Јас сакам да ве прашам нешто...немам блог, ама вашите ги следам и сакам да ве коментирам, па можно ли е да оставам коментари без да бидам регистрирана како блогерка?
Да да. Доколку е овозможено анонимни коментари од авторот на блогот може. Марама знам дека има, барем така кажа. Јас имам, за останатите искрено не знам, но сигурно и кај нив може.
Eте баш сега сакав кај тебе да оставам и го напишав дури, пробав да пратам и гледам го нема затоа и си прашувам Едит сега видов се ставил коментарот, е веќе не е анонимно се издадов Нема веза ти кажав јас и овде
Јас пробав преку фб да се логирам на wordpress, да можам да оставам коментарчиња кај тие што имаат блог на него. Ми успеа, оставив едно коментарче. Ве следам сите постојано, се надевам во иднина ќе следат и повеќе коментари, затоа што сите сте за пофалба.
^ Анабела, зошто ти немаш блог? Баш убаво се облекуваш. Сакав да ти го поставам прашањево и претходно, ама немав шанса, убаво што коментира сега, па се надоврзав. P.S. Во Скопје сум, ако ме видите say hi. Носам огромен леопардски крзнен елек.
Фала ти , само што јас сум премногу мрза кога се работи за вакви работи и знам дека ќе го запуштам блогот за брзо време, а нормално тоа не е поентата. Too lame for this
Со колоквиумиве не можам глава да кренам и се нервирам што го пропуштив постот Trend alert а секој петок имав време да го напишам. морам поубаво да си го испланирам времето и денот, ни планер не ми помага.. Башка сакам да ставам комбинации, доста само од нет слики вадени само треба да го натерам дечко ми да ме слика или некој по дома. само малце ми е срам п.с и јас имам направено за анонимни коментари. New Year's resolution- Да бидам поактивна на блогот!!!!!
Ја замолувам Sephora доколку има време , можности, живци..сериозно да се посвети на својот блог!! Следам блогови на девојки од странство и баш сум среќна што глеам нешто слично а e made in macedonia. Многу си слатка и имаш стил ! Keep up the good work
Јас ве испофалив сите на блоговите, ама сакам и тука. Мило ми е што гледам се повеќе и повеќе девојки/девојчиња со убав и изграден стил, а најмногу ми се допаѓа тоа што се држите до тоа. Ова е клучно и најважно. Сакам да ја поздравам на marama, не ти коментирав на последната комбинација, бидејќи веќе те искоментирав тука. Чекам да ставиш нова, па обавезно те коментирам и таму. Претходно немав постирано линк од мојот блог тука, но откако го постирав добив еден куп нови коментари од сите вас, па сега и јас треба да се покажам.