За ова стварно претеруваш. Ништо лошо не направила мајка ти. Дури ова што си го напишала ми делува себично. Ко да нема право таа ко баба да помине време со своето внуче. И тоа времето што го поминала со детето не го потрошила за глупости, туку едукативно. Нема ништо лошо во тоа.
Мојот синко ја сака мајка ми. Кога ќе види дека доаѓа кај нас целиот се топи и тресе од радост. Со свекрва ми е сосема спротивно. Кога ќе дојде кај нас плаче дете и или сака јас да го земам или татко му. А, кога ние одиме кај нив дете пишти корне. И, тогаш оди само кај татко му, мм го крева и не го пушта. Кога ќе излезе свекрвата од собата да земе нешто синко само ѕирка кога ќе се појави на врата повторно. Кога ќе ја види да влегува силно го стиска мм. Тоа е нашата приказна за бабите.
Аман бе, оти таква поделеност? Баш ме интересира како ги доживува детето, па да има такви чувства? И кај мене повеќе е близок со мајка ми и многу често ја гледа, секој ден. А свекрва ми можда еднаш неделно, ама не плаче од нив, не се треска, питом е и со свекорите. Таа до толку не го заигрува, го сака му зборува, му се смее, ама не знае со деца како, нема гушкање од нејзина страна.
Сестро драга незнам како да ти објаснам. Едноставно кога ќе ги види и свекрвата и свекорот детето плаче и само е пикнат во мм. Некогаш со свекор ми ќе се опушти, но тоа е ретко. Со свекрва ми нема шанси. Се обидува да го заигра, насмее. Не, и не. Детето не ја сака. Што и како Господ знае. Дали нешто чувствува, незнам? Имам читано дека бебињата од три месеци чувствуваат, кој ги сака и тн. Не би пишувала понатаму за да не почнат да ме напаѓаат. Едноставно не ја сака.
Моите двете ја обожаваат мајка ми, ама па она ги исчува од бебиња. Додека големава не може да ја смисли свеки, малава ептен ја сака. Од бебе сакаше да спие со неа и сега кога е легната на постела обавезно оди кај нејзе во соба ќе и позбори, ќе ја гушне, баци, оваа и се радува ептен. Ама па свеки многу ги делеше, затоа големава не ја сака. Инаку големава со мајка ми се прави, со неа учи, пишува домашна, со неа двете јадат поубаво, ја слушаат ептен и многу сакаат да спијат таму.
Прекрасен одговор... правилна споредба и искрена. И поука но и благодарност за колку-толку направеното нешто од страна на нашите свекрви и секако нашите мајки
Сигурно се нервирале, ама биле поќутливи порано. Сега сме ние похрабри во однос на тоа.Така барем мислам. Чест на исклучоците и во минатото
Син ми е многу близок со моите премногу ги сака и тие ама како баба и дедо премногу го имаат разгалено.. Буквално се му дозволуваат,кога сме таму не смеам да му кажам нешто одма остај ми го детето,не го чепкај,во твоја куќа прави што сакаш не сакам да звучам лоша ниту пак да ги повредам ама сепак се работи за карактерот на моето дете. Ќе полни 2 години уште малце и мислам дека мора малце да се дисциплинира,не велам некои ригорозни мерки да се превземат ама како на пример трескање на фиоки,вртење на телевизорот (на сталак им е) не треба да се дозволува. Јас нормално како родител ќе му кажам немој мама така они одма ќе рипнат остај ми го детето,моите не се седнати воопшто додека сме ние таму ги влече за рака надвор да го извадат,ги шета по собите а ги гледам дека се уморни плус мајка ми шилци има и артрит пак ќе му речам дојди мама да си играме или мм ќе го земе они пак ќе почнат остај ми го детето ти оди кај сакаш.. За јадење па да не зборам дај му на детето да јаде кашички а од Козле строго ни забранија бидејќи пожолтува од морковот и ние нормално со мм престанавме некој период кога отидовме таму татко ми цела врата од фрижидерот со кашички ја наполнил (ова пред скоро 1 година). Ние не сме сакале да му даваме на детето да јаде.. И сега се такви во врска со јадењето што му даде,кога јадеше,дај му пак,пиеше ли вода,пелената чиста ли му е,дај му солено да јаде,дај му десерт.. Секој ден едното исто ама мм веќе почна да се нервира вика тебе ти се родители нормално дека не би сакала да ги повредиш ама мора да се поразговара на смирен начин во врска со состојбава,сепак се работи за нашето дете никој не вика да не го гледаат,сакаат,гушкаат,шетаат детето како секоја баба и дедо. Дали некоја се соочила со ваква ситуација како мојата? Како што напоменав родители ми се не сакам да ги повредам или навредам нормално ама сепак крај краева се работи за моето дете..
Мое мислење е без разлика што ти се родители, мора да поставиш јасни граници и да се знае до каде може да се оди. Сепак за твое дете се работи. Кај мене слична ситуација беше со свекрвами не се разбираше од збор си тераше по свое и еден период воопшто не го носев кај нив.
Да се надоврзам со јадењето, моето дете има 2 год и 2 месеци и мака мачевме да го навикнеме да пројаде парчиња храна и да јаде сам а они упорно му купувале бебешки кашички и го хранеле демек да не се удавел и цело време му нудат храна без престан
Истото значи истото стрина ми дури се смеша и вика на мајка ми не го учете детето така големко е има заби нека џвака, не можело ќе се задавело детето како така парчиња да јаде и со нудење храна истото е без престан само му даваат нешто.
Истиов муабет да го пишеше за свекор и свекрва, ќе добиеше 700 коментари да ги отераш кај што сонце не свети. Без разлика што ти се родители, мора да покажеш заби. Јас сум родител и дома, и на улица, и на гости. Не го менувам пристапот и воспитувањето во зависност во која куќа сме. Ако не си конзистентна со правилата, верувај дека ќе дојде ден кога нема да те слуша и кај баба му дома и кај вас дома. Ќе си имаш проблем секој ден, а не само кога сте таму.
Пробав на секој начин да ги разберам прво внуче се е тоа во ред ама па не оди така,јас како родител должна сум да си го воспитам детето и секогаш наидувам на такви коментари остај ми го детето или прави во твоја куќа што сакаш.. Ти благодарам на споделеното искуство многу ми значи. Иначе со сверква ми и со свекор ми немам такви проблеми напротив си го сакаат и они нормално ама никогаш ниту на мене ниту на мм не ни се мешале.
Нема да одиш веќе нека доаѓаат тие малце кај вас. И таму нема да викаат остај ми го детето пошто во твоја куќа се. Тоа едно a друго следен пат да им кажеш дека не им е дете туку внук и во воспитување да не се мешаат
Значи ваше дете, ваша работа. Да нашите нѐ исчувале, здрави, прави, ама мислам секоја мајка прво си го осеќа детето и си го знае најдобро и му мисли најдобро. Плус као ќе се научиме ако за сѐ помагаат или се мешаат?
Да си жива и здрава за муабетот и јас им го зборам истото и не знам колку пати сум се заблагодарила што ме исчувале и гледале. Сега веќе и јас сум мајка,мм е татко родители сме и ние како родители треба да си го одгледаме и воспитаме нашето дете како што нашите родители не одгледале и воспитале нас.
@Hijabigurll Јас не ги рецкам И кај моите има "Не и викај, не ја чепкај, остај ја шо сака нека прави тука". Јас си продолжувам по мое, нека вртат очи колку сакаат. А на тоа "У нивна куќа блабла муабети" им враќам дека е мое детето, гајле ми е за куќата мене До карање не сме дошле, ама пример татко ми ќе ја качи на помошната маса да седи, да гледала. Јас ќе ја симнам и ќе и кажам дека таму не смее да седи оти толку и сече, ќе се преврти нанапред и ќе се искрши цела. Ама и моите ме знаат какво говедо сум, па втор пат ако ја качи пред мене ќе ја спакувам и ќе си одиме. Јас сум свесна дека праи шо сака кога јас не сум таму, ама пред мене такви глупости мало сутра. Едит: те прочитав и за храната. И татко ми мисли дека ќе се задави, или дека не знае со вилушка да јаде. Дете скоро 3 години е. За тоа му подвикнав, да не ми го прави детето неспособно, јаде со вилушка подобро од него.