Дарува невестата и тоа кумовите, старосватовите и родителите на младоженецот и ако има сестра брат - снашка, зет и сл. Јас ги дарував кумовите и староватовите со саат и сваровски накит и со една колекција која ја порачав од Америка да ми стигне на време, такво нема тука и сакав да биде уникатно и оригинално да паметат и со посвета беше , свекрва ми со убава ташна, свекор ми со тренерки, сестра му на маж ми исто со ташна, тогаш беше немажена. Старата кума и братот и сестрата на кумовите ги дарував со еден пар пижами, неможев да ги одминам. Инаку се дарува пред свадба, воедно може тогаш и поканите да им ги дадете
Ние се одлучивме да не купуваме дарови. Т.е. јас ги прашав неговите кои рекоа дека не сакат бовчи, едно што се троши финансии на работи кои ги имаат во доволен број во секојдневниот живот ( крпи, облека), а друго што бара време истите да се изберат спрема нивните вкусови. А да шетаат низ продавниците за облека колку што ги знам, не би го направиле тоа. Не сум им рекла, ама јас лично сакам да им дадам барем нешто ,што ќе им остане како спомен од веридбата. За мајка му се одлучив за ланче ( кое дополнително треба да биде изберено, најверојатно Сваровски ( нормална цена, а сепак достојно), ама за татко му немам никаква идеа. Не е човек што носи накит, а знам дека прибирлив и за избор на ситници. Доколку имате некаква идеа, би Ви била благодарна доколку ја споделете/ препорачате. ^^ Фала однапред.
Јас во Март ќе правам свадба имам 21-човек за дарување Возрасните ќе ги дарувам со постелина и ќебиња, глупо ми е со парфеми и блузи.. Сметав се вкупно 26 000, не ми се виде многу. На свекрвата ќе купам постелина а на свекорот ќебе. Дајте предлог што сте купиле или би купиле.
Кај нас обично невестата дарува кога доаѓаат сватовите да ја зимат на денот на свадбата, некаде прочитав оти дарувале и пред свадбата. Е сега, ние нашата свадба планираме да биде директ во црква и ресторант, без другите адети дома. Сакам да ги дарувам кумовите, старосватот и свекрвата и свекорот ама незнам кога и каде?
Ова е традиција, кој сака си ја тера кој не сака,не мора. Секоја земја си има свои традиции,цела Европа,Азија итн. Не значи дека ако е 2019 треба да се искорени се Сите имаме избор, ништо не е задолжително.
Све у склад на своето време, некои работи треба одамна да се зад нас оставени. Ова е нешто кое датира од времето кога нашите се мажеле, 20 и кусур години, китење на цела фамилија, со крпи, закрпотини, кебиња, постелнини кои голем дел од нив се неприменливи и непрактични, фаќаат прашина. Те и ние дома кога реновиравме испофрлавме сето тоа, значи немало потреба од мегаломанија само пошто традицијата налага така. Идат и подолу, правење бовчи пример на свекрвата, со гаќи прслук, наметка. Крпи обесени околу врат, страшно.. Кому како му одговара, не дека ќе спречам некој ниту имам намера, само кажувам гледиште.
Извини, ти ништо не би им подарила на тие што ќе те венчаат? Се е со договор. Можете да се договорите и ништо да не си подарите. Ретко кој дава бовчи сега. Муабетот е дарување. Еве јас на моите кумови ќе им уплатам викенд во хотел со спа.На денот на свадбата само ќе им го дадам ваучерот во плик. И тоа е дарување.
Ние правевме свадба сега во март. Дарувањето беше дома кај нас, кога дојдоа по мене.. Јас ги дарував буквално сите, свекор, свекрва,кум,кума,нивните две дечиња,девер,деверица,старосватица, стари кумови. И маж ми ги даруваше моите, мајка ми, брат ми, снаа ми и 3 внучиња. Дури после свадбата свативме дека немаше потреба од толку дарување. Се потрошивме а ништо не направивме. И онака криво дури ми падна.. Најубаво е само кумот, кумата, деверот и старосварот. Не мора толкав трошок.
Баш поради ова и ние решивме освен кум, старосват и девер никого да не даруваме. Ни меѓу себе не се даруваме. Само нив.