И јас имам нов пост, одговор на 'Fashion Tag' од @marama http://sanjaburgundy.blogspot.com/2015/05/the-fashion-tag.html
http://maramasplace.blogspot.com/2015/05/avon-cc-pearls.html Девојки сакам да го променам името на блогот, што велите за тоа? Ви се допаѓа сегашново или би сакале промена?
Марама, мене твоето име ми е бренд. Не знам кои ти се идеите за нови имиња, но ако веќе си решена да го менуваш, задолжително да содржи 'марама' во насловот. Ако ме прашуваш мене, и сегашното е сосема во ред
Да, и јас сакам да остане "Марама " во насловот, но добив мислења дека не асоцирало на мода. Инаку сакав да го тргнам она ...`s place, ама немам некоја конкретна идеја што би стоело покрај "марама" бидејќи само "марама" е зафатено. На крајот сепак ми е најбитно на вас да ви се допаѓа и да ве асоцира на мене.
Здраво!Еве вака..Јас сум нова на форумов и само што направив блог за убавина и мода.Би ми значело многу ако го проверите. http://foreverandalwaysfashionlove.blogspot.com/
Марама, го видов постот штом го објави и веднаш ја побарав во најблиската парфимерија. Ги имаа сите нијанси од пудрата ама за жал немаа тестери за да пробам како ќе ми одговара. Твојата нијанса ми се виде доста темна, така на претходни слики што сум те гледала ми делуваш на девојка со светол тен, ама на сликата се гледа дека не ти дели од вратот. Читав доста за пудрата во соодветната тема, ама немав видено ефекти на покривноста и како делува на лице. После твојата рецензија иако сум многу задоволна од Ревлонот, дефинитивно сакам да ја пробам и оваа.
@sesilija прочитај повеќе во темата за пудри и таму доста се дискутираше за пронаоѓање соодветна нијанса од пудрава. Голем е скокот во бројките помеѓу една нијанса посветла и една нијасна потемна со жолт подтон, затоа што измеѓу другите се па со розев и затоа е збунка од прва. Да не заборавам и @marama одлична рецензија како и секогаш Инаку @sanja.burgundy одлична комбинација, сандалите ти се прекрасни, а исто така и ташната која ја вкопува цела комбинација во убава целина.
Сеси баш ми е мило што ти се допаднала рецензијава и си излегла по пудрава. Нијансите воошто не се темни, многу е слична со Бourjois 123, број 54 Со жолт подтон е, можеби и најнеутрална од сите нијанси. Ја пробав и 60ка ама таа малку на розево ми маваше.
Здраво, здраво Го имам блогот повеќе од една година, објавувам нов пост секоја недела. До сега мислам дека само еднаш имам објавено линк од блогот во оваа тема, минатата година, но сега тој фемина профил за жал не функционира. Од тогаш, па до сега многу работи имам променето и се надевам ќе ви се допадне. http://www.fabulousisfreedom.com/2015/05/casualities.html