Благослов

Дискусија во 'Религија' започната од sonuvana, 1 април 2017.

  1. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.716
    Пол:
    Женски
    Благословот е милост Божија, кога се молиме за добра среќа, кога на некого од срце му ја посакуваме истата.
    Силата и енергијата на благословот е голема, таа може да ни донесе среќа и да ги избрише ситните гревови кои се одлика на секој човек.
    Благословот е милост, преку која Бог објавува колку не љуби.
    Верувам дека животот може да се исполни со благослов, ако сме доволно отворени да ја побараме или заслужиме преку добри дела и љубов кон Бога.
    Најголема благослов ни доаѓа преку родителите и не за џабе се барала истата од нив, за секој важен животен чекор.
    Штета што во ова забрзано време е изгубено чувството за големото значење на зборот кој ти посакува добра среќа.
    Живот без благослов е живот без заштита, самотнички, празен, како на отпаднат лист, немилосрдно насекаде носен од ветерот.
    Човекот не е создаден да живее сам и со празно срце.
    Па затоа ако веќе не знаеме да молиме и бараме благослов од Бога, ако немаме драги луѓе околу себе, кои се спремни да ни подарат добра среќа, секогаш самите можеме преку добри дела да собереме трошки на благослов, кои еден ден ќе ни го обојат животот.
    Бидејќи Господ се гледа и мери, неговата милост е секогаш тука некаде.
     
    На Presque vu, Таа Сум, Selest и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.518
    Допаѓања:
    78.540
    Пол:
    Женски
    Леле темава, ми го исполни срцево. :l:
    Јас секој ден се чувствувам благословено, спокојно, прекрасно. Од сив, мојот свет стана како виножито. :sun: Чувствувам дека што и да правам, Бог е тука и ми помага. За да го заслужам тоа, требаше труд... :) Камо да се опаметат што повеќе луѓе како јас па да го почувствуваат ова чудо.
    И да, често за некои рандом луѓе кои ги сретнувам, го молам Бог да им даде мир, да допре до нив Божјиот благослов, да почувствуваат колку е прекрасна таа милост и љубов од Бога. :sun:
     
    На Shalitra, LegallyBlonde13, Таа Сум и 9 други им се допаѓа ова.
  3. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.716
    Пол:
    Женски
    Убаво :)
    Благословена да бидеш, поради секоја убава мисла, која ја упатуваш како молба за некој друг.

    Простувањето исто така не полни со благослов, а најголема милост ни доаѓа од Бога, кога ќе побараме благослов за непријателите наши.
     
    На Selest, Jas!, Arien и 3 други им се допаѓа ова.
  4. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.716
    Пол:
    Женски
    Кога во животот се оди чекор по чекор, кога се почитуваат првенствено оние кои те родиле, а понатаму и сите оние кои се испратени да те формираат, кога имаш верба дека не си сам, дека Бог е секогаш тука некаде, благослов ти следува.

    За жал, во денешно време,спокојниот живот е реткост и многу малку луѓе го посакуваат тој здодевен спокој.
    Бараме возбуда, адреналин постојан,неочекувани нешта, мигови на страст.

    Здодевно ни е.
    Не сакаме еднолични денови, исти луѓе, само сјај не задоволува, па отпочеток.

    А животот е само момент еден. Благословени се оние кои тоа го осознаваат на време и умеат да го проживеат во спокој.
     
    На Presque vu, LegallyBlonde13, Selest и 7 други им се допаѓа ова.
  5. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.192
    Допаѓања:
    106.159
    Пол:
    Женски
    Благослов е добар збор или наративен облик со кој се посакува среќа, здравје и успех и се темели врз верувањето дека со помош на натприродните сили кои се повукуваат посаканото може да се исполни.
    При благослов зборовите ја преземаат посредничката функција помеѓу овој и оној свет. Експлицитно или имплицитно зборовите ги обврзуваат силите на судбината, или некое друго натприродно битие да влијае врз судбината. Благослов се дава како исклучителен облик на почит и љубов. Се благословуваат семејството, почитувани роднини и пријатели, новородените, младенците, бремените жени. Можат да се поделат на збирни и насочени, збирни се однесуваа на најразлични ситуации и личности, а наочени се врзани за настан, време и личност (и) во дадена ситуација.
    Благословот многу често се поврзува со определени натприродни сили од кои се бара помош и заштита. Може да се изрази со едноставно редење на асоцијативни зборови, со стихови или песна. Понекогаш е пропратен со обредни елементи кои треба да ја засилат врската со оностраното, а најчесто е наменет на одреден светец кој се смета за заштитник на определена личност, семејство или народ. Благословот се вкоренил кај нашите народи, така што и во денешното време имаме современи остатоци од таа архаична усна уметност, при купување продавачот посакува со здравје да се користи робата, а купувачот му возвраќа да му се множат парите или и тој во здравје да си го троши заработеното.
    Митскиот контекст на благослов доаѓа од верување во партнерскиот однос на натприродното и човекот и најчесто се поврзани со плодност и среќа.
    *Извор - wikipidia

    Лично јас, благословено се чувствувам секое утро, што пред се', се будам жива и здрава и покрај мене се моите три дечиња.
    Благодарна сум за тоа богатство кое го поседувам и го ценам повеќе од се на светот.
    Самото посакување на 'добро утро', 'убав ден', 'со среќа' 'со здравје' 'со помин'... и сл. всушност си посакуваме благослов помеѓу нас.

    И за крај, според мене, благословен е оној кој умее да биде благодарен и среќен со она што го има, кој безусловно сака со целото срце, кој искрено простува со чиста душа!
     
    На Selest, Chica.Loca, Pontif и 6 други им се допаѓа ова.
  6. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    8.955
    НАРОДНИ БЛАГОСЛОВИ

    В година поголем родот да биде.
    Во раце Господови да стоиш.
    Вечно нека ви е иемто.


    На именден.
    Вечно нека ви е малечкото.
    На домашните за родено дете.
    Вечно нека ти е малечкото, ама до реда Господ да те милује со машко.
    Во секоја куќа радос, Господи.
    Глава нека е жива.

    На човек кому му пцовисал добиток.
    Годинава венчање, в година крштење.

    На свадба особено вака благословуват кумот.
    Година да ви се роди повечку.

    На лице што носи плодови некому.
    Годинава сос кошница, до година сос товари.

    На човек што се враќа од лозје со кошница грозје и ќе подаде некому грозје.
    Годинава сос куќичка, до година сос невеста.
    Годинава сос невеста, до в година сос машко дете.
    Година сос здравје да исчекаме.
    Голем(а) да порастиш.

    На мали деца.
    Господ бериќет.

    На жетва, гроздобер, кога ги сеат нивите и др.
    Господ да ти помогне да утечиш (да избегаш) побрзо. (ако се бега од нешто).
    Господ да ти ја олесни работата, за да успееш. (Ако се работи).
    Господ да ти донесе сон. Да поспиеш, но и касметот ќе ти спие. (Ако се спие).
    Господ да ве дарува.
    Господ да ве поживее.
    Господ да ви ги множи чедата (стоката).
    Господ да ви даде отсрце.
    Господ да е со тебе.
    Господ да те благослови.
    Господ да те варди по патот.
    Господ да те дарува.
    Господ да те однесе наместо.
    Господ да те удостои.
    Господ да те чува од лошо.
    Господ да те врати полно рамно.
    Господ да ти го дочува детето.
    Господ да ти го отвори патот.
    Господ добрината да ти ја плати.
    Господ желбите да ти ги исполни.
    Господ здравје да ти даде.
    Господ на помош.
    Господ на помош да ви е.
    Господ пазар.
    Господ печалба да ви наврти.
    Господ посреди вас.
    Господ да не чуват од душмните.
    Господ да не ослободит.
    Господ да те (го) бранит (чуат) од лошо.
    Господ да те (да ве, да го, да је, да ’и) вардит од лошо.
    Господ да те дарује со голема дарба.

    На човек што је исполнил молбата на жена за услуга.
    Господ да те дарује со голема памет.

    На оној што ќе му помогне на некој што го нашла некоја беља.
    Господ да те дарује со голем разум.

    На посредник кој непристрасно решава некое недоразбирање.
    На неопитен во некоја работа.
    Господ да те надари.
    Господ да те однесе на аџил’к, да видиш Божигроп.

    На човек што има таква намера.
    Госпд да те чува од исчукан човек.

    На човек врз кој се употребени сите средства и ништо не е постигнато.
    Госпот да ти (му, је) дает здравје.
    Госпот да ти (му) и зајакнит рамената.
    Господ здравје да ти даде.
    Госпот и вашата куќа да ви ја зарадује.

    Благослов со кој се одговара на благослов.
    Господ ум и разум да ти даде.

    На деца кои прашуваат постари.
    Господи Исусе Христе! Пречиста Богородице! Свјатиј Никола и вси светци да сет на помошт! И денешна Свјата Троица да ет на помошт. Бог да даит што ни срце сакат. да сја родит жито и вино. Колку зрна толку осмаци! Колку гроздове, толку бочки! Бог да простит и мртви души! А вам, млади – хубави невести! А вам моми – хубави момчиња! Мир и милост на всите! Здрави били!
     
    На Selest, Arien, Rama и 2 други им се допаѓа ова.
  7. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.716
    Пол:
    Женски
    Колку убава слика на длабока христијанска порака, која е вкоренета во традицијата на нашиот народ.
    За мене засекогаш омилен благослов ќе биде " со Господ напред", реченица со која баба ми непоколебливо ставаше точка, на сите мои стравови.

    Поради тоа верувам дека благословот дава сила, бидејќи се темели на љубов.
    И верувам дека давајќи и добивајќи благослов секогаш правиме мал чекор, поблиску до Бога.
     
    На Arien, BabyStyle, Chica.Loca и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    54.929
    Пол:
    Женски
    Господ е оној кој ни ги дава најголемите благослови и благодети,за секој од нас благослов е да го дочека наредниот ден здрав и жив.
    Често ги благословувам внуците ,и ќе продолжам да го правам тоа :)
     
    На LegallyBlonde13, Selest, BabyStyle и 2 други им се допаѓа ова.
  9. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    мене колешка ме благословува цело време кога ќе ми каже убав збор стварно цел ден ми е супер после :) многу сакам такви луѓе добри позитивни побожни
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.716
    Пол:
    Женски