Благо. Да е здраво, нема да јадам друга храна освен благо. Денот го стартирам со овошен јогурт, кога домашен (кисело млеко/скир, овошје, семиња, овес), почесто активиа како готова варијанта последно, и кога како кафе, зависи од расположение. После иде нешто благо. Имам после 2 оброка во денот, не грицкам ништо, немам ужини освен кога не кризирам и посегнувам по благо. Со други думи, ако има шугар раш, се ќе биде одлично. Но претерувам и забележувам проблеми со дигестијата.
Мојот доручек кога бев студент беше само овошје во првите 3-4 часа од будење. Откако почнав да работам, да трошам насабајле повеќе енергија со деца и обврски почна да не ми е доволно овошјето. Обично јадам пет вида житарки (ги има готови) кои не се ситни зрна туку цели, само пресувани. Ама додавам семки и јаткасти за крцкавост четирите семиња и чиа. Ако сум расположена за послатко ги јадам со сушено или свежо овошје. Некогаш со обезмастено млеко а некогаш со обезмастен јогурт/кисело млеко. Ова ме држи без проблем бар три четири часа. Јадам и нешто со црно домашно лебче, хумус, некое младо сирење, урда, маслинки, може понекогаш кашкавал. Сувомеснати не јадам. Кафе никогаш на празен стомак. Најлоши доручеци ми биле бурек, баничка и други пецива зашто ми го дујат стомакот, особено во комбинација со јогурт. Плус за два саати сум мртва гладна. Многу сакам јајца, посебно јајце на око ама за жал сум нетолерантна на нив. Од јајце на око имам најлоша реакција, па од пржени јајца. Од варени имам најслаба реакција ама и од нив имам дигестивни проблеми. До тој степен сум што неможам да јадам ни други работи во кои има јајца па гледам што поретко да ги јадам и нив, на пример еднаш во две недели.. Оризови галети ми прават запек и не ми се вкусни не ги ни купувам.
Кроасан 7 Days Max Секое сабајле, последниве 2-3 години. Така прам стално. Ко ќе се затупам во нешто, го јадам, дури не ми се згади.
Сакам појадокот да ми биде обемен количински, така сум навикната и ретко се случува да не појадувам. Иначе секогаш е солено
50/50. Една недела си паковав путер со кикири и мармалад на лепче, путер со кикири и овошје на галета, и омиленото, путер од кикири на галета, кикири и цело заедно макнато во чоколадo. Другата недела си паковав сендвич со плескавица од црвен грав и зеленчук и уживав секој момент од то иако секој ден беше едно па исто. Јас појадок и често скокав ама еве последни две недели пошто сум прва смена, си спремам нешто на брзинка пред работа. Овошје ко овошје го сакам после вечера. Ама некогаш го сакам во комбинација со благ појадок пример овесна каша или ова со галетите и путерот од кикири. Оф ми текна една недела ко имав избор друг да ми спрема појадок, пак јадев 50/50. И то во исто седење. Лепче со мармалад, од страна тестенини (????). Или банана со мед и салата со јајца варени.