Јас многу сакам близначиња,премногу. Инаку од страна на мајка ми баба ми има сестра близначка.Кои премногу си личат,еднојајчени се.Па ништо чудно јас да родам близнаци.
Има 2 девојчина со мене што учат близначки се.. Ама ич не личат.. како да не се , и ретко исто се облакаат..секогаш се различно облечени..мене Тоа не ми се допаѓа. Сакам близначиња исто облечени средени исто потшишани..да не можеш да ги препознаеш..тоа е интересно ....
да баш би било интересно две близначки на пример и да се скрос исти да се зезаат пр со едно момче или сл
^ Нормално дека сте двојајчани кога не сте ист пол. Еднојајчаните близнаци се или две девојчиња или две момчиња. Една јајце клетка - иста плацента, две бебиња и следствено на истото ист пол. Двојајчаните следствено на тоа се развиваат од две посебни јајце клетки. Дали ќе бидат ист или различен пол Боже мој.
Баш и не е убаво да бидат сосема исти, ниту во изглед (тука пред се мислам на облекувањето), ниту во карактер (додуша, во карактер не ни можат да бидат исти), треба да се развиваат како различни личности, така и да се третираат. Барем тоа е научно докажано
Јас имам братучеди од 32343 колено и тоа четворка, 3 женски и 1 машко. Не си личат ич. Мислам дека тие се првата четворка во Македонија, а можеби и на Балканот. Сега имаат по 14-15 години. Кога се родија државата им додели куќа овде во населбата. Ама татко им и мајка им се разведеа и сега они живеат во Скопје. Не сум ги видела одамна, а како мали беа многу слатки и срамежливи. Баш пред 2-3 недели им гледав слики на фб, пораснале, лепотици станале.
Jaс од кога почнав да сфаќам дека еден ден сакам деца, имам некое претчуство дека ќе имам близначиња.Не сакам многу, мислам да се живи и здрави, па какви се мање битно, ама понапорно е каде каде и многу поголем трошок да имаш две место едно бебе во исто време.Ама ете нешто ми вели дека ќе имам без разлика дали сакам или не близначиња.А за шанси има големи, зошто баба ми е близначка, јас сум второ колено, а здравје ако со дечко ми останеме заедно и татко му има сестра близначка така да гените ќе работат на тоа вајда.
Во мојата фамилија по мајка ми има близнаци, некоја подалечна фамилија на мајка ми машко и женско. Мајка ми роди близнаци две машки јас кога има 4ри години, ама за жал ги роди пред да влезе во осми месец и два дена после раѓањто починаа. Ако викате дека оди преку едно колено децата мои ќе имаат. Ама не мора да значи, како ќе се погоди. Можно е и јас да имам или сестра ми.
Роднината што ќе има близначиња до пред некој ден мислеше дека едно носе. Поранешната докторка и’ рекла дека е едно, во Скопје беше и таму и’ кажале дека е едно. Отишла кај друг гинеколог, ја гледал на некое посовремено ехо и оп двечки имало. Цели 6 месеци мислевме дека е едно. Изненадување е ова за сите. До сега во пошироката фамилија сме немале близначиња, овие се први.
^ете прост пример дека не мора да има некој во фамилија за да се има близначиња од пуста желба за нив си се тешам дека може баш јас ќе имам п.с. нека и се со среќа,со лесно да ги доноси и да се живи и здрави
Ете јас сум близначка исто и мој први брачеди се Близнаци, а не знам да имаме некој пред то близнак, па можи е случајно, којзнај А Искрено шо сака нека имам само да е живо и здраво
Jas imam bliznacinja dve zenski sea e pravat 2 godinki i se ednojajceni . Inace se mnogu teski za cuvanje sami so maz mi gi cuvame ama pa se mnogu interesni i slatki. Genetikata sekako raboti od dvete starni imame bliznaci [mod-kirilica:13fvqi6e][/mod-kirilica:13fvqi6e]
Мислам дека треба да се напушти мислењето дека близнаците се САМО наследни, и дека „одат преку 2ро, 3то, 5то колено“. Докторите се` уште немаат одговор на ова прашање, само претпоставки за можните причини за нивно појавување. Еднојајчаните главно се воделе како „грешка“ на јајце клетката, која во текот на оплодувањето се „поделила“ на 2, и никој не знае да каже зошто тоа се случува. Двојајчаните се резултат на хиперстимулација, без разлика дали е вродена (жени кои природно при овулација имаат минимум 2 водечки јајце клетки) или „вештачка“ - со разни стимулации (како терапијата за ИнВитро на пример), контрацептивни апчиња, хормонски терапии, специјална исхрана и слично. Единствено што е точно е дека зависи САМО и единствено од жената, т.е. од бројот на јајце клетки кои ќе ги исфрли за оплодување. Значи, може да се каже дека некоја жена има предиспозиции ако некоја друга во нејзината фамилија (мајка, баба, прабаба) имала природно близнаци, затоа што веројатноста дека и таа да има хиперстимулација е поголема, т.е. наследна. Секако не по било кое колено, тоа правило не важи. Повелете повеќе инфо Спојлер http://www.obfocus.com/high-risk/twins/twin1.htm
Јас обожавам близнаци, небитно дали се машко и шенско или две девојчиња или две машки срцки се бре како да не ги сакаш, инаку имам пријателки близначки ги познавам со години а и ден денес неможам да ги разликувам која е која Ја баш би сакала да имам близнаци, и ако некој велат тешко е на едно му се јаде, на друго му се мочка, ако јас си сакам и со задоволство би се "мачела" со нив Спојлер Види ги бе како да не ги сакаш? како
јас сум близнАЧка имам дадичка,инаку сме 3 сестри и ние две сме помали разлика 3 години меѓу нас 2 и постарата дада, многууу чудно е чувството чудно-убаво, знаеш дека не сим сам цело време во школо во иста клупа дома во исти кревет фатени за рака спиевме,преубаво ама моментот кога ќе се разделиш кога се омажи дада ми охх тоа е многу тешко,многу сме блиски по неколку пати се слушаме на ден иако и она и јас веќе сме со обврски деца,,,,работа итн ама сепак кога се разбудувам на сабајле прво скаа со неа да се слушнам и со другата сестра нормално сме многу поврзани само таа ни е во германија и далечината си го прае своето, ама дали сакам да имам незнам многу се тешки и некако жални за гледање, БРАВООО ЗА МОЈАТА МАМА како биле издржливи порано сега ние сме многу нежни свилени позз среќно на сите што сакаат да имаат близначиња
Имам близначиња први братучеди (машко и женско) Двојајчени се,ич не си личат,ич! Не можеш да речеш дека се брат и сестра,а камо ли близнаци. Тетка ми отсекогаш велела "Ги исчував од мали колку раката,ајде Даме и Васе јадете си супичка "А,тие 12 год. Taa имала спонтан абортус со близнаци и поголемиот братучед имал близнак,ама било мало и починало Многу сакам близначиња,посебно еднојајчени Ајде да се погодат кај мене,знам дека е тешко две бебиња,но слатки се!
И јас и сестра ми сме еднојајчени близначки. Во основно цело време ги зафркававме наставниците, па после не` преместија во различни одделенија . Сега во различно средно училиште се запишавме, иако татко ни сакаше да сме во исто... Инаку мајка ми баше близначка и прабаба ми. Се надевам дека и јас ќе имам близнаци, мн. сакам
Близнаци во семејството Значи јас сум едноставно опседната со близнаци и мака ми е што не носам близнаци моментално. Викаат дека тоа оди генетски ... Кај мене во фамилија... има многуууу близнаци. На татко ми татко ( дедо ми ) е близнак, на татко ми брат му ( стрико ми ) роди близнаци ( најинтересно со нив е тоа што жената на стрико ми е близначката и таа и сестра и родија близнаци - феномен, викаат дека тоа не е можно но ете ) од страната на мајка ми .. прадедо ми ( на мајка ми дедо, на од мајка ми мајка татко ) е роден близнак. Баба ми ( од мајка ми мајка ) родила близнаци кои умреле ( такви биле времиња ), мајка ми била бремена со близнаци но абортила. Колкави се шансите јас да имам близнаци некогаш? Од страната на мажот ми нема ниту еден близнак, ама од моја има многу... како оди тоа? Преку колку колена?