Блискоста на бабите со внучињата

Дискусија во 'Дете' започната од eatpraylove90, 15 декември 2015.

  1. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    1.628
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Ми тежи една мисла што стварно ми оди на нерви затоа што се случува често. Дали и вашите деца кога се со баба им не ве почитуваат? На пример, се договорате нема ..... да се прави секој ден. Детето вика добро во ред, за потоа секој пат кога ќе се види со бабата да не го почитува тоа и да ви се спротиставува, што завршува со "принудно" одземање на работата од раце, и со тоа да е груб со мене и да ми се лути во знак на револт. Бабата го гледа сето тоа и ќути не реагира, не вели послушај ја мама. Дали сте имале ваков проблем, како го решавате? Јас пробав со дистанцирање од женава, ама преупорна е, не можам секогаш да ги исконтролирам средбите. Инаку, само пред неа се случува ова непочитување.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.412
    Пол:
    Женски
    Си зима сила. И ја праев така некогаш. Пошо баба и дедо им викаа ,,не ја карајте”, и ја оп. Или ако ме караа ќе им кажев.. со кој памет
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.563
    Допаѓања:
    6.394
    Мајка ми секогаш го брани син ми кога го карам. И мене некогаш ми се спојуваат жичките и претерувам во дадена ситуација, ама и кога сум во право за нешто пак го брани и ко на Феминка22 муабетот - “немој да ми го караш”. Ама јас си останувам доследна на моето, ако речам пример нема телефон му го земам и тоа е, нека плаче тој, таа нека го теши. За тоа се бабите, нека го разгалува.
    И нека сум јас лошата, мора да е некој.
    Е сега ако е стварно за некоја сериозна ситуација сите ќе ги подберам.
     
    На JoyJoy, LiquidLuna, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Ceneva

    Ceneva Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    5.103
    Допаѓања:
    8.592
    Пол:
    Женски
    Колку познато. Сите баби се исти. Разгалуваат. Еден ден и ние ќе бидеме такви колку и да велиме дека нема.
    Остани си ти доследна на твоето.
    Јас некогаш на свекрва ми ќе и речам што чекаш јас да реагирам. Значи кога нештото не може да го зема значи не може во ничие присуство и ти како повозрасна ќе му го одземеш, а не да чекаш мама да биде лоша, а ти арна. Еее оти така велиш добив одговор. Па велам така е. Или кога ќе му речи мама не дава. Ми се крева косата. Велам не само мама и баба не треба да дава тоа. Е да де и баба не дава вели. Па што тогаш му збораш на детето мама не дава? Да бидам јас олош во очите на детето. Дај престанете со тие глупавштини ќе и речам, па нека го крева носот до утре. Јас искрено не молчам, одма кажувам што мислам, таков карактер сум. И кажав дека таков муабет уште еднаш да не слушнам ако сака да го гледа детето, од типот мама не дава, ќе не кара. Мое дете, мои правила.
    Ми има додадено е тоа е и мое дете. Велам не, ваше е маж ми. Ова ви е внук, малку разграничете. И малку се менаа работите и не зборува веќе така. Се надевам така и ќе остане.
     
    На Anyshka, the12345, sweetgirl92 и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    1.628
    Пол:
    Женски
    Точно, зема сила затоа што тој што му го дал тоа не вели послушај ја мама, штом сте се договориле не може - не може. На грешките се учиме.

    Не ми се допаѓа да го разгалува, затоа што после поминато време со неа, јас како да имам друго дете а не своето. Не знам дали и вие го имате тоа чувство, но кога е со неа целосно се менува, и да сум присутна не ме бара, не игра со мене, се на неа и се обраќа, како да не постојам. А кога нема да ја виде неколку денови постојано ме гушка, ми кажува колку многу ме сака и сл. Проблемот е што ние многу долг период бевме во лоши односи со нив (свекорот и свекрвата), и сега пробуваат да си го надополнат тоа, но пропуштеното е пропуштено нема враќање. А упорно пробуваат да го "купат" со безброј подароци. Можеби тоа ми создава дополнителен сомнеж, некој внатрешен страв дека ќе го насочи против мене. Сите сме различни, гледаш, ти викаш ако, нека сум лошата. Јас се плашам дека намерно го прави тоа за да бидам лоша во очите на детето, се плашам дека детето нема да има во иднина никаква почит кон мене ако ја гледа често. Се надевам дека грешам.

    И тоа го имам пробано, и директно, и маж ми и има кажано дека треба да ги почитува моите одлуки а не да си тера по нејзино. И кажува дека јас сум му мајка а не таа. Ама не, она три деца имала изгледано, а јас едно. Со таков човек не можеш да се докажеш..
    Ако пали таков настап кај тебе баш ме радува, затоа што не сите си ставаат прст на чело и не не сфаќаат сериозно.
     
    На JoyJoy, Ceneva, LiquidLuna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.412
    Пол:
    Женски
    Pa taka treba ama popustaat site ko po difolt
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.571
    Допаѓања:
    8.238
    Пол:
    Женски
    Па не е баш тоа во ред, таа да ја разгалува. Детето на тој начин уште повеќе се збунува што згрешило, што не и си зема сила со бабата. Значи возрасните треба секогаш да се на иста линија кога детето згрешило нешто.
     
    На the12345, JoyJoy и Puffy2019 им се допаѓа ова.
  8. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.563
    Допаѓања:
    6.394
    Ти си му мајка и не може да го насочи против тебе. Дете е, секако ќе манипулира да добие тоа што го сака во даден момент, ама на крајот од денот пак ти ќе му бидеш центар на светот. Ти држи се до твоите (вашите) граници, таа нека ќути. Не можеш со сила да ја натераш да ти го послуша зборот, ниту да ѝ забраниш да го гледа. Секако дека ќе сака да биде “добрата вила” во очите на внук ѝ.

    И кај нас сите сакаат да бидат добрите, па има коментари “мама ќе се кара, мама не дава” и сл. ама мене тоа не ме загрижува.
    Кај нив сѐ е дозволено, макар и куќата ја демолирал, што вели мм “јас ко бев дете ова не можев ни да го замислам”.
    Ама во таква ситуација го фаќаш за рака и си одиш. Ако гледаш дека лошо му влијае во твое отсуство не го пушташ таму сам и решен проблем.

    Нема полошо од тоа да сите се натпреваруваме кој ќе угодува повеќе и ќе биде “најдобар”, а детето без кормило. Авторитети треба да се родителите. Јас па имам “проблем” со мм кој некогаш избегнува да му вика за да не бил тој лошиот родите и тоа според мене е полошо од ова со бабите, ама пак велам нека сум јас лошата, мора некој.
    Изгледа не ми ја прочита последната реченица.
     
    На JoyJoy, LivingGlam и Puffy2019 им се допаѓа ова.
  9. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    1.628
    Пол:
    Женски
    Те разбирам, проблемот го решаваш така. Ама не може тоа да биде решение секој пат, а верувај кај мене е многу често.
    Велиш кај тебе и сопругот го прави истото, точно, тоа е многу полошо отколку ние што имаме проблем со стариве. Се надевам дека ќе се промени во постапувањето со детето, затоа што кај им е крајот на децата ако им дозволиме се, само да не мислат дека сме лоши.
    Како и да е, мило ми е што слушнав мислење од неколкумина, да знам кој како се справува, и дали јас постапувам исправно или не.
     
    На JoyJoy и Autumn Love им се допаѓа ова.
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.443
    Допаѓања:
    36.585
    Пол:
    Женски
    @Puffy2019 ти терај си го воспитувањето на детето така како што ти сметап дека е правилно. Да се сврти детето против тебе заради бабата не е баш многу возможно. Инаку проблем е кога се помали. Како растат така сфаќаат што е правилно, а што не. После одредено време ќе можеш и да му кажеш и да прифати дека бабата греши.
    Јас сега така му викам на моето. И на 9 години веќе сфаќа дека мојата „строгост“ е правилна.
     
    На Puffy2019, Mother of 2boys и Autumn Love им се допаѓа ова.
  11. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2019
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    1.628
    Пол:
    Женски
    Одлично, значи треба само упорно и трпеливо, па ќе дојде време кога ќе ме разбере дека не сум му мислела лошо :)
     
    На JoyJoy и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  12. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.980
    Допаѓања:
    8.246
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум била блиска со баби, така да и не ми беше ни битно дали моето дете ќе е блиско. Е маж како маж, уште помалку видел од мене баби ама си има некој филм направено за баби/дедовци и внуци така да секој можен момент свекрва е со внуката. Нејсе, ајде нека тера така.
    Е последен период дете се повеќе и повеќе плачи за да оди кај баба, ако сме надвор излезени, наместо да трча на нашиот спрат, трча кај баба и, наместо по деца, што не беше случај, влегува кај баба и.

    Испаѓа дека баба е многу фина и баба обезбедила стар телефон за ќерка (дете од неполни две години) да си гледа слики и видеа. :@:doh::x

    Јас мака мачам, да се шетаме секој ден, да ја носам со часови на различни места, да смислувам купишта игри за говор да развиваме. Телефони ни за арно, ни за лошо не сме виделе со месеци во присуство на дете.

    Нормално сите на чело со маж си добија викање, а ќерка сама веќе нема да влегува кај баба некој период. Тоа што беа фини да ја земаат порано од градинка исто завршува. Фала им, ама за да седи на телефон, не мора. Ќе седи барем со деца во градинка.

    Блискост не се постигнува со технологијата и телефоните во раце. Не сум забранила и цртан да пуштат на тв, не сум забранила да се прошета детето некаде без мене, се додека е соодветно облечено и носат резерва храна, памперси, алишта со нив ама ова веќе премина границата.

    Може постов е и за други теми ама нека стои тука.
     
    На BellaBibi, marrisa, Mother of 2boys и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Вивиен5

    Вивиен5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите.
    Дали некоја имала слична ситуација, мн лошо се осеќам.
    Малата е скоро 2 ипол години. Живееме во заедница, свекор и свекрва доле ние горе во куќа. Свекрва ми не работи и си ја чува малата кога треба, ја воспитува понекогаш ја кара, не ја разгалува. Малата многу ја слуша, ептен има авторитет над неа. Мене не ме слуша, ако и повишам тон за нешто одма плаче и вика одам кај бабааа, и нема шанси да ја смирам. Еве сега и викам ајде да си легнеме ја гушкам, и ми вика не сакам ти сакам баба и плаче се треска од земја за неа. И зборам со мама ќе спиеш ќе те гушкам не бе вреска за баба и. Ја симнав , па свекрва ми ја качи ја успа и вика ќе спиеш со мама гушни ја мама, и оваа се ја слуша ме гушна и заспа, аме не дека сакаше туку дека баба и и кажа. Многу лошо се осеќам, детево ко повеќе неа да ја сака. Не смеам да и повишам тон за нешто одма баба, а баба и да и повиши ќути не ме бара мене. И ова не е прв пат нон стоп вака прави, секоја вечер. Како да си го вратам авторитетот кај сопственото дете? Сопругот е скоро па цело време отсутен со работа такада само јас и баба и ја чуваме. Може темава не е соодветна зошто не е тоа проблем меѓу нас две ама не знаев каде да пишам..
     
  14. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.860
    Допаѓања:
    10.031
    Пол:
    Женски
    Ништо не е толку страшно, веројатно детето минува повеќе време со бабата и се приврзани една кон друга.Ти гледај си го детето и ќе научи и тебе да те сака и цени и да те слуша.Некое време ќе плаче за баба и ,и јас бев таква само полошо ,мене главата ми ја полнеа против мајка ми .Освен баба ми друг човек не сакав и сеуште имам некоја почит спрема неа ,како размислува ,како зборува убави поучни работи.Си имав проблем со мајка ми ,секогаш викаше личиш на баба ти и тоа не е е убаво .Сега како возрасна ,не ја гледам често и мајка ми си го има своето место .
     
    На Вивиен5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.045
    Допаѓања:
    195.521
    Не е како да си го вратиш авторитетот, туку како да го изградиш. На тоа немам одговор, освен гледај и учи. Можеби ќе научиш некој тертип од свекрвата.
    Имате и бебе сега дома, ако сфатив правилно? Можеби и тоа има влијание врз реакциите на детето.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.363
    Допаѓања:
    16.934
    Период е. Ќе помине. Многу е мала. Како ќе расте ќе си дојде сè на место. Не постои некој што може да го земе местото на мајката. Ова од искуство. ^_^
     
    На Viktorijaaa5 и Вивиен5 им се допаѓа ова.
  17. Вивиен5

    Вивиен5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Па јас не верувам дека свекрва ми и збори нешто за мене ама и да и збори мала е уште нема да разбере толку. Дури врескаше за баба и ме удри 2 пати. Не знам како е правилно да постапам во таков момент, дали да ја искарам или со убаво
     
  18. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.860
    Допаѓања:
    10.031
    Пол:
    Женски
    Со убаво ,немој да губиш нерви. Тоа ти викам твоето дете е само приврзано кон баба и ,ќе и помине
     
    На Вивиен5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Skyler

    Skyler Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.096
    Допаѓања:
    13.499
    Пол:
    Женски
    Би сакала моиве деца да имаат баба како твојата свекрва :)
    Прибери си го детето дома за почеток. Ручек, спиење, играње дома, кај баба нека оди 1 саат во денот да здивнеш. Посветувај и внимание, играјте игри, прошетка, зближете се. Многу нормално е ова да се случува ако баба и ја чува и воспитува, сега треба да си го вратиш детето назад.
    Сите во моја околина што дале дете кај баба на чување го имаат овој проблем, не сакаат да си одат дома, бабите ги викаат мама, ги удираат мајките, катастрофа однесување.
     
    На Mumoftwo30 и JasBee11 им се допаѓа ова.
  20. Вивиен5

    Вивиен5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Да да имаме ама баш напротив сега мн повеќе гледам да ја играм, да поминувам време со неа, да ја гушкам, да не се осети запоставена и пак џабе ми е ..

    Да, една е мама :l:

    Баш катастрофа однесување, ужас.. ќе треба да лимитирам време доле кај баба, имаш право..ви благодарам на сите за советите
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.