Откога ќе отиде во пензија, фирмата каде што работел човекот има должност писмено да го извести Иврпителот и ПИОМ. После тоа Извршителот комуницира со ПИОМ и се "кине" 1/3 од пензијата.
Ако е така може на шалтер да уплати кеш од физичко лице, на поединечни уплатници бидејки претпоставувам е поголема сума и да се реши пензискиот статус. Потоа ќе оди по службена должност. Во секој случај, извршителот не може да му ја пдблокира сметката туку така, без да има црно на бело од што ќе му се крати.
Да да , и јас за тоа зборувам , чудно ми е членката зошто вели да морало од трансакција на пиом да им префрли коа постои и овој начин
Пошта заборавате дека моментално не може, поради тоа што пропадна Еуростандард банка, а платниот промет на Пошта одеше преку таа банка.
Ocigledno ne prifakaat drug nacin, na e-mail se uste nikoj ne se udostoi da ni odgovori, gi uplati me parite so PP50 I Sega imame uste pogolem problem. Ni pari ni penzija. Parite ke ni gi vratat vo rok od 2 nedeli do mesec dena I kako da se uplatat ne znam. Ocigledno vo ovaa drzava red nema
Дали извршителите може да земат пари од социјална помош(трансакц.еблокирана )и ако добиеш позитивен одговор дека ќе примаш социјална помош,треба некој документ за Трансакц.од ујп или...дека сепак е блокирана,пред да ја однесеш во социјално да ја запишат.
Врз основа на член 116 став 1 точка 3 и 5 од Законот за извршување, примање од права на парична помош од социјална заштита (гарантирана минимална помош, надоместок заради попреченост, надоместок на плата за скратено работно време, додаток за домување, траен надоместок и еднократна парична помош) согласно со прописите од социјална заштита, како и примања од правата за заштита на децата согласно Законот за заштита на децата, СЕ ИЗЗЕМЕНИ од извршување. Потребно е писмено да се извести извршителот, со приложување на решението со кое е утврдено некое од погоре наброените права за лицето, по што истиот ќе мора да запре со извршување од неговата трансакциска сметка.
Ве молам некој да ми пресмета една третина од 17.500 колку би било , уствари на две места треба да плаќам од плата 17.500
Добар ден. Имам едно прашање па ако може некој да ми одговори . Имам земено кредит преку брзиве кредити . Кредитот ми е 25000 денари . Пола е исплатен. Моментално немам толку пари да го исплатам целосно а заминувам за странство , не планирам да се враќам назад во Мк подолго време . Прашањето ми е , пошто мојата трансакциска сметка ќе биде затворена , нема да можат откаде да наплатат и сигурно ќе ме дадат на извршител , па на суд..дали ќе имам нешто проблем со законот ако сакам да се вратам во Мк после неколку години ? Да напоменам немам имот ниту нешто вредно на мое име
Рефкепрв пат слушам за вакво нешто, нели банките прво гледаат во МКБ за историја? Па како ке му дадат кредит ако е нередовен плаќач??
И на нередовни даваат. Ќе проверат во НБРМ или МКБ, ќе ти дадат насока од секока банка каде си во минус или каде имаш долг да ти дадат потврда колку должиш, па ќе те покријат секаде за как нив да плаќаш рата. Нирмално, услов е платата да ја префрлиш кај нив за да можат да креираат траен налог за да нема плаќам-неплаќам, кинат на плата и точка. Имам видено секакви случаи. И до моментално расположение на Банка е, и до референтот за кредитирање...па и до одборот кој решава дали да се одобри некој кредит. Некогаш со се потребно нема да одобрат, некогаш пак на некој презадолжен ќе му одобрат.
Zdravo, jas imav izvrsiteli. Gi pokriv i sega sakam da apliciram za kredit. Dali bi mi odobrile bidejki e pominato samo 1 mesec. A i sum na minimalec prijavena?
Нели и стои дека има лоша кредитна историја или нешто такво? Што знам дали на такви случаи одобруваат..знам на многу на кои не им одобриле
Тоа е независно од извршувањето т.е. не може заради тоа што била дадена на извршител да не и одобрат кредит, но од друга страна можат да не и одобрат кредит ако во моментот е презадолжена сразмерно на месечните примања, и ако претходно ненавремено (доцнела) во подмирувањето на ратите од претходни кредити, точно е, врз основа на кредитната историја од банката го проценуваат ризикот за одобрување.