да отпушташ луѓе. Суров е капитализмот, тоа е тоа. Твое е да опоменеш, да се обидеш да мотивираш, да укажеш, да дадеш неколку шанси, ама ако некој не си ја врши работата, мора да си оди. Другата опција е ти да му ја вршиш работата за да го покриеш, ако веќе ти е жал да го отпуштиш. Тоа од прилика значи дека наместо 8, треба да работиш 16 часа. Не е лесно, бара многу размислување, мерење и премерување, ама некогаш и таква одлука мора да се донесе.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Ариел, едно е да биде некој распореден на работно место шеф или раководител, па да мора да поднесува извештај за подредените, конкретно за нивниот професионален ангажман.

    Јас зборував за случај каде конкретно си на исто хиерархиско ниво, ама одреден директор сака да има свои ,,доушници,, кои буквално треба да им создаваат немир и нелагодност на луѓето, еден вид психичка тортура, која секако дека е мобинг и е неетичка, бидејќи нема врска со продуктивноста на вработените и нивните перформанси. Еден таков стоеше скриен под прозорци да ги наслушнува што зборуваат низ канцелариите вработените. Зборуваме за различни нешта, не за обичен пренос на информции по вертикала, не за санкционирање на легачите, немам ништо притив овие нешта, ама кај нас многу нешта се и тоа како извитоперени на тема ,,пренос на информации,,.
     
    На tessie и zhap4e им се допаѓа ова.
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Никогаш не би прифатил да бидам шпион-шеф колкава сака нека ми е платата,не е све во парите,треба се има образ,подобро цел живот како општ работник и коректен со колегите,него кодош.
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Би прифатила. Во Македонијава колегијалност е преценет поим, ретко ја има, почесто има п***ици кои дремат во канцеларија кај директорот и ако ти го имаат удрено пикот кажуваат секакви (не)вистини за тебе колку да го изгубиш работното место. Во оваа наша земја каде што секој знае сечија плата и доволно е да се вработиш на место со просечна плата и оптимално осум-до-четири работно време, за да ти ја вадат душата. Не можеш во овој менталитет самиот да се одбраниш на работа, уште другите ќе ги штитиш...

    Без трошка лицемерие кажувам дека никогаш не би се лишила од такво работно искуство, ниту би жртвувала на квалитет на содржина на моето резиме заради колегијалност која реално не постои овде. Ретка е и тоа многу. Колку е повисока свесноста за невработеноста, толку е истата и поретка и работното место се` повеќе се сфаќа како синџирот на опстанок јади да имаш сила да се одбраниш и да не бидеш изеден.

    Зошто шеф и шпион се ставаат во ист кош? Шпион и доушник може да биде и портирот и стражарот и чистачката, ако газдата открие дека има такви особини. Што има лошо во тоа да се надгледува работата, да се даваат правилни насоки за подобро функционирање и на фирмата и на луѓето во неа?

    Слична природа има работното место на мм за кое се избори со труд и пот, од обичен општ работник со минимална плата во период од неколку години за кое што време му ја видоа чесноста, искреноста, одговорноста и способностите кои беа поголеми од оние кои беа потребни за неговото тогашно работно место. Но никогаш не се бунел, никогаш! Ниту забошотувал. Бил благодарен за работата која ја има и бил пресреќен што може да донесе пари дома на жена му. Не кодоши никого, дава извештај за сработеното (во што нема ништо лошо), но не дозволуваше никој да забошотува. Ќе беше простачки од него така да ја предаде дадената голема доверба и да го крие ѓубрето под чергиче.

    Не се лигави на газдите, едноставно си ја врши работата сериозно и со крајна одговорност. Воопшто не е човек кој се лигави, не би била со него во спротивно (а и газдите не се слепи и глупи па со неколку убави зборови да паднат во несвест). Неколкумина завидливи луѓе се обидоа да му наштетат, но на крај самите направија грешки со кои си ги изгубија местата и тоа за време на работа на реони во кои мм немаше и се`уште нема никакви ингеренции (значи нивното одење немаше врска со него). Никогаш не се служел со клевети и не изигрувал женче да се жали од нив. Само известувал за нивната работа, како и за работата на сите останати.

    Тоа што беше, не беше шпион, туку работник во оној западњачки, повеќе машински отколку човечки стил. Му се гади од забошотување, лежење и влечкање на работите до последниот ден после кој сите ќе офкаат „леле колку се изработивме“.

    A со таквиот однос и на самите вработени им прави услуга. Цел месец сите (и тој заедно со нив) одговорно работат и потоа на крајот на месецот им остануваат 3-4 дена на полабава работа. А и не се толку изморени. Едно е цела работа да ја поделиш во 5 дена, друго во 15.

    Многу е важно и каков впечаток си оставил како обичен работник таму. Ако самиот си забошотувал, некако е тешко да покажеш авторитет, но доколку се` уредно си завршувал, не си се бунел и не си се влечкал до последен момент, богами и те како ќе предизвикуваш авторитет.
     
    На kjukli, LaraSolare и kikikikirika им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.050
    Допаѓања:
    155.009
    Не би прифатила, зошто премногу сум лојална на луѓето со кои сум и од кои би дошла на одредена позиција. Не би можела да ги цинкарам и не би можела да бидам шпион. Да бидам шеф во права смисла, раководител како политички коректен израз, да, ако се чувствувам способно, но и тогаш ако би имала проблем со некој вработен,сама би го решила проблемот, нема да шпионирам и да пренесувам на луѓе од повисоки позиции. На крајот, тоа е твоја работа да ги решиш проблемите и однесувањата на оние на кои ти си надреден,а не да замараш луѓе од повисока позиција.

    А во Македонија нема колеијалност зошто сите патат од лажни големи личности, лажни големини и лажни вредности, особено, ОООООСОБЕНО, генераците помеѓу 80 и 90 година... зошто се деца одгледувани во одреден прелом во системот кој ги афектирал родителите кои по инерција морале да ги воспитуваат погрешно и ете... една пасивна маса со чувство на поголема вредност. Безделничари кои одат под покритие на нивната уметничка несфатена природа и лоши родители заради кои се оштетени,ама паметни се и заслужуваат подобри позиции и дај ќе го јебеме тој ретко способниот и ќе му шиканираме можен успех, зошто дома не воспитуваа дека сме најдобри и да не дозволиме другите да ни го земат тоа што сме ЗАМИСЛИЛЕ да го постигнеме, зошто така правеа копилињата на транзицијата.

    Кога луѓето би се учеле да бидат реални и да се учат да губат не би биле сите тешки фејлови. Не можат да разберат дека секогаш способноста може да се градира, невозможно е само да постои во прво лице, јас најспособен. Не разбираат дека поспособниот од нив ќе направи целиот механизам да се придвижи и сите да добијат. Ама не, порадо ќе мизеруваат за 12 000 сите, отколку да дозволат некој да направи исчекор напред и да ги повлече сите.
    И забегав офтопик...ама ете сакав да кажам зошто не постои колегијалност во државава
    А и мене ова шпионувањево кое подразбира тероризирање на вработениве ми е работа која стимулира ист центар на мозокот како вратар во дискотека. Некое задоволство на лажна надмоќ.
    Ако ти не си способен бате да ги убедиш да те следат и да ги убедиш дека мора да работат како што треба, не е до нив, до тебе е,колку сакаш шпионирај и пренесувај, ти си крив за несработеното, а не твоите подредени кои те мразат и можеби за инает не работат.
     
    На vichy, Ethrnity, MSkorpionka и 1 друга личност им се допаѓа ова.