Не именувам никого, ниту пак сакам некого да навредам, затоа што навистина ова го кажувам бидејќи ми лежи на срце. Имајте на ум дека има малку модни блогери во Македонија и верувам дека треба да се држиме заедно. Без разлика дали станува збор за следење на блог, коментари или пак анонимно пратење. Не сум лакома за лајкови и опсипување со комплименти, но земено предвид дека јас можам да одвојам време и да поделам по некој коментар, можете и вие кај било која блогерка. (Пак ќе речам не зборам за себе) Повторно, не именувам никого, да не ми се фрлите. Ова го кажувам само затоа што станува збор за заедница која не брои многу луѓе. Не зборувам конкретно за мојот блог патем. Поздрав!
Имам една прекрасна идеја. Сакам сите кои имате блогови за мода во порака да ми пратите линк од истите. Значи сите кои сум ги сретнала тука, но и тие кои досега не го постирале линкот од нивниот блог, но редовно блогираат. Откако ќе соберам доволен број на линкови ќе ги испечатам сите линкови на мали парчиња хартија и ќе ги залепам или распространам на различни места низ мојот град, соседниот, а и низ Скопје. Исто така пред да ги залепам насекаде, ќе ги фотографирам и фотографијата ќе ја ставам на трите блогови кои ги водам и ќе го означам секој блог на листата. Овие иницијативи заземаат се поголем замав, па се решив и јас да направам вакво нешто. Мислам дека ова ќе ни помогне на сите да добиеме повеќе следбеници, а воедно да дадеме поголем замав на модното блогерство во Македонија. Плус, многу ме интересира колку многу не има. Тоа би изгледало вака: Се надевам ќе добијам повеќе одговори и поддршка за оваа иницијатива, без преголема доза на скептицизам. Имате време до 10ти јануари.
Во блогерствово сум повеќе од година и пол и за жал коментирањето од македонци е многу мало. Дозволени ми се и анонимни коментари, но и тоа не се користи. Дозволете си и вие. Имав giveawey и заинтересираноста беше многу слаба. Кај нас очигледно не одат баш овие работи. Ги гледам блогеркиве од другите земји ако ништо друго фрчат анонимни коментари. Извинете јас го запоставив малку блогот, како и другите, ќе надокнадам наскоро.
http://darkbloomv.wordpress.com/2013/01 ... liquorice/ - НОВ ПОСТ!! Се цитирам себеси, бидејќи гледам многу феминки коментирале, но мислам дека не го виделе ова што го пишав. Луѓе, праќајте ми линкови, немој само да го лајкате постот, повеќе ме интересираат линковите отколку лајковите. I am waiting. Им благодарам на тие кои пратија линкови досега.