1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Блог поврзан со модата

Дискусија во 'Мода и стил' започната од malechkata, 4 септември 2010.

  1. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.485
    Не мислев дека ради блог ќе слабееш, поентата ми беше тоа нема никаква врска, само лошо се изразив. :)
     
  2. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Нема везе се свативме битно, фала ви девојки, штом почнам ќе ви пишам :*
    Сефора ако не се лажам ти снимаше и туторијали за шминкање нели? Уште снимаш? :)
     
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.485
    Не. :)
    1. Јас најсериозно повеќе не знам да шминкам. Имам заборавено техники затоа што освен последниов викенд, излегувам со минимална шминка, а одамна не сум имала клиент.
    2. Се кочам, односно кога зборам и снимам се дуплира траењето на видеото затоа што пазам да не утнам. Пробав да снимам глас само па да го додам на видео, ама не знам што да зборам 6те минути, односно не знам како да направам да има паузи, и моментално само блог.
     
  4. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Имам приметено некои имаат музика и малку објаснува малку музика... Имаше dulcecandy едно време неколку такви туторијали :)
     
  5. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.517
    Допаѓања:
    92.100
    Пол:
    Женски
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Јас би ви прпорачала малку поквалитетни слики и убави локации, за да име повеќе шмек кога некој ќе ви ги види блоговите.
     
    На MacenceEna, La.Reina.Del.Sur, owl-ribbon и 10 други им се допаѓа ова.
  8. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    ^ Се е тоа во ред и убав совет е, но не секој може да си дозволи убави локации, особено поради градот во кој живее.
    И не секој може да си дозволи DSLR апарат, бидејќи ако еден Canon во странство кошта 300 евра, тогаш истиот тој во Македонија е 600 евра, ако не и повеќе.
    А, со овој наш стандард тешко дека сите можеме да си дозволиме да дадеме пари на толку скап апарат.
    Друго е ако почнеме да имаме некаква заработка од блогот или ако сме вработени, тогаш веќе може да се одвои и да се направи добра инвестиција.
    Ние се трудиме да имаме што е можно подобри фотографии, без разлика дали истите се направени со DSLR камера или со обичен дигитален апарат.
    Предност е што во денешно време постојат и мобилни телефони со исклучително добри камери со еднаков квалитет на тој кој го имаат обичните дигитални апарати.

    Како и да е, фала на советот. :)
     
  9. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    Malechkata мислам дека Љубам не мислеше на профи слики, туку слики на отворено и денски. Верувај со било каков апарат, дури и од мобилен, сликите надвор и преку ден изгледаат далеку подобри отколку оние сликани во затворен простор на послаба светлина. А за убави локации секаде може да се најдат: локалниот парк, некое шеталиште, плоштад, фонтана, некоја улица...
    Треба само мала креативност и некој што ќе ве фотне зошто не верувам дека секојдневно не поминувате покрај некое интересно место.

    Покрај ова, мислам дека треба да се обрне малку повеќе внимание и на големината на сликите. Имам забележано кај некои или премногу мали сликички или пак преголеми па врз нив се преклопува текст од страна. Треба да се внимава на големината, а тоа барем лесно може да се среди со Microsoft Office Picture Manager што го има секој Windows оперативен систем и нека секој пост има слики со иста висина и ширина како за хоризонтални така и за вертикални фотографии.

    Блогот е инвестиција и обврска, не треба само матерјално вложување туку и сериозно посветување и време на располагање.

    Ова е најдобронамерно мое мислење :)
     
    На Divinebutterfly, SexyLady, Miss.Ricci и 12 други им се допаѓа ова.
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Значи јас не реков ваууу апарат, а локација може да биде една наједноставна улица, зелена површина, дворче, патче што и да е, место вратите, плакарите и се, и кога се сликате на дневна светлина како и многу блогреки во светот, со најобичен апарат сликите се многу поубави. Изговори можат да се најдат тон, ако сакаш да го на правиш како што теба ќе го направиш.

    Артемишн ти даде супер одговор.
     
    На Miss.Ricci, La.Reina.Del.Sur и Artemission им се допаѓа ова.
  11. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    ^ Јас тоа го сфатив и ви благодарам на двете. :)
    Јас само застанав во одбрана на останатите.

    Еве пример, јас не сум постирала аутфит долго време од причина што сум на одмор и не излегувам којзнае колку. Сигурно нема да се облечам специјално за на блог да се сликам по дома, само затоа што не сум постирала аутфит 2 недели.
    Затоа си постирам друго, во меѓувреме.

    Точно е дека блогот бара посветеност, но сепак блогот е хоби како секое друго.
    Секој ќе се посветува толку колку што има време на располагање, бидејќи повеќето од нас сме студенти или ученици, имаме и други обврски.

    А, за тоа што спомна Артемишн за големината на сликите, апсолутно се согласувам.
    Тоа е така единствено поради лош дизајн на блогот. Постојат подесувања и се тоа може да се среди.
    Јас веќе еднаш го спомнав истото, дека за еден блог најдобар е минималистички и чист дизајн, лесно читлив текст и пропорционални фотографии.
    Многу од девојките се насочија кон таа насока и тоа е одлично.
    Секако, сѐ уште треба да се надградуваме, но се во свое време - we are taking baby steps. :)
     
    На Cacy, Rose96, Sephora и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.485
    Треба да имате разбирање особено кон младите блогери.
    Пари посебно за блогерство не верувам некоја да двои. Без разлика дали станува збор за апарат, телефон со јака камера, облека или превоз до некое место кое е убаво. Јас на пример 100 пати си ја изанализирав населбата и не можам да најдам нормално место. На почеток сме побогу.
    Секоја се труди колку што и нудат можностите. Ете Rose96 се слика со добар апарат, Elena-97 наоѓа добри локации. Марама ја смени позадината на блогот и некаде прочитав планира да инвестира во апарат, јас собирам пари за регистрација на веб страна и така натаму. Се со време.

    Понатаму, колку сака нека им биде смешно на луѓето, треба посветеност за да се осмисли комбинација. Секогаш има незадоволни, меѓутоа гледаме да биде што е можно помал број.
    Откако тоа ќе се среди, треба да ги организираме нашите обврски, па да се договориме со оној кој не слика. И тие работат, полагаат испити, учат.
    Јас сега собирам пари и за подобра камера, а понатаму за tripod за да не го влечам дечко ми од еден крај на Скопје до друг.

    Како и сите блогерки од светот, така и ние побаравме поддршка и сме им благодарни на оние кои ни ја пружија.
     
    На dream.queen, Divinebutterfly, bal0n43 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.673
    Sephora ве пратам сите, ве разбирам, ве поддржувам и онаму кај што можам помагам.
    Мојот коментар не беше да навредам никој туку баш напротив, сакам да поработите повеќе кон подобрување за да бидете подеднакво успешни како светските блогерки, а зошто да не и подобри.

    Некогаш некои критики и предлози треба да се сфатат конструктивно, не сите имаат лоши намери и нема потреба од оправдувања или објаснувања зошто работите не се како што треба да се.
     
    На Mini-Mouse, Miss.Ricci, LetsTalkFashion и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.485
    Знам дека не пратиш и пишав дека сум благодарна бидејќи на сите ни значи тоа премногу.
    Јас лично не се најдов навредена и сметам дека не сме најдобри во моментов, меѓутоа го вадиме максимумот. Критиката ни малку не ја отфлив, туку наведов да речеме која што подобрува.
     
    На malechkata и Artemission им се допаѓа ова.
  15. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
  16. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Мислам дека можите да заработувате од блоговите преку google adsense, така да во полза е да си ги направите што е можно подобри и секои критики од страна на вашите читателки да ги прифатите, некои и примените зошто сепак блоговите без посетеност џабе постојат.
     
  17. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Избришани мислења

    Не сакам да бидам груба, ниту арогантна, ниту дрска, ама коментаров ич не ти држи вода.
    Значи се обидудаш да не понижиш наместо да бидеш од корист.
    И да, сите ние ги слушаме советите на сите кои најдобронамерно не поддржуваат и ги применуваме, пред се.
    Отворени сме за најдобронамерни совети од сите кои упатуваат такви.
    Алудираш дека блоговите не ни се посетени?
    Од каде тоа?
    Си видела views кај мене или кај кој било друг па да тврдиш дека кој било блог не е доволно посетен?

    Ако си толку храбра да делиш вакви добронамерни совети, те молам, вклучи се во иницијатива, направи блог, посвети се барем малце, па после тврди што било.

    Благодарам.
     
    На Sephora му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Малечката те читам и молчам, не знам колку години имаш, ама мислам дека можеш многу поинаку да напишеш еден пост, цело време велиш не сакаш да бидеш груба, не сакаш ова она, а всушност си. Зошто толку многу се навреди не ми е јасно, секој што ќе ви наведе не е за да ве понижи, туку да ве посочи. Сериозно правиш тензија во темева. Не сакам да ми реплицираш, зошто пак ќе помислиш дека ти мислам лошо, а не ти мислам, многу од овие девојки овде и ги знам и ми се мили, и ги посочив на другарките од Скопје Кежуал, и ќе ги. Многу од вас сакам да ве видам многу подалеку, на многу поинакви платформи, и многу попознати, зошто и заслужувате и зошто правите нешто што го сакате.

    Во случајво не е Ашлинг изиритирана, ти си. И немораш да посочуваш колку и кого скролаш, поради многу конструктивен совет. Смири се и продолжи. Simply as that!

    П.С во темата мода реков дека некој ќе му правам фотосесија, си стојам на зборот, прво доаѓање на подолго во МКД, сликаме со некоја девојка, на неколку локации, со повеќе гардероби.
     
    На Hipster, sanjalica, Allthatglitters21 и 18 други им се допаѓа ова.
  19. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    48.714
    Пол:
    Женски
    Значи понекогаш добивам впечаток дека некои девојки се на форумов само за да напагаат,иритираат и лечат фрустрации.

    Конкретнава тема почнав да ја пратам од неодамна кога видов дека тука има девојки кои навистина имаат што да покажат.Кога мислам на тоа дека имаат што да покажат не мислам на квалитетна слика направена со не знам каков апарат или компјутерска програма,туку навистина имаат комбинации за восхит кои треба да бидат видени.

    Како што кажав во еден поранешен пост на темава,забележав дека некои од нив навистана поставуваат многу неквалитетни слики на кои ништо не се гледа.Ни боја на облеката ,ни модел,ни накит туку само се ставени колку да се рече дека нешто е ставено.

    И тогаш дадов добронамерен совет ,дека ако сакате вашата облека да биде забележана, да биде видена од останатите мора да биде прикажана на добра слика.А добра слика се прави и со обичен апарат дигитален,мобилен....Не мора да е професионална фотосесија.Сите сме свесни дека ретко кој поседува таков професионален скап апарат,немора одма да рипате ко заклани кокошки дека ве критикуваат и не ги почитуваат вашите блогови. Што се однесува до просторијата се сомневам дека никој не може да најде прстор,место каде што ке извади добра слика.Тоа може да се стори и пред зграда ,на улица,во влез...Потребна е само желба и креативност.Е сега како што кажа Сефора ако не се лажам тука лежи друг проблем.Не секогаш има некој при рака кој ке слика.Не викам дека треба да се облакате специјално за сликање,но ете една моја размисла и идеја,зарем не сметате дека е подобро да издвоите еден ден во кој ке сликате повеке комбинации од еднаш па после ке си ги постирате кога сакате? (ова е само моја идеја,за да се избегне она -нема кој да ме слика)

    И на крај краева,секоја слика што ке ја постирате од вас,дали тука или на блог,треба да бидете спремни дека ке бидете подложени на критика.Добра или лоша сеедно.Ако е добра да ви биде мотивација за уште подобра наредна комбинација,ако е лоша да се замислите каде е грешката па да се поправите.

    Јас навистина не сфакам зошто во секоја тема мора да има некој кој ке негодува и ке шири негативна енергија без потреба.
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    Девојки знам дека сме многу далеку од професионалните модни/beauty блогерки, меѓутоа секоја од нас се труди ...
    Секоја има свој стил, свој вкус и свои идеи кои се обидува да ги пренесе на другите што почесто...
    Да бидеме реални блогирањето е доста скапо хоби, и не секој може да си дозволи да инвестира во самото тоа уште од самиот почеток.
    Јас можам да кажам дека скратив мнг работи за себе за да си дозволам ПОЛУпрофесионален апарат, сама научив да ги едитирам видеата, како функционира блогспот итн др ситни работи кои може на некој му изгледаат едноставни, на некој му се... ама на некој кој првпат се сретнува со нив ШПАНСКО СЕЛО.
    Мене лично ми значи, секоја посета и секој коментар. Се исполнувам кога некој ќе се потруди да ти даде забелешка детално и искрено ( па макар и не е пофална ).
    Значи секоја критика е секогаш добродојдена, тоа треба да го сфатат сите блогери, зошто да бидеме реални ако секој на секого му пишува леле браво супер е , ајде да се следиме е многу дебилно и неискрено.
    Да, неможе да се погоди секој вкус, за вкусови и не се дискутира.. меѓутоа и според мене треба да се обрне внимание на некои работи, на интернет се учи се , и како се уредува еден блог, и како се прават кавери итн....
    Значи не ја сфаќајте секоја критика како негативен и злобен коментар, значи ако некој дава критика на културен начин почитувајте ја. Вие одлучете дали треба да превземете нешто околу тоа или едноставно станува збор за конфликт на вкусови....
    Ама нема потреба од тензични дискусии.
     
    На Cacy, ljubam и Sephora им се допаѓа ова.