Ние ќе правиме матично и црква само со сведоци и ќе дадеме ручек заради ситуацијава да помине без гужви. Кум, кума, старосватовите ќе ги дарувам јас. Одење по невеста нема да има. Кога да ги дарувам другите на ручекот или? И кого треба да дарувам?
На ручекот. Пред да влезете во матично дај им поклони, или за вечерата. Треба да ги даруваш, кумовите, сведоците или старосватовите, како се викаа тие незнам. Не е задолжително. Ти одлучи си како.
Zdravo moze li predlog da mi dadete sto da zemam za kumot i za starejkoto ke pravime vencavka i krstevka vo cetvrtok i stvarno neznam sto se kupuva za poklon
Е ова треба да се искорени. Дарување - Тотално непотребно нешто. Малку трошоци околу венчавка, па и пари давање. Кумот нека си подари ако сака и што сака, ама да не мора.
Знам дека е чиста глупост. Ама подобро пари ако веќе решиле да тераат адети. Јас за кумовите дарував 300€ вкупно. А тие подарок дадоа исто толку.
Усилено нешто е дарувањето. Половина од тоа што се дава/добива или ќе е со несоодветна големина или ќе е некој стил што не се практикува. Да, ако веќе се дава тогаш нека биде пари, ама и парите се релативна работа.
Се согласувам. И јас бев кума, реков не сакам дарувања и адети. Ги прашав дали да им давам пари за свадба или подарок, сакале перална за спомен. Реков добро. Ги однесов да си ја изберат. И потоа пак ме даруваа со пари. Им повторив дека нема потреба, ми одговорија со овие зборови :"Ако кумо, така е редот, Бог на небо, кум на земја". Се запрепастив малку, ама тоа е..
На сите пари им дадов само на маж ми бовча и тој на мене. Си купивме по некоја маичка,патики,фустанче за мене и тоа.
Освен кумовите по 100е , и на децата им по 50е , на друг никого не дарував. Безвеза ми е со тие бовчи , та мајци , крпи , бла бла.
Искрено мене ми е незгодно на кумовите да им дадам пари за дар. Здравје другава година планираме венчавка и крштевка. И сакам со бовчи како што е ред за кумот. Ова со париве ми е безвеза некако. Ние сме кумови на повеке места. И само на едно место вака со пари ни дадоа за дар. Подобро ништо да не дадеа искрено. Не очекувам бовча од 200 еур да ми направи. Нека е мала нешто скромно, ама да е бовча. Повеке се радувам на бовча, него ли на пари.
Јас па ке ги дарувам со пари. Бавчи нема да имам. Фи прашав сите и кумови и старосвати и сите ми рекоа дека сакаат пари нека бовчи, па мене ми олесна . Чиста работа
Јас на сите саати земав. Освен на кумовите малата комплетче едно. Незз дали е правилно или штознам што, ама ете на сите саати. Им пратив слики да си одберат според цената што можев да ја дозволам.
јас ги дарував после венчавката во црква, тогаш беа рестрикциите со короната, па после црква бевме кај нас дома и тогаш ги дарував, а забава во ресторан (свадба) правевме после 7 месеци но секако може да се договорите како ви одговара така. Ние сакавме да се растеретиме и во однос на трошоците, па така ни беше подобро.