1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Благодатен оган во Ерусалим

Дискусија во 'Религија' започната од EvAngelos, 1 мај 2016.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    1. Никаков оган не слегува од небото. Сè што се случува е патријархот влегува без запалка во раката во темнатата и затворена просторија на храмот каде што се верува дека е празниот гроб на Исус и по некое време излегува со запалени свеќи. Толку. Ни ч од чудо нема.


    2. Патријархот влегува сам, без објективни сведоци. Полицијата и обезбедувањето не се поставени да го надгледуваат чудото, ниту да го проверуваат патријархот дали ќе ушверцува запалка, туку да ја контролираат големата маса на луѓе. Никој не го проверува патријархот дали има сокриено средство за запалување.


    3. Никој не ја проверува ни темната и затворена просторија каде што влегува патријархот. Ткн. „чувари на храмот“ никогаш не дозволиле инспекција да го испита ова чудо. Изговорот е дека тоа би ја осквернило светоста на храмот. Еве на пример кога се деси нашето македонско чудо на „самостојното“ чистење на златната боја од ореолите од фреските и иконите во црквата св. Димитрија, црквата ја посетија експерти од Националниот конзерваторски центар и покажаа дека вистинскиот чистач на патината од зачадените фрески биле зголемената кондензација и големото количество влага што се случила по генералното чистење на храмот пред Велигден.

    http://daily.mk/vesti/nemalo-chudo-vo-crkavata-sveti-dimitrija-ikonite-gi-svetnala

    Ако навистина тоа што се случува во храмот во Ерусалим е чудо, јас не гледам зошто тамошното обезбедување не би дозволувало проверка на храмот. Зошто тоа би го осквернило храмот? Па Библискиот Бог секогаш ги правел чудата јавно и не забранувал да биде проверен. Еве на пример кога Исус го воскреснал Лазар, еден куп луѓе доаѓале да го видат Лазар за да се уверат во чудото (ев. Јован 12:9, Библијата). Исус не го криел Лазар.


    4. Како што Саи Баба не одговорил позитивно на предизвикот во контролирани услови да создаде песок од раката, така и патријархот само на свој терен (затворен и темен) го прави ова сензационално чудо на „самозапалување“ на свеќите.


    5. Секој хемичар знае дека белиот фосфор се самозапалува на собна температура(над 34˚С). Заради ова својство на силна реактивност тој се чува растворен во јаглерод дисулфид. Ако го истурите овој раствор на фитилот од свеќата, за неколку минути јаглерод дисулфидот ќе испари, фосфорот ќе се ослободи и во реакција со кислородот од воздухот ќе се самозапали и ќе направите еден интересен трик на самозапалување на свеќа.

    Еве линк за доказ потврден и со видео презентација:http://zenica.mk/2013/06/03/%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%BE%D1%82-%D0%BA%D0%BE%D1%98-%D1%81%D0%B5-%D1%81%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D0%BB%D1%83%D0%B2%D0%B0/


    6. Луѓето мафтаат со раката 2-3 секунди во внатрешноста на пламенот на свеќите и тоа е демек доказ дека тој оган не гори. Ако не гори, тогаш зошто не ја остават раката 1 минута? Температурата во пламенот е многу пониска отколку температурата два сантиметри над пламенот. И со обични домашни свеќи не е проблем да ја држите толку долго раката во пламенот. Нема ни ч од чудо тука.


    7. Библијата ваков тип на чудо има проречено дека Антихристот (ѓаволот) ќе прави, а не христијаните (Црквата Христова):

    "И видов друг ѕвер, како излегува од земјата, и имаше два рога, како кај јагне, а зборуваше како змев. И тој ја вршеше власта на првиот Ѕвер, пред него, и направи земјата и нејзините жители да му се поклонуваат на првиот Ѕвер, чија смртоносна рана беше залечена. И правеше големи чуда, така што и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето. Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот, велејќи им на жителите на земјата, да направат икона на Ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив." (Откровение 13:11-14, Библијата)


    8. Исус Христос воскресна. Тој е жив, а гробовите се за мртви луѓе. Нема ниту една индикација во Библијата дека Христовите ученици го посетиле уште еднаш местото каде што бил погребан Исус откако го виделе Исус воскреснат.
     
    На Lella, Arthur, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Заборавив да пишам мал вовед на темава.
    Секој Велигден на телевизија и по интернет се прикажува ова ткн. „чудо“ кое тврди дека на Велика Сабота, во Ерусалим, во црквата за која што се верува дека е изградена над Исусовиот гроб, од небото се симнува ткн. „Благодатен оган“ кој што ги запалува свеќите на Ерусалимскиот патријарх, а потоа тој им го предава огнот на насобраните верници (како што се предава пламен од свеќа на свеќа). Верниците веруваат дека тој е посебен оган, дека тој не прави изгореници и сл. За жал повеќето верници не го истражуваат целосно овој настан, туку одма шернуваат и велат Амин, алелуја, Бог прави чуда и сл. Како љубител на вистината, одвоив време да го истражам и да ги скоцкам горните 8 факти поврзани со овој настан.

    Еве клипче од самиот настан:
     
    На daylight и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Пролистај во другите теми убаво е објаснато за балгодатниот оган дека се испитува детално се.
    Почнал да се појавува од првите векови,не е од скоро па да мислиме на опаљач.
    Низ вековите Израел го владееле и католици и муслимани но и тогаш благодатниот оган слегнувал само од православен патријарх.
    Имало обиди кај другите но без успешно.
    Сакаш да кажеш дека само православните се најитри за измами?
    Да те потсетам Израел моментално е јудеистичка држава и особено е сојузник на протестантски Америка.И не им одрговара во никој случај православен да прави измама во нивна држава.
    Многу подобро би било да разгледаш повеќе информации сеопфатно за благодатниот оган.
    И за крај една од последните снимки ,што во друга тема ги ставив скоро ,со чудото на гробот на Свети Георги токму се наоѓа исто во Израел и јасно се гледа чудо кое неможе да се оправда ни со некоја си пареа,кондензација или било што.
    Исто и 59 те икони што мироточат на другата снимка само во еден манастир ,нема никакво оправдание за кондензација или било што.Ако има такво нешто тоа би се случувало и по сите предмети наоколу ,а не само на иконите.

    И запрашај се како може само кај православни цркви,но и други цркви со преемство да има "измами" , а кај другите секти нема чуда или измами.Толку ли се најдоа православните и оние со преемство најитри.
    Зошто со православните ги спомнувам и оние со преемство? Гледаме дека не само кај Соборната црква туку и кај расколниците со преемство има чуда.

    Затоа што токму и во уште двајца светци од првите векови Свети Августин и Свети Кипријан Картагински зборуваат за преемството.Со исклучок на тоа што Свети Августин зборува дека благодатта кај расколниците и еретиците може да ја имаат заради преемството но не е за восовршување и спасение.Туку потикнувачка за покајание.А Свети Кипријан е построг по тоа прашање и воопшто не ги признава светите тајни извршени надвор од Соборноста.И двајцата се слошни дека надвор од Соборноста спасение нема.
     
    На lovely girl M, melnicanecot, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  5. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Можеби има и некој неблагодатен оган. :^) За велигден изгоре српската православна црква во Њујорк и манастирот Валаам во Русија како и грчката православна црква во Мелбурн. Понекои луѓе ги коментирале вестите како завера против православието. (facepalm)

    За природонаучниот музеј што изгоре некни во Њу Делхи да не го предизвикало некое хинду божество со завера против науката? :?:
     
    На EvAngelos и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  6. FilipTraum

    FilipTraum Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    64
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  7. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Се извинувам за офф ама прочитав „Благодетниот оРган“. :drunk:


    Продолжете... :bandit:
     
    На Ena05, Lella, LollySky и 5 други им се допаѓа ова.
  8. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    20.842
    Од петни жили некој се потрудил да напише неколку глупости кои мора да ги објаснува и филозофира толку длабоко што и нему би му се смачило да ги чита :)

    Искрено, не ја сфаќам потребата на некакви еретици да ги убедуваат другите во нивните верувања.
    Тоа е исто како некоја секта да ти дојде на врата и да те убедува дека црното не е црно туку бело, и обратно.

    Ти дали воопшто си била во Ерусалим за да тврдиш дека ''никаков оган не слегува од небото''?!?
     
    На melnicanecot, Мариаа., Bitter-Sweet и 8 други им се допаѓа ова.
  9. FilipTraum

    FilipTraum Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    64
    Така му кажале во сектата.На крај испадна свеќата МОЖЕ да е намачкана со нешто запаливо па сама да се пали...
    За ова секако нема доказ,има само МОЖЕ ДА Е ТАКА..

    Лудило....
     
    На Bulgarian му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.379
    Темата ќе беше многу поинтересна ако беше така. :D
     
    На Ena05, crimson, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не сум бил лично, но имам пријатели што биле таму и дури ми донеле и од тие свеќите таму преку со кои што си го предаваат „благодатниот“ оган. (и тие се бизнис бај д веј :)

    Но човек не мора да оди во Ерусалим за точно да види што се случува таму и да се увери дека нема никакво „симнување на свет оган“. Гуглајте видеа и ќе видите дека на сите видеа од сите години се случува следново:

    - Патрихархот влетува сам во затворена просторија.
    - После некое време излегува со запалени свеќи.
    - Некои од православните верници веруваат дека сами му се палат свеѓите и покрај тоа што никој не го претресува патријархот и НИКОЈ не ја претресува просторијата (да видат дали има запалка внатре).

    Еве ви и клипче за да видите како се „симнува“ огнот од небото :)


    Ве замолувам вие што имате над 9 години и сте барем просечно интелигентни да ми кажете каде гледате чудо во оваа циркузијада?
     
    На daylight и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  12. FilipTraum

    FilipTraum Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    64
    ОВДЕ ТЕ ЧEКАВ! :D
    Стварно не мислев да ти реплицирам ама едноставно неможев да издржам кога го видов видеово а поготово затоа што тражеше чудо каде има на него!!! :D
    Една од карактеристиките на Благодатниот Оган е тоа што човек неможе да се изгори првите неколку минути.Пушти го видеово твое од 1:51 мин и види како мафта низ оган тој со раката.Се гори??Не...
    Еве случајно,бидејќи имам искуство со секташи,ќе речеш ,,Па брзо мафта'' или ,,Пластична му е раката,протеза е тоа,па затоа не чуствува горење''.Океј,еве види го ова видео,од истиот овој Благодатен Оган од 2016.

    -Исто мафтање има и на ова видео,и тоа дури НА ПОДЕБЕЛ СНОБ ОД СВЕЌИ.Види на 23:03 минути таму лево.Човекот цела рака ја стави во оганот,и он и другите до него,и тоа не еднаш туку неколку пати!

    -НАГОЛЕМИОТ ДОКАЗ,ГЛЕДАЈ НА 20:52 мин! Дечкото мафта со цел сноб запалени свеќи на брадата и не му се запалува! И тоа не еднаш, пoвторно истото го прави на 21.06 мин! :D :D :D


    Еве ти друго видео.Овој ти изгледа како да ja гори раката??

    Сега Ангелос,викаш ова не е Божји(Благодатен)Оган така?? Ајде ти запали ист толкав голем сноб на свеќи колку што има на последните две видеа,и мафтај со раката низ оганот да видиме дали ќе се изгориш или не.Сними видео и покажни ни.

    Еве те предизвикувам, пушти брада(ќе ти порасне брзо,за неколку недели) колку дечкото на видеото,првото на грчки што е,и со ист толкав сноб на свеќи мафтај под брадата да видиме дали ќе се запали или не,сними видео и покажни ни овде.Значи ни побрзо ни поспоро,да биде фер,исто со толкава брзина колку и он, важии ????? :D :D :D :D

    Еве,нашите Православни докази дека ова е Божји(Благодаттен)Оган ги гледаш на две различни видеа.Ајде сега ти и твојата ''црква'' пуштајте бради и ставајте свеќи под нив да видиме дали нема да се запалите :D

    Едвај чекам!!!
     
    Последна измена: 7 мај 2016
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    За какви минути збориш бе :D ги изгледав сите видеа и не видов никој повеќе од 2-3 секунди (и тоа со мафтање) да ја стави раката или брадата во оган.
    Со мојот домашен „благодатен“ оган направен од упаљач од 10 денари :D сум го праел истото.

    И земи го предвид фактот дека температурата на огинот е многу повисока НАД пламенот, а не во пламенот каде што тие мафтаат со рацете по 2-3 секунди. Ако правиш експеримтн со една сфеќа, поради тоа што е мал пламенот, не можеш да ја ставиш раката ВО пламенот (каде што не е многу жешко). Но ако го направиш тоа со сноп од 33 свеќи (како што прават на видеата), тогаш немаш гајле ако мафташ 2-3 секунди.

    Иначе еве најдов едно видео каде што еден научник го демантира ова смешки од „чудо“ и самиот им прави експеримент со свеќи намачкани со бел фосфор што се самозапалуваат ;) На видеото и тој мафта со прстот во пламенот на сфеќите и не го гори.


    И за разлика од свеќите на патријархот од Ерусалим, овие свеќи се самозапалување пред камери, а не скришно зад затворената просторија ;)
     
    Последна измена: 7 мај 2016
    На Lella, daylight и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  14. FilipTraum

    FilipTraum Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    64
    Абе тоа ти реков на колку минути е не колку минути трае....

    Ако бе,еве секунди се,запали толкав пламен и ти и мафтај под брадата и покажи ни важи :D???? Ние Православните сакаме ти и твојата секта да го побиете ова чудо,ајде чекаме видео каде ти со 50 запалени свеќи заедно,мафташ под брада и не ти се запалува брадат! :D

    Ајде не биди кукавица,Бог е со тебе! :D
     
    На lovely girl M и Rama им се допаѓа ова.
  15. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Чудото не се случува само со православниот патријарх кој излегува со запалени свеќи туку има години кои самите присутни и од надвор го осеќаат присуството на доаѓањето на благодатниот оган со светнување на бело-плави светнувања насекаде наоколу.
    Имало случаеви кога и јака благодатна светлина се појавувала од горе.
    Но и случаеви кога благодатниот оган им се пали и на други во истиот момент,не добивајќи го од патријархот.
    Така да има повеќе работи кои некој не верува треба да ги докажува ако смета дека се измама.А не само дека не била претресувана просторијата и патријархот.

    А дека просторијата и патријархот се претресуваат имаш тука објаснато.

    Дека има бескави балгодатни светнувања имаш тука .

    И дека некоја година и благодатна светлина се појавила имаш тука.

    И дека се има појавено како облак од благодатен оган исто тука.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
     
    На Askopje, EvAngelos и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Имало случаево таму некаде далеку во легендите и митовите, без никакви објективни докази како и сите останати житија во православието со кои бабите ги заспивале децата во доцните вечери додека догорувал огнот.

    Православието изобилува со вакви легенди од типот „се случило таму некаде“. Еве дека вчера беше Ѓурѓовден, ќе ја спомнеме легендата со св. Ѓорѓија. Свети Ѓорѓи бил римски војвода кој станал христијанин и подоцна умрел како маченик за верата за време на прогонствата на императорот Диоклецијан.
    Легендите велат дека убил некаков змеј кој живеел во некое езеро близу градот Лида, а тој змеј ги проголтувал луѓето кои минувале покрај тоа езеро, а освен тоа од неговиот отровен здив луѓето се разболувале и умирале. Затоа, според овие легенди, на иконите најчесто Св. Ѓорѓи се прикажува како убива змеј.

    Православниот народ, вообичаено, воопшто не го интересира што е вистина, а што е легенда. Нему секако вистината воопшто не му е важна. Важен е празникот Ѓурѓовден, гранките од зелените врби на вратата, обичаите, доаѓањето на топлата пролет, славите, пиењето, јадењето, тоа е важно ... кој ќе се замара со тоа што било вистина, а што мит.

    Тие светнувања се рефлексии од стотиците блицови на фотоапаратите на луѓето насобрани таму.
     
    Последна измена: 7 мај 2016
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Тие неуки баби и дедовци сигурно ќе да се многу мудри од старо време.:rofl: Токму сектите од Мартин Лутер кој ги основаше кај немудрите баби и дедовци се бајќи ,кои доволно им беше да им го спомниш новчаникот.
    Твоите 8 факти се побиени.
    Незнам дали си женско или машко,би ти препорачал да не се занимаваш со теологија и еклисиологија на религијата.Остави го тоа на оние кои ги имаат доказите,аргументите,списите од светиите од нивното време,зошто без сите тие списи во рака за тебе би било се тоа бајки.

    Батали огнови кои не ги разбираш,уживај си во песнички.

     
    На Rama и FilipTraum им се допаѓа ова.
  19. FilipTraum

    FilipTraum Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    64
    Јас да ти кажам се тресам од страв да не се нафати стварно да пушти брада и да мафта сo по 50-60 свеќи по неа... може стварно нема да му се запали брадата после што правиме.. :D
    Ќе треба од Православие да конвертирам у секташтво :D
     
    На Rama и Bulgarian им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Еве едно видео како може да си направите благодатен оган во домашни услови. На време 3:02 се самозапалуваат свеќите.



    И ќе повторам, за разлика од свеќите на патријархот од Ерусалим, овие свеќи се самозапалување пред камери, а не скришно зад затворената просторија ;)
    Редно време е православието малку да се модернизира, да биде во тек со науката и малку пософистицирани трикови да прават. Ова на ништо не личи.