1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Близнаци

Дискусија во 'Дете' започната од Frogy, 8 септември 2010.

  1. Frogy

    Frogy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Zdravo na site!Izvinete sto ne pisuvam so makedonski font no vo momentot nesto ne e vo red.Imam edno prasanje do vas,vie sto imate bliznaci ili sto ste bremeni so bliznaci.Vo koja nedela vo utvrdija deka nosite bliznaci?Ke mi bide milo ako mi odgovorite.Kiss
     
  2. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    леле многуу сакам да имам близнаци :) но велат дека тоа генски одело, на татко ми сестра му е близначка, се надевам дека и јас ќе имам :lol:
     
  3. Maturantka

    Maturantka Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    1
    Па некаде во третиот месец мислам може да се утврди, а можеби и малку порано
     
  4. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    uste od sestata nedela ti kazuva, oti na eho se gledaat dve tocki!!
     
  5. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Мене седмата недела ми кажаа дека носам близнаци :)
     
    На Tannaa13 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Фроги, јас сум близначка, инаку знам дека на мајка ми и утврдиле во текот на седмата недела дека носи близнаци. :)
     
  7. Modesti

    Modesti Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    5
    и јас сум близначка.
    на мајка ми и утврдиле дека носи близнаци во текот на 8та недела.
     
  8. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.572
    Пол:
    Женски
    Мене од секогаш ме фасцинирале близначињата некако секогаш сум ги сметала за поинтересни за посматрање.Ако плаче едното плаче и другото ако се смее едното се смее и другото.Едноставно многу ми се интересни.Посебно ме фасцинираат еднојајчените близнаци кои се како копија еден на друг.Исто така вчера гледав една емисија на TLC за сијамски близнаци од Египет споени во главчињата и за исцрпаната операција од повеке од 35 часа за да ги одвојат за да можат децата да имаат нормален живот.Навистина медицината понекогаш ме остава без зборови.Па да не должам многу се надевам ако има некоја мама на форумов која има близначиња ке го сподели нејзиното искуство со нас како е да се живее со такви палавковци по дома . :) :) :) (од секогаш сум ги замислувала како мали палавковци) :D :D :D
     
    Последна измена од модератор: 30 декември 2017
    На makgirl и rak4estip им се допаѓа ова.
  9. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    И јас од секогаш сакав близнаци. Кога останав бремена, многу пати прашував, да не има некој скриен ембрион зад тој еден што се гледа :lol:
    Близначка бременост (2,3,4) е тешка. Пред се, бременост како бременост е со поголем степен на ризик, а потоа и самото одгледување на близнаците. Едно плаче за јадење, друго за спиење. Претпоставувам дека првите години се тешки.
    Од друга страна, имав школски близнаци. Две девојки и две машки двојајчени, и уште едни браќа, но еднојајчени. Оние двојајчените и девојките и момците, мнооооооогу се разликуваа, со 15цм во висина, нема шанси да помислиш дека се роднини, а не пак близнаци :D . А оние еднојајчените, се разликуваа по една бемка. Ептен слатко делуваа кога беа(бевме) помали.

    Би сакала вторите да ми се погодат близнаци 8) мерак ми е, иако знам дека многу ќе ми е напорно :wasntme:
     
    На Espadrila и Annath им се допаѓа ова.
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Еххх колку ми се слатки и убави...се си се тешам дека може некогаш ќе ги имам. :angel:

    еве што најдов на интернет: ....што мислите вие за ова?

    Јадете Јам ( сладок компир )

    Постојат нации кои имаат процентуално поголем број на близнаци од другите народи. Оние народи кои во својата исхрана практикуваат да јадат сладок компир имаат голем број на близнаци. Постои теорија која вели дека одредени хемикалии кои ги има слаткиот компир помагаат жените да зачнуваат близнаци.

    Забременете додека доите

    Неодамнешните истражувања докажаа дека доколку забремените во текот на доењето имате 70 проценти повеќе шанса да зачнете близнаци. Објаснувањето вели дека помалото количество на калциум во организмот влијае на ќелиите и нивната активност во текот на овулацијата.

    Затруднете на постари години

    Колку сте постари но не над 32 годни, толку е поголема веројатноста да зачнете и родите близнаци. Причината е зголемената овулација на повеќе јајце клетки, што доведува од веројатност за близнаци.

    Ако сте близнак

    Доколку и Вие сте близнак имате поголема шанса да зачнете близнаци.

    Имате близнаци во поширокото семејство

    Ако во вашето семејство особено ако тие се од страна на вашата мајка, Вие имате голема шанса да добиете близнаци. Во тие случаи почесто се раѓаат двојајчани близнаци. Причината е генетската предиспозиција да овулирааат повеќе јајце клетки.

    Хормонска терапија

    Некои жени земаат лекови кои ја зголемуваат плодноста а со самото тоа ја зголемуваат и можноста за зачнување на близнаци.

    Вештачко оплодување

    Вештачкото оплодување се препорачува на оние семејства на кои тоа им е единствен начин да зачнат. При самото вештачко оплодување се зголемува шансата за близнаци, па и тројка или четворка.
     
  11. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Јас сум близнак со братми .. Кај мене тешко да се погодат близнаЧиња
    првите години се најтешки едното спие другото плаЧе и така се буди и другото и тоа поЧнува да плаЧе - :D :D Тешко мајками било . На една мака две деЧиња израснала
    :D :D
    Ние со братми сме двојајЧани и не си лиЧиме премногу како за близнаци ама сме многу преврзани еден за друг .Kако мали сме си играле заедно не сме биле премногу проблематиЧни :D :D
     
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    најмалата тетка има близнаци-двојајчани машки
    дедо ми покоен беше близнак со сестра му-дали беа едно јајчани или не незнам
    реално постојат шанси да имаме јас или брат ми близначиња, оти во фамилија 2 пара ни се :)
     
  13. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.572
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=YRHUMEI4SW0&feature=related
    многу се смешни :rofl: :rofl:
    иначе неодамна гледав емисија за nashional georafic која многу ме фасцинира и замисли во одреден момент.Стануваше збор за место во јужна америка каде статистички се рагаат најмногу близнаци а уште никој неможе да објасни зошто е тоа така.Научниците сметаат дека по Втората Светска Војна озогласениот Менгеле пребегнал таму каде ги продолжил своите истражувања во врска со рагањето близнаци и вештачкото создавање на близнаци. Дури беше кажано дека во логорите идел до таму да ги присилува на сексулани односи веке родените близнаци (брат и сестра) мислејки дека така ке ги зголеми шансите за создавање на нови .Во секој случај многу језво :tmi: :tmi:
    Инаку знам дека со вештачко оплодување можат да се родат близначиња бидејки при таков начин на оплодување се оплодуваат повеке јајце клетки па со надеж дека една од тие ке биде успешно оплодена.Но, не ми допага неконтролирано оплодување како што беше случајот со мајката која роди 8 деца од еднаш бидејки тоа за мене не е нормално.
     
  14. Antula

    Antula Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    91
    Јас имам близначиња,машко и женско,во Мај направија 5 годинки. Многу убаво искуство да одгледаш две наеднаш ама богами и многу напорно,се е дупло. :) Сега како растат е полесно, се разбираме повеќе, и не треба втора мака да се проаѓа ,наеднаш две дечиња.
     
    На No Makeup му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Од страната на мајка ми незнам дали некој претходно бил близнак (но знам дека дедо ми биле 18родени деца а останале 7живи па може во тиа 18 имало и близнаци) Мајка ми и тетка ми се двојајчени близначки, па се надевам и јас дека имам некоја шанса за близнаци. Многу сакам и многу ми се слатки близначиња. Кога бев помала викав сакам близначиња 1машко и 1женско и само еднаш да раѓам да не се мачам два пати :lol:
     
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    докторите велат дека поголеми се шансите ако се има близнаци од страна на жената.
    а и доколку сте второ колено, мислам, пример баба ви е близначка,мајка ви не, и вие сте следни што имате повторно голем процент за можност.
     
  17. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Еииииииииии баш би сакала да имам близначиња, и то два пара :lol: би ми било мааалце тешко,ама нели кога ќе ги видиме тие слатки душички се исчезнува. Од моја страна за жал немало близначиња претходно, ниту пак од страна на дечкото колку што знам и колку што ми има кажувано :?: ,па би сакала ние да бидиме првите коие што ќе имаат блзиначиња и тоа не еден туку два пара :!: :D
     
  18. rak11

    rak11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    77
    jas sum bremena so bliznacinja i premnogu sum srekna
     
    На COollLady, Elenuskaa, Ema.Sk и 9 други им се допаѓа ова.
  19. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.822
    Допаѓања:
    102.692
    Пол:
    Женски
    јас многу сакав да имам близначиња , највеќе машко и женско , инаку од моето семејство прабаба ми имала близнаци , па мислам дека можеби еден ден јас или брат ми би можеле да имаме. :) знам дека е напорно , но многу ми се слатки и интересни :D ајде здравје кога би планирале друго дете , може да ми се исполни желбава па од едно оддеднаш да имам 3 деца ;)
     
  20. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Јас имам сестра близначка, двојајчани сме, ич не си личиме.
    Јака и` душа на мајка ми, сама била, сама не` чувала додека да тргнеме во градинка.
    Дека е тешко, тешко е....сама кажува дека многу и` било напорно две деца сама да чува... едно плаче, друго плаче, едно се настинало, другото по него (еднаш се погодило двете да имаме дијареа, а пред 30 год. немало Памперс пелени за една употреба) да ја слушате мајка ми како раскажува нема да знаете дали да се смеете, дали да плачете :tmi: :D ...потоа се` дупло се купува, дупли трошкови буквално за се`.. дупла гардероба, дупли учебници, ранци, тетратки, прибор за на училиште, дупло плаќање за екскурзии, приредби, претстави....се` дупло...ама па со едно раѓање и со една мака две деца ќе се израснат. :)
    Јас многу сакав да имам близнаци, ама за жал не можам затоа што близначката бременост скока едно колено, така што можно е ќерка ми да има близначиња. :)
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.