Љубовна драма за две двојки чија врска станува комлицирана кога мажот од едната двојка ќе се заљуби во жената од другата двојка.Главните улоги ги толкуваат Џулија Робертс,Џад Ло,Натали Портман и Клајв Овен.Како голем фан на Натали Портман и на Џад Ло морав да го гледам филмот и бев импресионирана од одличната глума на главните глумци а и од приказната.На сите оние кои го немаат гледано овој филм им препорачувам да го гледаат.
Вечерва го гледав филмот и морам да кажам дека е вистинска катастрофа... На секои пет миниту посакував да го исклучам али ај си реков да го догледам до крај, т.е. да ги догледам глупостите до крај... Ме изненади фактот што на Џулија Робертс и е дадена улога во ваков безвезен филм, каде што не може крај со крај да се сврзе...Не очекував дека ќе ја видам Џулија Робертс во вакво лошо филмско остварување, најискрено...Приказната во филмот е апсурдна и плитка и крајно здодевна...Јас пред да го пуштам филмот очекував да ми остави впечаток како The Notebook, али нема шанси емоционално да се поврзеш со вакво срање од филм... Не знам ни која му е поентата на режисерот со филмов? Плус речникот е крајно вулгарен во истиот (а нема ниту една сцена со секс...) , а и саундтракот во депресија да те мавне... Го гледав без превод и мозгам во моментов да не сум пропуштила некој клучен дел, па не ја сфаќам суштината? Го има ли некој од вас гледано?
Не се согласувам со тебе напротив филмот е многу длабок и емоционален и ја опишува кризата во врската кога партнерот ќе се вљуби во друга.На мене ми се допаѓаат вакви драми кои изобилуваат со чувства па можеби е до вкусот.Но глупо е да го споредуваш овој филм со The Notebook затоа што приказната е сосема различна и во овој филм не е поентата да заврши со среќен крај или сите да бидат заедно на крајот туку токму така како што заврши.А јас сметам дека Џулија Робертс е најслабата точка во овој филм и воопшто не ми се допадна начинот на кој глумеше овде а и нејзината улога (иако е секако одлична актерка но ова и беше најслабото издание до сега).Некако ми беше неприметна покрај фасцинанатната глума на Натали Портман,Џад Ло и Клајв Овен.За останатиот саундтрак не знам но мене посебно ми се допаѓа оваа песна која ја слушнав во филмот. http://www.youtube.com/watch?v=x5dCxP7dZDs
Ме интересира следново за филмот : Спојлер - Моментот кога новинарот ја напушти Натали Портман и отиде со оваа другата, а паралелно со тоа и оваа на докторот му раскина, одлучија да бидат заедно...Тоа е ок...И после Џ.Робертс спиеше повторно со докторот за да и потпише развод, бидејќи ја уцени...И како после тоа Џулија и докторот повторно заедно завршија? А новинаров повторно отиде кај Натали Портман и кога се смирија, оваа му рече дека не го сака (во хотелот кога ја удри...) и оваа си отиде на аеродром и си замина... Е сега, зошто се претставуваше како Алис, а се викаше Џејн...? Само на докторот во клубот му кажа...И имаше ли нешто со докторот или не? Не покажаа ништо... Речникот превулгарен и гнасен, а ниту една сцена со секс немаше, што е апсолутно нелогично... Иначе Натали Портман воопшто не ја обожавам, колку и добро да глуми...Мислам дека Џ. Робертс беше фасцинантна во филмов и покрај тоа што беше срање сценариото и приказната...
Спојлер Таа сцена кога докторот и Џулија Робертс се смируваат не е прикажана но е прикажана сцена каде што новинарот оди кај докторот и му вели дека таа Ана (што ја глуми Џулија) не заслужува да биде со него и дека заслужува да биде среќна а овој му одговара дека таа е депресивна личност а депресивните личности не сакат да бидат среќни затоа што на тој начин не можат да најдат причина за да бидат депресивни.И потоа новинарот му вели дека не знае што да прави и овој му кажува да ја побара Алис(што ја глуми Натали) и му кажува дека спиел со неа кого бил во стриптиз барот во кој таа работела.Воглавно тоа е сцената каде што се објаснува дека Џулија и докторот се помириле.А да Алис спиеше со докторот но повторно таа сцена не е прикажана.А за името не знам иако јас мислам дека таа навистина се викаше Алис а подцна реши да се вика Џејн поради тоа што сакаше да почне отпочеток после се што и се случуваше затоа и изгледот и е променет во последната сцена но можеби грешам. Иначе намерно е направено да нема сексуални сцени за да се прикаже сета приказна од друг агол само преку диалозите на ликовите.Секој со својот вкус но мене ми се допадна филмот баш мислам дека беше необичен и се разликува од некои други романтични драми.А мене па Џулија не ми се допаѓа (не го оспорувам фактот дека е одлична актерка) но некако ми има одвратна фаца и секој филм со неа ми е досаден.Овој го гледав најмногу поради Натали Портман и Џад Ло.
Е сега во врска со името на глумицата... Нели овој освен со колумни се бавеше и со пишување некролози...И филмот заврши пред оној музејон каде што и беа на почетокот и овој виде некролог со име Алис и толку беше...Рррррр језиво... И пак не ми е јасно за смирувањето на Ана и докторот...Испаѓа дека заради тоа што е депресивна личност по природа, го откачи Ден? Или...??? Како и да е, воопшто не ми се допадна филмов... Ќе прочитам сега некоја критика на нет, да видам другите шо викаат...
Па можеби видел некој некролог со името Алис па се потсетил на неа не верувам дека тоа е стварно таа.А Ана одлучила да биде со докторот затоа што низ целиот филм е нестабилна личност и ништо чудно да го променила мислењето.
Мене искрено не ми се допадна овој филм воопшто, можеби затоа што очекував подобра глума од Џулија Робертс и Натали Портман, кои ги сметам за добри актерки. Премногу пцовки имаше , дури онака одвратни ми беа сите ликови како се однесуваа меѓу себе. Ама ок, секој со свое мислење.
Како можев досега да не ја видам темата. Closer ми е омилен филм уште кога го гледав пред неколку години, и го немам променето мислењето, го имам гледано повеќе пати и омилен ми е сеуште. улогите во филмот ми се супер, само Clive Owen на моменти ме нервира Еве го и саундтракот, прекрасна песна Demien Rice- the blowers daughter http://www.youtube.com/watch?v=5YXVMCHG-Nk&ob=av2e
Јас пак мислам дека таа го позајми името на жената која беше напишана на ѕидовите .. веројатно зашто сакаше да започне одново. И плус, прво беше оваа сцена, а потоа тој ја праша како се вика таа. Затоа ова ми има смисла.. А зошто му го кажа името на Лори не сум сигурна. Можеби зашто работејќи како стиптизерка таа е она што вистински е, па не морала да се крие позади некој псевдоним. Мене многу ми се допадна филмот, на моменти се фаќав како не можам да сфатам се‘ што се дешава со мирењата и карањата, но по некоја минута се‘ се доведуваше во некаков ред. Глумата беше совршена, прекрасни актери на едно место. Најмногу ме воодушеви Натали. Ја почитувам многу како актерка, прекрасна е во секоја улога. Сега ми останува Last Night .. некако ми одат во пакет двата филма, не знам зошто. За саундтракот да не зборувам .. совршено парче. Ја знаев песната од порано, а не ни знаев дека е употребена за овој филм. Кога го уклучив филмот и кога ја слушнав .. леле како се разнежнив. Љубов е песнава .. http://www.youtube.com/watch?v=5YXVMCHG-Nk
Не ми е јасно како сум пропуштила да ја видам темава, јас па оставав мислења вo темата "Го има ли некој гледано филмот?" и во "Последен филм кој сте го гледале и кратка рецензија", се со цел некој да ми даде предлог за сличен филм на Closer и Last night (од двата бев воодушевена, како од приказните така и од саундтракот) но не добив повратен одговор. Си викам не е можно само мене да ми се свиѓале филмовиве Пишете девојки ако имате некој предлог
Филмов божем обработува машка и женска психологија, ама на примитивците и на глупавите, а потхранува стереотипи кон половите. Не можам да одлучам како да го оценам, не знам дали имало потреба да се сними филм со вакви ликови. Ги жалам сите кои се како нив.