Нов пост, рецензија на сенките на Авон http://rosee96.blogspot.com/2015/05/avon-true-color-duo-eyeshadow-palette.html
Девојки како нема што да правам а и не ми поминува времето од вчера до денес цела тема ја разлистав и блоговите на сите до една. Едно огромно браво до сите вас, блоговите ви изгледаат светски, дотерани девојчиња пред се културно и модерно облечени, навистина позитивно сум изненадена и ќе продолжам да ве следам. И да напоменам дека навистина ми се допаѓа што гледам дека повеќето од вас прават рецензија на козметика, продолжете и со тоа. Е сега малку посебно сакам да ја пофалам @marama . Од причина што нејзиниот блог ми се допаѓа затоа што некако е наједноставен не презентира некоја висока мода или брендирани скапи парчиња облека кои што реално ретко кој од нас може да си ги дозволи. Ми се допаѓа што се што носи на сите ни е достапно е баш ми претставува еден реален блог со кој може да се поистовети секое девојче во нашата државичка. Исто и за козметиката, во глобала се се тоа некои работи што можам и јас да си ги дозволам па со задоволство би пробала нешто од тие производи штоа таа ги рецензирала. Блог не мора да значи дека само треба да има високо квалитетни фотошопирани слики и брендирана или скапа облека. Исто и за козметиката, се е тоа фино што го презентирате но не секој може да си го дозволи па на пример кога ќе видам рецензија за козметика од Клиник веднаш ја скролам од проста причина што не ми се ни чита кога не ќе можам да ја купам. Но, тоа не значи дека не треба да постојат и такви блогови, баш напротив но јас лично за себе си кажувам дека повеќе би ги следела оние едноставните па можеби и ке украдам некој моден или козметички трик кој што ќе ми користи. Во глобала сите ве разгледав и немам некои критики, само продолжувам да ве следам и мило ми е што и кај нас блогерството се повеќе е застапено.
^ Накратко сакаш да кажеш-блог за сиромашни? Никоја тука мислам дека не претставува некоја висока мода, не ве пратам толку често, но нешто спектакуларно не ми паднало во очи. Се трудите, добри сте, далеку од одлични сите, ама со вежбање ќе ве биде. Инаку сакам да кажам да посветите повеќе внимание на позите, не знам што е финтата со тоа гледање долу, веројатно позната поза во светот на модните блогерки, ама ако не ја направиш како треба делува безвезе, ко во депресија да си паднала или си подгрбавена. @mirandaa конкретно на сликите со тегет фустанот. Имаше една блогерка Александра, каде е, не објавува веќе? Таа имаше фаца за на блог а и интересни комбинации.
Да @Bridget, блогови за сиромашни Грев ли е или треба да ми е срам што можеби фустан кој што чини 3000 можеби и не е скап или висока мода ама не можам да си го дозволам? И да, не посочив конкретно никоја од овие девојки овде дека носат не знам каква скапа облека ама има еве парчињата на Фросина, Јована па и на Сефора делуваат скапо, немам запазено дали навистина се брендови или не, не е ни битно кој има може слободно да си носи и сето тоа навистина да изгледа преубаво, им се воодушевувам на блоговите искрено и не дека ми сметаат туку само кажав дека повеќе би го следела блогот на Марама, неа ја потенцирав а има уште многу девојки овде кои што носат комбинации кои ми се повеќе достапни и користат козметика која што можам да си ја дозволам и јас па со задоволство повеќе пати ќе кликнам на нивниот блог за да видам некоја рецензија на кармин пример или пак нешто едноставно искомбинирано за да ми даде идеја можеби како јас да вклопам некои парчиња. Ова блогови за сиромашни некако многу грдо ми звучи, впрочем живееме во Македонија не треба да бегаме од реалноста дека сме сиромашни па зошто да не има и такви блогови што мене лично без врска ми е да ги наречам како што напиша ти туку би ги именувала како достапни и едноставни. Зарем ако една девојка се интересира за мода и е доволно креативна со малку пари да се облече убаво не треба да има блог само затоа што не ја сликаат професионални фотографи и не фрла пари за да и го средуваат сајтот. Вратете се во реалноста, во Македонија живееме, не туку пробувајте да омаловажите некој нарекувајќи го сиромашен, сите сме тоа во оваа проклета држава.
Мања за жал од моб. не ми оди означувањето. Ти благодарам за мислењето. Уште во старт таква ми беше замислата, да може секој да си го дозволи тоа за што пишувам или го носам. Всушност и се е во рамките на мојот буџет. Бриџит ако мислеше дека ќе ме навредиш со ова сиромашни, жалам не ти успеа. Да, сиромашна сум, има како мене можеби 90% во земјава и замисли и ние купуваме и се дотеруваме. А Александра престана да објавува баш ради коментари ко твоиве.
^^ Не го напишав како навреда немаше потреба толку да образложуваш. Јасно ми е се и беше напишано како шала, невкусна можеби за некој, но јас никогаш не сум се срамела од својата сиромаштија па затоа тој збор не ми е болка за да не можам ни да се пошегувам. Јас инаку модни блогови не гледам за буквално да копирам некој, гледам за да плакнам очи на убави нешта. Дали е скапо или евтино не ми прави многу разлика, само да е добро склопено и пријатно за очи. Не значи дека не треба да гледам слики од девојки облечени во парчиња од неколку стотици евра само затоа што не можам да си дозволам, но ок, кој гледа за да добие идеи за нареден изглед тогаш разбирам дека ќе си гледа тоа што може да си дозволи, иако можат да се најдат и евтини варијанти на некое скапо парче па да се укради само идејата. @marama колку погрешно си разбрала и ти и мања, туку добро. Гледам слабо стоиш со критики, а има кај тебе доста да се критикува само ајде, не сакам да те носам на душа.
^ Па критикувај,што си се фатила за сиромаштијата како слепец за стап. Колку би било убаво да ве видиме вас ,таквите со таков стил на живот,кои сте полни со его, што имате да понудите. Или се криете позади измислени ликови на форуми. Најубав е напад од заседа нели.Типично за незрели,нереализирани ликови.
^ Вие се фативте за сиромаштијата како слеп за стап. Јас еден збор кажав на шала и еден куп навредени излегоа. Кои тие такви со таков стил на живот, каков? Кажав ли јас некаде каков стил имам и дека се носам скапо или евтино?
Не е ни до цената на облеката, толку колку што е и до квалитетот на фотографиите. Ако те слика некој со добар апарат, што знае да слика ко што треба, целата облека ќе изгледа подобро и "поскапо".
Тоа и плус да знеше како да ги носиш. Некогаш маица од 300 денари може да изгледа као од 5000 и обратно. Малку лошо ја сфативте Бриџит(како и многу често што ја сфаќате) многу добра и беше поентата посебно во вториот пост се виде што сакаше да каже.
Инаку, fun fact, има еден куп странски квалитетни блогерки со облека од Зара, Топ Шоп, H&M и слични. Еве пример: http://www.beautycrush.co.uk/ Девојкава е ептен успешна, има и свој бренд на облека, милиони следачи, и нема скапи дизајнерски алишта на блогот. Плус што живее во држава со многу повисок стандард од овде. Значи не е до цената, повеќе е во трудот што треба да се посвети на блогот. Мене ми е ептен криво на пример што немам малку повеќе време за да го средам, што немам подобри локации за сликање или почести постови.
Гледам, не се нервозирај ќе ти помине. А ако те боли што ги загорчуваш другиве со коментари. Олади се...
Многу се нервирам кога ќе се наполни темава со неконструктивни коментари. Дај не се расправајте. Он топик за блогови, ај некој нека ми предложи локација низ Скопје што изгледа фино и нема многу минувачи. Викендов треба да сликам неколку луѓе, затоа што пишувам еден текст за блогот, и сакам убаво место, а веќе стопати ја искористив чаршија.
Бриџит слободно плукај сакаш тука, сакаш лп. Ако твоите критики беа добронамерни отвори порака пиши. Јас не очекувам да им се допаѓа на сите, го правам ова зошто сакам. Немам кој да ме слика, не можам да вложувам финансии во блогот и за блогот и тоа не е тајна. Ако не ти се допаѓа тоа е во ред, тука има еден куп на кои не им се допаѓам. Па братучед ми кој ме сака како сестра на моменти ми коментирал дека сум ко тетка, нешто не ми стои итн итн. Отиде темава за глупост.
@crimson Сега ќе се јават такви што ќе кажат дека не треба ни добар апарат за да се има блог, секој не може да си дозволи. Ок, лош апарат, оти нели скапо е. Но што е со пози утнати, крш локации и никаква креативност? Барем нешто да има да привлече око. Сепак блог е, го рекламираш и сакаш да е познат, па потрудете се повеќе. Ако немам добар апарат ќе гледам светлина добра, локација. Ако немам добри парчиња облека ќе гледам со квалитетен апарат да манипулирам. Вие си знаете.