Блефаропластика ( корекција на горни и долни очни капаци ) Ме интересира дали некој досега направил влефаропластика во Македонија и какво искуство има??? Др Даскалов, Др Туџарова, Др Пеев , Др Ѓорѓиевска или можеби некој друг?
Кoнсултирaј билo кoј oд стручњaците штo ги спoмнa пoгoре, ќе видиш штo ќе ти кaжaт. Билo кoј дa oдбереш, немa дa згрешиш.
Во Дермаплус имаат иновативен метод, PLEXR кој не е хируршки, а има одличен резултат во подигнување на очните капаци.
Гледам темава оддамна е отворена, но малку дискусии има... Ме интересира дали некој правел блефаропластика или пак корекција на нос кај Др. Роберт Стојовски.
Ме интересираат понови искуства со блефароплатика на долни очни капаци со внатрешен рез (на долниот очен капак). Искуства од Македонија и надвор од Македонија (Турција, Србија, Бугарија) доколку имате препораки. По тоа што го знам до сега, во Македонија прават со надворешен рез, и опоравувањето е подолго, па фокус ми се повеќе хирурзи надвор од Македонија.
Поздрав, има ли некој правено Блефаропластика и ако може искуства ? Каде сте правеле и колку ве чинело, како сте задоволни ? Во план ми е веќе некое време се канам да го решам овој проблем па би било убаво ако може некој да сподели искуство и мислење. Да појаснам, огромни отоци имам под очите кои ги имам од кога знам за себе.