^ Еј, па зошто да не. Тоа би било highlight на мојата блогерска кариера. Мислам дека е сега, во февруари.
Не само ти шо падна на газ и јас паднав Девојката е совршенство, јас останав ко видов дека е мажена, па уште и дете има , како и да е прекрасна е стварно
http://fashioncareofwoman.blogspot.com/ ... d-try.html Одамна не сум постирала.Едноставно во последно време се чуствувам мрзливо и некако не креативно. Дури не сум ни коментирала по блоговите Сега,сега
Helloooo! http://www.facebook.com/MakedonskiModenBlog Би ве замолила да турите лајкче. И сериозно, ништо нејќете од giveaway-от? Јас ако одберам и никој не ми се јави ќе ве скршам.
Јас се извинувам што не сум ве искоментирала сите, ама имам отечени синуси и плус психички се спремам за испит - ќе го преполагам еден предмет за да ми пишат 10ка наместо 8ка и немам многу време. Искоментирав кај што стигнав уште прееска, утре останатите.
Пак со OOTD. Знам малку сум досадна, ама тоа е. Кога ќе си најдеш занимација тешко да престанеш со неа http://shybutsecretlyfab.blogspot.com/2 ... t-you.html
http://www.facebook.com/macedonianfashionbloggers Ова е официјалната фејсбук страна каде се ставаат постови на оние кои изјавија желба. Поканете ги оние пријатели кои сметате дека би биле заинтересирани. Поздрав!
^ Зошто би ти било гајле кој што мисли за тебе? Мене тоа не ми е сфатливо, можеби бидејќи сум тип на личност што не се замара со мислењето на другите за мене и само си терам низ животов како сакам. Do your own thing и ич да не ти е гајле дали на некого ќе му се допадне или не твојот блог или дали ќе бидеш главна тема на главните оговарачки во твојот град, без разлика дали-да или дали-не им се допаднал твојот блог или самата ти. Ова важи за сите.
Леле само што го прочитав мислењето, ми се јавува дечко ми и ми вика мајка ми ти го нашла блогот. Е се засрамив стварно, ама бидна ајде..Жената знае сега дека 3 години и го бркав синот, леле мајко моја. Него, не се сеќирај кој што мисли. Џабе ти трубам знам, кога и јас многу се сеќирам за останатите најискрено, иако порано се убедував не е така, меѓутоа го работиш она кое го сакаш и друг не треба воопшто да го засега. Исклучително храбри анонимуси ќе има секогаш..Ќе се најдат 10 кокошки што по инбокс ќе не оговараат, тоа знам, ама на крај краева нек си бркаат своја работа.
Извинете вака што ви се избацувам од нигде никаде, ама имам едно предлогче. Зошто не исконтактирате со веќе докажани модни блогерки од кај нас, на пример со девојките од Skopje Casual, мислам дека секогаш се отворени за соработка. Некоја промоција на пост, гостински пост, тоа вие си знаете. Барем така мислам дека ќе добиете поширока публика, зошто иако не сум блогер, гледам ОГРОМЕН напредок (и во фотки, и во информираност), па пробајте, што да не. Палец нагоре девојки.
^Јас како што знам веќе прават такви постови они, барем така разбрав. Мене пред некој ден ми пиша една форумџика и ме праша дали би ми сметало да ме предложи за еден од наредните постови. Не би требало да им е проблем да не вклучат во некоја статија мислам дека, ама сепак полека полека зашто ќе ги бомбардираме инаку.
Знам знам дека не треба да се замарам али немам толкава храброст..затоа и лицето не го покажувам на слики пошо сеуште не сум спремна, а нема зашто да не бидам, го сакам тоа што го правам.. али сепак.. мн сум осетлива за вакви работи И ајде да се собереме после испитиве да се видиме, да се запознаеме, мн ми се свиѓаат вакви собиранки знам имаше еден собир.. сакам нови пријателства Иначе фб немам уште од 2011 хахаха, знам малце сум старомодна, шта чеш, све за љубав, али од кај мајка ми се уклучвам така да ако соберам храброст ќе пратам линкче од таму
Сакате на веб страна да не стават? 100% може да се изреализира тоа, полу сестра ми има веб страна. Ако сакате сите линкови да ги собереме и да напишат нешто за македонски блогови, мода што знам леле срамови АЈДЕ КОЈ Е ДОВОЛНО ХРАБАР
После подолго време ја отворив темава малце да прочитам што има ново... Искрено се изненадив колку нови блогерки има и колку се квалитетни. Сефора дефинитивно морам да кажам дека бев повеќе од одушевена од твоите комбинации и од поедини парчиња облека. Мислам дека има година дена како го избришав блогот и многу ми е криво, али дефинитивно се разочарав од се тоа а и немав многу време да му се посветам на блогот. Е сега вече подолго време размислувам да направам пак блог и да почнам се од почеток али знам и ако направам сега блог пак нема да имам доволно време да му се посветам. оваа година завршувам средно па иде полагање матура приемни испити и ред други обврски.. А и имам две цели што сакам да ги остварам пред да отворам блог 1. да бидам пак плава, и да ослабам... Можеби би било интересно и да отворам блог па низ целиот овој процес да постирам слики, можеби и ќе инспирирам некоја девојка... Не знам, стварно се мислам што да правам, па би сакала да слушнам ваше мислење девојки. Дали мислите дека е подобро да почекам или да почнам сега?
1. Зошто срамови? Нема срамови! Која веб страна, ако не е тајна? Може да ја видам? И да, зошто да не, може, добар предлог - всушност, одличен, ама прво страната да ни кажиш која е. 2. Да, воопшто да не се премислуваш, веднаш да почнеш повторно да постираш. Особено се согласувам за последниот дел, за инспирацијата. Те поддржувам.
^^Јас ќе слабеам заедно со тебе зашто сум пуничка. Па и ликот ќе си го сменам. Шала и хејтери на страна, не слабеј за блог, не се стегај и така натаму. Односно не го ставај блогот на стенд бај поради тоа. Мислам дека пред се луѓето пратат блогери затоа што претставуваме вистински личности кои не носат Прада и Миу Миу за пред спање, а излед е мање-више, освен можеби за Кенза. Него започни го блогот. Ниту една од нас не пишува ептен често. Нас не не плаќаат и ова ни е хоби, имаме живот на страна од него фала богу. Ако сакаш да пишуваш започни и тоа е тоа. Нема никој да ти замери што не си на блог 24/7.
не дека јас сакам специјално за блогот сеа да слабеам, пошто иде матур, лето, пред се за себе нели, е сега незнаев дали да почнам со блог па и такви постови да убацам нпр. здрава храна, вежбање и од се по нешто или да почекам па после да пишувам, али фала ви на поддршката мислам дека сепак ќе почнам што е можно по скоро