1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Би прифатиле ли работно место шеф (шпион) на работниците?

Дискусија во 'На работното место' започната од hehehe, 15 ноември 2012.

  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    98.010
    Пол:
    Женски
    Јас не прифатив.
    Мислам барем човекот си беше фер и на прва рака си кажа што бара од мене.Мислам знам јас дека кога се работи треба да се работи.А знаеме и колку нашиов народ знае да си ги избегнува обврските.И прознавам дека ако нема цврста рака во една фирма таа не може да работи.Е сега друго е кога нели со текот на времето дојдеш до некое да кажам такво шефовско место,па си ја знаеш работата,и со полно право бараш другите да работат.А да бидам шпион,да пренесувам глупави информации,од типот кој со кого и каде пие кафе и да пренесувам мислења кои можат да се извадат од контекст,тоа не го можам.
     
    На tinan и vitomir им се допаѓа ова.
  2. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Па не мислам баш дека шефовите се шпиони, најголеми шпиони во фирмите се чистачките, кафе куварките и слични некои што немаат друго шо да прават.

    Ако останам во оваа фирма секако дека за некоја година ќе стигнам до позиција шеф што и ке ја прифатам, ама тоа не значи дека ке бидам шпион. Ке го опоменам работникот, без да му кажам на газдата или на некој друг. Ако не свати ке му скратам од плата. Е има работи кои не можеш да ги премолчиш. На пример, гледаш работникот краде не смееш да премолчиш никако.
     
    На BlackNight, cresa-jagoda, tinan и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    137
    Шефовите не се шпиони..
    Нивната работа е да ги набљудуват работниците за тоа се платени .
    А на некој ако не му се работи не е шефот виновен.
    Некој да ми каже дојди шпион нема, да прифатам а за шефица ДА!
    А и плус во швајцарија се наоѓа работа, не ми е страв тоа
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Да заслужи работникот би го казнила,прво би го предупредила,а да шпионирам повеќе луѓе одеднаш и да им кратам од лебот никогаш,и да сум шеф газдата ќе гледа само да му го полнам џебот што е нормално,но не би можела по цена на многу животи,сите знаеме каква е платата во нашата држава и какви бенефиции ни нуди,подобро би го изгубила својот леб од колку лебот на повеќе луѓе ]:) Јас како индивидуална личност ќе најдам веднаш работа,но што е со личностите во поодминати години?
     
    На ana-milo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ana Marija 1

    Ana Marija 1 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2015
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    9.973
    Пол:
    Женски
    Никогаш. Ги презирам таквите личности.
     
  6. Vip83

    Vip83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    240
    Da bi prifatila, bidejki ima mnogu ludje sto ne rabotat! Po cel den im pominuva nerabotno i uste prasuvaat koga plata? :envy:
     
  7. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    И те какооо :nod: ... Да го подсредам малце "работниците" што место во канцејалира си пијат кафиња по цел ден |( , има да летаат ко партали:devil: . Има и по способни од вас бе , што им стало до парче леб... Ств кога и да поминам преку ден костумисани господа и дами ги полнат кафичите , а седни после со нив на кафе кукаат како се убавиале од работа.:smirk:
     
  8. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Па во денешно време на технологија, нема потреба од вакво нешто.
    Секаде се поставуваат камери а многу канцеларии се озвучени, само
    што вработените не го знаат тоа.
    Озвучување на канцеларии од кога се прави, и други простории исто.
    Нема потреба веке од шпиони на работниците ми се чини.
     
  9. iskraFem

    iskraFem Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2014
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Првпат кога ме назначија за шеф/менаџер имав 20 години а имаше вработени и од 34 години. Најискрено да ви кажам малце ми беше незгодно пошто еден колега беше сигурен дека он ќе биде шеф и на крајот се разочара и почна да "шефува" и да се понаша надредено и арогантно со сите. Јас не трчав да ги информирам газдите (да го кодошам) туку седнавме и разговаравме за целата ситуација. Никогаш ме сум повишила глас на некој секогаш било се со разговор и разбирање, сето тоа што работеа другите работев и јас со нив, без делење. Во колегите беше и дечко ми кој немаше никакви привилегии и беше третиран исто како и сите останати. Се соочив со караници меѓу колеги, по некоја поплака од клиенти за одреден колега па дури и крадење ама се се решава кога се сака. Иако имав многу одговорности, т.е. се беше препуштено на мене (пошто газдите имаа и друг бизнис и две мали дечиња), секогаш наоѓав време за секој проблем и недостаток. Работев две години и морав да се преселам во Скопје. Сега тука исто сум вработена и за неполни два месеци повторно ме назначија за шеф. Меѓу колегите е и детето на газдата и сите супер функционираме. Никогаш не сум кодошела туку секогаш се обидувам да ги решам проблемите. На првото работно место издејствував да се накачи платата за околу 2000 што за во мало градче и не е така мала сума. Сите ме почитуваат и до ден денес си имаме убав однос. И да ви кажам дека паралелно и студирам и воопшто не е лесно да се направи баланс. Овие години ги поминав со многу обврски, растегната помеѓу работа, семејство, социјален и љубовен живот, факултет.. Но знам дека сето тоа ме направи финансиски не зависна од дома и одговорна личност. Мој совет е да се постави добар однос со колегите, и да се сеќавате дека и вие некогаш сте биле обичен работник. Да не ги гледате работите од една страна туко од три и како работник и како шеф и како газда.
    Ви посакувам успешна работа на сите
     
    На BlackNight, eloves и theowndemon им се допаѓа ова.
  10. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Зависи за што. Ако е за во полиција, војска, да.
     
  11. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    Па никогаш не би прифатил такво нешто сметам дека тоа е не морално и не човечки ... За таква позиција треба да си покварена личност во душата и без срце

    А има луѓе кои без око да им трепне кои се шпиони без работа и без пари едноставно тоа им е во крвта . А камо ли да добијат некоја работа или функцуја
     
    На sonce777 му/ѝ се допаѓа ова.