Близначиња - совети и искуства

Дискусија во 'Бебе' започната од Gaga.sk, 22 јули 2019.

  1. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    6.201
    1. Им земав две дрвени, прво спиеа во едно па кога пораснаа и почнаа да се вртат ги ставав посебно, па после 6 7 месеци почнаа со мене на спална зашто претешко ми беше да станувам 100 пати за цицање и млеко да ги земам
    2. Користев гнезда ама кратко
    3. Се им беше големо па докупував 50ки. Во вајкики у крш се наоѓаат такви, ретко на др место
    Се породив на гак со итен царски ради компликации со ковид 36+0, ќе терав уште да не фатев ковид
    Инекции за зреење не примав, ме следеа редовно после 34та на секои два дена бев на цтг и се утврди дека немам потреба. Се родија 2600 и 2100, идентични близнаци но со две амниотски кеси една плацента. Едното беше 3 дена во инкубатор ама поради ниска гликемија, немаа проблем со дишење. Двајцата беа со апгар 8/9
    Како се снајдовме на почеток не знам, у магла ми е, имав помош од многу страни ама пак ми беше тешко, молзење, цицање, ад, плус јас влечев компликации од породувањето. Да не ср лажеме, ќе ти биде тешко, ама ќе се навикнеш и ќе си направиш ред. Еден совет од мене, што јас го добив од мајка на близнаци и многу корисен ми беше. Прави им ред на двете бебиња се у исто време, спиење јадење секогаш заедно зашто ако двете тераат свој ред ќе полудиш и ништо нема да стигнеш да направиш. И стварно е тешко ама е и преубаво, ќе уживаш штом ќе се навикнете. Со лесно! :inlove:
     
    На Amelia. му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Фала најмногу :hug::l:

    Уште едно прашање имам, ги доеше на почеток и ако да, дали беше тоа доволно за двете или мора да се комбинира со адаптирано?
     
  3. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    6.201
    Цицаа до 22 месеци, ама секогаш биле на комбинирано, немав доволно млеко за двете. Прво цицаа, па после ад додека имаа млечни оброци. Кога им укинав млека беа само на цицање по 56 милиони пати. Ама тоа беше лажење, не дека нешто гладни биле или се најадувале.
     
    На Amelia. му/ѝ се допаѓа ова.
  4. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.894
    Допаѓања:
    4.829
    Браво како издржа две бебиња да ги доиш толку долго!
    Немам близначиња само сакам да поделам совет. @Amelia. син ми се роди 2900 па некои 50ки му беа големи, мој совет ти е да си земиш повеќе 50ки пошто сигурно по 2 пати ќе ги преслекуваш.
     
    На Amelia. и le.soleil им се допаѓа ова.
  5. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    6.201
    Не знам ни јас, на почеток беше ај да пркнат, пред време родени, ризици имунитет па да направам се што можам. После тоа станаа зависни од цицање па ми беше жал да ги одбијам, ама почна да станува неподносливо со барањето да цицаат 24/7 и конечно смогнав сили:D
    На крај мене ми беше многу потешко него на нив. Они 3 дена плачеа, јас 3 недели зашто им го скратив уживањето. Луди женски хормони :D
     
    На naturally, Amelia. и DELFINA81 им се допаѓа ова.
  6. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    12.049
    Пол:
    Женски
    Моите 6 месеци беа само да доење,после почнаа со вкусови, еве сега си јадат,ама уште ги дојам 15 месеци се, ама некако мачно ми стана, напорно е стварно да се дојат две бебиња.
    Совет,како ги одби?
     
    На Amelia. му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Те молам сподели трикови за доење на две бебенца, како оди тоа, едно по едно или заедно? Воопшто не воведе адаптирано?

    Секоја чест инаку :D
     
    На DELFINA81 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    6.201
    Со лабело црвено намачкав и кажав дека е болно цицето, 3 вечери беше страшно плачење и уште два месеци после тоа креваа маица бараа ама поретко со плачки. И после 3 вечер почнаа да преспиваат цела ноќ за прв пат во животот.
     
    На DELFINA81 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    12.049
    Пол:
    Женски
    Не сум воопшто.
    Во болница што има пиено само, дома не се.
    Нема трик, земаш едно го доеш, другото чека ред :D
    А ако плачат и двете тогаш заедно глава до глава со нозите како под мишка,не знам дали ме разбра :D на перница за доење така големка е, само двете заедно со помош на друг ќе треба додека се мали,а сега така поголемки и само си седнат да цицаат заедно.
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Izzy_0504

    Izzy_0504 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.547
    Допаѓања:
    4.324
    Пол:
    Женски
    Ај и јас ќе се вмешам во муабетов..
    Јас комбинирав на почетокот за едното бебе пошто мораше да пие од шише, па давав и измолзено и ад. Но само првиот месец и вкупно сум дала ад 8-10 пати.
    Од сега се 5 месеци, само на доење и двете се над 7.5 кг.
    Само упорност и стимулација, сосема е можно да се дојат близнаци.

    Во однос на трикови и позиции, пошто сум сама преку ден со нив и немав кој да ми помогне, гледав да не ги дојам истовремено, но одма една после друга, за да го задржам истиот ритам кај двете. Сега веќе двете си цицаат одеднаш кога мора, но ретко искрено пошто не ми е практично и цела сум свиткана така… Среќа па двете се брзи и ефикасни јадачи и за 5 мин се најадуваат двете, нема дремење на цице и мљацкање…
     
    На Amelia., naturally и DELFINA81 им се допаѓа ова.
  11. Amelia.

    Amelia. Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    За ова сум прашувала во Август, уште за време на бременост.
    Сега бебушки се веќе родени, на почеток беа само на доење ама сега комбинираме, цицаат + адаптирано.
    Кога беа само на доење, гледав една по една. Кога плачеле двете во исто време, со маж ми сме ги местеле на перница :D ама почнаа и двете да се засркнуваат, најверојатно влечат повеќе од што можат да голтнат па избегнувам затоа што морам одма да го исправам бебето што се закашлало.

    Инаку срце ми се кине кога едно ми е во раце и цица, а другото бара или едно држам и спие на мене затоа што имало грчеви и се виткало па само што ќе го земам почнува и другото :( нит си да го оставиш тоа што веќе си го земал, а не сакаш ни другото да лежи само и да се мачи. Тоа ми е најжален момент за сега од нашето искуство од како сме дома.

    Мене близначиња ми се некако next level предизвик, почнувајќи од бременост до снаоѓање кога се вака мали, претпоставувам и воспитувањето си носи свои добри и лоши страни.
    Ама се на сѐ, преубаво дефинитивно, сѐ е дупло, најмногу љубовта и ова не би го сменила за ништо на светот :l:
     
    На DELFINA81 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    12.049
    Пол:
    Женски
    Мајка јас уште ги дојам, уште малку 17 месеци ќе бидат..додуша малку цицаат,после градинка и пред спиење...немам план како да ги одбијам, колку ли само уживаат додека цицаат...душички