1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Блискоста на бабите со внучињата

Дискусија во 'Дете' започната од eatpraylove90, 15 декември 2015.

  1. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.512
    Допаѓања:
    32.646
    Пол:
    Женски
    На бебето ти секогаш ќе си му мајка, никој не може да те замени.Знам напорни се свекрвите оти ви се во куќа, а и забегуваат дека се знаат:D.Јас не се сеќавам од пред 4 год , не па тие од пред 30 год,нив им помагале свекрви |(.
     
    На thelittle17, Milkiway и A.n.g.e.l.a.V им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Леле жени. Не сакате да фаќаат бебињата кажете не и толку, аман, пробајте, ич не е тешко. Посебно што само сака да си лежи да не го вознемируваат. Оставете и го крај. Ама... Нема ама, толку е. Ваше бебе е, вие сте му гласот, нема глас. Знаете колку пати ќе треба да се завземете за него? Милион, во милион различни ситуации. Земете билдајте самодоверба со свекрвите, најбезболно ќе е.
     
    На Избришан профил 156253, lovely91, Chuchanov и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.176
    Допаѓања:
    18.817
    Стварно кога ќе мибкажат исчувале. Па и ја внук ми го чував пред 5г сега не памтам како бебе каков беше она па памти се од пред 30 години. Да ја прашаш вчера кај била ќе мисли дури ти одговори (facepalm)
     
    На thelittle17, MilaSs12, hello-kitty.90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. zoya

    zoya Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    271
    Пол:
    Женски
    Преубави спомени имам со моите баби и едната прабаба, и пресреќна сум што децата мои имаат две прекрасни баби. Заради генерацискиот јаз секогаш ќе има разлики во мислењата, но мора да се стави граница што е мајка а што е баба. Јас ги поставувам правилата, а бабите ги следат. Знаат некогаш да ги прекршат ама и јас не сум многу строга и знам да прогледам низ прсти. Сепак, бабите се тука да ги разгалуваат внучињата и не сакам да им го скратам тоа задоволство.
     
    На Избришан профил 156253, elimkd, thelittle17 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    Лелее смешно ми е веќе се, јас толку многу се навикнав, веќе си се смеам кога ќе префрли од страна, ама да ви кажам искрено не ми влегува во соба додека дојдам, и кажав не сакам и ми е срам, свекорот исто не се меша, јас кажав дека околу бебето јас и мм ќе бидеме приоритет, да не се меша таа, и го нема ни избањато од инает, не можела била стара и било страв, викам добро уште поубаво за мене, и така сами си фативме ред, го поддржува во раце пола саат, а почне да плаче не знае да го смири, ми го носи мене, и викам како ќе го чуваш викаш дека сакаш а не можеш да го смириш, и сеа чим плаче не и го ни давам, и боље што не се меша, јас сама си перам, пеглам, чистам во соба, и се околу бебе, и поубаво ми е да ви кажам. Имаше коментари на почеток за доењето, зошто малото не сакаше да фати, и водевме борба со ММ и мајка ми, таа дреме, и презборува, дајте му адаптирано, доста го мачите, 10 пати кажа, и кога и се свртевме со ММ, не и текна веќе, и се научи бебе си напредна како што треба, и и реков дека сум била упорна, не сум се откажала, и таа ќуту не сака да признае дека не е во право. Сега фрка навечер се буди зошто е мало уште, пак де запнала дај му АД повеќе ќе ти спие, нема да има грчеви, секој фрн истото, викам а да не ср мешаш да си гледаш работа, и толку се заќуте, после давај му вода, зошто не сум давала вода, и земав се јавив на нејзината снаа зошто е педијатар да и објасни, и не бре луѓе таа се праи попаметна, дека разбира од неа повеќе(facepalm)(facepalm)
    После за тоа облакање ми се качи на глава еден ден, зошто било по кратки ќе настонело, и ММ и се развика тука, вика ај глеј си работа жено, сакаш тебе да тр облечеме во скафандер да видиме дали ќе ти чини.:lol: И пак си се заќуте.
    Значи јас на се враќам, што не ми чини и тоа одма во прва прилика, не чекам. И си го знае местото, може само да си збори, секогаш ќе биде по мое-за мое дете. И ќе види-не види, ќе си се тргне.
    И љубоморна е на мајка ми, како можела се да постигне кога го чувала, како се снаоѓала до бебето, како го бањала и предоблакала, и реков уште првиот ден да го избања и пресоблече ако сака, рече не можела била стара, и толку беше од моето кажување после, нит сум и рекла, нит ќе и речам веќе.
     
    На A.n.g.e.l.a.V му/ѝ се допаѓа ова.
  6. strelkata

    strelkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    769
    Изреволтирана од еден коментар од свеки налетав на оваа тема. Првово мислење што го прочитав дури ме запрепасти. Мојава не е до толку ама да не и поставевме граница можеби ќе беше. Чисто информативно ме интересира што се случуваше со тој однос во текот на годиниве?
     
    На Избришан профил 156253 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  7. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    4.815
    Пол:
    Женски
    Ние бевме 4 внуци кај една баба целодневно. Исто како да сме биле во градинка. Имам убави спомени.

    Син ми го чував најмногу јас, кога не одев на работс го оставав на свекрвата за мои потреби. Сега тргна на градинка од вчера. Свекрвата за чувањето не можам да кажам дека не го чува добро. претерано го пази, но не се согласувам никако со некои работи. Уште од кога почна со цврста храна му даваше сѐ што не смее, не за друго туку за инает. Малиот ја сака бидејќи навистина му обрнува внимание, му угодува, го шета. Но сето тоа е џабе кога женава нема основна почит кон мене како мајка. Затоа и го запишав во градинка. Не сакам драматизирање дома и утре задутре да се чука во гради дека многу ми помогнала. Откако почнав со работа секој ден драматизира. Многу бил напорен, ишијасот ја фатил, и сл. Потоа почна да бара благодарност да ѝ изразам, индиректно нормално. А јас и одговорив само да издржи до септември, потоа ќе оди на градинка и ќе биде полесно. Еее тогаш почна на мм да му вели да не го праќаме, измисли триста глупости за градинките, дека тепале деца, не ги пазеле, паѓале деца, со сила ги заспивале.. Направи сето тоа да звучи како хорор приказна. Му всади страв на мм, вчера не сакаше да го праќаме малиот. Го земав за рака мм и му реков дека ако не е спокоен ќе го седнам на муабет со вработените.

    Ме револтира тоа што бабата зборува и се однесува како таа да му го мисли доброто на син ми повеќе од мене.

    Ме нервира што за инает му зборува на лигав начин.

    Ме нервира што не ми го почитува зборот.

    И покрај сето ова што ме нервира, и покрај сѐ што ми направи оваа жена откако дојдов тука (мешање во брак, кавги, ми ја уништи првата година од животот како мајка и за малку бракот ќе ми го уништеше) јас сепак нема да и се одмаздувам преку внучето, само ќе ги променам границите. Иако таа зборува сега дека го носам во градинка за да го оддалечам, воопшто не е така. Го носам за да немам нервози секогаш кога сум прва смена. Бидејќи наутро свекрвата е на работа, сестра ми на училиште, друг немам на кого да го оставам. Баба ми е 70 годишна и не може да се справи. Кога почна пред мм да ми мрчи да не го носиме, ќе се разболувал, културно ја прашав дали има некоја трета опција? Дали планира отказ да си даде, да замине порано во пензија или ќе најде таа некое решение, бидејќи јас не знам. Ми одговори само дека ќе сме смислеле нешто, епа 5 месеци мислиме, нема опција. Потоа на мм му реков, ако не сакате ти и мајка ти да го праќате во градинка без претходно да најдеме решение, јас ќе треба да останам дома, а тоа нема да се случи! Во ова време на корона и нестабилност не се остава работно место. Истиот муабет ми го повтори дека ќе смислиме нешто. Реков дека нема ништо да смислиме, само ќе имаме додатни нервози и расправии. И онака ако е најголем проблем разболувањето на мене ќе биде тоа.

    БАБИТЕ НЕМААТ ОБВРСКА ДА ЧУВААТ ВНУЦИ, ТОА Е ИЗБОР, АКО САКААТ!

    А мојава не ми е јасна дали сака.
    Кога беше бебе се жалеше дека сум посесивна и не и го давам. Плачеше за да го видела. Кога почнав да го оставам на неа, почна да се жали дека е тежок и не може во раце да го држи, кога почна да проодува бил захтевен. Почна ишијас да ја фаќа и само се жалеше. Кога не го носам зошто не го носам, кога ќе и го однесам ишијас ја фаќа. Кога се враќам дома на врата ме чека да ми го предаде, немам време ниту да се истуширам. Ако излезам на саат два кога ќе си дојдам ме пречекува со зборовите : "Има ли мајка детево?".
     
    На Избришан профил 156253, Осе, Jana06 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    1.853
    Допаѓања:
    8.266
    Пол:
    Женски
    Ова старкиве со извинење и со исклучоци ама се ретардирани дефинитивно. Мојата рони солзи дома зошто детето да одело во градинка во сред пандемија, а она дома била... По комшии кај што се мкне нема пандемија, само во градинка има, па да не одел со спиење, да одел до 12. Па боже господе да се немало до толку што да се прави со животот па замарај.
    Ама она си збори, неа никој не ја слуша. Како мајка се понаша, а не ко баба. Забеганост.
     
    На Избришан профил 156253, Осе, Jana06 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. strelkata

    strelkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    609
    Допаѓања:
    769
    Мојава па напротив не убедува да го носиме во градинка за социјализација, плус ќе имаме уште едно бебе па полесно и за нас а и она гледа кога е кај нас да ми помогне колку може повеќе . Многу убаво го чува, доаѓа кај нас 2-3 пати неделно околу 3 саати го занимава, тоа е играње и смеење без престан, ме прашува дали да му даде да јаде, што да јаде, дали да го преслече, дали да го бања итн... Е сега малку сум онака со доза на љубомора дека кога си доаѓам од работа не ми се радува детето, си игра со баба му, инаку по цел ден сум на работа, неможам мнпгу многу да го кревам заради тоа што сум трудна веќе 7ипол месеци. Кога сум дома си играме, се смее, ме фаќа за рака, дига раце за да го земам. Е сега знае некогаш да ме извади од кожа со некои коментари, погана е на јазик, не пази што ќе каже дали ќе повреди некого, со сите е таква. Со првото многу се нервирав што цело време и беше во раце бебуш, и сакав на раат да сум си дома со маж ми и детето, си сакав блискост со детето, се осеќав како црна овца што служи само за цицање. Скоро сите се такви изгледа, одма си даваат улога ама мислам дека во иднина ќе се смееме за овие работи. И ние сме растеле со бабите и бескрајно сме ги сакале но не знаеме како им било на нашите мајки, дали се нервирале како нас :?: :emo:
     
    На Избришан профил 156253 и Mnik им се допаѓа ова.
  10. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    4.815
    Пол:
    Женски
    Истоо.. Пандемија. Глуми прејака баба, се умисли она мајка уште од кога се породив. Малиот после 3 дена во градинка е со растечен нос, вчера имаше благо покачена температура, околу 37.5 максимум. И она оти не сме се симнале кај неа одма се качи горе, знаела дека има температура, она претчувствувала, се било од таа градинка, греота детето болничко ќе и било. Ми идеше да и ја акнам една. Во многу ситуации така се прави како повеќе да го сака и повеќе да се грижи од мене.
     
    На Осе, Jana06, eta и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    1.853
    Допаѓања:
    8.266
    Пол:
    Женски
    Во слична дебата као "детето болничко ќе и било" и реков "детето ако ти се разболи е голем маж и знае да се напие Парацетамол, а ако сакаш да имаш некое околу кое ќе се потресуваш, повели роди си". Ме иницира да го изговорам ова зошто се испопотресе зошто детето сме го земале со нас на пазарење, "нееемој невесто ќе ми го поболиш детето"ми рече.
     
    На elimkd, Осе, M.B. и 3 други им се допаѓа ова.
  12. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.101
    Допаѓања:
    37.575
    Пол:
    Женски
    Хахахах леле болна работа:D:D
     
    На Luna91, bertold и Mnik им се допаѓа ова.
  13. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    1.853
    Допаѓања:
    8.266
    Пол:
    Женски
    Итоа болна. А тогаш шо се вика ич не го ни гледаше, ни 30 мин во денот немаа контакт. Сега дека лето па се гледаа по двор повеќе, најголем непријател и е градинката. Антидепресиви почна да пие кога почна детево во градинка. Жива ненаспана беше навечер, 2 недели, ама буквално. Многу трагично и лично си ги сфаќа некои работи.
     
    На Jana06, DarkStormm и forumce им се допаѓа ова.
  14. bertold

    bertold Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2015
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    7.744
    Пол:
    Женски
    Детето и да не го носиш на пазарење, ќе настинува одвреме навреме. На бабиве испаѓа повеќе им е жал од нас. Пред недела две излегуваме и не начека на излегување, и ни вика ладно е надвор стави и капа. А тоа надвор топло, топло.
    А за детето нејзино болничко ако е, арно си и одговорила. Оти детето нејзино не е твоето дете.
     
    На Осе, Mnik, Brpbrp и 2 други им се допаѓа ова.
  15. RAK91

    RAK91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.559
    Пол:
    Женски
    Ние живееме заедно, но во одделни влезови со свекрва и свекор.
    Не ни се мешаат многу, но имало и има моменти кога не се разбираат од збор и си тераат по свое.
    Јас сум таква што не можам да преќутам и секогаш им ги коментирам постапките кои ме нервираат. Ама понекогаш и тоа е џабе. Имало ситуации и кога маж ми ќе им се изнавика да не прават одредена работа, ама како да збори на ѕид :)
    Неколку пати се има десено да го однесеме да си поигра, им потенцираме дека е јаден, после кога ќе дојде дома на бодито има чоколадо или некоја друга храна! Е тогаш страшно се нервирам. Сум им кажала неколку пати дека не го носам да јаде кај нив, ако треба да јаде ќе им кажам да му дадат.
    Им кажувам да ги тргнат пенкалата и упорно дома доаѓа цел испишан со пенкало по облеката. Вчера им ја направил и гарнитурата лом со пенкало, ама ако им е.
    И такви некои ред ствари што не послушуваат кога ќе им се каже.

    Јас сум растена и чувана од две баби кои многу си ги сакам, ама мислам дека денешните баби се разликуваат многу од нашите баби.

    Што да кажам освен дека и челични живци некогаш се малку :)
     
    На Осе, Chuchanov, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Си заборавила како е со баби, му ги браниш работите што тебе ти ги дозволувале. Баба и дедо му се, сигурно со сила не му даваат да јаде за да те нервираат, плус не гледам проблем ако е јадено тоа што треба и ако касне чоколатце.
    Немој да дозволиш проблемите што ги имаш со нив (неповрзани со детето) да ти влијаат на неговиот однос со нив. Бабите и дедовците треба да бидат дел од животот на децата, на начин како што тие ќе одберат и убаво е да им го дозволите тоа време да го поминуваат како што им одговара, не под ваши наредби и директиви.
     
    На dunika, Zuza28, Cosmi и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    1.853
    Допаѓања:
    8.266
    Пол:
    Женски
    Да ми го враќаат исшкртан со пенкало по алиштата и да им дозволам да го поминат тоа време како што им одговара?
    Замисли го пушта со нив на гости и шо сака нека прави па и по ѕидови нека шкрта по комшии, зошто така и одговара на баба и нема шо мајка да се меша
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RAK91

    RAK91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2019
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.559
    Пол:
    Женски
    Затоа што со мене е цел ден и јаде чоколадо доволно, дури и премногу. Оди кај нив најчесто пред спиење или бањање и сметам дека пред спиење не треба да изеде цел чоколаден пудинг или цело животинско царство, има само 18 месеци. Еднаш се случи за вечера во 8 да му дадат грав, иако кажав да му дадат друга млечна каша. Цела вечер од грчеви око не склопивме.
    За пенкало и такви ствари утре ќе оди на друго место и таму ќе шкрта и што ќе личи тоа?
    Или по ново што го ставаат во садопер во кујна зошто сакал по 10 пати раце да мие и потоа доаѓа дома и се корне од плачење да го ставам и јас?
    Секој со своето мислење и начин на воспитување на детето. @Annath @Mnik
     
    На DarkStormm и Осе им се допаѓа ова.
  19. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    1.853
    Допаѓања:
    8.266
    Пол:
    Женски
    Имам ист случај дома.

    Завчера пред спиење ми се качи горе кај мене, буквално пред да го легнам и детево ми вика "ајде мама да трчаме", ја му викам "сега ќе спиеме мама, нема трчање" и госпожа скокна од гарнитура ко ненормална да ми трча по дома и за 2 минути го збесна детето, ја си го кренав и си отидов во спална со трескање на врата. Он плачеше не сум го оставила да игра со баба.
    Ни збор на родител да се почитува ни ништо. Ама ако прашаш на форумов спомени правење се тоа.
     
    На elimkd и DarkStormm им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Во ред, правете како сакате.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.