Дали сте повеќе личност што сака благо (овошје, овесни каши, грчки јогурт, мусли, житарици, кроасани) или солено (јајца, кифли, намази со леб, сендвичи) за појадок? Јас 95% од времето појадувам јајца, омилени ми се наутро и речиси никогаш не крејвнувам благо. Исто не можам кафе пред да појадувам. Утрово немав апетит и намачкав путер од кикирики на оризови галети со овошје, луѓе организмот ми го одби. Very much за солен појадок сум. А знам луѓе што се будат и можат торта да појадуваат пошто посакуваат. Какви сте вие?
Генерално сум за солен и богат појадок што ќе ме држи добар дел од денот зошто јадам 2 пати на ден. Јајца ми се прв избор исто како тебе, ако јадам тестенини или леб/пециво гледам тоа да е наутро, открив дека многу помалку ме дуе и ме дебели ако јадам јаглехидрати наутро. Па ги комбинирам со нешто млечно или јајца, ама генерално секогаш солено. Често знам да направам како летна манџа за доручек, палента со сирење, некоја пита со кори или слично. Јогурт исто секогаш скоро пијам за доручек. Се случува после доручекот да земам овошје со кафето или за ужинка. Доколку јадам овес или нешто како галети ме држи буквално 2 саата и после тоа сум цело време гладна, па избегнувам такви оброци генерално. Знам понекогаш овес со јогурт но ретко.
Дефинитивно солено за доручек, на неколку пати кога сум била во брзање пред неколку години имам изедено благ кроасан или штрудла со џем од оние фабрички спакувани во кесичка, не од пекара (затоа не се сомневам во квалитетот) и толку многу ми се лошеше што прво се чудев што ми е, ама после неколку пати кога увидов дека организмот не ми трпи благо за доручек веќе никогаш нема да ми текне нешто благо да ставам во уста за доручек.
Обавезно прво кафе, го пијам саат/саат ипол, па после појадувам. Во принцип најпрво ми се јаде солен оброк, јајца, тортиља со хумус и зеленчук, авокадо на лепче, итн. Ама на работа за појадок најчесто носам благ, овес или варена хељда со овошје. Ама после 3/3 ипол саати ручам, така да, не истанувам гладна.
Искрено сеедно ми е Сум тежок, хроничен обожавател на блачко, not gonna lie. За појадок, некогаш тост, сендвиче, јајца. Некогаш житарки, благи палачинки. И така и така, не осеќам некоја посебна разлика. Искрено се осеќам ненајадено ако појадокот ми е некалоричен. Ако појадувам пример салата ич не ме држи
Како ја вариш хељдата? Сварив еднаш и стварно ми беше грда. Дали многу вода ставив, дали ја преварив, не знам. А баш сакам да можам да ја јадам Онтопик, јас сум за солен доручек - јајца, палента, палачинки од пченкарно брашно и ленено семе, сега си најдов рецепт за „лепче“ од леќа, оризови галети. Веќе неколку месеци не јадам леб и брашна, се сомневам дека имам развиено нетолеранција на глутен, па еве експериментирам со други опции. Ептен ако немам време или сум мрза, јадам корнфлекс, па после банана за да се донајадам
Не знам дали е ова права тема, веројатно не, ама ако сакаш пиши ми лп како ги правиш или во друга тема некаде да префрлиме?
Така и треба, нутриционисти советуваат најголемиот дел од калорискиот внес да биде во првиот дел од денот, а мене мојот нутриционист исто ме посоветува благите работи да ги јадам додека е ден за да не скока шеќерот навечер. Кога ќе помислам порано кога се замарав со диети дека јадев јаболко за појадок, не ми се верува ич.
Обавезно преку ноќ ја држам посипена со жешка вода. Или барем неколку саати, битно да одстои така во вода. После ја истурам таа вода и во нова ја доварувам. Порано ја купував онаа во Кам и одвратна ми беше, секогаш налетував на горчливи зрна и од неа мислев општо дека хељдата е грда. Сега купувам на Бако и таа ми е супер, ептен мека и вкусна се вари. Ама обавезно прво држи ја потопена неколку саати, тоа менува многу.
Јас, човек што преретко јаде доручек: Кафе? Се терам со сила да јадам наутро, ама сеедно ми е дали е благо или солено. Затоа јадам малку солено, па малку десерт.
Некогаш благо некогаш солено зависно што ми се јаде во моментот..кога немам многу време благ крем на леб или житарки со овошје. И обавезно кафе
И јас сум повеќе за солен појадок, ама во последно јајцата ги заменив со овошје и/или овес во комбинација со протеин и путер од кикирики зашто само со овес бев гладен за 1 час. Инаку отсекогаш сум се чудел на луѓето кои наутро јаделе кроасан, леб со еурокрем/мармалад и сл.
Појадок? Не знам што е тоа. Мноооооогу ретко појадувам, само ако треба авион да фаќам па знам нема да имам кога или цел ден ако ми е презафатен. Ама желба за појадок имам многу ретко, само на одмор, не знам зошто. Не се осеќам убаво кога појадувам, притисокот ми паѓа, ми се приспива и цел ден ми е таков, едвај туркам. Јас сум - 2 кафиња, па за 6 саати ручек. Јајца ретко јадам, ми се гади од пржени работи наутро. Најубаво ми е овесни со јогурт. Да не бидам офтопик, веројатно за благо сум повеќе.
Благо. Протеинско барче, темно чоколадо, било какво овошје/овошен микс, смути со овошје, пудинг… Не можам да јадам прженици за доручек, претешко ми е. Некогаш ќе прогледам низ прсти за бурек или мекици, ама ретко. И после тоа осеќам како цел биоритам да ми е пореметен.
Мене благ доручек никако не ме најадува. Наутро обично јадам carbs со хумус, или некој друг намаз и зеленчук. Овесни каши, чиа пудинзи, или 10 кришки леб и еурокрем, ко десерт ги доживувам.
Скоро секој појадок ми е нешто солено. Благото не ме држи долго време сита и тешко ми е на стомакот ако првиот оброк е нешто преблаго од типот на кроасан. Единствено не ми смета коцка чоколадо или лажичка крем во овесна каша, иако преферирам само со овошје да се кашите. Исто, не можам да јадам на сабајле разни месени работи, поточно пецива и буреци. Ем нема да сум најадена, ем ќе бидам цел ден подуена Во случај да не можам да појадувам дома, попрво ќе земам кроасан отколку некое пециво. Лелеее не ме потсетувај на ова За мене дефинитивно нема полош појадок од овошје, подобро гладна да сум.
Зависи што ми се јаде, јадам и благо и солено, едноставно обожавам храна . Ако станам рано сакам појадокот да е покалоричен и да ме држи, тогаш преферирам да е солено, а доколку станувам покасно појадувам нешто лесно овесна каша, овошје. Никогаш не прескокнувам појадок затоа што е најважниот оброк во денот и доколку не појадувам мислам цел ден дека сум гладна, навечер имам потреба да јадам повеќе а тоа не е добро. Исто така овошје и благи работи навечер не јадам. @Srckata28 не знам дали е до благото или оризовите галети, јас за појадок пробав да ги јадам оризовите и никогаш повеќе. Така можам да ги грицкам ама за појадок никако, тежина ми ствараат на желудникот.
Знам дека е оф, ама за матени јајца не ти треба зејтин, само нелепливо тавче. Или варени. Од благ појадок, американски палачинки можеби би избрала over солен.
И јас исто сакав да пишам, живеев со луѓе кои правеа вафли за доручек еднаш неделно и ги јадевме со јаворов сируп и крцкава сланина и погоден појадок беше, некогаш е и такво расположение.