1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Блогови за козметика

Дискусија во 'Лице' започната од LivingGlam, 30 септември 2010.

  1. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    На GeoDidi, LaraSolare, macovska и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    На magic.girl и EMoonlight им се допаѓа ова.
  3. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    81.809
    Пол:
    Женски
  4. AnimalLover

    AnimalLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    204
  5. БелСи3011

    БелСи3011 Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2015
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Од срце ги поздравувам љубителите на шминка,се надевам дека ќе ме прифатите во the non judging make up club.

    Eве го и мојот блог па разгледајте го http://infinitechamberofmakeup.blogspot.com/
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Здраво, за деодорансите веќе пишував во темата за деодоранси, меѓутоа во најновата статија на мојот блог пишувам за штетното дејство на алуминиумот во деодорансите и секако како да се одберат поприродни варијанти. Воедно ве известувам дека има и наградна игра моментално на блогот поврзано со природните деодоранси и доколку сакате да учествувате следете ги упатствата во статијата. Поздрав

    Пробав за вас: органски деодоранс и рол он на Gamarde

    [​IMG]
    Здраво драги мои

    На пазарот се нудат голем број на деодоранси кои прекрасно мирисаат, го регулираат потењето и имаат антиперспирант ефект, меѓутоа колку истите се сигурни за нашата кожа, а пред се нашето здравје? Поголем број од нив содржат штетни состојки кои се опасни за нашето здравје и тоа:

    1. Алуминиум
    оваа состојка се користи како антиперспирант, меѓутоа проблемот е во тоа што оваа состојка организмот не може да ја преработи, ниту пак да ја исфрли, и се насобира, односно се акумулира во нашиот организам. Се смета дека алуминиумот е една од состојките која предизвикува рак на дојката кај 1 од 10 жени.

    2. Парабени
    според некои испитувања, овие вештачки конзерванси, апсорбирани по надворешен пат (преку кожата), во организмот прават ефекти слични на оние на естрогените хормони, и имаат огромно влијание врз целокупниот хормонален баланс.

    3. Пропилен гликол (Propylene Glycol)
    според некои научници оваа состојка (доколку често се користи), може да предизвика штета на централниот нервен систем, црниот дроб и бубрезите.
    4.Триклосан (Triclosan)
    оваа состојка е класифицирана како пестицид и претставува голем ризик за човековото здравје и околината. Се смета дека предизвикува рак.

    Со оглед на тоа што деодорансите ги нанесуваме на еден многу чувствителен дел од нашето тело, каде се преплетуваат голем број на жлезди, од основна важност е да одбереме добар и природен деодоранс кој ја негува нашата кожа, и пред се е сигурен за нашето здравје.

    [​IMG]

    Голем број на луѓе бираат антиперспиранти, односно деодоранси кои имаат за цел да го спречат потењето, мислејќи дека на тој начин се позаштитени и ослободени од непријатни мириси. Главна состојка на антиперспирантите е алуминиумот. Би сакала да цитирам еден од најпознатите италијански хемичари Фабрицио Заго, кој лично многу го почитувам, кој за алуминиумот вели: “ Механизмот на антиперпирантите е всушност присуството на алуминиумот во нив кој делува врз повлекување или контракција на мазниот мускул во пределот под пазувите“. Ете зошто се контролира потењето и мислам дека ова објаснува се.

    Алуминиумот во декларацијата можа да се најде како: aluminium chlorohydrate или алиминиумова сол, или potassium alum (присутен во голем број на деодоранси кои се декларираат како природни или органски), кој е природна сол составена од алуминиум и потасиум. Дали алиминиумот е присутен како aluminium chlorohydrate или пак potassium alum крајниот резултат е ист, разликата е во брзината со која се ослободува во организмот. Првиот е побрз, додека за вториот е потребно повеќе време. Како замена за алуминиумот во голем број на добро формулирани органски и природни деодоранси како база ќе најдете сода бикарбона или триетил цитрат(triethyl citrate), кои заедно во комбинација со останатите внимателно избрани состојки овозможува потење, меѓутоа го неутрализира лошиот мирис под пазувите.

    Затоа во денешнава статија пробав за вас, сакам да ви предложам два прекрасни органски и природни деодоранси и рол он на Gamarde, кои ги разгледав и истестирав навистина добро со цел да ви кажам каков е составот, какво дејство имаат на кожата и колку се ефикасни во текот на целиот ден особено при високи температури и кога многу се потиме, а сепак сакаме да останеме свежи и заштитени на сигурен начин.

    Како и за сите производи, ајде да ја разгледаме декларацијата на двата видови на деодоранси посебно и да се увериме каков е составот и како делува врз кожата, особено врз процесот на потење.

    [​IMG]


    Gamarde рол он флорал:
    Aqua, Alcohol*, Propanediol, Aloe Barbadensis (Aloe Vera) Leaf Extract*, Triethyl Citrate, Gamarde Aqua (Agua de Gamarde), Glyceryl Caprylate, Parfum, Malva Sylvestris (Malva) Flower Extract*, Xanthan Gum, Citric Acid, Citronellol, Eugenol, Limonene, Linalool.

    *Ingrédient d'origine biologique
    Како што може да забележите од самата декларација станува збор за еден рол он без алуминиум, кој како база има триетил цитрат(triethyl citrate). Од редоследот на состојките може да заклучиме (а јас и да ви потврдам со оглед на тоа што го користам), дека овој деодоранс рол он не го спречува потењето, а сепак го неутрализира лошиот мирис под пазувите. Потењето е многу природен процес и не треба да биде спречен, затоа што преку потењето се исфрлаат токсините од телото (а ако ме прашате мене, подобро е токсините да бидат надвор отколку внатре во телото).

    [​IMG]

    Овој рол он го користев цел месец наизменично со деодорансот во спреј од лаванда и лимон, и можам да ви кажам дека одлично си ја врши својата работа: ви дозволува да се потите, а сепак да останете свежи без непријатни мириси. Тоа е и целта на еден добар производ за оваа намена. Овој кој јас го користев има нежен цветен мирис, не многу нападен, и тоа премногу ми се допадна. Сепак има луѓе кои не поднесуваат јаки мириси, така да овој производ ќе ги задоволи скоро сите вкусови.

    Како и сите производи на Gamarde и овој содржи термална вода од изворот на Gamarde која на некој начин ја намалува можноста за иритации на кожата (која и те како е добредојдена особено кога станува збор за една деликатна зона како пазувите), а во комбинација со гелот од алое вера верувајте ми дека овој деодоранс е вистинско бинго за чувствителна кожа. Друга многу важна работа е фактот што не остава траги на облеката. Постои и варијанта со зелен чај кој има малку машки мирис и одличен е за посилниот пол.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Што се однесува до трајноста, и со оглед на тоа што сите сме различни и се потиме на различен начин, слободно нанесете го овој деодоранс онолку пати колку што ќе почувствувате потреба. Сепак станува збор за квалитетен и сигурен производ.


    [​IMG]

    Gamarde деодоранс спреј со лаванда и лимон

    Aqua Gamarde (Gamarde Water), nitrogen, Alcool naturel (Alcohol)*, Glycerin vegetal, Lavandula Hybrida* (Lavendin Oil), Citrus Medica Limonum* (Lemon Peel Oil), Caprylyl capryl glucoside, Citrus Amara* (Bitter Orange Leaf Oil), coumarin, geraniol, citral, limonene, linalool.

    *Ingrédient d'origine biologique

    Како и претходниот и овде секако нема присуство на алуминиум (инаку не би ви го ни рецензирала). Јас лично овој деодоранс го обожавам поради прекрасниот мирис на лаванда и лимон кој му дава многу освежителна нота. Што се однесува до перформансот и ефикасноста, ист е како верзијата рол он, само што е попрактичен за оние кои сакаат производи на испрскување наместо рол он. Идеален за оние кои редовно практикуваат спорт или пак за оние кои секогаш се во трчање и имаат милион обврски во текот на денот, а сакаат да останат свежи.

    Мора да напоменам дека и двата деодоранси воопшто не содржат парабени.

    [​IMG]

    Цената на деодорансот рол он е 775 денари, а на деодорансот спреј 615 денари и истите може да ги најдете во аптеките на Еурофарм.

    Би сакала само да ве потсетам на златното правило дека сепак ниеден деодоранс (колку и да е природен) не треба да се нанесе под пазувите веднаш после депилација или бричење.

    Без разлика на тоа дали сакате производи рол он или пак на испрскување, топло ви советувам да пробате барем еден од овие два производи на Gamarde, за да се уверите и самите во ефикасноста и природниот состав на истите. Со оглед на тоа што Gamarde Macedonia има за цел да ги доближи своите производи до сите вас и да ви даде на сите можност да пробате дел од големиот асортиман на органски производи, овојпат реши да ве изненади со една фантастична понуда 1+1, односно: доколку се одлучите да купите еден од деодорансите на Gamarde за време на презентациите кои ќе ги најдете на самиот блог.

    Сетовите од два деодоранси рол он или два деодоранси спреј се прекрасни и како подарок со оглед на тоа што содржат убави пораки и може сами да си ги искомбинирате, во зависност од тоа на кого сакате да ги подарите или поделите:

    - тој и таа, за да ги уживате благодетите на еден вистински органски производ во пар;
    - најдобри другарки, доколку сакате да го споделите со најдобрата другарка;
    - за моите најмили, доколку целта ви е да го споделите со некој член од вашата фамилија;
    - освежувачка енергија, доколку подарокот оди во рацете на спортисти, страствени вежбачи или пак едноставно многу зафатени луѓе кои по цел ден трчаат од една обврска кон друга.

    Тука не завршува изненадувањето. Gamarde Macedonia ќе додели еден рол он гратис на една среќна читателка или читател на мојот блог. Се што треба да направите е да оставите коментар под самиот текст на блогот кај мене, кој може да се однесува на деодорансите на Gamarde, доколку сте ги пробале и имате искуство со нив, или пак општо за вашиот начин на деодорирање во текот на денот. Имате време од недела дена за коментар (до следниот вторник- 21 јули). Добитникот ќе биде избран по случаен избор.

    Со среќа на сите!

    Вики
     
    На koritsaki и rainbowec им се допаѓа ова.
  8. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125

    Прикачени фајлови:

    • IMG_0291.JPG
      IMG_0291.JPG
      Големина на фајлот:
      160,4 KB
      Прегледи:
      36
  9. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    На gumicka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.401
    Допаѓања:
    91.303
    Пол:
    Женски
    Ајде да ја активираме темава :)

    http://lipstickattack.blogspot.ba/

    Ова е мојот омилен блог за козметика. Девојкава пишува одлични рецензии за секакви брендови. Има одлични фотографии и стилот на пишување многу ми се допаѓа.
     
    На x.Daisy.x, Bridget и LivingGlam им се допаѓа ова.
  11. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    http://bbbeautylicious.blogspot.mk/2012/11/golden-rose-recenzija.html

    Барав рецензија за пудрата па налетав на овој блог :) Ме убеди да си ја купам, во потрага бев по поевтина пудра па оваа мислам дека ќе ми заврши работа.
    Темава ќе биде активна од сега па натаму, се надевам. Убаво е вака кога не морам да се мислам за блогови, и тука можам да ги најдам во секое време :music:
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. БелСи3011

    БелСи3011 Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2015
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
  13. БелСи3011

    БелСи3011 Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2015
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
  14. el3na

    el3na Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    На Maya1, rainbowec и LivingGlam им се допаѓа ова.
  15. el3na

    el3na Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    На b.u.tt.e.r.F.L.Y и LivingGlam им се допаѓа ова.
  16. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    На glittergirl, Nausicaa и rainbowec им се допаѓа ова.
  17. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    5.109
    Пол:
    Женски
    Веќе некое време ги меркам маскиве и добро ми дојде оваа твоја рецензија.
    Дефинитивно следен пат си купувам, само не знам каква да земам пошто имаат разни видови, mud маски, peel-off маски, пилинг маски...
    Имам комбинирана кожа што претежно се мрси во т-зоната па ќе треба да си ги разгледам и да си одберам (мада јас сите до една би ги пробала :)).
    Само ако можеш да ми кажеш која им е цената, и ако имаш некој предлог конкретно за мојава кожа би ти била благодарна.
     
    На blackstyle, Rose96 и simoncelicius им се допаѓа ова.
  18. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    @rainbowec Mud маските ми даваат најдобар ефект, особено таа првата што ја имам спомнато во рецензијата, ама исто и peel off им се одлични така да која и да ја земеш нема да погрешиш. :)
    За цената не сум сигурна затоа што неколку купив овде неколку во Шветска кога бев.
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Околу 60-70 денари е една. Можеш на двапати да ја користиш, незнам колку е добро да стои отворена неколку дена ама јас така ги користев, многу ми е цела одеднаш да ја ставам.
    И јас скоро сите ги имам пробано. Зависи за што ти треба, што сакаш да постигнеш, релаксирачка, за темелно чистење, загревачка, разгладувачка... Има многу видови...
     
    На Rose96 и rainbowec им се допаѓа ова.
  20. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    5.109
    Пол:
    Женски
    Не знам која каков ефект дава, ама би сакала да пробам некоја што го прави лицето меко и што го освежува.
    Абе сите би ги пробала! :)