Штом имаш разбирање со свекрвата разговарај со неа и заедно некако организирајте се пократко да седи со неа, со тек на време ќе се вратите во нормала.
Карање апсолутно не, со дете се со љубов и разбирање. Почни да поминуваш повеќе време со детето ќе треба работите да се променат.
@Вивиен5 Знам како ти е, син ми до кај 2 ипол годино беше многу приврзан со свекрва ми, ама тоа затоа што таа се му дозволуваше, не дека беше и нон стоп со него, дури и мн ретко, ама ете му даваше се што сака, и нели дете е тоа, не сакаше со мене мн работи да прави, ама јас бев упорна, игравже, шетавме, пазаревме заедно, правевме ручек заедно, му се посветував макскмално за се, детето за некој период сосема се промени, сега не може ни да заспие без мене што се вика, детето треба да знае која му е мајка а која баба, поминувај повеќе време со неа, вклучи ја во сите активности, ќе се среди се, не се секирај, една е мајка.
Да, дефинитивно ќе дадам се од себе да сум повеќе со неа, дека сега и бебе имаме цело време со доење и она можеби се чуствува отфрлено. Душава ми се кине многу ми е тешко за неа. Ми треба време да научам да ја поделам љубовта на две страни сега. Ти благодарам за поддршката
И јас имав тој период бебе, 13 месеци се разлика моите, тешко е додека да сфатиш што сака навистина поголемото, секогаш на поголемото посветувај сега поврќе внимание, бидејќи бебето секако ништо не разбира се уште. Ќе биде се добро, не се секирај.
Дааа така и правам. Основните потреби на малото да се задоволени а целото друго внимание на големата ти благодарам