Кажи ми иде накај потешко или накај полесно?? Пошто моиве уште ништо не разбираат, не одат се уште па да знам , да се спремам
Meni kazuvat site nakaj potesko odi koga pocnat da odat. Moive uste ne sedat skroz stabilno, ke vidime sto me ceka ponatamu.
Накај потешко иде Што повеќе заголемуваат,потешки стануваат. Бараат и сакаат разни активности и занимација по цел ден, потешки и за ранење се(стани,седни..) за заспивање... Олеснително ќе ти биде кога ќе проодат,сами ќе трчкаат без да ги држиш цело време,ама и повеќе вардење ќе треба,да не се удрат,да не паднат... Е после 4,5 година полесно е. Ама додека дојде тој период.....Со лесно да ни е...
некој да предложи количка за близнаци или пак да има за продавање ?! Пожелно би било да биде лесна за маневрирање, да се склопува за влезе во мал автомобил и да не биде 1500ЕУ ако воопшто има таква
Зависи каква сакаш или каква бараш, пошо јас живеам во стан и мене не ми оговараше ниедна количка. Зедов на stokke едно под друго. Многу практична а и лесна.
Од грција ја зедов ама уште малку ќе ја користам, моите се 10 месеци така да и јас ќе барам количка ваљда летна.
И ја живеам во стан и затоа гледам да биде жирока макс до 80цм а и да се склупува во помала форма зашто и колата не ни е нешто многу голема ако може инфо од кога продавница во Грцка ?
Леле женички ви блазесвам...моите се машки 2 години ќе прат во септември душата ми ја извадија...секоја вечер заспиват во 12 некогаш и 1 не наоѓа.Толку енергија,сила има во нив чудо нешто и во 6 часот да станат пак кај 11 најрано ќе заспијат.Во колички не ми седат поќе, за рака неќат да одат маки мачиме.Како бебиња беа мн мирни од ко проодија како други деца,мн бесни.Кјутете не се жалете ко ви заспиват толку рано и ко спијат цела вечер.Моите како растат се почесто се будат во текот на ноќта душа немам поќе а и на работа одам.Ама да се здрави и живи си се надевам уште 1 год , 2 ќе биди вака , па после други маки и така е со деца
Да се здрави и живи, тоа е најбтно, друго се ќе се издржи....помош од најблиски добиваш или сам ги вардиш?
Има ли некоја мајка која ги дои бебињата и да сподели како успева? Отсекогаш ме интересирало Цицаат двете истовремено или едно по едно?
И јас потврдувам дека е многу тешк со близначиња Моите момчиња имаат 13 месеци и исто многу доцна заспиваат од кога почна жешкото време. Едното може посамостојно да оди, поактивно е и сака да праи неред, а другото е помирно, помрзеливо и уште се држи кога оди. Поголема маза ми е тој, ама сепак машки си се машки. Не сакаат моиве толку гушкања а од кога се родени само ги гушкаме и бакнуваме со маж ми. Мислев така ќе останат но како растат така помалку сакаат гушкање и галење. Желба ми е и ќеричка да имам, но за скоро време нема шанси да се обидам за трето. Маж ми вика ти само кажи кога и одма ќе почнеме со работа. Ама нека се живи и здрави овие двајца а за женско ќе видиме за десетина години да пораснат батковците
Тешкоо, се е на менее .Сите си го тргат газот дека две се .Едино имав помош од моите родители знаев да ги оставам кај нив да одам да завршам некоја работа или кога ќе немав ноќи спиено да ги оставам кај нив да преспијат ама лошата болест ја фати мајками и не можи многу да ми поможва а свекрвата и не ми е толку заитересирана млада е и си го гледа нејзиниот ќеф.Ама тоа е здрави живи само ќе пораснат
Ајде и јас да се пријавам со моите цуфчиња убавки..принцезите на мама веќе 4ти месец го тераат, лета временцево летааа... почнавме со стабилизирање, исто и ние во 20ч заспивање, будење за оброк на 4,5 саата и така... напорно е иако имам помош, девојка преку ден ми иде до кај 16:30,17, дур не дојде маж ми, а и свекрвата доаѓа преку еден ден за ноќна смена...за викенд сме кај моите, мајками е уште на работа па не ми се наоѓа за преку неделата.. и јас немам време за себе, што беше тоа маскара??? и дотерифки и за каде уствари? Ретко кафе да се напијам по дома, а камоли надвор, у 4 месеци 2 пати дали сум излегла со луѓе на 1 саат глеање...ама многу ги сакам, кога ги глеам дур спијат ми иде да ги лапнам, море и кога се будни На какво млеко сте женски? јас плус и молзено им давам, а на града само за да ги подсмирам малце и цицаат