1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Блогови за козметика

Дискусија во 'Лице' започната од LivingGlam, 30 септември 2010.

  1. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    @mims-89 Каква е таа загревачката? Ја видов ама не знаев што ефект дава :)
     
  2. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Органски и природни новогодишни подароци и изненадувања

    [​IMG]

    Здраво драги мои,

    мислам дека ова е најкратката статија која сум ја напишала и дефинитивно малку поразлична од сѐ она што досега сте го прочитале. Не станува збор за рецензија, ниту пак проект направи сам, туку станува збор за една специјална рубрика “Подарок под новогодишната елка“ која ќе оди во текот на цел месец декември, каде генералните увозници на повеќе природни и органски колекции во Македонија дарежливо ќе ви подарат дел од сопствените производи.
    Не ви откривам уште од сега за кои сѐ марки станува збор тоа нека биде изненадување, она што може да ви го кажам е дека ќе има подароци како за нега така и декоратива, за сите типови на кожа и вкусови.
    Сѐ што треба да направите е редовно да ги читате статиите во текот на целиот месец, да ги следите правилата за учество и може да бидете еден од среќните добитници.

    Со среќа на сите!!!
    Вики
     
    На crazylady, LaraSolare, Mama25 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    На Glory12345, CirezD, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Glory12345

    Glory12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Го разгледував блогот и навистина има прекрасни постови, туторијали, идеи, совети, секоја чест :inlove:
    Ќе можеш ли да напишеш рецензија и за некој друг производ на авон?
    На пример за сјаевите за усни, или парфемите? :)
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    На bliznaci05, oblace1, Giovanna и 7 други им се допаѓа ова.
  6. el3na

    el3na Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    На sugarlips, koritsaki, sanja.burgundy и 4 други им се допаѓа ова.
  7. el3na

    el3na Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    На sugarlips и koritsaki им се допаѓа ова.
  8. el3na

    el3na Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    На sugarlips и Fatalnata им се допаѓа ова.
  9. el3na

    el3na Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    Здраво Феминки !
    Денес налетав случајно на овој блог http://divasoap.blogspot.mk/ има многу интересни работи се работи за козметички блог каде што може да прочитате за природна козметика и да си нарачате некој производ доколку ви се допадне. Производите се со пристапни цени. :)
     
    На sugarlips му/ѝ се допаѓа ова.
  10. el3na

    el3na Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
  11. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    На el3na и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  12. el3na

    el3na Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
  13. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, во соработка со дама.мк направив една статија за тоа како да ги спречиме знаците на стареење на кожата во смисла да ги ублажиме ( не може да го спречиме процесот на стареење секако), преку правилна нега и секако начин на живот. Кои состојки треба да ги бираме и како подолго да ја оддржиме кожата. еластична. Вреди да се прочита. Се надевам дека ќе ви се допадне. Поздрав.

    http://dama.mk/prirodni-anti-ejdh-sostojki-za-nega-na-nashata-kozha/
     
    На sugarlips, el3na, Jordanovska-K и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Доколку сакате сами да направите масла како на пример невен или лаванда во домашни услови, ви предлагам да ја прочитате статијава. Навистина ,многу е лесно да се направат во домашни услови, немаат штетни состојки, а може да ги користите за милион работи од вадење на шминка до релакс масажа за целото тело. Пријатно читање.
    http://biodevojka.blogspot.mk/2016/03/blog-post_14.html
     
    На el3na, Giovanna и mimi**** им се допаѓа ова.
  15. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    На Rose96, Giovanna и Deemy им се допаѓа ова.
  16. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.958
    Допаѓања:
    10.157
    Супер статиja @Biodevojka ! Детална како и секогаш. Инаку побарав малку за фотофензитивни масла и воглавно излегува дека добар дел од цитрусните се со таа особина и нешто ситно друго.
     
    На el3na и Biodevojka им се допаѓа ова.
  17. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам драга Џована. Да точно најмногу цитрусните само што не ги набројав сите да не биде досадна статијата. Фала што ги објави ти овде :).Поздрав.
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. frosyGrc

    frosyGrc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2015
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.886
    Пол:
    Женски
    На sugarlips, lovemme и el3na им се допаѓа ова.
  19. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    На Oxymoron, sugarlips, LollySky и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Како до подолги и погусти трепки


    [​IMG]

    Важен дел за заводлив и подлабок поглед се секако долги и густи трепки кои се сон на секоја од нас. Како што многу работи зависат пред сѐ од генетските фактори, така и трепките се различни кај секоја од нас. Кај некои од нас се погусти, кај други убаво обликувани, или пак кај трети подолги. Како и да е, генетиката не може да ја промениме, меѓутоа со помош на мали природни методи и третмани, може да ги зацврснеме и многу да придонесеме за нивното здравје, а со тоа и убавина. Затоа во продолжение на овој текст ќе ви дадам мали совети како најдобро да ги негувате вашите трепки со цел истите од ден на ден да бидат сѐ поубави.


    1. Темелно остранувајте ја шминката од трепките

    Многупати имам напоменато колку е важно секоја вечер пред спиење темелно да се отстрани шминката од целото лице, па и трепките секако не треба да бидат исклучок. Доколку отидете на спиење со маскара (без разлика дали имате нанесено мала или голема количина) истата ги суши трепките и ги прави покршливи и послаби. Во зависност од видот на шминката која ја користите изберете отстранувач на шминка кој ви е најпогоден (бифазен, маслен или мицеларен раствор). Ставете го на едно памукче и допрете го до окото околу 5 до 6 секунди. Потоа со благи движења (без многу притискање) отстранете ја маскарата и шминката од окото. Доколку сакате да бидете сигурни дека темелно сте ја отстраниле шминката, со помош на едно стапче за чепкање на уши, на кое претходно сте нанеле отстранувач за шминка, нежно поминете низ трепките.

    [​IMG]

    2. Маслен или бифазен отстранувач на шминка

    Доколку сакате отстранувач за маскара кој има двојно дејство, односно ја вади шминката и истовремено ги негува трепките, тогаш ви препорачувам маслен или бифазен отстранувач за шминка. И двата отстранувачи може да ги направите сами дома без да потрошите цело богатство за скапи производи од овој вид. Како маслен отстранувач може да користите било кое масло како бадемово, кокосово, маслиново и.т.н. Сѐ што треба да направите е да земете едно памукче или дискета и да ја намокрите со маслку водичка. Врз него ставете го маслото што се го одбрале и нежно отстранете ја маскарата.

    И двофазниот отстранувач на шминка може многу лесно да го направите сами. За сите инструкции како да го направите во домашни услови прочитајте овде http://biodevojka.blogspot.mk/2015/02/blog-post_14.html

    [​IMG]

    И во двата случаи следете го упатството за отстранување на шминка кое ви го дадов погоре.

    3. Избор на маскара

    Многу е важен и изборот на маскара со оглед на тоа што голем број на маскари содржат и штетни состојки како нафтени деривати и силикони. Моја препорака ви е да бирате што поприродни маскари, по можност органски, и да ги избегнувате оние водоотпорните, или да ги користите во посебни пригоди. Водоотпорните маскари тешко се отстрануваат од трепките и потребно е повеќе притискање и триење кое претставува стрес за самите трепки и ги ослабнува.

    [​IMG]


    4. Третман со масла за погусти трепки

    Не постои производ кој сите мора да го имаме, меѓутоа секоја од нас пронаоѓа барем едно нешто без кое не може повеќе. Ете за мене тоа нешто е рицинусовото масло. Откако почнав да го користам не можам да замислам една вечер а да не го нанесам на трепките. Како што нашата коса има потреба од специфични третмани за зајкнување и сјај, истата потреба ја имаат и нашите трепки. Ви препорачувам секоја вечер да нанесете некое масло како рицинусово, маслиново или арганово (бирајте секогаш чисти масла без парафински или силиконски додатоци) и оставете да делува преку ноќ. Може да го нанесете со помош на чепкалка за уши, или пак чиста четка од стара маскара. Со редовна употреба на маслата, од ден на ден ќе гледате како вашите трепки стануваат сѐ поздрави и посјајни.


    Како вие се грижите за вашите трепки и дали користите природни масла како третман?

    Вики