Нели бовчи дава невестата на момчето и на неговата фамилија (мајка, татко, брат/сестра), плус за кумот и старосватицата се дава нешто? Јас искрено ова многу успешно го одбегнав, ниту сакав поклон од свекрва, ниту купив поклон.
Леле девојќи читам и некако не си верувам на очите или сте многу богати или свадба правите да им удоволите на сите најдобро вие си знаете а за мене можам да кажам ние правевме свадба пред 4 год. и со сопругот се договоривме да нема бовчи ни за мене ни за него ни за моите ни за неговите само за старите деде и баба по едно кебе тоа беше се И на кумот пари 100 евра а на деверот млад и стар по една машинка за сечење сувомеснато Тоа беше се и сите беа задоволни затоа што не добија НИШТО.А да им дадев на сите сигирно ќе имаше замерки.
Лошото е што кај нас се удираат во гради и се расфрлаат за поклони (бовчи) и се заглавуваат во кредити.Бовчата треба да е пристоен и симболичен подарок,а не луксузирање. Знам еден пример кога ненаситниов кум,бидејќи му рекле што сакаш бирај одбра подарок од 2000 евра,а по трагично е што му го купија. Не сум сеуште мажена и не сум правела бовчи ама мене тоа давање пари по 100,200 евра воопшто не ми се допаѓа,нати го дај ми го. Snow-Queen на пример одбрала многу убави и солидни подароци и јас ја имам истата замисла за бовча.Има убав накит од Сваровски што не е многу скап па уште и на попуст како што кажуваше една феминка дека купила,одличен подарок. Според мене за ова нема правила,нема мора вака или така и нема малку е многу е.Секој со своите можности и како си сака така.
Ние ги купивме заедно со мм за кумот незнам мм што му купи дека кумот ми е тапанар мм му купи нешто што му фалеше незнам ни јас што, кума немав за старосватот купивме еден сребрен крст околу 2500 го плативме и за старосватицата земавме од сваровски едно привезоче околу 2000 беше тоа и толку на никого повеќе ништо не дадовме
јас реков кој како си сака само дадов мое мислење , нема потреба од дрскост нели? според мене на кум толку треба да се даде но кој како милува . A гледам дека ти си потрошила повеке од мене а во однос на девојкана јас јес да сум нова тука али долго време го следам форумот и бирање на прстен од 200 и кусур евра не ке да е одлика на скромност И јас го бирав мојот прстен и е упола цена и ептен бев срекна што најдов солидно прстенче за малце пари се е јасно не би да продолжувам
Дали се малце или многу, не треба да се коментира ниту за една членка, ниту на роднина, или другарка утре....на било кого. Никогаш немаше да погледнам вака на ова ама кога веќе ме влечеш за јазик,бидејќи си безобразна, епа мојов поклон 125$, а тоа дали јас сум го купила на SALE 50% попуст за 62$, или чичко ми е дистрибутер на сваровски во Македонија, па безпари ми ги дал - НЕ Е БИТНО. Кумството/пријателството не се купува со пари!....туку со почитта понатаму. Јас воопшто нит се срамам на својот избор, ниту пак очекувам на сите да им се допадне,ама вакви работи со цени кога ќе чујам спобудалувам. Очигледно ти не си верувала во самата себе, па за да не се посомневаат во цената кумовите,тап 100е што е сигурно сигурно си е....нека ја видат сумата.-што мене воопшто не ми се допаѓа.Пари за кум и др. Ама да те прашам сега нешто, твојот кум си купи ли нешто за тие 100е? Имали ли нешто за кое ќе рече: е ова ми е од кум кога бев.....чисто се сомневам, зошто парите се трошат одма, ама ај може и си земал нешто. Не е потребна дрскоста, ама еве ја твојата дрскост....работава иш иш мувичке Незнам што си се закачила за мене, и моите цени што сум ги пишала на форумов.....зошто јас ниту се срамам од нештата што сум ги купила, а уште помалце сум ги пишала цените за да се фалам. Туку се чисто информативно за орјентација,бидејќи многупати се добродојдени.
Еј уште темава ни остана без препукувања, ве молам... Сноу, супер си одбрала, и јас ќе бирам нешто такви, на крајот на краиштата ако некој се нафаќа за поклони да биде кум ј'зк нема му е, ниту пак јас барам кум за поклон, може да ми донесе и комплет чаши ако нема, јас милувам тој да ми биде кум и готово. Исто како за старосватицата, јас многу сакав една другарка која ја запознав неодамна и која ми стана многу драга за кратко време да ми биде старосватица ама она ме одби бидејќи и тие со во таква ситуација па не можат да одвојат средства, и си ја побарав братучедка ми, под услов се сама да сработам без трошоци од нејзина страна бидејќи јас така сакав, а ќе си ја испочитувам со поклон како и било која другарка да ми била старосватица. Мојот план е да купам за кумата и кумот исти поклон, односно саат, парфем и марама за кумата а за кумот копчиња за манжетни, за деверот ќе купам кошула, кравата и копчиња, за старосватицата ќе купам парфем, марама и некои менѓушки, би била среќна ако потрошам за кумовите по 100 евра, за другиве по 50 евра, ама ќе видам според можностите ипак. Ќе ги собереме сите пред матично кај нас и така ќе им ги дадам поклоните, не нешто посебно да праиме дешавки. Меѓу нас нема да си купуваме поклони дефинитивно, се договоривме со свекрва ми, она ќе ми го купи накитот и вешот, мајка ми на мм кошулата, краватата, манжетните и вешот и толку
Јас не правев бовчи за никој, бидејќи сметам дека се сосема непотребни. Воопшто не се замарав дали некој ќе се буни или не.
Мене ми се направи ќеиф што на сите по изразот на лицето им се гледаше колку беа задоволни од подароците.
нашата свадба се ближи ама свекрвата абер си нема што треба мене да ми купи или така се прави дека не знае. Само ми кажа фустанот ОБАВЕЗНО да го изнајмам а злато дека треба да ми купи ниту спомнува ниту ништо и ми вели ке ви дадам 500 евра и купете се што треба добро а ке ни стасаат ли тие 500 евра кажете ми што треба се да купиме за мене
Ние се договоривме да нема веридба, само збор дадовме..исто така нема ни бовчи на баби, дедовци и незнам кој уште таму е сега само на кумот, кумата, старосватот и деверот на денот на свадбата по нешто..ги прашавме што сакаат..кумовите наочари за сонце, за старосватот апарат за сликање..и за деверот така нешто ситно и тоа е од „бовчи“.. а иначе свекорот и свекрвата ми купија мене злато исто и ние на мажето и тое се ќе биде што ќе се дава на свадбата... А иначе онакви класични бовчи со гаќи и такви глупости мразам бев на една свадба и невестата даваше микробранови на сите што дојдоа замислете сеа на маж и жена да им дадеш на секој по една микробранова (нелогично ) и плус невестата се искилави дур ги крене и им ги даде
mona22 ако се финансии во прашање (нели ти најдобро им ја знаеш ситуацијата) - тоа е тоа. Ама ако не е до тоа работата, идниот ти маж што вели, тој знае ли да помуабети со мајка му и да ја освести како се движат денешниве цени.
мона22 а што треба да купите во тие 500е? дали само за тебе или пак треба и бурмите со тие пари да си ги купите?! Затоа што ако е само за тебе јас мислам можеш да се снајдите...јас за 24 000 денари од златарската уличка во гтц си купив преубави обетки и танко ланченце со многу убав привезок ( ист како обетките ) Зависи и ти што сакаш! ако сакаш некои огрлици , дебели ланчиња и сл , малку ќе ти се тие пари. Јас сакав нешто нежно и симболично и баш си најдов такво а непотрошив многу пари.
да и финансиите се во прашање но таа ни рече се што треба да купиме за мене за бовча се да купиме ( а што е најжално нема поим што треба да има во таа бовча ) е сега незнам дали ке ни стасаат тие пари за бурма за мене, за фустан и за злато нели се дава а тоа златото несакам да биде некое тенко ланченце туку си имам замислено така некое подебело бијдејки јас веке си имам убаво ама сакам ново сега а тоа ке си го сменам по свадбата
Mona бе аман, извини вака дирекна ќе бидам. Штом знаеш дека се финансии во прашање, па биди поскромна. Штом дала 500 евра, значи толку се можностите. Никаде не пишува што треба, а што не треба или колку треба да биде ланчето дебело. Се се прави по договор. Од дебелината на ланчето не зависи колку ќе ти биде успешен бракот.
i mene mi ja dadoja istata sum na pari za bovca i si kupuvav raboti mene so mi se bendisvaja od zlato si kupiv samo obetki bidejki imav ubavo lance i nemav namera dakupvam kicesti ogrlici prenatrupani so cirkoni.fustanot mi go kupija moite.a burmite si gi kupivme samite nie bidejki taka sakavme znaci se e stvar na dogovor i koga veke se znae finansiskata situacija ne e vo red da se preteruva so skapi zlatni ogrlici koga site znaeme kolku denes cini toa zlato i kolku malku e vo moda
мона 22 сакаш значи класична бовча со се внатре за тебе + дебела огрлица и бурма...е тогаш незнам како да ти помогнам... јас не правев бовчи класични туку тој мене ми купи златни обетки и ланче со привезок , а јас нему часовник...бурмите си ги купивме еден на друг, фустанот мој и се пропратно околу тоа си купив јас, тој си го купи оделото и чевлите ! се е ствар на договор ! како што кажаа и претходните феминки..
Мајмаи многу сака бовчи но јас некако и несум баш многу за тоа може ке биде саати но има време дур да дојде до тоа кој знае шо ке биде во мода иначе како шо нам јас во бовчи се става кебе пижами бањарки колекции и сл