1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Благодатен оган во Ерусалим

Дискусија во 'Религија' започната од EvAngelos, 1 мај 2016.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    2000 год? Православието се појавува дури во 1054г. со расцепот од Католичката црква. Значи тоа е пред 1000 години.

    Мој другар (комшија, во иста зграда живееме) беше во Ерусалим на оваа сензација и ми кажа лично дека никаков оган од небото не се симнува. Се што се случува е тоа дека патријархот влегува во затворената просторија (без никој да го провери ниту него, ниту просторијата) и излегува со запалени свеќи. И притоа разлудена маса на луѓе вриштат ко лав да излегол од просторијата, а не човек :)

    Како што кажав, никаков оган не се симнува од небото. Секој може да отиде во подрум и да излезе со запалени свеќи. Нема тука ни Ч од чудо :)

    Не знам што е тоа подрасник, ама сите добро знаеме дека гол не влегува во затворената просторија. И по гаќи да влезе, запалка може да прошверцува :) А и не му треба да прошверцува. Едноставно внатре може да си чува и цела колекција од запалки, зипо упаљачи, плински уреди итн. Негов терен си е тоа, никој ништо не му може.

    Ова ти се информации од „објективни“ православни извори така? Можеш да наведеш еден исламско-турски извор за ова да видиме дали е точно?

    Ноуп. Како што кажав, полицијата е таму само за да ги спречат разлудените верници да се испотепаат меѓу себе. Но и покрај тоа, често има таму и човечки жртви. И оваа година една студентка беше избодена до смрт од некој палестинец таму: http://www.cnn.com/2017/04/14/middleeast/jerusalem-woman-fatally-stabbed/
    Ете затоа е полицијата, а патријархот си има лично обезбедување и него полиција не го чепка.

    Инаку еве ти вистински објективни факти за „светиот оган“

    „The details of the flame’s source are a closely guarded secret.“
    Извор: Washingtonpost.com
    Превод: Деталите за изворот на огност се тесно-чувана тајна (тајна што се крие во потесниот круг на патријархот)

    Според Shihab al-Din al-Qarafi, владетелот Al-Muazzam Turanshah кој владеел на тие простори во 13ти век, ја открил измамата, ама им дозволил на монасите да си продолжат со измамата во замена за пари.
    Извор: https://en.wikipedia.org/wiki/Holy_Fire#Criticism


    Локалните христијани - мал дел во Светата земја уништена од насилство - секако, треба нешто за да ги расположи. Но, еден eрменски носител на факел, Soukias Tchilingirian, чувствувал дека вистината мора да биде кажана. Тој рекол: "Тоа не е чудо. Грчките свештеници носат лабма - од онаа постојано гори за 1.500 години - за да го произведат светиот оган. За верниците полни со вера кои доаѓаат од странство, тоа е оган од небото, вистинско чудо. Но не за нас."
    Извор: Telegraf.co.uk

    Во 2005 година Мајкл Kalopoulos, автор и историчар на религија, во живо за грчката телевизија, направи презентација со три свеќи потопени во бел фосфор. Свеќите спонтано се запалија по околу 20 минути, поради својствата на самозапалување на бел фосфор во контакт со воздух.
    Извор: https://www.stpeterslist.com/3088/6-things-to-know-about-the-miracle-of-the-holy-fire/
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  2. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Во последниот линк од Евангелос има и сведоштво на самиот патријарх, за тоа како се случува запалувањето. Па секој нека си одбере верзија што ја смета за вистинита.
     
    На Orthophill, Rama и baba Rada им се допаѓа ова.
  3. ViPa

    ViPa Нов член

    Се зачлени на:
    18 април 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Слава тебе Боже ! АЛЕЛУЈА ! Еден сомничав таму работел и се има скриено да го набљудува настанот, има напишано и цела сторија ... човекот се има покаено како најголем грев да има сторено, Спаси ги Боже твоите луге и благослови го Твоето наследство, Помилуј ги Боже твоите грешници, Тома не веруваше и поверува кога виде, Блажени се ние кои не видоа и поверуваа! За многу години, Христос Воскресе !
    https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/blagodatniot-ogan-chudo-na-hristoviot-grob-1-del/
     
    На LegallyBlonde13, Bille20 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  4. ViPa

    ViPa Нов член

    Се зачлени на:
    18 април 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/blagodatniot-ogan-chudo-na-hristoviot-grob-2-del/
     
  5. ViPa

    ViPa Нов член

    Се зачлени на:
    18 април 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
  6. ViPa

    ViPa Нов член

    Се зачлени на:
    18 април 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Во денешно време, службата започнува утрото на Велика Сабота и се состои од следните фази:

    А. Утрото на Велика Сабота се гасат сите кандила во храмот, а Христовиот Гроб се запечатува со пчелин восок.

    Б. Точно на пладне во храмот влегува Ерусалимскиот Патријарх и започнува традиционалната света литија, која три пати го обиколува светиот Гроб.

    В. По завршувањето на литијата Гробот се отпечатува и скевофилаксот (чуварот на светите предмети) го внесува во него згаснатото „неугасливо кандило“, кое ќе биде запалено од светиот Оган.

    Г. Потоа Патријархот ја соблекува својата архиерејска одежда во знак на понизност и стравопочит кон Исус Христос и останува само во бел хитон.

    Земајќи четири снопа од по 33 свеќи, тој влегува во Гробот. Со него влегува и претставник на Ерменците, кој има право да се наоѓа во предворјето, од каде што го надгледува Патријархот.

    Патријархот влегува сам во Гробот, и тука на колена, изговара посебна молитва упатена кон Исус Христос, со која бара од Него да го испрати Благодатниот Оган како дар, за благослов и осветување на народот. Речиси во истиот момент се појавува светиот Оган, и започнува да се распространува во храмот, додека истовремено се пали неугасливото кандило внатре во Гробот. Службата завршува со излегувањето на Патријархот и предавањето на Огнот на верниците.
    Неугасливото кандило на светиот Гроб за прв пат било запалено во 326 г., кога е откриен Христовиот Гроб и од тогаш е неизгасено полни 17 векови (Се гаси само утрото на Велика Сабота). Најстаро сведоштво за ова кандило наоѓаме во летописот на Етерија или Егерија, која го посетила Светиот Гроб некаде помеѓу 381 и 384 г.
     
  7. ViPa

    ViPa Нов член

    Се зачлени на:
    18 април 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Ваквиот поредок, кој непрестајно се повторувал околу шест векови, не оставал многу простор за полемики околу вистинитоста на чудото. Затоа и муслиманските жители не само што учествувале во службата туку и си го носеле Огнот во своите домови.

    Од втората половина на XV век, некаде околу 1480 год. се сменил споменатиов поредок, па молитвата почнала да се изговара во внатрешниот дел на светиот Гроб од страна на православниот Патријарх, кој влегувал сам во Гробот, а во предворјето на Кувуклијата, како единствен сведок, присуствувал ерменскиот патријарх. Најстарото сведоштво за оваа промена кое датира од 1481 г., потекнува од францисканскиот монах Пол Волтер. Според него а и според сведоштвото на илјадници други луѓе, Благодатниот оган се распрснувал низ внатрешниот простор на храмот во облик на плаво-бели блесоци. Тој ги осветлувал деловите на храмот, лицата на луѓето и иконите на светителите, и палел некои од кандилата и некои свеќи на верниците.

    Огнот може да прими разни облици. Често изгледа како целиот Пресвет Гроб да е обвиткан во пламен, или како од него да извира светлина, додека понекогаш се појавуваат огнени топки кои излегуваат од Кувуклијата и се движат по просторот. Околу 25 поклоници што биле присутни на службата во 1996 година посведочија дека тие огнени топки поминувале буквално веднаш над нивните глави, но, секако, не им предизвикале никакви изгореници. Многу од нив инстинктивно се веднеле за да ги избегнат топките.

    Сепак треба да се напомене дека присуството на Благодатниот Оган не е подеднакво забележано од сите. Многу од присутните ниту забележуваат ниту доживуваат нешто, а и кај оние што го доживеале чудото има разлики во сведоштвата. Тоа не зависи само од јачината на нивната вера туку е и резултат на дејството на Божјата промисла која секого пооделно го удостојува да доживее нешто различно од другите.
     
  8. ViPa

    ViPa Нов член

    Се зачлени на:
    18 април 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Сведоштво на благодетниот старец за тајната на огнот“Боже мој, Боже мој, умирам! Тоа сомнеж во мене ....

    Црквата чува и едно поинтересно сведоштво на благодатниот старец Митрофан, наш современик, кој видел лично како слегува Благодатниот оган.
    Еве што раскажува за својот живот и за Чудото на чудата самиот благословен старец – големиот чувар на Гробот Божји, веќе 97-годишен, кој е сместен во Солунскиот старечки дом “Харисиос”.
    “Боже мој, Боже мој, умирам! Тоа сомнеж во мене – слегува ли или не слегува Светата Светлина на секоја Голема сабота – ме јадеше уште од Големата недела на 1924 година, и цели две години до 1926 година, кога планирав да се убедам со свои очи што точно се случува, односно да се избавам еднаш засекогаш од онаа болна сомнеж, што ја предизвика во мене онаа свеќа! ”
    – Тука старецот зборува за големата свеќа (лампада) која бил замолен да ја остави кај Гробот за испитувачот и контролна комисија од 10 славни свештеници. По извршувањето на самата проверка дали нема оставено нешто запаливо во Кукувлијата членовите на комисијата правеле и литија околу Гробот Божји, при што користеле свеќа за да ги запалат кандилата. Но благословените се посомневал во тоа и помислил дека свеќата ќе се користи малку подоцна од Ерусалимскиот патријарх, за да ги запали снопови од по 33 свеќи, кога влезе сам кај Гробот за моли за Огнот. “Та решив јас да направам обид да се сокријам таму горе, на металната плоча”. Во тоа време над Светиот Гроб беа обесени три кандила, закачени на метална плоча која стоела на висина скоро 4 метри над самиот Гроб. “Си велам си – оваа плоча е добра. Ќе се качам таму горе и ќе легнам врз неа, таа си има и дупки низ кои ќе се погледне надолу и никој нема да ме види. Ќе се качам,! Нели сум чувар! (. ..) но јас, будала, не си и мислев дека плочата може да не е здрава и да падне, и ем јас да се превртам, ем да стане резил и за Светиот Гроб – но Слава на Бога – здрава испадна. ”
    И така, на полноќ на Велики петок во 1926 година, отец Митрофан пристапува кон извршување на дрската намера. Зема стол и се качува на металната плоча, божем да ги провери кандилата, како објаснува стариот отец, со барањето тој постави скала. За целта да се осиги и најголемиот фенер, кој можел да се најде на пазарот. Стоел таму цели тринаесет часа – затворен, имобилизиран и тивок до пладне на Голема сабота.
    “Така се испотив и препотих, изгубив секаков боја од загриженост. Ќе се појави Благодатниот оган, јас ќе го видам, но ќе ме измори, бидејќи се сомневав! Не запазив и зборот како чувар на Пресветата Гроб и ќе бидам казнет најстрого ! ” Часовите кои минуваа, се мачни. Тераат на каење за она што го прави, но веќе е доцна.
    “Во утринските часови, како вообичаено, дојде отец Анатолиј, стави фитил, стави и свеќа! Ах, таа свеќа! Направија литија со неа, а јас целиот треперев. После дојде Патријархот. Извршија и проверкаа. Јас слушам, скриен одозгора, и слушам како прашуваат за мене каде што сум. Отец Анатолиј одговори дека сум во пустината со еден научник, како реков, но дека ќе се врати штом се јави Светата Светлина. Ама од каде да знаат јас точно каде ќе дојдам! Ако знаеја само – како тука еден луд сака да го пресвртам наопаку целиот свет, и Патријаршијата, и Братството!
    За радост, навистина настана голем мрак! Таков мрак и ништо не се гледа! Дури патријархот не можев да го гледам, ниту дури Ерменецот. Ерменецот, за сведоштво, седи на прагот. Се е темнина! По малку гледам некакви мали нешта! Не знам како да ви објаснам. Гледам нешто што се движи рачка! Не можеш да разбереш, како ветер, како светлина! Врти се силно, силно. (…) Како бев исплашен, се јави едно небеснив сјај, не знам од каде, и се исполни со светлина целата Кукувлија! И се скрши она што се вртеше и тоа се урна како во безброј пчели и тие безшумно залетаа! Беше чудо! Патријархот не ги гледаше, но јас јасно гледав, од неговото лице … И како осветен од оној сјај тој почна да чита молитви … пчелата трипати ротираше и веднаш, на метар над Гробот, формираа еден венец, целиот златен! Патријархот читаше молитвите! Кандилото се Гаси! А Кукувлијата блесна! (…) Видов Светлина која држи пет снопа со по 33 свеќи, украсени, знаеш – другите свеќи не ги ставивме. И како подигна бавно како раце, веднаш вечното кандило и петте зрака се запалија. Во овој момент светлиот венец исчезна. Очите ми се наполнија со солзи, а моето тело цело гореше. Пресвета Богородице, велам, зар јас спијам и сонувам? Но – чудо е! (…)
    Видов! Е, подоцна, ако и да имав јаже со мене, што го бев подготвил пред цел месец, да се симнам со него одозгора, јас воопшто не го користев, бидејќи во радоста сум скокнал во воздух од 4 метри висина! Бев толку среќен! ”
    Подоцна, се разбира, 25-годишниот тогаш отец Митрофан така силно го гризеше совеста и побарал да се исповеда на самиот патријарх Дамјан. Иако строг, Свети отец многу сакал момчето и уште пред да чуе исповедта му, изјавил дека ги прифаќа неговите гревови целосно врз себе. Но потоа, како разбрал за својата постапка , силно се исплашил во првиот момент, но конечно го прегрнал и му рече: “Ах, ти, итроумно и благословен човеку!” Та дури го послужил и кафе и му направил немал дар со зборовите: “Ајде сега сето добро, моето момче, но друг пат повеќе да не правиш вакви обиди, бидејќи тоа што си се посомневал е голем грев! И како што ми сподели отец Анатолиј (одговорниот тогаш за агиотафитите при Гробот), пред да дојдеш кај мене тој мораше да те претепа, ако ти не беше толку благословен човек! ”
    Старецот Митрофан потоа никогаш повеќе не се удостоил да ја види ни Светата Светлина, ни дури и патријархот кога влегувал внатре во Кукувлијата: “Бог ме казни за маловерието ми”. Преживеал во храмот “Св. Воскресение Господово” цели 58 години, од кои 54 како чувар на Гробот Господов.
    “Прашај ме за чуда. Не знаеш што е Гроб? Тоа е Гробот на нашиот Бог, а вие сакате уште чуда. Секој час, секоја минута стануваат чуда, но само оној кој е достоен, ги гледа. … Светата светлина во реалноста поаѓа постојано, не само секој час, но и секоја минута. Ако си достоен, ја гледаш, ама јас … блудниот син, грешниот, достојен за жалба прашувам: “Како така, Христе мој, ме прифати да сум чувар цели 58 години на Твојот Пресвет Гроб!
     
    На lovely girl M и kuc им се допаѓа ова.
  9. lovely girl M

    lovely girl M Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    568
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    A od kade znaes deka ne go pretresuvaat? Ne mora pred kamera da go snimaat kako go pretresuvaat. Jas sum slusnala deka go proveruvaat pred da vleze. Kako go objasnuvas stavanjeto na svekja pod brada i na kosa a ne ja zapaluva i ne ja gori?
     
  10. MemoryOfUniverse

    MemoryOfUniverse Активен член

    Се зачлени на:
    18 април 2022
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Машки
    Sredstvo "TermoStop" se prodava vo Rojalinvest
    (onaka friendli, prijatel sum ti)
     
  11. lovely girl M

    lovely girl M Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    568
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Koj stava termostop popot na svekjite ili lugjego se mackaat? ( friendly prasuvam)
     
    Последна измена: 30 април 2022
  12. MemoryOfUniverse

    MemoryOfUniverse Активен член

    Се зачлени на:
    18 април 2022
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Машки
    Не, ни попот на свеќите ни луѓето се мачкаат.
    ТермоСтоп е еден од комбинациите во продажби, има и прозирни не се приметува никаков слој, како силикон, и 1,500-1,800°C бренер може да биде врз местото, без да оштети, исто во минус °C може без да се осети.
    Со слично може нанел слој (не намачкал, бидејки “намачка“ е за нешто што се конзумира или впива во кожата) пред “представа“.
    (знам дека е фриендли-y - инаку/иначе јас не би бил фриендли према него) ^^
     
  13. lovely girl M

    lovely girl M Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    568
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Na sto nanel sloj pak ke te prasam na svekjata, na kozata lugjeto se mackale za da se snimaat pred kamera kako ne gi gori, na sto??? Znam sto e termostop i kako raboti ama ti velis moze nanel ama na sto? Ognot go nosat i kaj nas vo MK I palat drugi svekji od svekjata koja ja donele.Mislis deka do Sega nemase da go otkrijat trikot?:D Ama sekoj si ima pravo na svoe mislenje i pravo da veruva vo toa sto saka.
     
    Последна измена: 30 април 2022
  14. MemoryOfUniverse

    MemoryOfUniverse Активен член

    Се зачлени на:
    18 април 2022
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Машки
    Не ми се свиѓа да цитирам, се работи за трилионски индустрии за свемир, надеж, тие елементи што не можат во поголеми количини од песок да ѓи обезбедат ѓи кријат за потреби на “изучување на свемир“ со ракети и таму ѓи пласираат ретките елементи. Нешто што може од “skrap" го викаат, и што ќе се прошверцува како “не е за тебе“ се произведува и пласира за “нормални луѓе“. И обичен прозирен силикон (не е баш обичен, не се наоѓа сегде) што се користи во домашни градби за лепак и изолации, може да заврши заштита. Ама кој ќе го постави и на што, ... па и мојата брада гори, регенерација на нешто што немаме не можеме.

    (Извини, проверував каде што има во свемир неколку саати, затоа не можев одма да ти одговорам - иначе знаеш дека не ни треба компјутер знаеме кој што прави)