Јака ти душа на тебе со таква еј. Кај цел ен на работа скапана па уште со таков човек да се замараш. Нека земе да се контролира седни ја и кажи и со убаво ако не на по вулгарен начин ќе и објасниш. Се знае кога да јаде и што да јаде и кога се спие. Ако ги прашаш старите они и цел ден би ги оставиле и да спијат па после мавај си ја главата зошто вечер не ти спие.
Мојата е блиска со бабите и многу ги сака. Само што се нервирам од тоа не давањето играчки,свеки сака се да е чисто како да нема дете кога си одам од работа нема ниту една играчка подместено тогаш јас и ги давам и збеснува да игра.Пред некој ден многу се изнервирав кога поубавите играчки ги зела кај нејзе за да не си играат други деца(од комшии кога доаѓаат). За некој ден ќе тргне во градинка и знам дека јас ќе бидам поодморена од секој ден мислење што ќе јаде и ќе можам време на мене да си посветам повеќе,нема да ја гледаат секој ден ќе можам да им ја оставам без проблем.
Ја си имам работа со забегана. Дефинитивно. Ама бројам во месеци како ќе се тргнам од неа што даље, па секој пат кога ќе и се напнам, си помислувам на тоа и ми текнува дека после со ѕидовиве ќе си збори уште малку. Ако сака тогаш и нека се пресели на спратов уво не ме боли. Едноставно женава е гад и многу ми е мило шо и син и го гледа тоа, а и син ми кога ќе потпорасне ќе види. Во последно секојпат кога ќе и се испонашан за нешто ме игнорира и си тера по свое. Порано бар ќе ми возвратеше со нешто или ќе ме послушаше, ама сега мисли дека е попаметна, а уствари стига полека на границата да има целосна забрана за гледање внуче, дури и на камера во иднина нема да може да го види.
Што да кажам во врска со оваа тема ?!? Мојата мајка на мене ми нема покажено што значи мајчинска љубов , а на ќерка ми како баба па ич. Кај мене доаѓа, само еднаш во годината за роденден на ќерка ми. За како сум , како се снаоѓам нема спомнато. За да ја погледа , да преспиеме кај неа , нема збор одговорено. Со свекрва ми живееме во иста куќа на различни спрата. Кога се породив , јас млада неискусна , хормони вријат , депресија....ниту еднаш не ме праша како сум. Ниту еднаш ми нема помогнато во ништо. Бебе плаче и јас плачам . Не знам што му е. Со мм по цели вечери немаме спиено. Сами ја бањавме од првиот ден. Ќе дојде да ја види на 5мин.и толку и таа и свекорот. Тргнав на работа таа се изјасни дете не гледам. Кој го правел тој нека си го гледа. Малата плаче не сака да оди на градинка , посинева од плачење. Таа ја слуша и мува не ја лази. Но затоа има време , трпение и живци за внука и од ќерка и. Пошто не оди на работа секој ден е кај ќерка и . На неа и требало помош. ММ еден ден и преговори добро ти само една внука имаш? Ќе оди ќе ја земе , ќе ја прошета . Не ја пуштат во градинка. Пошто била многу нежна , ќе се разболела , многу ѓи гледале во градинките , фаќале бактерии , вируси..а мојата ако се одерува од плачење , крвта и ослабне , фати ларенѓитис од секојдневното плачење , јас на крајот од нервен слом ама...да се разбереме : ВНУКАТА ОД ЌЕРКА МИ Е КАКО МОЈА ВТОРА ЌЕРКА. ТАА Е ИЗЛЕЗЕНА ОД П....ТА НА ЌЕРКА МИ , А НЕ ОД СНАА МИ И НЕМОЖАТ ДА МИ БИДАТ ИСТО. Сега веќе порасна , но многу се изнамачивме со мм . Сами за се . Нема блискост ни со двете баби. За неа за се само мама и тато се .
Ја во ова не гледам ништо лошо. Освен што ми е жал за детето што имало проблем со адаптација. Не ме сфаќај ко да те напаѓам ама не е обврска нејзина да ти го чува детето. Ни детето од золва ти. Ама она така избрала и тоа е нејзина работа. Само јас ли сум саможивник па ти завидувам или? Буквално за да не ми се меша во ниеден аспект од одгледување не се вратив на работа (имаше и други фактори). Искрено не е должен никој да ни ги чува децата освен ние кои сме ги створиле. Камо среќа мојата да беше барем малку ко твојата, а не посесивна и забегана ко да го родила она не ја.
Нема потреба да завидуваш. Нејзина одлука е кого ке чува а кого не. Ти си родила дете и твоја и на таткото е обврска да го израснете. Да, убаво е кога имаш помош, јас имав и никогаш нема да заборавам колку ми значеше во првите месеци. Иако и сега имам помош и за чување, најчесто моите пошто се помлади и полесно им е да го чуваат, и ручек ми праќа свекрва ми и се. Жал ми е што тешко се адаптирало детето во градинка ама тоа е. Една крајност е бабите да се посесивни, друго е ова. Ке порасне детето и ке заборавиш.
Се те разбирам . Чисто го кажав мојот пример во врска со оваа тема . Далеку од тоа дека и е обврска. Јас и мм до ден денес ја воспитуваме и и даваме правец во животот како што мислиме дека е најдобро за неа.
Далеку од тоа дрка завидувам. Но зарем оваа не е нејзино внуче? Или јас од дома си го донесов? Живееме во иста куќа , да отидам до аптека , немавме уште 40 дена морав да излезам да не носам бебе со мене ја слегнав долу . 20мин неможеше да издрже кога дојдов многу плачела , немирно бебе итн. Ме правеа операција мм мораше да остане на боледување , за да ми помогне со детето. Она била темпераменто дете , она неможела да ја гледа . Не љубоморам воопшто на ќерка и , кажав и погоре дека не е нејзина работа воопшто да ми го гледа детето. Сакав само да кажам во врска со оваа тема мојот пример.
Јас те разбирам што сакаш да кажеш и зошто те нервира. Не можеш да форсираш да ја сака внуката или да поминува време со неа. Детето ќе си порасне и самата ќе бега од неа зашто нема да осети љубов. А вие најтешкото сте го поминале, што ќе ти е сега само да ти смета? Батали таму, не се замарај со неа. Мене најмирниот период ми беше кога не зборев со свеки едно 7-8 месеци заради тоа што ги делеше децата, а не па утре за внуците. Сега ми глуми загрижена баба на телефон, пак и е тешко било што да помогне и само ми смета кога доаѓа. Уживај си со семејството, не ти треба.
Потполно си во право. Јас не добив помош од мојата сопствена мајка , па не ни очекував нешто од свекрвата. Доволно сум самостална од мали нозе , и навикната дека сум сама , па и тоа ми помогна во тешките моменти. Сега воопшто не ми треба . Зборев за ситуација кога беше бебе. На моменти кога ќе ја видиш делбата те иритира. Тоа ми беше муабетот. Но фала му на господ сега сме километри , километри одалечени. И сите фрустрации исчезнуваат. А ќерќичката сега ни на камера кога ќе се јави несака да ја види и да зборува со нејзе.
Ќе дојдат и нивните времиња кога и на нив ќе им треба помош па тогаш мајка ти нека си се гледа сама, а свекрва ти и свекор ти нека си ги гледа ќерка им. Не е убаво што едното дете си го сака повеќе од другото али господ гледа . Кога на нив ќе им биде лошо тебе мува нема да те лази и ќе си свиркаш. И подобро така по мачно ама отчет на никого да не му даваш и утре по нос да ти маваат памтиш ли ја кога ти го чував детето и да му даваат глупости да јаде или алергено без да те праша и да се нервираш.
Да се согласувам со тебе. И јас тоа кажав има само еден БОГ , кој се гледа . На крајот сите ќе си го добијат заслуженото.
Децата се блиски и со двете баби и двајцата дедовци.Границите одамна ги поставив и се знае кпја е мајка која е баба.Свекрва ми е кротка жена полна со разбирање и на која што и да и кажам слуша во врска со децата.Мајка ми ми прави проблеми и со неа влегуваме во конфликти понекогаш за децата особено за тоа што смеат или што не смеат да јадат но не живеат во скопје и не ми паѓаат тешко конфликтите.
Денес мајка ми ја премина границата и го учеше син ми наместо мене. Шизам, не знам како да и речам да не и се случи пак, оти ако се научи син ми така ќе сака на секое со неа да учи. Многу се наметнува, значи многу. Сега во учењето ми се меша. Не знам како да и речам да не се меша. Веќе ми е здо.... да се меша!! И пред детето многу пати ме пцуе и ме вреѓа.
Како бе така пред дете да те вреѓа или пцуе? Две возрасни жени. Јас би го однела детето во друга соба и би ја подбрала убаво, а не пред мое дете да ме понижава. Си разговарала со неа за ова?
Последно му реков дека и јас ќе ја вреѓам. И ја вреѓав и јас. Мислеше дека сезафркавам. Лошото е што финансиски сум зависна немам работа, и не можам да си се спаковам и да си заминам. Прва работа е да си заминам! Доста ми е.
Е многу паметно и од твоја страна. Како воопшто дозволувате вакви работи како ке го воспитуваш своето дете да стане зрела и здрава личност која има свој став и глас кога ти како родител дозволуваш пред него некој да те става под нозе? Извини ама не можам да разберам кога се работи за мое дете со заби ке искинам некој а не да незнам како да постапам во одредена ситуација. Снајди се најди решение тоа е твое дете не на мајка ти оти од не знам и не можам нема полесно.
Најди работа под итно. Ова што двете заедно му го правите на детето е ужасно лошо за неговиот развој.