Блискоста на бабите со внучињата

Дискусија во 'Дете' започната од eatpraylove90, 15 декември 2015.

  1. eatpraylove90

    eatpraylove90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2015
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    856
    Пол:
    Женски
    За оваа тема малку започнав една мала дебата во друга тема, но ете може и овде да се изнесат мислења колку и каква треба да биде блискоста на бабите со своите внучиња. Некои треба да ги моли човек за да дојде да си го види внучето, а пак некои се обидуваат дури да го "украдат" детето од мајката..
    Во мојот случај јас почнав да се запрашувам дали е нормална ваквата блискост како што ја има свекрва ми со мојот син..Одлична комуникација и разбирање си имаме со свекрва ми но односот что го има со син ми почнува многу да ми смета, незнам дали и колку сум во право.
    Постојано (демек и се испушта) му вика ,,ај на мама..." , секој ден доаѓа од 8-17часот, доколку се случи да не дојде(тоа до сеа било ден или два, а син ми има 4м) ме прашува дали нормално се понаша син ми т.с дали исто се смее и си игра односно дали му фалела да осека дека ја нема :x Ако отидеме негде се лути дека тој ден немало да го види внукот, додека го чуваме заедно јас ако и кажам да не го покрива со тоа ќебе она ќе го покрие или без да ме праша пред некој ден бевме со мм до веро да испазариме и и кажав дека вечер ќе го бањам, откако ќе се вратам и додека бев на каса и вртам да прашам што прави она ми вика еве му спремив коритцето ќе си го бањам лепотанчето (facepalm) Збеснав!!
    Капак на се, синоќа разговаравме за тоа кога ќе тргнам на работа и ми вика ,,Едвај чекам да си го чувам јас и синко сами дома па ќе си шетаме, ќе си се раниме баба ќе му прави кашички...Неколку пати ми има спомнато да сум почнела со работа како едвај да чека да се ослободи од мене:| Настрана да го ставам тоа лигавење по дома и цело време што и е во раце, иако јас постојано и викам дека сакам убаво и чисто да му се зборува на детето...Кога кажав на мм дека треба малку осет да има па да доаѓа бар преку еден ден он и кажал и женава почнала да плаче да се држи за срце дека ако сум и забранила тоа ќе умрела. Се прекрстив кога ми кажа мм и се откажав и стварно незнам како да постапам почнува да ме плаши ситуацијава, не оди на добро оваа приврзаност. Извинете за големиов пост, морав :)
     
    На eutixismena, koritsaki, Smiley11 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    23.591
    Пол:
    Женски
    Лајк за темава.
    Да ти кажам право и јас сум во слична ситуација.
    Буквално се осеќам ко мајка сурогат, како да сум им требала само да го родам детето.

    Морам прво да спомнам дека додека бев трудна ниту еднаш не ме праша како сум, не дојде да ме види.
    Сега е секој ден тука.
    Кога е тука, ќерка ми и е постојано во раце. ИАко и кажав дека со мм ќе ја бањаме, за време на бањањето магично се појавува на врата. Ние ќе сме ја штрекнеле, ќе сме ја испуштеле од раце.
    Мојот збор воопшто не се слуша. Јас забранувам цуцла, силно нишање, таа не ме ни регистрира. Си го прави истото без разлика колку пати сум рекла не.
    Секогаш она знае што е најдобро за ќерка ми. Дали и е ладно или е гладна. ИСто и кај мене, ја покрива иако јас сум ја отскрила, и облака чорапи ако јас сум ги соблекла вториот пар пред минута две, ако имам молзено млеко во шише, кога ќе ја побарам ќерка ми, не ми ја дава јас да ја наранам, она си ја рани.
    Кога не сме дома, сама си ја изнесува да ја шета, без прашање.
    Си спремала долу, си перела алишта и кебиња за кога ќе сум ја оставела да преспие. Мислејќи на сега деновиве. Детето само што напраи 40 дена, како да ја оставам сама да ја чува.
    Еднаш ми рече, да ми остаиш повеќе измолзено млеко и можам да си ја чувам. Не ми требаш ти.

    Капак на се е што кога пишти ќерка ми, нормално јас сакам, да си ја земам да ја смирам, таа се затрчува, ја зема од креветче или релаксатор и не ми ја дава. Јас сеуште културно и се обраќам и тивко повторувам по повеќе пати. Повеќе како молба него како наредба. Веќе почнав да и ја џапам од раце.
    А што е најтрагично мм тоа не го приметува воопшто.

    Сакаше еднаш бајачки да ми викне. Откако изреагиравме, одговорот беше: ма вие двајца не ме интересирате, јас за доброто на внука ми...ццц

    Имам чувтсво дека сака да ме замени како мајка.
     
    На LUCERKA, SelinaKyle, Smiley11 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    8.511
    Пол:
    Женски
    Немојте да ми се лутите или замерите,мене лично ама воопшто не ми смета како ке ги викаат моите деца дали мајка ми,дали свекрва ми(сега веќе починатаа),и не ми смета било каква помош од нив,ја со 2 царски од кој 1 многу лошо го поминав,господ да идаде здравје на мајка ми доагаше секој ден(3мес) да го бања,свекрва ми не можеше(стара и болн)ама воопшто не замерав..
    Со 2 царски полесно беше,свекрвата секој ден доаѓаше на кафе,а и ми се наоѓаше да тркнам до продавница,ќе ја причуваше малку..
    Така да немој да се љутите,нема зијан од старите,од нивната помош,точно дека понекогаш мрчат,ама малку ке си се правиме на Тошо,од едно влегло од друго излегло..
     
    На MacenceEna, Rose96, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  4. mama89

    mama89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.019
    Допаѓања:
    9.325
    Пол:
    Женски
    Претрано е кај ваас навистина но јас посакувам мојата свекрва барем пола да е како вашите....некогаш си помислувам како дда не и е мило...40 дена направивме во неделата она во раце го нема земено ниту еднаш...Бог да чува па да го бања или пресоблече ништо буквално никаква помош....од врата само ѕирне Што правите и не ни влегува и толку...таква баба не сум видела...свекор ми барем влезе 5 мин кај нас му позборува се порадува и си оди ...она ништо .Синоќа прв пат го оставив дома синко бевме на роденден со мм и ладно времево несакав да го носам...тоа ми беше прво излегување на вечер до сега...го избањав цицаше и заспа ...и реков нели само да седи всоба кај нас ќе нема проблем знам ќе си спие идодека си дојдеме...како кисела фаца направи....и уште незаминати ни вика но немој да се заборавите - Бог да чува ко божем јас незнам се налутив навистина и виксм добро бе прв пат ке поседиш два саата што баба си ...и она - де бе па ти одма на срце си ставаш јас да си кажам... И бевме на гости и цело време паметот кај синко ми беше...звонев си спиел...отидовме накај 20.30 во 23 бевме дома синко не мрднал умниот мој си спиеше уште...и кога влеговме одма свекрвица си замина во нивната соба...а кај што бевме на роденден - мајката на другарот кога не виде вика за штоо не го донесовтее бебето ...вика вие ќе си седевте другата соба кај гости што чека а вика оно тука кај шпоретов со нас ќе го чувавме ние :) жената послала чист бел чаршав да сме го легнале на чисто :) еее си викам во памет женава неколку пати ме видела само колку радува и се потресува а мојава свекрва ништо :/ и јасно како ден ми е да заборавам на работа до годинката секако...
     
    На eutixismena, koritsaki, Smizzy и 3 други им се допаѓа ова.
  5. espana

    espana Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    1.606
    Допаѓања:
    1.862
    Пол:
    Женски
    Jas nemam svekrva,majka mi doaga cesto,od pomos mi e za se,sreka voopsto ne se mesa,si kazuva soveti na mesto,a za se drugo ne konsultira,super funkcionirame...inaku se soglauvam so toa deka mnogu mesanje nesakam,kolku i da pomagaat netreba da se mesaat i dase stavaat vo uloga na majka :)
     
    На galapce и VladeMila им се допаѓа ова.
  6. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    2.514
    Допаѓања:
    60.635
    Пол:
    Женски
    Јас не го одобрувам таквото однесување од страна на бабите.Со првото прекратив за два дена,и кажав отворено дека помош околу бебето не ми е потребна,си се налути можеби ама и помина.Сама се си правев околу неа и едноставно сакав да уживам во се што правам,од доење,бањање,пресоблакање,успивање,шетање и се останато.Сега со второто планирам истото да го направам зошто едноставно многу ме иритира таквото лигаво однесување и да се прави ко мајката ништо да незнае и да се прави ко она да му е мајка на бебето.Треба да си знае кај и е местото и до кај може да иде.
    Мој совет е да си кажете отворено се што ви смета,не да се карате ама да ставите крај на ваквото глупаво однесување.И никако да не го оставете бебето ни на кратко со неа зошто премногу си зимаат за право.
     
    На iloveyou29, Umbrella22, Пчела и 10 други им се допаѓа ова.
  7. ane-sk

    ane-sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    669
    УФ што убава тема ;)
    За мајка ми што ја чува малата неможам да кажам лош збор,зашто што и да треба одма ми се јавува (дури ме прашува што да и даде да јаде,покрај тоа што сум и рекла и јас и мм што мислиш тоа,она да се осигура).
    Таков ред и и има фатено алал да и е,што и многу ми помага башка што сега сум повторно трудна.

    А за свекииии немам коментар,да ви кажам со месеци не ја гледа малата ( а нели живееме во ист град и врата за сите е отворена).Кога се роди малата дали ја виде 5мин и одма си отиде и не се ни интересираше да не праша дали треба помош (може и боље зашто сигурно многу ќе не напнеше и мене и мм) така да ни ми треба нит ништо.Си имам помош од тие што сакам (да не звучам груба али и мм ме подржува многу,дека има не баш убав однос со мајка му). Еве сега пак трудна не се јавила да праша како сум,како е малата, ми треба ли да ми помогне нешто, ништо од тоа.
    Затоа и реков толку ќе ја види малата и толку ќе го види бебуш,не ми треба ама баш ич.
    Секоја чест за тие што многу помагаат и мајки и свекрви...
     
    На stefanija70, cresa-jagoda, galapce и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Manuela.

    Manuela. Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2015
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    3.380
    Пол:
    Женски
    Кога ве читам ми се повторуваат сликите од мојата свеки.Не со моето бебе(не ни го знае што се вели)со на јатрвами детето исто му правеше како нејзино да е.Имам спомнато и во друга тема дека му вели син на мајка и колку пати на детето има му се испуштено наместо баба,мама на нејзе ама тука проблемот беше што на јатрвами не и пречеше тоа а на вас да и потполно се согласувам со тоа.На мајками еднаш и се испушти на малата да и викне на мама место на баба и илјада пати ми се извини дека и се испуштило ама не и замерувам знам дека може да се деси.Сега не сум компетентна да одговарам на оваа тема само сакав да коментирам дека многу иритира такво однесување од баби,посебно случајот со @eatpraylove90 i @Eli23
    Треба јасно и гласно да покажете дека ви пречи тоа што го прават
     
    На magic, Eli23, mama89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    21.971
    Пол:
    Женски
    Se slozuvam so @VladeMila , svekrva neam ama majka mi koga mi doaga mene praznik mi e.mnogu mi pomaga, ic ne se sprotivstavuvam koga ke posaka da gi banja, da gi narani da gi proseta, uff bas mi e ubavo , odmaram.baska zenava ide uste na rabota , em doma em trci so dva avtobusi da mi pomogne, rucek da napravi.
    Ne vikam deka ne se dosasni, si teraat po nivno znaes ona na vremeto koga nas ne odgleduvale, ke privikam ke se skaame ke gi opomenam i tolku.se mesaat ama i mn pomagaat.vikaat babite i dedovcite povekje gi sakaat vnucite od sopstvenite deca, tAtko mi na postarata bukvalno se i dopusta, se karam s nego a toj mi vika aj ke dcekas i ti vnuci pa ke bides ista
     
    На irenna, girl-miri, espana и 3 други им се допаѓа ова.
  10. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.969
    Јас не знам како да кажам, а да не грешам, имам свекрва, ама исто како да немам, немаме никакви односи, додека му вев девојка на мм и живеев неколку месеци со нив во иста куќа бев најдобрата девојка, снаа на цел свет, поарна од мене немаше, откако се одделивме со мм и отидовме сами да живееме под кирија, свекрвата се смени преку ноќ, станав лоша снаа, сум го убедувала син и на разни работи, тој бил под мое влијание итн. Пред мене светица се правеше, а зад мене гроб ми копа. Дволична жена 100% немам зборови.
    Со првото дете кога бев трудна ни еден единствен ден ми се немаше јавено да праша како сум, ми треба ли нешто. Кога се породив дојде во болница да го види и после дома со роднини на мм дојде уште еднаш и тоа беше се. Син ми е 3 год. а таа за 3 години го има видено само 2 пати внук и, на тел.да се јави да праша како е што прави, бог да чува. Среќа моите родители откако влегов во 9 месец дојдоа кај мене, затоа што живеам во странство и немам никој овде и кога се роди син ми ми помагаа безпрекорно многу и да не се они јас не знам што би правела.
    Сега за второво бебе исто така се кај мене и ми помагаат повторно многу.
    А што се однесува до свекрвата, за ова второво дете нема дојдено ниту во болница ниту ми се јави да ми честита ќерка ниту пак има дојдено дома да ја види :x Се што ќе кажам е сувишно и немам коментар..........
     
    На koritsaki, galapce, Manuela. и 2 други им се допаѓа ова.
  11. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    19.677
    Пол:
    Женски
    Interesna tema :)
    So majkami sme daleku taka da se gledame 2pati godisno okolu 2nedeli a inaku si zboruvame sekoj den po dva tri pati na skype.
    Malata znae da se smee koga ja gleda na kamera I ja vika kako sto jas ja vikam I ona po cel den I go kazuva imeto ili koga go zemam tel I ona misli deka ke zboruvam so mama.
    Ne e mnogu povrzana so majkami oti se gledame retko ali malata ja saka :)zatoa kohlga sme mak celo vreme igra i seta so nea pa i ja barase da spie baba so nas :) iako bea dve nedeli ona sedese kaj majkami kako da ja gleda sekoj den :)
    So svekrvami se gledame ednas mesecno ili dvapati,onie koga idat kaj nas malata vednas e kaj mene ne ja saka voopsto,posle mal period od kako ja gleda malce se osloboduva I pocnuva da igra ali onaka bez ds odi kaj svekrvami.
    Neznam dali odti jas nemam nekoj odnos so svekrvava posle se sto ni imaat napraveno pa sega malata ne gI saka ili onaka,iako mislam deka malata custvuva se od vnatre pa zatoa ne e bliska so niv.

    Inaku za vikajne ne sakam sekakvi imijna dani stavat,ednas koga bea na gosti svekrvata vika leeleee sto kurva ke bide ova :o i jas vednas reagirav i kazav nemoj uste ednas da si kazala takov zbor,nitu tatkoi nitu majkai se kurvi pa sigurno nema i ona da bide:| i ona ne ama onaka go kazav jas oti mnogu ja sakam,ma taka se vikalo na malo dete so takvi zborovi(facepalm) ako ja sakas sakaja kako treba a uste ednas da ne slusnam so takvizborovi.
    Iskreno sum mnogu zadovolna sto sme sami so mm oti ke ja nauceja malata da kazuva neubavi zborovi(facepalm)
    Moze izgleda loso oti sum so toa mislejne ali od prv den kako se rodi ne se odnesuvat kako baba i dedo so nea,pa i toa oti se rodi porano daki ke slusala dali gledala dali ke prexiveala :( seto toa mene mi e tesko,taa e normalno dete kako i site ako ja saka baba i deo ke ja sakaat bez razlika na toa so se rodila 2kg (facepalm)gluposti.
    :l:najvazni se mama i tato so princezata:hug:
     
    На espana, galapce, Manuela. и 2 други им се допаѓа ова.
  12. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.443
    Sveki ja gleda malata 5-6 pati vo mesecot, najcesto nie ja nosime kaj niv.Malava ja znae baba i, ima sveki igracki kaj nea kupeno ( kocki, kukli..) pa igraat kratko. Se raduva koga ce ja vidi, se vrti vo krug ili se smee. Tie nekolku sata koga sme tamu i ja ostavam celo vreme nejze, sto sakaat toa neka pravat.Jas i MM ili na kafe odime, ili da pazarime nesto ili onaka ce setneme niz trgovskite . Vo globala se bliski. Samo za ranjenje ne znae sa ja narani. Mojava e golem nejadac, treba klovn da mu bides pa so sila da jade.
     
    На espana, VladeMila, galapce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.603
    Допаѓања:
    11.521
    Пол:
    Женски
    Читам вака искуства од сите вас, и си викам... се што е претерано не чини. Јас сакам мојата ќерка (кога ќе се роди) да има баби како мојата. Се надевам такви ќе бидат двете и мајка ми и свекрва ми. Многу се сакавме со баба ми, дури и првиот збор ми бил БАБА, ама се знаеше разликата меѓу мајка и баба. Баба ми вистина ме галеше, даваше совети на мајка ми, и слично, ама секогаш двете си имале посебно, т.е. различно место и функција. Сакам да е блиска со бабите, ама да не се претерува, и секако последниот збор и одлука да е на родителот.
    Ќе видиме, за некој месец ќе се вратам со искуства од мајка ми и од свеки :D
     
    На koritsaki, espana, VladeMila и 4 други им се допаѓа ова.
  14. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    14.572
    Пол:
    Женски
    Немам свекрва за да кажувам од таа страна.Но затоа можам да кажам за мајка ми дека многу си го сака внукот,кога одиме кај нив постојано е со него,си игра,му пее песнички и така си го чува по цел ден.Инаку јас имав многу голема блискост со моите две баби.А имаше еден случај,каде што бабата ги исчува двете деца машко и женско,и кога мајка им ке си дојдеше од работа тие пак од неа се бараа и јадење и се значи буквално се.И еднаш тоа детето по баба му место бабо ја нарекуваше мамо,мамооо... Е секакви случаеви има .
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.821
    Допаѓања:
    25.136
    Пол:
    Женски
    Не оправдувам посесевно однесување дал било тоа мајка или свекрва...се знаат границите во однесување, нормално дека на мајка ми подирекно ќе и ќажам што како со детето, но и свекрвами не е поштедена во тој поглед... Што ќе му дадам да јаде, ќе биде што јас ќе одлучам за негивата возраст а не дека нас ни давале па ништо не ние.. Врста никогаш не била затворена.. Ќе дојдат ќе поиграат ќе си заминат.. Ако имам потреба(на опрсти се бројат пати) кога е оставен јас сама да одам негде...преслекување, капење се су правела сама дури и кога дојам сакам дома раат сама во соба... Сум била блиска со баба ми, сакам и моите деца да имаат таков однос но никогаш не било претерано опсесивно како случаиве погоре.. Се знае што е баба што е мајка.. Ако таа е слободна не оди на работа или е во пензија не и дава за право да ја заменува мајката која мора да работи...не познавам мајка која порадо би одела на работа, па баба да гледа дете него таа....а слушам многу такви случки од страна...
     
    На MilaP, stefanija70, espana и 3 други им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    8.848
    Допаѓања:
    48.818
    Пол:
    Женски
    Познавам една кариеристка која почна да работи кога малата имаше 2 месеци, од дома демек, а живееа со свекрва и. Ние кога отидовме на повојница госпожата фино лепо го остави девојчето на свекрва и од капење до пресоблекување, до се, на крај кога ја видов бабата со ад во рака а она час претходно отиде да се измолзи оти и претекувало, се ми стана јасно. До ден денес малата и вика иди ти на работа Хххх, јас со баба ќе си седам, нит градинка сака нит ништо. Страшно! А најстрашно што на мајката тоа и одговараше.
     
  17. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.758
    nema sansi da dozvolam majka mi ili svekrva mi da se odnesuvaat taka posesivno so moe dete.
    so majka mi na skype se gledame sekoj den a so sveki ziveeme zaedno samo na razlicen sprat,koga se porodiv mi pomagase okolu banjanjeto na sin mi oti mm se plasese nemoj da go povredi :D maski pamet, posle vtoriot mesec jas nejkev veke da go banjame zaedo,si sakav sama i koga ke me prasase dali da mi pomogne i vikav kako sakas ama mozam i sama i sveki znaese deka treba da prepusti na mene.
    za jadenje,oblekuvanje,pokrivanje,sekogas me prasala oti jas se izjasniv nekolku pati niz muabet uste pred da se porodam deka "pravilata" okolu rastenjeto na deteto jas gi postavuvam.

    sveki nikogas ne rekla sine na mama ili nekoi takvi izrazi,sekogas si go vika ili po ime ili ljubov babina,svekor mi ednas go vikna sin mi so "dojdi tato" i jas vednas pred site mu rekov toj si ima tatko ti si mu dedo, i toj mi se izvin i nikogas ne se povtori takvo ligavenje.

    koga nesto e preterano jas vednas kazuvam,ama super oodnos si imam so sveki i svekor mi oti jas na vreme si se izjasniv okolu deteto sto i kako i tie pocituvaat moi taka receni pravila i od moja strana se pocituvani i super mi e so niv,znaat da mi pomognat vo tocen moment bez da se dosadni i preterano zalepeni za sin mi,sekoja im cest
     
    На SV1911, tina-63, espana и 3 други им се допаѓа ова.
  18. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    20.821
    Пол:
    Женски
    И јас да се потпишам овде, слична ситуација само што ние сме во заедница. :|
    Ќе пишувам пак поопширно да не си расипувам расположение денес :P :D
     
    На girl-miri, espana, mama89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. *цветче*

    *цветче* Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2015
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    1.246
    Пол:
    Женски
    :x:x:x @eatpraylove90 , @Eli23 одма сечете тоа конците! железото се кали дури е жешко, така и вие кажете си веднаш на почетокот дур не станало предоцна!:!: така и децата ви ги збунуваат, иако се мали тие секој ден се повеќе разбираат! разбирам таквото однесување да е еднаш месечно па да толерирате ради љубезност и мир у кучи, ама вие како што кажувате секој ден многу време поминувате со нив, па налет нека е и помошта и се! :envy: мајка немам, камо среќа да беше жива таа ќе беше најдобрата баба, а и за свекрва ми греота е лош збор да кажам, жената е млада, совесна, се трга по страна и дозволува ние да си одлучиме се во врска со бебето! е сега не дека не ни дели совети: ова-она, овие правеле вака, овие така, во наше време ова беше вака а не така- но сето тоа е добронамерно и тоа се чувствува. Бидејќи не е нападна, јас намерно се трудам така да ја уклучам во повеќе активности околку детето, да го гледа, да му се радува. 8) Живееме во иста куќа но одделени сме, и ја почитува нашата приватност, доаѓа само ако ја викнеме или да ни донесе нешто, а ние пустите ја викаме често :lol: За ништо не не одбила. Се нуди и да ни го причува, но не и го оставам, незнам некако не сум мирна зашто си го знам детето дека ми е плачливо и ќе се измачи жената угодувајќи му само да не кенка. А и некако ми фали ако не е до мене плачко мамин :l: Еднаш да направи нешто што јас не сум ја замолила/одобрила околу бебето мислам дека во топ ќе ја ставам, а не пак да ми се однесува како вашите посесивни свекрви. Земајте работите во свои раце, вие сте мајки на вашите деца! љубов за сите :inlove:
     
    На tina-63, stefanija70, VladeMila и 2 други им се допаѓа ова.
  20. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.341
    Допаѓања:
    24.082
    Ќе се согласам дека не е во ред претерано грижење на бабите или било кој друг отстрана како замена за мајката, иако сум во сосем спротивна ситуација.
    И јас свекрва немам, мајка ми живее во друг град. Ама и покрај тоа што сме само 50тина км. не доаѓа никогаш кај нас. Јас ако појдам да го однесам внукот да го види, арно, ама синко е тежок со други луѓе и само оддалеку функционира. Не ми се ни јавува да праша што, како сме.
    Му нема речено ни внучко, а камо ли па сине...таа ни мене никогаш не ми се обратила така, строго на име. :)
    Сега за некој месец и второто ќе стигне и ѝ кажувам дека ќе ми треба помош повеќе, оти досега откако е роден син ми 100% сама се грижам за него, а таа се согласува со тоа и вика мораш да си бараш чаре.

    Ни мојата, а ни погоре споменатите ситуации се во ред, ама што да се прави. Доколку може да се реагира подобро е навреме, иако никогаш не е доцна. Јас не знам како би реагирала во мојот случај освен навистина да си барам чаре на друго место.
     
    На Espadrila и Eli23 им се допаѓа ова.