1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бовчи

Дискусија во 'Свадба' започната од Viiiiip, 10 октомври 2010.

  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Аууууууууу никогаш нема да посакам да се омажам :o

    Со сета должна почит, ама кај ви бил паметот?
     
    На Scorpio87 и Iviste им се допаѓа ова.
  2. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.178
    Hе е радоста до снаата,него до поклоните што допрва треба да се нарачуваат,очигледно мисли дека сега и е шансата за користење на некој по екстра мобилен,бидејќи друг плаќа,а нејзе и е битен тој замислен модел..капирате ли...
    еее и тоа ваков муабет од 27годишна цура :emo:
    ич неќам брчкање по туѓи џебови,ама ич :envy:
     
    На SexyGirl2, Malena85, Nati.P и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    ^

    Ауу сеа видов на профил, 27 години..
    Јас искрено се запрепастив, ајде да имаше 16-17, да разберам дека сака мобилен, ама на 27?! :o

    Такав ни е менталитетот свадбарски. Кога друг плаќа, користи максимално.

    Се надевам свекорот и свекрвата нема да бараат во бовчата, платен одмор во Лефкада. :wasntme:
     
    На SexyGirl2, Scorpio87 и Glasna им се допаѓа ова.
  4. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Немој Аеродромка да бараш мобилен. И да те прашаат што сакаш, немој. Непистојно е, бар по мое мислење. И да се имотни луѓето и колку и да трошат на бовчите.
     
  5. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.999
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ова со бовчиве полека изумира, а и треба. Мене малку ми е глупаво дај ми-нати. Невестата на кумот, старосватот и деверот пари во плик плус некоја скапа колекција. Кумот 250 -300 евра во плик поклон, невестат 200 на кумот во плик. Самите ние си измислуваме некои работи, потоа се чудиме од каде вакви чуда.
    Јас сум против вакви давачки т.е бовчи и јас кога ке се мажам нема ништо да има од оваа работа. Не се мажам да ми даде некој нешто со обврска и јас нему да му вратам.... За таква работа ке си почекаат. Нека се лути кој сака, а на идната ми свекрва тоа од старт во очи ке и го кажам, после да нема лутиш.
     
    На Scorpio87 и Cka им се допаѓа ова.
  6. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    Е и јас сега тоа се прашувам :) ама сакав свадба со сите адети, па така и бидна. Скоро се имаше.
    Инаку, за болдот. Золвата скоро и да живееше заедно со дечкото, а родителите на старосватицата ми се блиски исто како да се пои, па решив и нив да ги дарувам.

    Совет за Аеродромка: НИКАКО не барај што да ти дадат во бовчата. Мене ми кажаа што да ставам, и знам дека многу се навредив ( беше побаран поскап поклон ).
     
  7. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.640
    Пол:
    Женски
    Јас мислам да бараш.Да бараш по можност некој поскап Ајфон или Самсунг од најновите модели,сепак треба да ја искористиш ситуацијата во надобра можна варијанта и да извлечеш полза од сето тоа.Ус пат побарај и кола или евентуално да ти уплати во некој ресорт одмор ,сепак иде лето треба да се оди негде на одмор.Ако не се сложи љути се и пцуј ја пошто таква не ти треба не е достојна за брат ти . |( |(

    Абе олкаи сме зинати :o од лакомост. Уште веста не се оладила она кова план што да бара за бовча. Ја да сум на местото на снаат едно чоколадо од агроплод од наефтините би ти купила и тоа ке ти биде бовчата. Милката скапа е за ваков случај како тебе.
     
    На Miss666, Scorpio87, SV1911 и 14 други им се допаѓа ова.
  8. ivance5

    ivance5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    196
    Ние се договоривме дека нема да правам бовчи за сите, само за кумот и старосватицата. Планирам да им кажам дека имам по 100 евра за нив и нека си изберат сами што да им купам. Кога сестра ми правеше свадба, спремавме бовчи за сите од страната на зетот. Над 1000 евра чинеше тоа. Нема шанси и јас да фрлам толку пари за да дарувам!
     
  9. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.157
    Допаѓања:
    46.953
    Пол:
    Женски
    Јас на никого не правев бовчи ( не знам ни дали уште прави некој ептен старомодно ми е ова) им дадов пари во многу убави кутивчиња на старосватицата, деверчето и кумот. На останатите ништо, мислам безпотребен трошок е тоа сите да се даруваат :tmi:
     
  10. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    За мене поглупо од давање пари како демек :^) бовча на кум/девер/билокој законџија нема. НЕМА! Ма колку сакајте вреѓајте се. А бе или ич не го дарувај, или не прајте се од Париз, демек пари, на ти го дај ми го, значи бовчата си има значење или поштовајте го и нека си одбере што сака, купете му убава втароврска, часовник, макар и една убава колекција, ама пари бре :?:
    Еве да сфатам што повеќето сакаат пари како поклон, ама зошто со пари да му вратам? Поарно ич, договорете се, ни да ми даваш куме, ни ти давам, фит сме :^) На последна свадба, старосватот буквално во земја пропадна, тој за поклон на младиве во плик 300 евра, ајде, вујко, голема фамилија носи на свадба, децава си имаат се, не им треба ништо, во ред, на свадбава овие го даруваат со 200 евра, во проѕирна кутија, завиткани ко фишечиња со панделка :^) Аууу, глупости. На, ти плаќам за трошокот што го правиш на мојата свадба.... :?: Барем 100 евра нека беше поклонот, нели разликата :x Незнам, малце ги филувате западњачки работиве, и се се сведува на пари, а всушност го славите моментот кога животот ви прави пресврт и се врзува со животот на човекот кој го сакате. :^) Глупости.
     
    На Lolipop23, Iviste, SV1911 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    1.723
    Допаѓања:
    3.366
    е што има врска и јас давав пари на мојата свадба па боље тоа него ли бовчи од времето мајка ми кога се мажела со папучки, пешкири , пижами, гаќи :tmi: од кај знам дали му се допага тоа на човекот дали ке го носи, или не е битно тоа , битно купи дај му па нека му седи у плакар :^) зашто да му купам саат кога не носи саати или парфем па може нема да му мириса убаво не е само така купи , вака со парите си купија тоа што они сакаат . Им ги давав парите во оние тутурутки ли се викаат ниту се гледаше колку има ниту беше фалење, важно ниту јас се замарав пред свадба да трчам да им купувам нешто и после да мислам го погодив ли бројот, точно ли ке им е , ке им с е свига ли :tmi: вака мирна глава :)
     
    На katalina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    Apsolutno se soglasuvam :rock: Jas za mojata svadba isto taka ne pravev klasicni bovci.Im dadov opredelen iznos na onie sto trebase da gi daruvam,tie sami si kupija sto im dusa sakase i mi dadoa,jas im go spakuvav i na svadbata gi daruvav.Em tie zadovolni,em jas ne se zamarav dopolnitelno.
     
  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    А тогаш шо функција брка нивниот поклон? Поарно ич, ни тие тебе, ни ти нив, а не еве те плаќам за трошоков од свадбава?! :?: Значи не дека не е глупо да даваш влечки, ама и те како има што да купиш ако веќе сакаш да има таква размена на поклони :) Јас не можам да разберам зошто тогаш сите барате и плус давате поклони во пари, бркајте си ги законите и адетите, поклонот е најмалце битен :?:

    ^^^ katalina, твоето го поштовам, значи за вака зборувам, кога веќе сте решиле да правите бовчи, има начин да бидат убави и корисни. А ова со париве мене ми личи како за на камера само, што има да го дарувам јас кумот или деверот кога всушност му враќа дел од парите што ми ги дала мене за поклон :?:
     
    На Iviste, bittersweet и darcy им се допаѓа ова.
  14. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    Мајка ми има бовчи од свадбата НЕОТПАКОВАНИ или отпаковани и вратени под фолијата. Оти глупости има - материјалчиња за шиење, гаќи 50 броја поголеми и слични тракатанци што ниту ги искористила ниту ќе ги искористи. Со последново чистење на шкафовите излетаа надвор од куќа. Значи никаква корист од бовчи.
    Башка што не можеш да го погодиш бројот/моделот/нештото што го подаруваш по вкус. И ќе си дреми после во шкаф или во кутија во визба. Мене ако ме прашувате глуп ми е самиот чин на давање поклони на кум, на старосват и на девер. Значи доаѓаат на свадба, тие треба да даваат поклон, а не да примаат. Можда звучам сурово ама искрено глуп ми е тој чин. Али ајде, останал адет и кога веќе треба да се даде нешто, поарно да си купат нешто корисно. Секој што е малку свесен ќе си купи нешто што ќе му остане како спомен од свадбата (доколку е во можност да го направи тој луксуз и да ги потроши на себе тие пари на денешницава, т.е ако не ги врати како повратен поклон).
    Друго, освен на овие тројца (кум, старосват и девер) и освен за родителите на зетот и евентуални сестра/брат, од спремање на сите останати бовчи шо некои злобни свекрви си ги бараат, буквално ми се повраќа. Толку се крева прашина околу свадбиве на денешницава шо само за џабе се прајме модерни и прајме во сали свадби, ко треба да си прајме уште на сред село, ко во времето. Испразни пола куќа, товари едно магаре и ајде готово. Глупости.
    Јас не правев ни веридба ниту пак сакам земање на невестата. Веќе живеам кај што треба. И ај сега, ќе се враќам дома па ќе си играме иди ми дојди ми. Уште поглупо ми е ако се од различен град зетот и невестата.Сметам дека се беспотребни трошоци и за двете страни.
    Свекрва ми не побара за никој бовчи, кажав дека ќе има само за законитите и мајка ми спреми и за нив двајца со свекорот и за золвата со мажот. Значи на 5 места по 100 евра = 500 евра. А не 1500. И планирани ми се пари да им дадам. Микробранова ми е топ најглуп поклон шо може да се подари. Нека си купат после новчаници или вратоврски или марами или вибратори. Шо им душа сака нека ги потсеќа на тој ден.
    Значи стасав до месец пред свадбата и сите се чудат како толку релаксирано сите се спремаме и како се ни е спремно. Е па без непотребни глупости се си оди како шо треба. Ко ќе ги носиме поканите ќе им го оставиме и поклонот, т.е „бовчата“ во пари, затоа што сметам дека и нив им е трошок свадбата па макар и да ги вратат тие пари како поклон и без да додадат ни денар плус јас не би се бунела. Такво е времето и затоа еден куп се чудат како им откажуваат кумови и девери. Па скоро блиски другари кога беа кумови подигнаа кредит за да појдат на свадба. Е богами ќе се сеќаваат на свадбава секој 15ти во месецот. Глупости! Се дури не изумрат избезумените невести (кои неконтролирано трошат за еден ден) кај нас и се дури не изумрат одвратните свекрви/золви и чуда шо неконтролирано бараат на тој ден, аир нема да видиме. Ќе направат една веридба, па после свадба и 50 години ќе враќаат кредити после, а младиве демек треба да уживаат знаејќи дека двете страни се до гуша задолжени. За мераци.
     
    На Scorpio87, elena.mak, irena.1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    304
    Ке бидеме кумови, па кога ќе одиме по невестата таа ќе не дарува. Сега ме интересира што треба да и дадеме ние пари, поклон... Споделете некое искуство, пошто појма немам што треба да правам.
     
  16. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    ^ Пари се даваат на невестата, откако таа нели ќе ве дарува.
    И јас и дечко ми сме кумови на свадба па на невестата ќе и дадеме пари :)
     
    На Melinara му/ѝ се допаѓа ова.
  17. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Кога невестата ти дава бовча ти и подаваш (по можност дискретно) пари, обично сме давале 500 денари или 10 евра.

    На темата: За бовчите на мојава свадба, планирам да им кажам на кумовите и старостатовите и неговите (а сакам и моите) да си одберат нешто во определен износ и тоа да им биде бовча. Од искуство до сега, тоа најуабаво фукционира, ем не им купувам непотребни работи, ем не се малтретирам да барам, ем не се мачат да ме лажат колку најпренајубави им биле, ама не им се дала прилика да ги носат/употребат.
     
    На Melinara му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Leichka

    Leichka Активен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    8
    Јас немам многу искуство со бовчи и она што сакам да го направам за мојата свадба што сеуште не ми е организирана е следново кумот од страна на идниот мој сопруг да си одбере поклон во вредност што ќе му кажеме, а исто и со старосватицата (најдобрата моја другарка) и толку. За мајки, татковци, свекрви и свекор нема ништо. Така се договоривме затоа што се е тоа плус безпотребен трошок.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BunnyGirl

    BunnyGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    86
    Во мојот случај вака беше:
    Свекрва ми не сакаше да чуе за да ја дарувам со било што...Ми рече тие пари на мене да сум ги потрошела :lol:
    После долго тегнење со свекрва ми...на мене си ги потрошив тие пари ]:)
    По иницијатива на мојот вереник се договоривме следново: Да одиме да си купиме за нас тоа што ни е потребно - тренерки, патики, бањарки, постелнини и сл (се скоцкавме за не повеќе од 100 евра по човек), се тоа си спакувавме и на веридбата си разменивме :D
    Ги прашував кумот-кумата, деверот и старосватицата-старосватот што сакаат и сите ми рекоа саати дека сакаат. Сосема случајно во март годинава влегов во Бивоч :rofl: Разгледувам саати и вработената ми вика - со една 10ка во инекс сите часовници се на 50% попуст. Леле луѓе кога ми светнаа очитееее :geek: За 10ки лесно се снајдов...Ги пратив сите да си одберат часовници до износ кој мене ми одговараше...(секако им кажав за попустот) па сите на крај среќни и задоволни. Доколку го немаше попустот сигурно сите ќе имаа полоши саати...Сега вака за мерак...Еве уште малку остана до свадбата и сите одвај си ги чекаат саатите...Ете толку од моите бовчи :hai:
     
    На SexyGirl2 и dromka им се допаѓа ова.
  20. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Каде да најдам голема убава кутија за да се стават сите тие работи за невестата? :)