Секоја критика е подобра од тоа да нема никаква критика. Се разбира не сакаме навредливи коментари, но доколку нешто не е убаво зошто да не се каже? Немаме сите ист вкус, па и ние блогерките се разликуваме меѓу себе. Секоја се носи на поинаков начин, на секоја блогот и е по нејзин вкус, стил и секоја пишува како што сака. Нашите блогови не се како странските, но и кај нас нема многу. Нас нема ни кој да не подржи. Ако веќе мрчиме на страната на Фб за македонски блогерки ги има речиси сите мене ме нема. Не знам кој ја води, не ме ни интересира ако сака нека ме постира ако не пак е океј. Кај нас е проблем да локација, но е проблем и да најдеш некој да те фотографира. Колку пати само ќе шетам со некој и кога ќе спомнам за фотографирање е ко -Леле срамота е! Па и не можеш некој постојано да молиш за да те слика. Јас имам проблем и дома, не секогаш се моите расположени за сликање. Позадината не ми е најдобра, моментално е бел ѕид, пред тоа имаше цвеќе кое сега го тргам за да добијам бела позадина, но мислам дека е подобро вака него пред огледало или пред плакар како почетните мои слики. Сакам да инвестирам во некој подобар апарат, но што ако кога нема кој да ме фотка? Реално ова нас ни е хоби, еве јас повеќе од 5000 денари не можам да дадам моментално за друг апарат. Секоја критика е добредојдена, да не заборавиме не постираме само за нас, постираме за другите.
Марама од форумов јас ја водам страната, останатите се надвор од него. Напишав два пати во темава да ми се обратат тие што сакаат и сите ми пишаа освен тебе и уште 3-4 форумџики. Сите кои изјавија желба се наоѓаат на фан страната. Некои ми пишаа тука, други на фејсбук, трети испратија порака во инбокс на Macedonian fashion bloggers. Јас повторно оставив и свој личен фејсбук профил за да ме додадат оние кои имаат желба со што ме додадоа за пријател 10тина форумџики кои немаат никаква врска со блоговите. Радо ги прифатив, не жалам за тоа, меѓутоа со тоа си ја загрозувам приватноста.
Ве пратам сите,и морам да ве пофалам дека доста напредувате, разновидност во постовите ми се свиѓа и гледам многу креативност.Сите сте различни, ама посебни сте и негувате прилично интересни стилови. Дека е проблем тоа што не секогаш има кој да слика, ве сфаќам.Иако моментално сум на пауза со блогот(имам проблеми со компјутерот) планирав да почнам да се сликам дур не ми го поправат, ама да следи оној чуден момент кога реагираат абе срамота е сеа да те сликам.И незгодно е малку повеќе.Ама тоа е, мора некако да се снаоѓаме
Ви ги следам блоговите и таму каде што има опција за анонимус пишувам по некој коментар. Немам пробано кај оние што е преку меил...ќе се потрудам и таму. Ве следам и на фб страната, и мило ми е што почнува малку по малку да се шири. Свесна сум за времето кое секоја од блогерките го одвојува. Го ценам и препознавам трудот, а посебно му се радувам на напредокот. Да бев малку помлада (уствари годините немаат веза, не сум престарена) но со помал број на обврски ќе ви се придружев во катчево со активно учество. Но, свесна сум дека сликањето за модното катче е на далеку поразлично ниво од она кое е потребно за еден блог. Па наместо релаксација, барем мене би ми преминало во обврска. Локации имам на располагање, и еден дигитален каков таков арен е, но најголем проблем би ми било кој да ме слика и времето. Туку доста за мене Критиките беа на место, и мило ми е што голем дел од нив се веќе прифатени и се покажаа како конструктивни. Свесна сум дека кога една иста ствар ќе биде повторена повеќепати или пак ќе биде истакната некоја очигледна ствар некој може да се почуствува загрозен, навреден или испровоциран. Можеби откриениот лик, зголемениот број на критики (макар што се конструктивни) наместо некој очекуван пофален збор или преставата за личноста која стои позади коментарот си има влијание. Ни прва ни последна ситуација. Кога гледам сликички од бодни блогерки не ме интересира ништо повеќе од облеката и стилот. Нема потреба да се занемарува оваа прекрасна иницијатива и стилот на сите девојки тука поради лични недоразбирања кои се влечат од многу подруг вид на теми. Се надевам коментарите нема да и влијаат на малечка да продолжи со својата креативност и активност во катчево. Истовремено и пофалби за Сефора. Не само поради прекрасниот начин на комбинирање, туку и исцрпното и конструктивно коментирање на останатите девојки. Млада си и сеушто го градиш својот стил но и својата личност.Но од тоа што до сега го гледам од тебе тоа ти оди одлично од рака и си на вистинската стаза. Ми остави позитивен впечаток. Мило ми е и Марамка што ви се риклучи во групата. Розе ми е меѓу омилените, се трудам да и оставам по некој коментар. Одличен стил, секогаш се радувам да видам по некоја комбинација. Поздравче до сите девојки тука
Научете се да прифаќате критики, или ако не сте едноставно тој тип, изглумете дека сте прифатиле. Инаку да, многу е битна позадината на сликите и квалитетот на сликите, и јас ве следам редовно, не коментирам само онака ви ги пратам блоговите и да ви кажам искрено оние кои имаат несреден блог, лош квалитет на слики, лош англиски итн, тие ги скролам. Блогот мора да ви биде привлечен за око, исто и она малата сликичка, хедерот итн... И името е многу битно, да е лесно разбирливо не само за нас Македонците туку и за оние од останатите земји, односно да е на англиски би било многу добро. Јас имав блог пред некои 2 години но го избришав од таа причина што немав добра камера, ниту пак локација за сликање, а и нема кој да ме слика. На дечко ми ако му кажам ќе ме смета за луда.. Сега имам добар телефон со добра камера која вади бомба слики денско време. Но ете, добра позадина немам. А една голема желба... И имам тон идеи за што да пишувам ама ете кога не се може не се може. Сега кога ќе се подзамислам, имам добра позадина, пред зграда имам убаво паркче, ама уанс аген, нема кој да ме слика. Ќе платам некое циганче за ме слика.
http://fashioncareofwoman.blogspot.com/ ... -back.html Ве читкам тука.Во право сте треба да се има подобра позадина и секако добар квалитет. Јас скоро никогаш не сум се сликала надвор од дома,бидејки секогаш го заборавам апаратот. Но во последно време ми текнуваат некои идеи каде.Се надевам ќе го реализирам тоа. Инаку гледам дека скоро сите тука сте повеќе со изграден стил.Додека јас со мојот сеуште експериментирам А и плус јас сум само ученик,не работам и не располагам со многу облека. Се трудам со она што го имам дома да искомбинирам нешто,бидејки верувам дека се е во креативноста и инспирацијата што ја имам
Женски, јас планирам да се откажам од блогов. Немам време, колку и да ми прави ќејф, јас немам време за убави слики, иако во Вевчани од кај што потекнувам има милион убави локации. Јас едноставно сфатив дека мене не ме бива за вакви работи. На факултет сум секој ден од 8h до вечер, "слободното" време го користам за учење или со дечко ми, блогов ми е терет плус, зошто гледам не го работам како што треба, па не би да забушавам цело време. Едноставно не се пронајдов тука! Муабетов ми е, како да го избришам? Е до толку сум, незнам ни како се бриши.
Лепа баш ке ми биде жал ако не си во блогерствово повеќе. Еве ме и мене од денес надвор е сликите малце темни се излезени таткоми треба да ми го среди фотоспаратот за надвор. И да молев луѓе за да ме сликаат затоа малце слики има. http://rosee96.blogspot.com/2013/01/sunny-lovee.html
Спојлер Убаво кажано Сите оние кои мислат дека е лесно да се води и одржува еден блог, нека се обидат барем еден месец да одвојат време и да се обидат да одржуваат блог кој ќе биде на ниво на светки познатите блогерки. Кога сме кај нив, прочитајте некои од нивните први постови, видете им ги сликите и ќе сфатите што сакам да ви кажам. Времето и парите кои ние-блогерките ги одвојуваме за пишување на нашите блогови се скапоцени, особено поради тоа што повеќето од нас се студентки. Забележав дека многу од девојките што се обидоа да започнат блог, веќе одамна ги имаат избришано и тоа е навистина тажно. Се надевам дека нема да биде така со оние што преостанаа! Ви посакувам многу среќа во она што го правите и секогаш ќе ја имате мојата поддршка, а тука сум и да помогнам за нешто, ако можам
Девојки вие со која програма си правите кавер? Сакам да си направам убав кавер,а и да го сменам името
Вао, фала ти Драги феминки, и ние стигнавме на Скопје Кежуал. http://skopjecasual.mk/post/42203267820 ... tyle-blogs